Тајванскиот министер за одбрана Чиу Куо-Ченгпредупреди дека и Кина и Тајван ќе платат висока цена доколку Пекинг се обиде да организира инвазија врз тајванскиот остров слична на руската. Говорејќи пред новинарите пред седницата на тајванскиот парламент на која ќе се расправа за руската инвазија на Украина, Чиу рече дека „ако избие војна, сите ќе бидат губитници , дури и победниците“, објави Би-Би-Си. Смирено го следиме развојот на ...

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика Жозеп Борел ги повика граѓаните да го намалат греењето во нивните домови како еден од начините за намалување на зависноста на Унијата од руски гас среде конфликтот во Украина. „Предизвиците со кои се соочуваме ќе бараат многу цврст став и мораме да бидеме подготвени да ја платиме цената“, изјави Борел, сугерирајќи „европските граѓани да го намалат греењето во ...

Двајца македонски возачи на камиони, кои по речиси две недели чекање на границата меѓу Украина и Полска, добиле дозвола да излезат од државата, меѓутоа без нивните камиони, јавува „Сител“. Како што објаснува сопственикот на компанијата од Валандово, украинските гранични служби на двајцата возачи им рекле дека имаат пет минути за да ги земат личните работи и да ја напуштат државата, така што им ги заплениле двата камиони, без притоа ...

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова на денешната прес-конференција во Москва изјави дека утврдила оти САД кријат биолошко оружје во Украина. Таа побара од САД да откријат детали за биолошката програма. Захарова тврди дека видела документи кои ги поткрепуваат овие тврдења, а според неа, САД кријат биолошко оружје во близина на руско-украинската граница. ⚡️ Maria #Zakharova: 💬 We can conclude that components ...

Русија предупреди дека работи на голем и жесток одговор на западните санкции, за кои тврди дека ќе бидат брзи и ќе се почувствуваат во „најчувствителните области“, пишува „Ројтерс“. „Реакцијата на Русија ќе биде брза, промислена и болна за оние за кои е наменета“ – изјави Дмитриј Бирчевски, директор на Одделот за економска соработка на Министерството за надворешни работи. Бирчевски додаде дека Русија, ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека денеска Владата донела одлука за извоз на земјоделски производи откако во понеделникот се соочиле со досега најголема побарувачка на пченица од 200.000 тони. Тој нагласи дека во регионот има голема потреба за житарици и дека цените отишле до небо. „Сите сакаат да обезбедат храна за населението. Затоа донесовме мерка за забрана на извозот, а Владата може да дозволи извоз ако процениме дека ...

Утрово на поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, му изгореа автомобил, а покрај неговиот настрадаа уште три. Причните сеуште не се познати за опожарувањето на автомобилите. „На 09.03.2022 во 03,20 часот било пријавено дека на ул. „Петре Пирузе“ во Скопје настанал пожар во патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, а паркирано од Ј.Ш.. Од пожарот зафатени ...

Ако Западот одлучи да ја бојкотира руската нафта, цената на барелот може да порасне до 300 долари за барел, тврди рускиот вицепремиер Александар Новак . Апсолутно е очигледно дека откажувањето од руската нафта би довело до катастрофални последици за светскиот пазар. Порастот на цените ќе биде непредвидлив – повеќе од 300 долари за барел, ако не и повеќе. Истовремено, ќе биде невозможно брзо да се заменат количествата руска нафта на ...

Олена и Володимир Зеленски биле видно расположени додека му се обраќале на својот народ, само два дена пред датумот кога започнала инвазијата врз Украина. „Заедно сме, дома сме, во Украина сме“, вели Зеленски во видеото на кое е насмеан, додека пак Олена во рацете држи букет со цвеќе. И украинската прва дама имала порака за својот народ и својата земја: „Се сакаме, ја сакаме и Украина“. View this post on Instagram A post ...

Поради украинската криза, цените на горивата ширум светот постојано растат, како што е случајот во Германија, каде што возачите треба да платат повеќе од две евра за литар за бензин и дизел. На бројни бензински пумпи цената на бензините веќе е над две евра. Така, на пример, во Минхен, на бензинската пумпа, типот на супер Е10 чини 2.129, а супер плус 2.259 евра за литар. Не се гледа крајот на поскапувањето на нафтените деривати, посочуваат ...

Русија од денес и официјално ги надмина Иран и Сирија и стана држава со најголеми санкции во светот, пишува BBC, повикувајќи се на веб-страницата за мониторинг на санкции Castellum.ai. Според информациите на веб-страницата, 2.754 санкции веќе биле на сила против Русија уште пред почетокот на инвазијата односно од 22 февруари. Во деновите по инвазијата на Украина, биле воведени уште 2.778 санкции, со што вкупниот број на санкции достигнал 5.532 ...

Украина лежи на едно од најголемите европски наоѓалишта на „незаменлив“ метал? Кога, за време на конференцијата за рудници и технологија во Лондон во ноември 2019 година, украинските геолози пријавија ново големо наоѓалиште на литиум во источна Украина, тоа предизвика голем интерес кај производителите на батерии за електрични автомобили. Литиум-јонските батерии, кои ги напојуваат повеќето електрични возила, се потпираат на суровини ...

Претседателот на Украина Володимир Зеленски рекол дека е можно да се разговара и да се најде компромис за тоа како ќе живеат луѓето на Крим и во републиките во Донбас. „Мораме да разговараме за тоа да најдеме компромис како луѓето ќе продолжат да живеат таму“, одговорил Зеленски на прашањето за можноста за признавање на Крим, Доњецк и Луганск. „Тоа што ми е важно е да сфатам како ќе живеат луѓето на тие територии, кој сака да ...

Македонскиот шеф на дипломатијата, Бујар Османи синоќа изјави дека купувањето на руска нафта и гас ја финансира руската војска. -Граѓаните кои се снабдуваат со нафта од руски компании во земјава, индиректно ја финансираат руската армија. Главните средства на Русија доаѓаат од изворите на природен гас и нафта. Како што гледате Европа е зависна од тој гас и од нафтата и доставата не е прекината целосно токму поради таа зависност, рече Османи во ...

Рускиот заменик премиер, Александар Новак, изјави дека таквиот чекор би довел до катастрофални последици по глобалното снабдување со нафта и оти би довело до скок на цената на 300 долари по барел нафта. САД деновиве најавија дека разгледуваат за потенцијална забрана за увоз на нафта од Русија поради инвазијата на Украина, но Германија и Холандија не се согласуваат со ваквиот план „овие разговори и натаму се во тек како интерно, така и со ...

Во екот на руската инвазија на Украина, британските медиуми пишуваат и за приватниот живот на рускиот претседател Владимир Путин. Медиумите од Велика Британија тврдат дека Путин ја крие својата љубовница екс гимнатичарката Алина Кабаева и нивните четири деца на тајна локација во Швајцарија. Со поранешната руска олимпијка Владимир Путин наводно има четири деца,два сина и близнаци. Медиумите пренесуваат дека рускиот претседател Путин наводно ги ...

Високи американски претставници, пишува Гардијан, отпатувале во Венецуела на разговори со владата на Николас Мадуро, очигледно обидувајќи се да ја натераат земјата да се дистанцира од Русија по инвазијата на Владимир Путин на Украина. Во последните неколку години ова е првпат САД да испратат делегација на средба со претставници на режимот на Мадуро. Тие се сретнаа во саботата во главниот град на Венецуела, Каракас. US officials fly to Venezuela ...

Владата ја одобрила листата од странски држави и територии кои вршат непријателски акции против Русија, руските компании и граѓани. Владата на Руската Федерација одобрила листа од странски држави и територии кои вршат непријателски акции против Русија, соопштено е од прес-службата на Кабинетот на министерството. „Владата одобрила листа од странски држави и територии кои вршат непријателски акции против Русија, руските компании и граѓани. ...

Иако привлекува многу љубители на природата, локалните статистики наведуваат дека само девет луѓе чекореле на овој остров. Островот Клефт, попознат како Skull Rock, е дел од Националниот парк во Викторија во Австралија. Тоа е мало островче со неверојатен облик кое привлекува големо внимание. Благодарение на својата положба, јаките ветрови и бранови со текот на времето го обликувале островот, односно на него има пештера широка 230 метри, длабока ...

Руската армија запленила две возила на украинските вооружени сили, по што тие се облекле во униформа на украинската армија, а потоа од местото Оболон тргнале кон центарот на Киев. Оваа вест ја потврдија заменик-министерката за одбрана на Украина Хана Маљар, како и украинскиот генерал-полковник Валериј Залужниј. “Ги следи конвој руски воени камиони“, изјави Маљар за локалните медиуми. ⚡️The Russian military seized two vehicles of the ...

Поранешниот руски министер за надворешни работи смета дека Путин е рационален и дека нема да започне нуклеарна војна. Зошто мисли дека Путин нема да употреби нуклеарно оружје против Западот, Андреј Козирев објаснил во објавата на Твитер. Напишал дека Путин е рационална личност и дека инвазијата на Украина – иако ужасна – не е ирационална. Навел дека рускиот претседател 20 години верува дека Украина не е вистинска држава. Мајдан ги ...

Владимир Путин порано или подоцна ќе ја изгуби оваа војна. Дури и ако ја прегази Украина – ќе изгуби. Неговата позиција долгорочно е неодржлива. Дури и Русија одамна влезе во 21-виот век и ги искуси сите негови погодности. Еден просечен Русин повеќе нема ни сила, ни желба за братоубиствена војна со своите соседи, ниту за меѓународна изолација, ниту за уништена економија. Но, не е сеедно на кој начин Путин ќе изгуби и во каков нов свет ќе ...

Министерството за одбрана на Велика Британија на Твитер објави нова карта од нападите на руската армија врз Украина. Продолжува од ништо не предизвиканата и незаконска инвазија врз Украина, која не беше испровоцирана со ништо, се наведува во соопштението на министерството. Меѓу другото, мапата ги прикажува нуклеарните централи, локациите на конфликтот од почетокот на инвазијата, областите под руска контрола, насоките на напредокот на руската ...

Генералштабот на украинските вооружени сили утринава соопшти дека руските сили се подготвуваат да го нападнат Киев обидувајќи се да ја преземат целосната контрола врз градовите Ирпин и Буча, недалеку од Киев, и со приближување до главниот град преку источните предградија. Во билтенот објавен во раните утрински часови, Генералштабот соопшти дека руските сили, исто така, се обидуваат да стекнат тактичка предност за да стигнат до источните ...

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров му се обрати на рускиот претседател Владимир Путин со барање да и нареди на армијата да ги окупира Харков, Киев и други украински градови. „Другар претседателе, другар врховен командант, многупати сум кажал дека јас сум твој пешадија, подготвен сум да го дадам животот за тебе. Но, не можам да гледам како умираат моите и нашите војници од Министерството за одбрана, Националната гарда и другите структури. Ве ...

Рускиот претседател околу себе собра круг на блиски и лојални луѓе, но дали тие влијаеја на неговата одлука да почне специјална операција во Украина? Рускиот претседател Владимир Путин ја предводи руската армија во специјална операција во Украина, која се заканува да ја уништи економијата на неговата земја. Ретко изгледаше поизолирано отколку за време на две неодамнешни појавувања со најблискиот круг, каде што седеше на растојание од најблиските ...

Астрономите веруваат дека остатокот од кинеската ракета утре ќе удри во Месечината, но Кинезите велат дека тоа не е нивна ракета. Кон крајот на јануари светските медиуми пренеле информација дека ракета на “SpaceX” лансирана во 2015-та година е на пат кон Месечината во која би требало да удри на почетокот на март. Кратко после тоа и откако добил нови податоци од НАСА, астрономот Бил Греј, кој прв ја објавил веста за ракетата на ...

Алина Кабаева (38), олимписка победничка во Атина во 2004 година и деветкратна светска шампионка во ритмичка гимнастика, рече дека односот на меѓународните спортски организации кон Русија е најсрамната страница во историјата на светскиот спорт. Кабаева со многу остри зборови ги нападна светските спортски лидери, кои овие денови ги избркаа руските спортисти од најголемите натпреварувања, но тешко беше да се очекува поинаков став од неа бидејќи ...

Американскиот институт за проучување на војната објави нова карта на Украина, односно областите кои досега биле окупирани од Русите. Руските сили продолжија со офанзивните операции против западните предградија на Киев, по прекинот на снабдувањето од 27 февруари до 1 март, но не успеаја да обезбедат дополнителна територија, велат тие. Русите, исто така, започнаа офанзивни операции во регионот Житомир, проширувајќи ја својата област околу Киев на ...

Војната во Украина продолжува. Руските сили уништуваат сè пред себе, ракетирајќи станбени квартови и болници. „Sky News“ вчера објави снимка од разурнатиот град Бородјанка кој е оддалечен 60 километри од Киев. На видеото се гледа размерот на уништените станбени згради и инфраструктура, а изгорените руски камиони останале на главната улица на градот по жестоките борби помеѓу жителите и руските војници. Пред градската пошта ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
86%
1027
weather icon

Белград

0ᴼ / -2ᴼ
2.06
88%
1030
weather icon

Загреб

0ᴼ / -4ᴼ
1.03
81%
1033
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
3.09
81%
1028
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
3.12
74%
1028
weather icon

Љубљана

-3ᴼ / -5ᴼ
0.51
91%
1033
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
8.94
82%
1017
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
57%
1015
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
7.72
42%
1020
weather icon

Букурешт

-4ᴼ / -4ᴼ
1.54
93%
1027
weather icon

Будимпешта

0ᴼ / 0ᴼ
5.66
75%
1032
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 4ᴼ
6.69
87%
1023
Currency

61.53

Currency

59.9831

Currency

73.4766

Currency

36.8536

Currency

41.58

Currency

65.4491

Currency

8.18023

Currency

0.59015

Currency

0.38035

Currency

0.52544

Currency

1.69383

Currency

0.69633

Алуминиум

2 $

Иридиум

135048 $

Кобалт

450 $

Никел

494565 $

Рутениум

14887 $

Калај

29 $

Сребро

977 $

Злато

86474 $

Бакар

8 $

Паладиум

29935 $

Платина

31460 $

Цинк

91845 $