Американската компанија за развој на вештачка интелигенција OpenAI денеска најави нови мерки за заштита на тинејџерите кои ја користат алатката ChatGPT. Новите опции им овозможуваат на родителите да го поврзат својот профил со профилот на своето дете и да ги прилагодуваат поставките за побезбедно користење. Тие ќе можат да поставуваат временски ограничувања, да исклучуваат гласовен режим или генерирање слики и да ја контролираат употребата на ...

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги предупреди НАТО и Европската Унија дека „секоја агресија против мојата земја ќе биде пречекана со решителна реакција“, објави Ројтерс. Додека војната на Русија во Украина продолжува, тензиите по источната граница на НАТО ескалираа во последните недели откако Естонија ја обвини Москва дека испратила три борбени авиони во нејзиниот воздушен простор, а авионите на НАТО собориле руски ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска го посети Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет-Скопје по повод успесите на учениците и нивните ментори на две олимпијади по хемија оваа година од кои се вратија со медали. На Меѓународната олимпијада по хемија во Дубаи, матурантите Марио Ванчоски и Петар Мирчевски освоија сребрен односно бронзен медал, како и една пофалница – за Теона Ана Георгиевска, а на ...

Министерството за образование и наука ги известува сите корисници на правото на студенстка стипендија остварено во некоја од изминатите академски години, а кои ги исполнуваат договорните услови за негово продолжување, дека рокот за аплицирање почнува од утре, 1 октомври, и трае до 30 октомври 2025. -Корисникот на стипендија треба на порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk да прикачи потврда за запишан нареден семестар, односно година на ...

На 28 септември 2025 година во 19:10 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Е.А. (20) и 17-годишник, двајцата од Гостивар, кај кои била пронајдена и одземена марихуана. Подоцна, по судска наредба, бил извршен претрес во домот и помошните простории кај малолетникот, при што биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Лицата ...

Православните верници денеска го слават празникот посветен на светите маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија. Во својот богослужбен циклус, Црквата на овој ден се сеќава на животот и мачеништвото на четири римјанки Вера, Надеж, Љубов и нивната мајка Софија. Овие четири христоподобни души беа приведени од римските власти за време на прогоните на императорот Хадријан, во првата половина на вториот век по Христа. Заради исповедањето на ...

Според Изборниот законик, јавните фондови, јавните претпријатија и сите правни лица што располагаат со државен капитал имаа обврска најдоцна до 18 август да достават информации за бројот, видот, регистарските таблици и возната состојба на службените возила. До 29 септември годинава, само 42% од институциите во државата доставиле податоци за службените возила до ДКСК, како што е предвидено со Изборниот законик во пресрет на Локалните избори ...

Кашлица, течење на носот, болки во грлото – респираторните заболувања се во пораст како што влегуваме во есен и постудено време. Започнува сезоната на вируси и настинки, а меѓу првите што се очекуваат се респираторните заболувања, најчесто предизвикани од риновируси. Станува збор за голем број соеви на вируси кои се одговорни за настинките. Сепак, тие можат да се избегнат ако го зајакнеме нашиот имунолошки систем, вклучително и со состојки ...

Во регионот на Гостивар во текот на работната недела пред нас, се очекува променливо време со чести врнежи од дожд и постепено опаѓање на температурите. Денес, понеделник ќе започне со облачност и повремени врнежи од дожд, а температурите ќе се движат од 10 степени во утринските часови до 17 степени во текот на денот. Слична состојба ќе продолжи и во вторник, со засилена облачност и можни локални врнежи, со дневна температура до 17 степени. ...

Кандидатската листа за советници на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар, во рамки на предизборните активности, ја најави својата програма со приоритети насочени кон подобрување на животните услови и уредувањето на градот. Тие нагласуваат, дека Гостивар се соочува со повеќе предизвици, меѓу кои управувањето со отпадот, недостигот од канализациона инфраструктура и проблемот со кучињата скитници. „Секој предизвик има решение, а ние имаме план и програма како ...

Коалицијата Вреди вчеравечер во Гостивар одржа промотивната конвенција на која ги претстави кандидатот за градоначалник на Општина Гостивар, Себаедин Даути и листата на советници. Даути во своето обраќање вети проекти со кои, како што рече, ќе се подобри секојдневниот живот на граѓаните во Гостивар. „По 8 години од оваа локална власт, што наследивме? Невидена нечистотија, валкани патишта, населби покриени со ѓубре. Ученици кои учат во ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која престојува во неколкуденван работна посета на САД, објави дека присуствувала на приемот што американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија го приредија по повод 80. Генерално собрание на Обединетите нации (ОН) во Њујорк. – Во овие турбулентни случувања во светот, важно е да не отстапиме од демократските вредности и да се обединиме во зачувување на глобалниот мир и ...

Прв ден од дваесетдневната изборна кампања за Локалните избори 2025 закажани за 19 октомври. Партиите и коалициите почнуваат со официјалните изборни активности. Изборната кампања започна на полноќ и ќе трае дваесет дена односно до 17 октомври на полноќ, по што настапува 24-часовен молк пред изборите на 19 октомври. Вториот круг на изборите ќе се одржи две недели подоцна на 2 ноември. Како што е предвидено во Изборниот законик (член 69а) за ...

Кандидатите за градоначалник на Општина Гостивар и носители и претставниците на советничките листи попладнево го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори. Чинот го организираше Општинската изборна комисија, со цел учесниците во изборниот процес официјално да се обврзаат за почитување на етички и морални стандарди во кампањата. Претседателот на ОИК Гостивар, Газменд Јашари ги поздрави присутните, нагласувајќи дека му претставува посебно ...

На 26 септември 2025 година во 18:15 часот, на регионалниот пат Ресен-Охрид, во близина на селото Косел, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода 14-годишник од Гостивар. Тој управувал патничко возило „БМВ“ со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на 66-годишен жител на селото Форино, за кое постои сомнение дека претходно противправно го одзел. Возилото било запрено и исклучено од сообраќај, а со малолетникот е извршен ...

Истражувачи со помош на компјутеризирана томографија виртуелно го реконструираа искривениот човечки череп „Јунксиан 2“, стар еден милион години, пронајден во провинцијата Хубеи во Кина. Новата анализа, објавена на 25 септември во списанието Science, покажува дека черепот не му припаѓа на homo erectus, како што долго се сметаше, туку е поблиску до „Змејскиот човек“ (homo longi) и мистериозните Денисовци. Наодите укажуваат дека homo longi, ...

Цената на златото порасна за 1,2 отсто и првпат во историјата ја надмина вредноста од 3.750 долари по трој унца, што соодветствува на околу 120.600 американски долари за килограм, покажуваат податоците од берзата. Според тргувањето на Комекс, фјучерсите за злато со испорака во декември 2025 година се зголемени за 45,22 долари, односно за 1,22 отсто, достигнувајќи 3.751,02 долари по унца. Истовремено, децемвриските фјучерси за сребро бележат ...

Православните верници денеска го одбележуваат Крстовден – празник на чесниот Господов крст. Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Крстана, Кристина, Христина, Кристијан… Празникот Воздвижение на чесниот крст, во народот познат како Крстовден, се празнува во чест на наоѓањето на крстот врз кој бил распнат Исус Христос и во чест на неговото враќање од Персија во Ерусалим. Поради неговата чудотворна моќ крстот е наречен и животворен крст. ...

Киселите краставички се незаменлив дел од салати и сендвичи, а богати се со минерали, влакна, протеини и витамини Б12, Б6, А и Ц, и имаат многу малку маснотии, што ги прави идеални за подготовка дома. На што треба да обрнете внимание кога ги киселите краставиците? Најпрво треба да се одбере видот на краставичките и нивната големина т.е да не бидат преголеми. Пред да започнете со самиот процес на киселење, треба да направите некои ...

Секое годишно време има свој посебен шарм – и секој од нас има барем една сезона во која се чувствува најубаво. Некој живее за летните плажи и долгите денови, друг не може да ја замени есенската магија, трет ја сака свежината на пролетта, а има и оние кои вистински ја ценат тишината и белината на зимата. Но, дали сте знаеле дека токму тоа кое годишно време ви е омилено може многу да каже за вашиот карактер, енергија и начин на живот? Зимата – ...

Изминатите денови на подрачје на Гостивар беа евиднтирани неколку кражби на возила, а нов случај е регистриран вчера (26.09.2025г.). Како што соопшти СВР Тетово во 13:25 часот во ОВР Гостивар, 33 годишниот гостиварец В.Ќ. пријавил дека му било одземено патничко моторно возило ,,фолксваген кеди” со гостиварски регистарски ознаки, кое било паркирано на улица ,,101″ кај автолакер за поправка и со клучеви на брава. Полицијата наведува дека се ...

Авто школата „ДЕЛТА“, која успешно работи во Гостивар и има значаен придонес во зголемување на безбедноста во сообраќајот, воведе обука и полагање за категориите A2 (мотоцикли до 35 kW) и BE (приколки над 750 кг). Со ова проширување, школата го зголемува спектарот на услуги за идните возачи. Новите категории опфаќаат: Категорија A2 – управување со мотоцикли со или без бочна приколка, со номинална моќност до 35 kW и сооднос на моќност и маса ...

Ненадејната срцева смрт кај млади загрижува, важно е да има регистар и скрининг за да се спасат животи, ова беше истакнато во изјави за МИА од експерти учесници на Вториот состанок за ненадејна срцева смрт во балканскиот регион (2nd International Meeting Sudden Cardiac Death in the Balkan area), што денеска се одржува во Скопје, во организација на здружението „Судска медицина“, заедно со Институтот за судска медицина. Професор доктор Златко ...

Облаците се секојдневна појава на небото, но ретко размислуваме колку се важни за животот на Земјата. Тие не се само убави форми што ја разубавуваат глетката, туку и клучен дел од климатскиот систем. Со својата структура, висина и густина, облаците имаат моќ да ја ладат или загреваат планетата. Ниските облаци, како кумулусите и стратусите, имаат силен ефект на ладење. Тие одбиваат голем дел од сончевата енергија назад во вселената и ...

На 25.09.2025 во 10:30 часот во Неготино полошко, полициски службеници од ОВР Гостивар и Полициското одделение Галате го привеле Ф.Т.(56) од Гостивар, кој бил баран врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор од три години за сторено кривично дело „трговија со луѓе“ по член 418-а став 3 од Кривичниот законик, соопшти СВР Тетово. Тој е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната. ...

Партијата Левица реагираше на, како што велат, невиден облик на дискриминација од страна на властите во Македонија, откако им беше забрането платено политичко рекламирање во приватните медиуми што, според нив, претставува преседан во историјата на земјата. Пред Уставниот суд, на прес-конференција, претседателот на партијата Димитар Апасиев истакна дека нивната партија е единствената политичка сила од сите парламентарни и вонпарламентарни ...

Вкупниот број на гласачи запишани во Избирачкиот список во Република Северна Македонија за локалните избори изнесува 1.832.415 избирачи. Од овие избирачи во изводите на Избирачкиот список се запишани 1.717.803 избирачи, информираше денеска претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко на 138. седница на ДИК. Кондарко соопшти дека согласно евиденцијата на надлежните органи право на глас имаат вкупно 112.000 избирачи кои се ...

Владата и сите институции доследно да се придржуваат кон определбата за безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културни особености на македонскиот народ, како елементи за кои не се преговара со ЕУ, и дека Република Северна Македонија е подготвена да ги исполни обврските од Преговарачката рамка со ЕУ, вклучувајќи ги и уставните измени со јасна определба дека е тоа последната пречка, без прифаќање на нови барања или ...

Времето денеска (петок) ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 l/m²), проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Температурата во гостиварскиот регион ќе биде интервал од 14 до 22 степени. Утре (сабота) ќе владее претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и ...

Пешаците кои преминуваат коловоз и разговараат на мобилен телефон, користат слушалки за разговор во двете уши, смарт часовник или таблет од денеска ќе бидат санкционирани. Истите законски мерки важат и за возачи на велосипед, мопед, мотоцикл, трицикл, и четирицикл кои, според законот, за време на управувањето не смеат да користат електронски уреди. Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата известува дека од денеска ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
5.14
87%
1005
weather icon

Белград

6ᴼ / 2ᴼ
9.26
67%
1002
weather icon

Загреб

6ᴼ / 3ᴼ
5.14
90%
997
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
3.6
74%
1009
weather icon

Сараево

-1ᴼ / -1ᴼ
1.41
98%
1011
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
97%
997
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
6.17
80%
1009
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
8.23
76%
1001
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
93%
1001
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
5.14
90%
1012
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
4.63
97%
1003
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
3.6
66%
1014
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Рутениум

45750.51

Злато

157561.16

Калај

48.78

Кобалт

64.04

Иридиум

221848.72

Платина

83354.78

Родиум

339994.14

Сребро

2733.78

Бакар

12.12

Цинк

3.29

Паладиум

55781.55

Алуминиум

3.09