Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Со силна емоција и продукциски квалитет, Мартинијан Кириловски го претставува своето најново музичко остварување со наслов „Удри ме“, баладa која со својата длабочина и искреност има потенцијал да стане нова химна за сите што некогаш љубеле, изгубиле, или останале неми пред крајот на една приказна. Музиката и аранжманот се потпишани од етаблираниот композитор Илија Ќосевски, кој умешно создава звучна атмосфера што истовремено гали и ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини потсетува дека уште неколку дена е отворен Јавниот оглас за финансиска поддршка за електрична енергија за ранливи потрошувачи – мерка со која се обезбедуваат 1.000 денари месечно, директно насочени кон намалување на сметките за струја. Поддршката се доделува за период од 12 месеци, сметајќи од денот на поднесување на барањето, а рокот за аплицирање е до 19 април. Граѓаните кои ги ...
И додека очите на Европа и на Западот најмногу се насочени кон војната во Украина, тензиите во Западен Балкан растат. Врвот на британските власти го нарекуваат регионот „уште една фокусна точка“ и предупредуваат дека рускиот претседател Владимир Путин го користи моментот за да ги дестабилизира поранешните југословенски земји, да ги поттикне поделбите и да го турка регионот подалеку од ЕУ и Западот, а поблиску до Москва и Пекинг, пишува ...
Потрошувачката кошница ќе ја пресметувале не врз основа на трошоците на четиричлено семејство, ами на тричлено. Многу ум покажаа како за IQ<82? А бе лажни патриотчиња и среброљупци… Вие кои 10 месеци ни го мрачите денот, црното ни го правите бело. Вие на кои 78-те проценти додаток на плата не ви значи многу, оти не живеете од плата. Вие кои секое утро на „бацирака“ пречекувате газди и бизнисмени кои вашите економските политики ги кројат по ...
Бројот на осомничени за пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани достигна 52 физички и три правни лица, откако Обвинителството викендот ја прошири истрагата со уште 19 лица. Од новоосомничените, тројца се министри за економија, тројца овластени градежни инспектори во Општина Кочани, тројца директори на Дирекција за заштита и спасување (ДЗС), еден генерален инспектор во ДЗС, три службени лица во Министерство за економија, двајца државни секретари во ...
Цената на кафето, еден од најконсумираните пијалоци во светот, достигнува рекордни нивоа. Зголемувањето на цените на кафето е првенствено резултат на сушата која ги десеткуваше приносите на зрна на најголемите плантажи во светот и го загрози целокупното производство, а потоа се и геополитичките тензии кои ги загрозуваат синџирите на снабдување. Најсвеж пример се царините на американскиот претседател Доналд Трамп, кои се закануваат да ...
Иницијативата „О2“ бара да му се одземе А интегрираната дозвола на рудникот Тораница и кривично да одговара, откако се случи еколошки инцидент и водата во Крива Река стана загадена со тешки метали. Освен за фирмата, кривична одговорност побараа и за инспекторите од Државниот инспекторат за животна средина кои не зеле мостри од реката дента после излевањето на цијанид во неа, за што извести градоначалникот на Крива Паланка. Двајца од ...
Пејачката Теа Таировиќ направи вистински спектакл на својот прв настап во Дубаи, но вечерта остана запаметена по нешто друго — балканскиот милијардер А. Рача Рифко, родум од Санджак, потроши неверојатни 100.000 евра за време на нејзиниот настап! Рифко, кој веќе беше во фокусот на медиумите поради гламурозната забава со Драгана Мирковиќ, овој пат го фокусираше вниманието на Теа. Се испраќаа шишиња од елитниот „Дом Перинјон“, по цена од 1.200 ...
На 11.04.2025 година во 07.34 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на улицата „Стево Теодосиевски” во Кочани, патничко возило „Мерцедес” со кочански регистарски ознаки, управувано од Н.К.(29) удрило во двајца пешаци – С.М.(64) и едно 8-годишно дете, исто така од Кочани. Притоа во несреќата С.М. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Штип, додека малолетното лице се здобило со телесни повреди, ...
Во рамки на истрагата за трагичниот пожар во Кочани во кој загинаа 61 лице, полицијата ги привела поранешните министри за економија Ваљон Сарачини и Беким Незири, кадри на ДУИ, како и актуелниот министер без ресор и поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Шабан Салиу, дознава „360 степени“ од извор во истрагата. Меѓу уапсените е и актуелниот директор на ДЗС, Џеват Селами, кадар на ВЛЕН. Според нашите информации, ...
СДСМ бара итна и целосна истрага за скандалот на Кардиохирургија и утврдување на одговорност за последниот смртен случај каде пациент почина со пукната аорта, велат од партијата. „Условите и околностите кои довеле до овој трагичен исход мора да бидат истражени и да следи одговорност. Дали навистина, како што се тврди на Клиниката за кардиохирургија, операционите сали не функционирале кога пациентот во критична состојба бил донесен на ...
Дали некогаш сте имале чувство дека вашето куче ве гледа постојано, следејќи го секое ваше движење? Иако причините може да бидат различни, едно е сигурно – кучињата навистина често интензивно ги набљудуваат своите сопственици. А многумина се прашуваат: Зошто го прават тоа? Одговорот не е едноставен, бидејќи кучето може да ве гледа од повеќе причини. Најчесто, сепак, станува збор за обид за комуникација или очекување дека ќе му се обратите. ...
Денеска во 12:30 часот ќе се одржи протест за Крива Река. Маршот ќе почне пред Министерството за животна средина и просторно планирање, а ќе заврши пред Пред Државниот инспекторат за животна средина. Од Зелен Хуман Град велат „институциите што требаше да ја спречат и превенираат хаваријата во рудникот Тораница не само што дозволија таа да се случи, туку и затаија“. „И кога надлежните затајуваат, од кого да очекуваме веродостојни и итни ...
Денеска е Лазарова сабота, еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус. Лазарова сабота е променлив празник и секогаш се паѓа еден ден пред Цветници, кои се точно една недела пред најголемиот празник Велигден. На овој ден се споменува чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос. Овој настан бил на шест дена пред предавството и убиството на Христос на Голгота. На Лазарева сабота обичај е да ...
По трагедијата на 16 март во Кочани, досегашниот тек на истрагата покажува селективност и нетранспарентност. Семејствата во Кочани и граѓаните заслужуваат одговори. Но, место тоа, имаме селективна истрага, која на моменти се води дури и бомбастично, рече пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на гостувањето во дебатната емисија „Топ Тема“ на Телма. Таа потенцираше дека по една ваква трагедија никој нема право на оправдувања или селекција. ...
Левица објави дека подготвува интерпелација во Собранието за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за селективност во истрагата по трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани. „Пратеничката група на Левица веќе подготвува интерпелација за министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поради сериозните пропусти, прикривање на директно одговорни лица и селективно водење на истрагата. Ќе инсистираме на целосна правда и ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,40 % во однос на одлуката од 10.04.2025 година. Од 12.4.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 71,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 74,00 (денари/литар) Дизел ...
Скандалозно и неприфатливо е именувањето на Петар Богојески за директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, тој има детално документирана историја на навредливо и дискриминаторско однесување и говор на омраза на јавни платформи, наведува потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова. -Неговите коментари се деградирачки, сексистички, дискриминаторски, албанофобни, расистички изрази, што е целосно неприфатливо за ...
СВР Штип – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против Г.Б.(30) од Романија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 02.04.2025 во Пробиштип, пријавениот на 72-годишен маж му продал комплет кујнски прибор за сума од 970 евра, на тој начин што го довел во заблуда дека е оригинален производ на познат бренд. По преземени мерки, тој бил пронајден и лишен од слобода, по ...
Полициски службеници од ОВР Кичево уапсиле 14 – годишен малолетник од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека во домот на соседите допирал по телото четиригодишно женско дете. Во присуство на родител, претставник на Центарот за социјални работи и адвокат за малолетници, во ОВР Кичево со него бил извршен службен разговор. Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување на настанот ќе биде поднесена пријава за кривично дело ...
Општина Крива Паланка започнува со реализација на важен инфраструктурен проект – поставување на монтажно-демонтажен објект, катна гаража на локацијата кај градскиот пазар. Овој проект е директно насочен кон решавање на проблемот со просторното паркирање во централното градско подрачје и подобрување на сообраќајната функционалност. Поради започнување на градежните активности, пазарните тезги ќе бидат привремено дислоцирани на паркингот пред ...
Речиси 100 луѓе загинаа од средата кога обилните дождови погодија делови од Индија и Непал, соопштија официјални лица и медиуми, а метеоролошката служба предвидува уште невообичаено обилни дождови во регионот за овој период од годината. Индиската метеоролошка служба во средата издаде предупредување за повеќе опасности во целата земја, со топлотни бранови во западните делови и грмотевици во источните и централните региони. Во источната држава ...
Александар Ѓорчевски, таткото на трагично убиената 14-годишна Вања Ѓорчевска, денеска сведочеше пред судот и повторно изрази незадоволство од односот на институциите за време на истрагата. Тој нагласи дека уште при првиот негов исказ во истражната постапка побарал да биде подложен на полиграфско тестирање со цел, како што рече, „дефинитивно да се докаже вистината“. Сепак, неговото барање било одбиено од страна на обвинителството. „Јас на ...
Најниската минимална плата во Европската Унија во јануари 2025 година е регистрирана во Бугарија – 551 евро, додека највисоката ја исплатува Луксембург – 2.638 евра, покажуваат податоците на Евростат. Според анализата, минималната плата е законски утврдена во 22 од 27 земји-членки на Унијата. Исклучок се Данска, Италија, Австрија, Финска и Шведска, каде не постои законски пропишана минимална месечна заработка. Во десет земји минималната плата ...
Една од најпопуларните музички ѕвезди од помладата генерација, Теа Таировиќ, отпатува за Дубаи, каде денес ќе одржи спектакуларен концерт. Таировиќ и нејзиниот тим биле пречекани како големи ѕвезди и ќе бидат сместени во еден од најскапите хотели во Дубаи. Теа пред концертот се релаксира на плажа, а во таа прилика позираше во црвено бикини кое одлично го истакнува нејзиното згодно тело. Коментарите почнаа да се нижат, а згодната пејачка доби ...
Пет лица се полесно повредени во сообраќајната несреќа која вчера попладне се случи во близина на мостот Влајко во Влае. Од МВР информираат дека сообраќајката кај нив е пријавена околу 17:30 часот. -На бул.„Партизански Одреди“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „ауди“ со скопски регистарски ознаки управуван од Д.С.(39) од Скопје, автомобил „ауди“ со скопски регистарски ознаки управуван од З.А.(29) од с.Сингелиќ, ...
Модниот свет тагува за смртта на хрватско-австралиската манекенка Луси Марковиќ, која почина на 27-годишна возраст по долгогодишна борба со тешката болест, пишува „Сиднеј морнинг хералд“. Марковиќ починала во текот на ноќта по серија операции за лекување на артериовенската малформација (АВМ) во мозокот – состојба во која заплетканите, абнормални крвни садови може да пукнат и да го оштетат мозочното ткиво. „Беше во мир. Јас, нејзината мајка и ...
Мора да има неселективна правда за Кочани, треба да се опфатат и сегашни функционери, коишто во моментот на случување на овој трагичен настан ги извршуваа функциите во Министерството за внатрешни работи, Бирото за јавна безбедноста дали е тоа во Кочани, дали во Штип. Сметаме дека истрагата треба да се прошири, истакна потпретседателката на СДСМ Каја Шукова во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија. Шукова нагласи дека е невообичаено ...
Пациентите на Клиниката за онкологија повторно се соочуваат со недостаток на клучни лекови, од кои директно зависи нивниот живот, велат од СДСМ. Иако Клековски јавно ветуваше дека нема да се случи повторно да нема лекови, оваа недела недостасува биолошкиот лек Palbosiklib, недостиг има и на лекот Bevacizumab (Авастин) – терапија што ја примаат голем број пациенти два пати месечно, терапија од која зависи нивниот живот. Кој е сега изговорот на ...
Зелен хуман град најавува мирен протестен марш во 12:30 ч. во сабота (12 април) што ќе започне пред Министерството за животна средина и просторно планирање поради, како што велат, алармантниот молк и неодговорното постапување на надлежните институции во врска со хаваријата и истекувањето на токсични материи од рудникот Тораница во Крива Река. „По хаваријата, ЗХГ поднесе барања за слободен пристап до информации од јавен карактер до Државниот ...