Еден од најголемите проблеми во нашата општина е недостатокот на слободни места во детските градинки. Родителите со години се соочуваат со листи на чекање за упис во градинка и преголеми групи на деца во градинките.Секое дете во Аеродром мора да има свое место во градинка. Тоа е еден од главните приоритети на кои ќе се посветам како иден градоначалник, порача д-р Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром. Не нудиме ...

Македонскиот државјанин, Мартин Сипковски (21), инаку манекен по професија, загина минатата недела во експлозија во стан на улицата Косовска, во центарот на Белград, пишува српски „Kurir“. Во Вишото јавно обвинителство во Белград, за експлозијата во која животот го загуби Сипковски, бил сослушан и Филип В. (26), осомничен дека на 30 септември неовластено набавил, а потоа и предал експлозивен материјал „пентрит“ на македонскиот државјанин, ...

Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера на експресниот пат Штип – Кочани, во близина на селото Горни Полог, при што повеќе лица се повредени, а едно лице починало од здобиените повреди. Според информациите од МВР, несреќата се случила во 09:18 часот, кога се судриле две патнички возила – „Рено“, во кое се превезувале четири лица, и „Фолксваген Поло“ со бугарски регистарски таблички, во кое бил само возачот. Сите пет лица се пренесени во ...

Како дел од конкретните мерки за поддршка на учениците и олеснување на семејниот буџет, Општина Крива Паланка втора година по ред обезбеди бесплатни училишни униформи за сите ученици од основните и средните училишта на територија на Општината, вклучувајќи ги и 120 новозапишани првачиња. Во духот на континуираната грижа и поддршка на учениците и семејствата, градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски, денес официјално им ги врачи ...

Едно лице е повредено попладнево на улицата зад зградата на општина Куманово, откако врз него било пукано од возило во движење. МВР соопшти дека повредениот е З.Ш.(43) од с.Слупчане, општина Липково и оти е пренесен во кумановската болница. – Денеска во 13.54 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од ул.„Димитрије Туцовиќ“ со ул.„11 Октомври“ во Куманово, две лица лица во движење од огнено оружје пукале во патничко возило ...

Легендарниот фолк пејач Халид Бешлиќ почина денес, 7 октомври, на 72-годишна возраст по кратка борба со тешка болест. Кон крајот на август, Халид Бешлиќ беше хоспитализиран во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, каде што беше под постојан надзор на лекарите. Со своите безвременски хитови одбележа неколку децении на музичката сцена на поранешна Југославија и регионот. Неговите песни како што се „Милјацка“, „Романи“, „Не можам да ...

Владата и Министерството за дигитална трансформација реализираат уште едно предизвборно ветување. Министерството од почетокот на годината, формираше работна група помеѓу повеќе инстутции, меѓу кои Министерството за внатрешни работи, Управата за водење на матичните книги, Министерството за здравство-Управа за електронско здравство и соодветните јавни здравствени установи, за постигнување целосна автоматизација во издавањето на првиот извод од ...

Работниците во Германија ќе мора да работат до 73 години? „Ќе мора да работиме повеќе ако сакаме да го задржиме обемот на социјалното осигурување без да оставиме уште поголем товар на идните генерации. Возраста за пензионирање мора да биде поврзана со очекуваниот животен век“, се вели во студија нарачана од министерството предводено од министер од ЦДУ. Откако министерката за економија Катерина Рајхе (52, ЦДУ) предизвика вистинска бура во ...

Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, синоќа на митинг во општина Центар најави еден поинаков, пристап кон кампањата, во духот на солидарноста. Шукова и кандидатите за советници одлучиле да се откажат од градски изборен штаб и средствата да ги насочи таму каде што најмногу се потребни. „Јас како кандидат за градоначалник и кандидатите за советници во Град Скопје се откажавме од градски штаб. Сите средства за работа на ...

Високо ниво на пестицидот метомил, кој е штетен за луѓето, е пронајдено во црвени пиперки произведени во Северна Македонија, објави Европскиот систем за безбедност на храната (Систем за брзо предупредување за храна и добиточна храна – RASFF). Како што е наведено во соопштението за медиумите на таа европска организација, во пиперките увезени во Хрватска од Северна Македонија, по официјалната контрола на пазарот, гореспоменатата штетна ...

На дебатата организирана од групата на Европските социјалисти и демократи (S&D) во Брисел, потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска, упати силна порака дека Европската унија мора итно да ја врати кредибилноста на процесот на проширување и да понуди јасен, заслужен напредок за земјите кандидати, со Северна Македонија како пример за земја која, и покрај реформскиот напредок, останува заглавена во блокада. Во своето излагање, Чупеска оцени ...

Претседателот на СДСМ Венко Филипче од вчерашната граѓанска трибина во Центар порача дека ВМРО-ДПМНЕ зборува за загари и орли додека младите се селат. Филипче испрати порака дека жално е што зад црната кампања не се крие само неспособна власт, туку власт која не сака напредок, не сака дијалог и не сака компромиси. Тој исто така рече дека ВМРО-ДПМНЕ со ваквото владеење е непријател на државата. „Тоа е власт која се храни и одржува од внатрешни ...

Со доаѓањето на месец октомври, телото се подготвува за новата фаза на годината. Преминот од лето кон есен може значително да влијае врз здравјето, изложувајќи го организмот на различни стрес-фактори. Променливите температури, помалото изложување на сончева светлина и зголемената циркулација на вируси го ставаат имунитетот на тест. За да го поминеме овој период здрави, корисно е да се применуваат стратегии за сезонска превенција кои го ...

Сериозен инцидент ја вознемири албанската јавност попладнево, кога во судска сала на Апелацискиот суд во Тирана, со огнено опружје, беше пукано во судијата Астрит Калаја, кој бил транспортиран во клиниката за трауматологија во Тирана, но кусо потоа подлегнал на здобиените повреди. Сторителот Ѓан Шкемби испукал три куршуми во судијата Калаја, веднаш откако почнал да ја чита донесената одлука во врска со неговиот случај. Дел од кршумите ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а ...

СВР Скопје поднесе кривична пријава против К.Ч.(51) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ во обид и против М.Ч.(58), Ш.Ч.(22), О.Ч.(23) и Б.М.(35), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за кривично дело „насилство“. На 06.08.2025 во Скопје, пријавените влегле во дворот на Д.Е.(58), каде биле и неговите синови О.Е.(26) и М.Е.(18) од Скопје, физички ги нападнале, при што првопријавениот од ...

На 05.10.2025 околу 06:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Охрид, над с.Попоец, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „нисан навара“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Б.С.(26) од с.Дрслајца, струшко и патничко возило „бмв“ со албански национални ознаки, управувано од А.Б.(50) од с.Грешница, кичевско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „бмв“ Е.Б.(25) ...

Зимата што претстои, според сите извештаи, ќе биде „како старата“, изјави службата за следење на времето „Severe Weather Europe“. Како што објаснуваат експертите од таа служба, ваквите прогнози се однесуваат на делови од САД, Канада, но и на Европа. Имено, како што е дополнително наведено, три фактори моментално покажуваат сличности со неколку силни и студени зими. „Severe Weather“ ја анализираше состојбата на глобалниот временски систем и ...

До македонската амбасада во Љубљана е доставено известување дека во текот на ноќта на 2 октомври, животот го загубил македонски државјанин, роден во 1986 година во Кочани, соопшти Министерството за надворешни работи. Согласно информациите од словенечката полиција, блиските на починатиот се веќе известени, а случајот го разгледува Секторот за криминалистичка полиција. Амбасадата на Република Северна Македонија во Љубљана е во контакт со ...

Со ВМРО-ДПМНЕ и Трипуновски земјоделството повторно е на колена. Откупот на индустриската пиперка-ајварка е целосно застанат, земјоделците се оставени на цедило, со реколта што скапува на нивите, алармираат од СДСМ. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ветуваше договорена цена од 45 денари за килограм, а денес откупната цена изнесува понижувачки 20 денари. Половина од годинешната реколта стои на нивите без откуп. Производителите се очајни, не знаат што да ...

Поевтинуваат сите видови на горива вечерва од полноќ, соопшти Регултаротната комисија за енергетика која ги објави новите цени. ЕУРОСУПЕР 95 од вечерва ќе изнесува 74 денари, и ќе се продава поевтино за 1,5 денари. За 1,5 денари поевтинува и ЕУРОСУПЕР 98+ кој од утре ќе се продава по цена од 76 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 1 денар, и од утре ќе чини 68,5 денари. Се намалува и цената на екстралесното масло за домаќинство за 1,5 ...

Повторно е забележано заматување на водата во Крива Река. Видеоснимки и фотографии објавени од порталот Инфомакс и граѓани на социјалните мрежи покажуваат значително затемнета вода, што предизвика нови сомнежи за еколошки инцидент. Неофицијално причината за заматувањето повторно е хаварија во рудникот Булмак во Тораница. Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски последниот пат кога се случи ваква еколошка катастрофа сам зема мостри од ...

Уште една трагична вест за семејството Тарнер. Ајк Тарнер Џуниор, посвоениот син на музичката легенда Тина Тарнер и син на нејзиниот поранешен сопруг Ајк Тарнер, почина во болница во Лос Анџелес на 67-годишна возраст. Веста ја потврди неговата роднина, Жаклин Булок, која откри дека тој со години се борел со сериозни здравствени проблеми. Според нејзината изјава, Ајк Џуниор со години имал проблеми со бубрезите, а во последниот период се борел ...

Од утре во земјава плаќањата во евра ќе бидат поевтини и побрзи. Земјава официјално станува дел од Единствената област за плаќање во евра (СЕПА). Со ова, надоместоците за трансакции во евра ќе бидат значително пониски, а парите ќе стигнуваат до примателот најчесто во рок од еден работен ден без разлика од која држава на СЕПА се врши плаќањето. Народната банка, која ги координираше активностите за влез во СЕПА, во јули лани ја поднесе ...

ВМРО-ДПМНЕ излажа за 4 нови градинки во Аеродром, сега ветува 5 – лагата ја менуваат со поголема лага. Во изминатите четири години, ВМРО-ДПМНЕ во Општина Аеродром не изгради ниту една од ветените четири нови градинки. Овие градинки беа прв приоритет во програмата на Муцунски и Митески, со кои ја бараа довербата на граѓаните – нови објекти во Острово, Мичурин, Лисиче и Долно Лисиче. Четири години подоцна, резултатот е јасен: ниту една од овие ...

Пронајденото безживотно тело кое во петокот беше пријавено во полицијата на Љубљана е на 38-годишен државјанин на Македонија, потврди портпаролката на полициската управа во Љубљана, Шпела Шкопорц. Неофицијално лицето било претепано до смрт. „Полициските службеници извршиле увид на местото на настанот, наредена е судска обдукција, но причината за смртта сè уште не е разјаснета. Интензивната кривична истрага сè уште е во тек. Надлежното државно ...

Дојде септември, месецот кога се прави ајвар, зимница и лутеница. Има супер трик за полесно да се излупат пиперките за ајвар. Ако сакате полесно да ги излупите пиперките кои ги печете, ставете ги во кесе и заврзете го. Нека стои одреден период, па сама ќе се оддели лушпата и се ќе оди побрзо. Во продолжение прочитајте и рецепт за македонски ајвар, кој е стар со децении, се пренесува од генерација на генерација и им успева на сите! Состојки: ...

Јапонското јаболко е нутритивно многу вредно овошје кое содржи голема количина на хранливи материи: витамини А, Б и Ц, јод и железо. Тие се особено корисни во есен и зима затоа што ги подобруваат имунитетот и нервниот систем и му помагаат на организмот да се заштити од разни инфекции, сметаат нутриционистите. Јапонското јаболко можете да го јадете колку што сакате, но обидете се тоа да не е повеќе од две до три овошки во текот на денот, за да ...

Утрово најстудено е во Берово и Крива Паланка, 8 Целзиусови степени, а во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Крушево, 10 литри на метар квадратен. Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, до 8:30 часот се измерени 9 степени во Крушево, 10 во Тетово, Виница, Куманово и Струмица, 11 во Претор, Штип, и Битола, 12 во Скопје-Петровец и Гевгелија и 13 во Демир Капија. До 8 часот наврнале и 8 литри дожд на единица површина ...

„Небулози, клевети и навреди се методите на Мицкоски со кои сака да се оправда за катастрофата која и ја нанесува на целата држава. Неспособноста да испорача макар и еден единствен резултат во која било сфера од општеството и политиката, залиена со неговата самобендисаност и аздисаност ќе го турне во политичка провалија. Но, ќе мораме да внимаваме да не ни ја повлече и државата со себе во таа провалија“, реагира поранешниот претседател на ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
52%
1020
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
7.2
56%
1022
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
72%
1024
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
1.5
67%
1022
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
5.41
56%
1021
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 15ᴼ
1.03
79%
1025
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
1.79
49%
1013
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
0.51
50%
1016
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
5.14
28%
1018
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
7.72
49%
1023
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
1.79
49%
1025
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
5.66
100%
1016
Currency

61.525

Currency

53.3367

Currency

72.0965

Currency

37.6933

Currency

38.2981

Currency

65.6638

Currency

7.91633

Currency

0.64399

Currency

0.33503

Currency

0.52409

Currency

1.11698

Currency

0.55954

Рутениум

53852.50

Паладиум

43596.41

Сребро

2099.49

Платина

56263.81

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.36

Цинк

0.00

Калај

55.56

Злато

141562.95

Бакар

13.39

Родиум

278907.73

Иридиум

252383.36