За по два сантиметра се зголемени водостоите на Дојранското и на Преспанското Езеро, додека нивото на Охридското Езеро е повисоко за еден снатиметар во споредба со вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Со тоа водостојот на Дојранското Езеро е за 54 сантиметри повисок од просекот за октомври, додека нивоата на другите две природни езера во земјава се пониски од просечните и ...

Вчера (2.10.2025) во 20:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионален пат Маврови Анови – Дебар, во близина на Ростушко Анче, патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски таблички, управувано од Х.Б.(49) од Трново, гостиварско, излетало од коловозот. Притоа, со повреди се здобил возачот Х.Б. и поради сериозноста на повредите бил пренесен во Комплекс клиники ,,Мајка Тереза“ во Скопје, информира полицијата. Увид на местото извршила ...

Многу од нас повремено посегнуваат по газирани пијалоци, додека за некои тие се дел од нивната дневна рутина. Сепак, добро е познато дека тие не се најздравиот избор. Нивната консумација може да предизвика разни проблеми, од зголемување на телесната тежина и кариес до немир и несоница. Газираните пијалоци се „многу кисели“ и можат да предизвикаат ерозија на забната глеѓ, односно постепено растворање на заштитниот слој на нашите заби. За ...

Машината за перење го олеснува секојдневниот живот и ослободува време за други обврски, но понекогаш предизвикува и неочекувани проблеми што се повторуваат од циклус до циклус. Еве ги најчестите „мистерии“ кои што може да се случат. Чорапите исчезнуваат од време на време Прво секогаш проверете дали се заглавени во друга облека или чаршафи. Ако не, можеби се заглавени во гумата на вратата кај машините со предно полнење или под централниот дел ...

Инфраструктурни проекти, паркинзи, зелен плоштад, поддршка за млади, жени и повозрасни лица. Ова се главните делови во изборната програма на кандидатот за градоначалник на Гостивар од НАИ (Национална алијанса за интеграција), Ваљбон Лимани која денес беше презентирана под мотото „Со Гостивар во срцето“. „Првиот проект со кој се гордееме и кој ќе го претставам е новиот мост над Вардар. Вистинско урбано дело дизајнирано со современо ...

На 02.10.2025 во 09:00 часот во ОВР Гостивар, 61-годишник од гостиварско село пријавил дека во текот на април 2025 година бил измамен од Ш.Ф. од Тетово за сума од 17.740 евра. Според пријавеното, тие се договориле да купи стан од него во Тетово и му ги дал парите како капар за станот. „Како што е пријавено, од тој ден до пријавувањето не потпишале купопродажен договор за станот, а лицето го избегнувало и сфатил дека бил измамен. Се преземаат ...

Со „Мтел“ како генерален спонзор, викендов започнува 34. сезона во најсилната кошаркарска лига во земјава – Супер лигата. Во натпреварувањето ќе настапат 12 клубови, меѓу кои нови прволигаши се Маџари и Ангели. По 22 одиграни кола, лигата ќе се подели на две групи – првите шест екипи ќе продолжат во плеј-офот за титулата, а останатите шест ќе се борат за опстанок. Три тима што ќе завршат на најдолните позиции ќе ја напуштат Супер лигата. КК ...

Времето денеска (петок) ќе биде променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд. На некои од повисоките места ќе има врнежи од дожд и снег, а на планините повремен снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Температурата во гостиварскиот регион ќе се движи во интервал од 3 до 7 степени. Според УХМР, под влијание на циклонска активност нашата држава е зафатена од студен бран кој доаѓа од северните делови на континентот. Вкупно од ...

Германската репрезентација синоќа во Рига ја победи Турција во финалето на Европското кошаркарско првенство — 88:83 (24:22, 16:24, 26:21, 22:16). Најефикасен играч во германскиот тим беше Исак Бонга, кој постигна 20 поени, имаше пет скока и три асистенции. Најдобар во поразената селекција беше Алперен Шенгун — 28 поени, 3 скока, 3 асистенции. Овој трофеј на Евробаскетот е втор во историјата на Германија. Претходно, Германците го освоија ...

Сообраќајот на регионалниот пат Никифорово – Леуново – Бунец од синоќа, од 23:20 часот е во прекин поради врнежи од снег и паднати дрвја на коловозот. Се интервенира на негово расчистување, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од ...

Сообраќајот на регионалниот пат Никфорово – Леуново – Бунец од синоќа, од 23:20 часот е во прекин поради врнежи од снег и паднати дрвја на коловозот. Се интервенира на негово расчистување, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од ...

По дождот, кој се уште врне во пониските делови од дебарскиот поширок регион, забележани се првите снежни врнежи во повисоките населени места, како Лазарополе, Броштица, подрачјето на Горна Жупа, како и во Маврово. Сообраќајот во овој дел од државата се одвива непречено, но, се препорачува внимателно возење поради влажни коловози и помали, но, чести одрони, поради што се препорачува внимателно возење. -На патните правци под наша надлежност ...

Многумина ќе речат дека нема подобро чувство од моментот кога ќе легнеме во кревет, а надвор врне. Овој природен звук во позадина е најдобрата приспивна песна за многумина, и не е само впечаток – науката потврдува дека звукот на дождот всушност може да го подобри квалитетот на сонот. Причината лежи во неговото влијание врз хормонот на стрес и нашиот циркадијален ритам. Звукот на дождот има монотон и предвидлив ритам што го смирува мозокот и ...

Од денес во канцеларијата на Народниот правобранител почна да функционира бесплатна телефонска линија 0800 54321, на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на нивните права, како за време на одржување на кампањата, така и на деновите на одржување на првиот и вториот круг од Локалните избори 2025 (19 октомври и 2 ноември 2025 година). По пријавите на граѓаните, како што информираат од Канцеларијата на Народниот ...

Министерството за здравство информира дека е потпишан договор за набавка на 80 000 вакцини против сезонски грип и дека се очекува да пристигнат во текот на следната недела, по што вакцинирањето ќе почне од втората половина на октомври. -Традиционално, имунизацијата против грип ќе почне во втората половина на месецов. Годинава се набавени најголем број вакцини за оваа намена досега. Станува збор за четиривалентна вакцина од реномираниот ...

Во рамки на тековните оперативни активности од областа на сузбивање недозволена трговија со дрога, полициски службеници од различни полициски организациски единици во текот на септември, во повеќе различни случаи, лишиле од слобода над 100 лица, меѓу кои и неколку малолетници, кои поседувале наркотични средства. Како што соопшти МВР, при извршени лични прегледи и прегледи на возила, кај нив биле откриени и запленети поголема количина ...

Дигитализацијата, интероперабилноста, сајбер безбедноста, поврзување на институциите, како и предизвиците на новото време, од вештачката интелигенција до учеството на бизнис секторот и академската задница се темите на кои денеска ќе разговараат учесниците на Дигиталниот самит на Западен Балкан (WBDS) 2025, регионален настан кој ги обединува носителите на дигиталната трансформација од Западен Балкан, ЕУ и пошироко, а кој се одржува во Скопје. ...

Односот меѓу родителите и децата е една од најважните врски во животот – тој се гради врз љубов, доверба и разбирање. Сепак, и најдобронамерните родители понекогаш прават грешки што оставаат длабоки траги во детското срце. За разлика од играчка што може да се поправи или изгубено време што може да се надополни, постојат искуства што децата тешко ги забораваат и уште потешко ги простуваат. Ваквите ситуации не само што влијаат на детството, ...

Превенцијата во рана возраст е клучна за одбегнување на злоупотребата на штетните материи како алкохол, цигари и дрога, а образованиот процес е најдобар начин за превенција и одбегнување на злоупотребата на штетните материи, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска во рамки на регионалната работилница „Јакнење на соработката меѓу медиумите, експертите и институциите за подобри политики за контрола на тутунот и заштита на ...

Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае до 5 октомври 2025. Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, но и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на државните и ...

На 1 октомври 2025 година во 01:00 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишија од слобода М.А.К. (18) и М.Ј. (19), двајцата државјани на Република Турција со привремен престој во Гостивар, кај кои била пронајдена и одземена марихуана. Според информациите од полицијата, во периодот од 03:30 до 04:10 часот, со судска наредба бил извршен претрес во домот каде што престојувале, при што била пронајдена и одземена ќеса со марихуана. ...

Времето денеска (четврток) ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат обилни. На планините врнежите од дожд ќе преминат во снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура во гостиварскиот регион ќе биде 3 степени, додека максималната ќе достигне од 7 степени. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре ќе има врнежи од дожд, а на планините и на некои од ...

Министерството за внатрешни работи информира дека од 12 октомври 2025 година Европската Унија започнува со постепено воведување на Системот за влез/излез (EES), со целосна имплементација до 10 април 2026 година, со што печатите во пасоши се заменуваат со биометриски евиденции на надворешните граници на Шенген. Системот EES е автоматизиран ИТ-регистар што при секој влез и излез електронски ги запишува личните податоци и биометриските ...

Калинката е едно од најздравите и највкусните овошја што се појавува во рана есен. Нејзината сезона им носи вистинско задоволство на љубителите на природни вкусови, но и бројни здравствени придобивки поради богатата содржина на антиоксиданси, витамини и минерали. Ова супер овошје го заслужува своето место во секојдневната исхрана бидејќи може значително да го подобри здравјето и да му обезбеди виталност на телото. Дознајте подолу зошто ...

Вчеравечер, на првиот официјален датум на почеток на изборната кампања за Локалните избори 2025, независниот кандидат за градоначалник на Гостивар Висар Адеми организираше настан на кој беа повторени приоритетните заложби во фокусот на предизборната програма и визијата за општината. „Ме прашуваа „Висар ти даваш знаење низ цел свет, зошто не се кандидираш за градоначалник на Гостивар?“. Јас мислев дека не е дојдено време да има независен ...

Германската полиција утринава соопшти дека Октоберфест во Минхен останува затворен најмалку до 17 часот, поради голема безбедносна акција во северниот дел на градот. Специјални полициски единици, противпожарни екипи и експерти за деактивирање експлозиви се на терен откако рано изутрина беа пријавени експлозии, пожар во станбена зграда и пронајдено тело на маж со прострелни рани. Според полицијата, сторителот оставил писмо кое се смета за ...

Вчера (29.09.2025) во 16:55 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Маврово-Дебар, на место викано Ростушко Анче, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ,,фолксваген бора“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од В.Ч.(51) од Дебар, товарно возило ,,мерцедес спринтер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.А.(59) од Скопје и патничко возило ,,мерцедес“ со грчки национални ознаки, управувано од ...

Министерството за култура ги објави годишните конкурси за финансирање проекти од културата за 2026 година. Право на поддршка на конкурсите имаат правни лица регистрирани во Македонија во согласност со закон и физички лица, македонски државјани. Како што наведуваат од Министерството, целта на конкурсите е афирмација и унапредување на културата во сите уметнички области и дејности, презентација и промоција на македонската култура и на културата ...

Меѓурелигискиот совет на Албанија одржа состанок на кој беа разгледани одредби од нацрт-законот за правна еднаквост, што се очекува да биде ставен на усвојување во албанското Собрание. Петте верски заедници – Муслиманската заедница, Католичката црква, Православната црква, Бекташката светска патријаршија и Евангелистичкото братство – изразија загриженост околу терминологијата во документот. Фокусот на нивните забелешки е употребата на поими ...

Секојдневието денес почнува со алармот на телефонот, продолжува со часови пред компјутер и завршува со телевизор или таблет. Речиси незабележливо, нашите очи живеат во дигитална средина од утро до вечер. Просечно, човек денес гледа во екрани повеќе од 11 часа дневно – бројка што нашите очи едноставно не можат природно да ја поднесат без последици. Кога е премногу? Истражувањата покажуваат дека оние што поминуваат над 9 часа пред екрани имаат ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
5.14
87%
1005
weather icon

Белград

6ᴼ / 2ᴼ
9.26
67%
1002
weather icon

Загреб

6ᴼ / 3ᴼ
5.14
90%
997
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
3.6
74%
1009
weather icon

Сараево

-1ᴼ / -1ᴼ
1.41
98%
1011
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
97%
997
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
6.17
80%
1009
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
8.23
76%
1001
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
93%
1001
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
5.14
90%
1012
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
4.63
97%
1003
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
3.6
66%
1014
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Бакар

12.12

Сребро

2733.78

Иридиум

221848.72

Паладиум

55781.55

Калај

48.78

Кобалт

64.04

Родиум

339994.14

Алуминиум

3.09

Цинк

3.29

Платина

83354.78

Злато

157561.16

Рутениум

45750.51