Во насока на унапредување на родовата еднаквост во професионалниот и едукативниот свет, Алијансата за родова еднаквост на работното место – GEA и M6 Едукативниот Центар официјално го започнаа своето партнерство преку потпишување на Меморандум за соработка. Ова партнерство беше формализирано со цел заедничко креирање и имплементација на образовни активности, работилници, програми за менторство, заедничко аплицирање на проекти и размена на ...

Преклопни уреди со елегантен дизајн и поддршка од вештачка интелигенција, во комбинација со ултраудобни паметни часовници што обезбедуваат здравствени информации во моментот — претставени во интерактивни Galaxy Experience простори ширум светот. Преднарачките за новите Galaxy Z модели ги надминаа очекувањата, правејќи го ова најуспешното лансирање на Galaxy Z уреди досега во Европа. Samsung Electronics Co., Ltd. денес ја објави глобалната ...

Индиски изум го претвора ветерот во енергија и му овозможува на електричниот автомобил да се полни во движење, дури и при мали брзини Замислете дека возите електричен автомобил низ град, на автопат или стоите во гужва, а батеријата се полни во исто време. Без кабли, станици или однапред планирано полнење. Звучи речиси неверојатно, но токму тоа е постигнато во Индија. Зад оваа револуционерна идеја не стои ниту Tesla, ниту Toyota или некоја ...

Се појавија прелиминарни информации за големината на екранот на првиот преклопен iPhone. Ќе добие внатрешен екран од 7,8 инчи и надворешен од 5,5 инчи. Според информациите што ги објави тајванската истражувачка компанија TrendForce, првиот преклоплив iPhone од Apple ќе биде опремен со внатрешен екран од 7,8 инчи и надворешен од 5,5 инчи. Истите димензии претходно ги најави и познатиот аналитичар за Apple, Минг-Чи Куо, што им дава дополнителна ...

Од компанијата Starlink доаѓаат информации дека се подготвуваат да ја лансираат следната генерација сателити следната година. Според компанијата, која е во сопственост на Илон Маск, секој од новите сателити е дизајниран да обезбеди капацитети од повеќе од еден терабит за преземање податоци (> 1.000 Gbps), како и над 200 Gbps капацитет за испраќање податоци до корисниците на Земјата. „Ова е повеќе од 10 пати поголем капацитет за преземање и ...

Galaxy Z Fold7 ја претставува најнапредната камера досега во серијата Z Fold, донесувајќи Ултра искуство што го трансформира начинот на кој фотографирате, уредувате и споделувате содржина со леснотија. За првпат во серијата, уредот нуди 200 MP ултра-високорезолуциска главна камера и моќен процесор Snapdragon 8 Elite за Galaxy . Исто така опремена на ProVisual Engine со повеќе од 160 технологии за слики засновани на вештачка интелигенција, ...

Lumo нема да се користи за тренирање на LLM модели и за рекламирање, а на разговорите ќе можат да пристапат само корисниците. Proton, швајцарската компанија најпозната по својот енкриптиран сервис Proton Mail, го претстави Lumo – својот сопствен AI chatbot развиен со акцент на заштитата на приватноста на корисниците. Имено, Lumo може да извршува сè што можат и стандардните AI chatbot-и на кои сме навикнати, но за разлика од нив, податоците ...

Amazon ќе го збогати својот портфолио со уште еден уред за прислушување – паметната нараквица Bee, чиишто производител го презеде со цел да создаде нов вид на паметен AI асистент кој постојано го слуша својот сопственик. Американскиот стартап Bee, создавач на истоимената паметна нараквица засилена со вештачка интелигенција, станува дел од Amazon. Ова го објави коосновачката Maria de Lourdes Zollo на LinkedIn. „Кога го започнавме Bee, ...

Патувањето не мора да започне со гужви, редици и скапо кафе на аеродромите.Замислете да го започнете секој лет со мир, удобност и персонализиран третман – уште пред да се качите во авионот. Со Mastercard World кредитнатаплатежна картичка од Халкбанк, вие не сте само патник, туку вие сте и привилегиран гостин. Влезете восветот на ексклузивните Lounge Key салони ширум светот Со Mastercard Worldкредитнатакартичка од Халкбанк, патувањето ...

Благодарение на новото решение, постарите модели на iPhone конечно добиваат USB-C со брз трансфер на податоци и брзо полнење Кен Пилонел, познат инженер и ентузијаст за технички иновации, повторно ја привлече јавноста со своето решение кое им го носи на корисниците на iPhone она што со години го посакуваа – USB-C приклучок. Откако уште во 2021 година го направи првиот iPhone со USB-C порт, сега разви специјална заштитна футрола која им ...

Научниците од Националниот институт за стандарди и технологија на САД (NIST) ги срушија сите рекорди, претставувајќи часовник кој е неверојатни 41 процент попрецизен од претходниот шампион во мерењето на времето. Овој револуционерен уред се базира на мерење на ситните вибрации на еден алуминиумски јон, изладен на речиси апсолутна нула, што постигнува точност од дури 19 децимални места при пресметување на секунда. Но, не е срушен само рекордот ...

Meta додава дел од своите безбедносни функции насочени кон заштита на тинејџери и на Instagram профили кои содржат детски содржини, дури и ако со нив управуваат возрасни. На децата помлади од 13 години не им е дозволено да се регистрираат на Instagram, но Meta им дозволува на возрасни лица, како што се родители и менаџери, да водат профили наместо нив и да објавуваат нивни фотографии и видеа. Компанијата наведува дека овие профили најчесто се ...

Древната вирусна ДНК втисната во нашиот геном долго време се сметаше за „генетски отпад“, но можно е таа да има значајна улога во регулирањето на генската експресија, открива нова меѓународна студија на научници. Фокусирајќи се на семејство на секвенци наречени MER11, истражувачи од Јапонија, Кина, Канада и САД покажаа дека овие елементи еволуирале за да влијаат на вклучувањето и исклучувањето на гените, особено во раниот човечки развој, и ...

Програмскиот код во iOS 26 сугерира постоење на паметен екран што прикажува време, локација и го користи асистентот Siri – изгледа дека станува збор за можен ривал на Google Nest Hub. Apple моментно ја тестира новата верзија на iOS 26 системот, а покрај бројните нови функции, во кодот на системот е откриена трага до сега непознат уред. Имено, во описот поврзан со HomePod се појавила пораката: „Вашиот HomePod не може да ви го прикаже локалното ...

Microsoft подготви неколку нови AI функции за својот оперативен систем Windows 11, вклучувајќи ја алатката Copilot Vision, која може да скенира сè што е прикажано на екранот. Функциите постепено стануваат достапни за корисниците, а меѓу нив има и алатки што се ексклузивни за компјутери со Copilot Plus. За почеток, сите корисници на Windows 11 сега можат да пристапат до Copilot Vision преку апликацијата Copilot, која користи вештачка ...

На денешната официјална прес-конференција во Скопје, претставниците на Евопските олимписки комитети (ЕОК) и организацискиот комитет на фестивалот информираа за досегашниот тек на фестивалот, организациските предизвици, постигнатите резултати, како и за важноста на ЕМОФ за спортскиот и културен развој на државата ЕМОФ Скопје 2025 е едно од најуспешно организираните изданија во историјата на Европскиот младински олимписки фестивал – со рекорден ...

Припадниците на Генерацијата Z имаат свои онлајн двојници – а повеќето од нив не знаат дека нивните податоци можат тајно да се клонираат и продаваат, без нивна согласност. Со својата нова меѓународна кампања #OwnYourWorld, Дојче Телеком ги открива скриените дигитални закани –покажувајќи како личните податоци можат да се дуплираат, злоупотребуваат и експлоатираат. Кампањата, која е активна на девет пазари во Европа, каде е присутен Дојче ...

Спортот отсекогаш претставувал повеќе од игра – тој е дисциплина, мотивација и инспирација за подобар и поздрав начин на живот. Младите спортисти се симбол на енергија, натпреварувачки дух и стремеж кон подобро. Тие не се стремат само кон освојување на медали, туку и за вредности – фер-плеј, тимска работа и одговорност. Истите тие принципи се темел и на грижата за животната средина. Денес, кога климатските промени сè погласно не ...

Google воведува нови функции за Chrome на iOS, кои им овозможуваат на корисниците да ги раздвојат деловните и приватните податоци преку користење на посебни сметки. Како што пренесува Engadget, Google претстави значајни ажурирања за Chrome на iOS, со цел да ја зајакне безбедноста на податоците на уредите со кои управува Chrome Enterprise. Овие подобрувања се директен одговор на сè пошироката практика „донеси си го својот уред“ (BYOD – Bring ...

Од 2021 до 2024 година, Google тивко изгради најголема мрежа за детекција на земјотреси на планетата – користејќи податоци од повеќе од две милијарди Android телефони ширум светот. Наместо скапи сеизмографи, системот Android Earthquake Alerts се потпира на вградените сензори за движење во телефоните на корисниците кои не ја исклучиле оваа опција. Благодарение на тоа, системот препозна епицентри и јачина на над 11.000 земјотреси во дури 98 ...

Компанијата Nothing неодамна го претстави моделот Phone (3), кој го промовира како свој прв вистински „flagship“ уред, но сега се појавија гласини дека истражува „нови територии“. Најавено е дека Nothing планира да додаде модели со ознаки „Lite“ или „T“ во својата понуда, бидејќи, според извор од Индија, „Pro моделите едноставно не се доволни“. Се поставува прашањето кои се тие Pro модели. Nothing неодамна претстави уред со таа ознака – Phone ...

Потпретседателот на Netflix откри дека серијата Eternaut, која премиерно се прикажала во април, е првата нивна серија или филм што користи „GenAI видео“ во финалниот производ. Серијата Eternaut е „првото GenAI видео што се појавило на екраните во Netflix серии или филмови“, тврди потпретседателот на Netflix, Тед Сарандос. Според транскрипт од разговорот со инвеститори, креаторите на серијата сакале да прикажат уривање на зграда во Буенос ...

Нова технологија развиена од кинески научници користи индустриски отпад и јаглерод диоксид (CO₂) за добивање сахароза, скроб и други шеќери. Кинеските научници постигнаа голем пробив развивајќи метод со кој метанолот, добиен од јаглерод диоксид, се претвора во бел шеќер без потреба од садење шеќерна трска или шеќерна репка. Користејќи систем за in vitro биотрансформација (ivBT), тимот од Институтот за индустриска биотехнологија во Тјанџин ...

Популарната апликација WhatsApp веројатно наскоро ќе биде забранета во Русија Антон Горелкин, заменик-шеф на ИТ-комитетот на Долниот дом на парламентот, изјави дека WhatsApp веројатно ќе биде ставен на листата на забранет софтвер. Сопственикот на WhatsApp, компанијата Meta, во Русија е означена како „екстремистичка организација“, а Facebook и Instagram се забранети во земјата од 2022 година. Оваа недела, рускиот претседател Владимир Путин ...

Девојките трета година по ред се тие коишто најавуваат одлична олимписка година за информатичарите Македонските ученички – информатичарки трета година по ред се оние коишто го најавуваат успешното учество за Македонија на меѓународните олимпијади по информатика. На петтата по ред Европска олимпијада по информатика за девојки (ЕОИД 2025), која од 14-ти до 20-ти јули се одржува во Бон, Германија, нашите ученички остварија уште еден одличен ...

Од тренер за трчање до мулти-инфо плочки – новата надградба носи нови здравствени функции и поинтуитивно искуство за повеќе корисници на Galaxy Watch Samsung Electronics Co., Ltd. денеска ја најави достапноста на One UI 8 Watch надградбата¹ за Galaxy Watch Ultra, која ги носи мотивациските здравствени функции и усовршениот, интуитивен интерфејс од новата серија Galaxy Watch8 до поширок круг на Galaxy корисници. Со оваа надградба, корисниците ...

Вселенските амбиции на Јужна Кореја продолжуваат да растат, а земјата сега сака да изгради база на Месечината до 2045 година. Korea Times објави дека јужнокорејската вселенска агенција, КАСА, има пет клучни мисии во својот план, вклучувајќи истражување на ниската Земјина орбита и микрогравитацијата, истражување на Месечината и мисии за сончева и вселенска наука. Основана само минатата година, КАСА веќе има големи амбиции, од развој на домашен ...

Во вечерните часови на вториот натпреварувачки ден на Европскиот Младински Олимписки Фестивал – Скопје 2025, младите кошаркарки и ја донесоа првата победа на Македонија на ЕМОФ, совладувајќи ја Литванија во Баскет 3х3 со резултат 14:11. Останатите македонски репрезентации продолжија со борбени настапи во вториот ден, но повторно не успеаја да стигнат до победа. Женската ракометна репрезентација го запиша и вториот пораз, овојпат од ...

Google на својата официјална веб-страница го претстави дизајнот на моделот Pixel 10 Pro во пресрет на премиерата закажана за 21 август. Google најави дека на 21 август ќе одржи настан „Made by Google“ на кој ќе ја претстави новата генерација на хардверски уреди, вклучувајќи го и долгоочекуваниот Pixel 10. Иако претходно се појавија неофицијални фотографии и информации за новиот модел, компанијата сега одлучи сè да открие официјално. На ...

Новиот концепт-телефон на Realme со голема батерија користи силициум-јаглеродна батерија со висока густина, овозможувајќи огромна автономија во куќиште со дебелина од само 8,5 мм. Според најновите информации што ги пренесува дојавувачот Digital Chat Station, во развој е паметен телефон од средна класа со батерија со капацитет од дури 10.000 mAh, а планирано е да се појави на пазарот во првата половина на 2026 година. Ако овие тврдења се ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
76%
1015
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
66%
1015
weather icon

Загреб

9ᴼ / 6ᴼ
1.03
72%
1016
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
55%
1016
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
2.83
85%
1017
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 5ᴼ
0.43
86%
1016
weather icon

Атина

12ᴼ / 11ᴼ
4.12
73%
1013
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
0.0
62%
1013
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
54%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
3.09
77%
1016
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 9ᴼ
3.6
54%
1017
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
5.66
100%
1013
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Сребро

2179.44

Кобалт

3.86

Бакар

10.65

Злато

144593.23

Рутениум

56199.51

Родиум

358480.82

Платина

61858.04

Калај

43.91

Иридиум

258288.78

Алуминиум

3.19

Паладиум

44753.84

Цинк

0.00