Instagram тестира функција која овозможува „заклучување“ на Reels со „тајна“ шифра, но со дадено „навестување“. Ова изгледа како нов начин преку кој креаторите можат да комуницираат со своите фанови, бидејќи можат да споделуваат ексклузивни Reels со луѓе кои веројатно ќе го знаат одговорот на навестувањето. На пример, креатор би можел да заклучи Reel со наговестување „мојата омилена храна“, а фановите би го знаеле одговорот. Друштвената мрежа во ...

Новата регионална платформа Creative Gate – посветена на поддршката и развојот на културните и креативните индустрии во Западен Балкан – денес беше официјално претставена во Приштина. На прес-конференцијата се обратија неколку значајни имиња од културната сцена, меѓу кои Мајлинда Мазелиу, директорка на British Council за Албанија и Косово; Катерина Цветковска, ПР менаџерка на фестивалот Таксират и Password Production; Фјолла Чунаку, ...

Apple спроведе голема логистичка операција: околу 600 тони iPhone уреди се пренесени од Индија во САД за да се избегнат царините на Трамп Apple спроведе голема логистичка операција, пренесувајќи околу 600 тони iPhone уреди – што е еквивалентно на 1,5 милион примероци – од Индија во САД, со цел да ги избегне високите царини кои постојано ги воведува американскиот претседател Доналд Трамп. За транспортот на овие 600 тони iPhone-и биле користени ...

Во периодот од 09:00-11:00 часот ќе има посебен сообраќаен режим на булеварот „Илинден” Во недела (13 април) ќе се одржи 13. издание на „Авицена Женска Трка“ во организација на Сојуз на Спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје. Стартот на кружната трка во должина од 3 километри ќе биде во 10.00 часот од булевар „Илинден“, во близина на фонтана „Лотос“. Пред самиот почеток, во 09:40 часот, предвидено е и загревање со аеробик вежби. ...

Прототипот на паметните очила на Google се поврзува со мобилен телефон и има мали екрани што прикажуваат информации преку проѕирното стакло. Google на неодамна одржаниот TED во Ванкувер го претстави прототипот на своите паметни очила кои користат нов систем наречен Android XR. Станува збор за уред кој комбинира проширена реалност (AR) и вештачка интелигенција (AI), со цел да се создаде лесен гаџет кој може да се носи секојдневно, исто како и ...

Студентското стручно списание – IPSLR има за цел да овозможи простор студентите да адресираат прашања поврзани од студиските програми кои се студираат на факултетот: право, политика, односи со јавност и новинарство Вчера, на 10.04.2025, во полната читална на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје после повеќе од 15 години, беше промовиран првиот број на стручното списание „Iustinianus Primus Student Law Review – IPSLR“ на студентите на ...

Samsung формираше тим за развој на 1nm чипови, но без потребната опрема и со цел за масовно производство дури за четири години Напредокот со 2nm GAA процесот се одвива добро, но Samsung има за цел да ги надмине технолошките ограничувања во развојот на чипови со воведување на своја верзија на 1nm процес. Нов извештај наведува дека компанијата формирала тим за да го започне овој развој. Сепак, ќе помине уште време пред оваа литографија да стане ...

WhatsApp постојано тестира нови функции преку своите бета канали, а обично е потребно неколку месеци тие да станат достапни за сите корисници. Сега оваа апликација доби повеќе новини истовремено. Показатели за онлајн статус се појавија во групните четови, така што корисникот може да види кои членови се достапни веднаш под името на групата. Корисникот отсега може да избере да прима само „Highlight“ известувања од групите, што ги ограничува ...

Apple наводно е во завршна фаза на развој на два преклопни уреди – 7,8-инчен и поголем 18,8-инчен, кои би можеле да бидат лансирани веќе кон крајот на 2026 година. Во ера кога флексибилните телефони и таблет уреди повеќе не се сметаат за технолошка егзотика, Apple конечно се подготвува да влезе во овој сегмент од пазарот – и тоа со стил. Според најновиот извештај на инвестициската фирма GF Securities, компанијата од Купертино наводно развива два ...

Протечените цени покажуваат дека Samsung ќе го позиционира Galaxy S25 Edge како премиум алтернатива на претстојниот iPhone 17 Air Samsung на почетокот на годината ја лансираше серијата Galaxy S25. Оттогаш, вниманието од главната линија модели се пренасочи кон Galaxy S25 Edge. Се наведува дека станува збор за ултра-тенок модел кој директно ќе му конкурира на телефонот iPhone 17 Air. Уредот е наменет за корисници кои бараат спој на перформанси и ...

Новата правосмукалка е опремена со AI Cleaning Mode 2.0 и нуди подобрено и поефикасно чистење со моќ на вшмукување до 280W Samsung Electronics објави дека ја лансира Bespoke AI Jet Lite, полесен и покомплетен модел на правосмукалка, која ја гради успешната основа на претходникот во својата линија на безжични stick правосмукалки. „Во Samsung постојано бараме решенија кои се одлични за секојдневно чистење,“ изјави Џеонг Сеунг Мун (Jeong Seung ...

Во периодот од 8 до 10 април, вкупно 90 претприемачи поделени во три групи ја започнаа својата едукација во рамки на ПроКредит бизнис академијата, едукативна програма наменета за поддршка на микро и малите бизниси во нивниот раст и развој. Ова е првпат да се организира настан од ваков вид во нашата земја, со единствена цел, поддршка на локалната бизнис заедница и создавање структуирана платформа за нефинансиска едукација и вмрежување на ...

Samsung првично го претстави „роботскиот придружник“ Ballie на почетокот на 2020 година, кој сè уште не стана производ што може да се купи. Меѓутоа, тоа ќе се промени ова лето, кога ќе стане достапен во САД и Јужна Кореја. Во пресрет на доаѓањето на пазарот, претходно овој месец беше објавено тизер видео, а Samsung сега потврди дека Ballie ќе доаѓа со вграден Google Gemini AI асистент. Во соопштението воопшто не се спомнува Bixby, па постои ...

Во пресрет на најголемиот спортски настан во државата досега, во сабота во Ист Гејт Мол посетителите ќе имаат можност да учествуваат во различни спортски и забавни активности, вклучувајќи турнири во 3х3 баскет, натпревари во забивање и презентации поврзани со олимписките вредности и спортот. По успешното одржувањe на Chefs de Mission семинарот во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје, финалните подготовките за Европскиот младински олимписки фестивал – ...

Новиот дизајн на iPhone 17 Pro донесува драстични промени на задната страна, додека предниот дел останува речиси непроменет Apple планира да ја претстави серијата iPhone 17 оваа есен на септемврискиот настан, а според досегашните информации, уредите ќе донесат значителни новитети во хардверот и дизајнот. Ликерот Сони Диксон сподели слики од маски за iPhone 17 Pro кои откриваат големи промени на задниот дел, навестувајќи поинаков изглед во ...

Новите флегшип паметни телефони од кинеските компании, кои ќе се појават на пазарот кон крајот на оваа година, ќе имаат батерии со капацитет од најмалку 7.000 mAh. Батериите со силициум се појавија во речиси сите кинески врвни смартфони во изминатите неколку месеци, а сега развојот на технологијата овозможи значително поголема густина во споредба со традиционалните литиум-јонски батерии, што значи дека сме во средината на трка за што повеќе mAh, ...

Иако новата верзија на Vision Pro нема да претставува голема надградба како што првично беше најавено, се наведува дека ќе биде опремена со M5 чип, кој сигурно ќе донесе подобри перформанси. Амбициозниот уред за проширена реалност на Apple, Vision Pro, не ги исполни очекувањата во однос на продажбата, па затоа компанијата веќе сериозно се подготвува за нова верзија. Иако не станува збор за голема надградба, мало унапредување на Vision Pro се ...

Првиот објект за обука на хетерогени хуманоидни роботи во Кина е официјално отворен и ќе стане целосно функционален во јули. Познат како Национален и локален центар за иновација во хуманоидната роботика, овој објект зафаќа повеќе од 5.000 квадратни метри во областа Жанџијанг во Шангај. Таа има за цел да ја катализира размената и употребата на податоци меѓу развивачите на роботи. Global Times објави дека повеќе од 100 видови роботи се веќе во ...

Се повикуваат установите за стручно образование и обука и претпријатијата од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија да се пријават до 6 јуни, 2025 година Регионалниот фонд за предизвици (РЦФ) официјално го објави четвртиот повик за изразување интерес, повикувајќи конзорциуми составени од установи за стручно образование и обука и претпријатија од сите шест економии на Западен Балкан да се пријават за ...

Министерот за спорт, Борко Ристовски ја потенцираше поддршката на државата за организирање на најголемиот спортски настан во Македонија досега, а претставници од 49 европски олимписки комитети имаат можност да се запознаат со организациските аспекти, спортските објекти и логистичките капацитети на градовите домаќини Скопје и Куманово Во рамките на подготовките за Европскиот младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025, што ќе се одржи од 20 ...

Компанијата Meta воведува „тинејџерски профили“ на својата социјална мрежа Facebook и апликацијата Messenger. Слично како што беше случај со Instagram, компанијата ќе почне автоматски да ги префрла помладите тинејџери на нови сметки, што е дел од задолжителната родителска контрола и рестрикции поврзани со тоа кому можат да испраќаат пораки и со кого можат да воспостават интеракција. Компанијата првично ја претстави оваа функција на Instagram ...

Бизнис верзијата на Samsung Galaxy S25 доаѓа со дури осум Android надградби и безбедносна поддршка до 2032 година Samsung, покрај стандардната серија Galaxy S25 наменета за широка публика, тивко ја лансираше и посебната бизнис верзија на овој модел – Galaxy S25 Enterprise Edition. Оваа варијанта носи досега невидено долг период на поддршка: дури осум Android верзии и безбедносни закрпи до јануари 2032 година, што претставува најдолга софтверска ...

HDR10+ нуди поимерсивно искуство при гледање со живописни бои и подобрен контраст на паметните телевизори и монитори на Samsung Samsung Electronics објави дека нивните паметни телевизори и монитори сега ќе поддржуваат Netflix серии и филмови во HDR10+. Со HDR10+, гледачите ќе можат да уживаат во побогат контраст, подлабоки бои и неверојатна визуелна длабочина, со што нивните омилени Netflix наслови ќе бидат поимерсивни од кога било. „HDR10+ го ...

Компанијата Meta развива верзија за Instagram за iPad. Во моментов, корисниците на iPad се потпираат само на верзија на апликацијата за iPhone, па официјалната таблет апликација за Instagram ќе биде позитивен чекор напред. Се поставува прашањето зошто Meta го прави тоа сега, откако повеќе од една деценија го игнорираше iPad. Според The Information, одговорот се крие во неизвесната правна ситуација на социјалната мрежа TikTok, како и во царините ...

OpenAI би можел да го преземе стартапот io Products, кој го предводат Џони Ајв и Сем Алтман, во потенцијална аквизиција вредна над 500 милиони долари. Стартапот развива AI уреди кои би можеле да ја редефинираат секојдневната технологија – вклучително и концептот на „телефон без екран“. OpenAI, креаторот на ChatGPT, наводно размислува за голема аквизиција во светот на хардверот: купување на стартапот io Products, основан од Џони Ајв, легендарниот ...

Microsoft работи на нов дизајн на Start менито на својот оперативен систем Windows 11, кој е поголем и пофлексибилен од постоечкиот. Наговестување за новиот дизајн беше откриено во поновите верзии на Windows 11, каде што подобрениот Start мени има поголем распоред и конечно нуди можност за исклучување на препорачаните фајлови и апликации (recommended feed). Препорачаниот дел беше главна „болна точка“ за корисниците на Windows 11 кои преминаа од ...

GPMI е нов стандард за пренос на звук, слика и енергија, развиен од Кинескиот технолошки сојуз, кој нуди брзина до 192 Gbps и моќност до 480 W, со цел целосно да ги замени HDMI, USB4 и Thunderbolt. Кинескиот сојуз за развој на видео-технологија во 8K резолуција, со поддршка од над 50 водечки технолошки компании од Кина, го претстави новиот стандард за кабелска конекција под името GPMI (General Purpose Media Interface). Оваа нова технологија ...

Функцијата за откривање слип апнеа на Galaxy Watch продолжува да добива внимание со одобрение од водечки светски институции Samsung Electronics и Универзитетот Станфорд заеднички најавија истражувачки проект со Stanford Medicine за иницирање на иновативно здравствено решение базирано на функцијата на Samsung за опструктивна слип апнеа (OSA), која доби DeNovo одобрување — прво од ваков вид — од Администрацијата за храна и лекови на САД (FDA). Во ...

YouTube каналот Front Page Tech објави ново видео кое дава поблизок поглед на наводните дизајнерски промени во претстојниот iOS 19. Видеото содржи повторно создадени рендери на iOS 19, кои наводно се базирани на вистински снимки од софтверското ажурирање, добиени од извори внатре во Apple. Севкупно, се очекува iOS 19 да има подостапен, стаклест дизајн инспириран од visionOS, со зголемена транспарентност кај елементи од корисничкиот интерфејс ...

Семос Едукација успешно го организираше AI Fest 2025 – Национална иницијатива за развој на AI вештини Во новите простории на Семос Едукација, лоцирани на Кејот на реката Вардар, денес свечено започна AI Fest 2025, најголемиот фестивал посветен на вештачката интелигенција во регионот. Овој уникатен настан кој ќе трае 50 дена, сé до 5 јуни, и ќе вклучи бројни активности и обуки за усвојување на вештини поврзани со вештачката интелигенција. ...

weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
8.23
72%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
93%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
71%
1016
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
3.43
92%
1017
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
95%
1015
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
2.24
86%
1008
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
87%
1009
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
76%
1011
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
9.26
91%
1017
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
2.06
88%
1015
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
6.17
77%
1008
weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
87%
1013
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58842

Иридиум

145787.60

Паладиум

46425.68

Родиум

255598.44

Злато

135056.24

Кобалт

58.42

Платина

52952.77

Цинк

3.23

Бакар

10.95

Никел

473339.37

Алуминиум

2.91

Рутениум

29192.88

Калај

40.48