Отворањето сметка на шалтер во банка со долги процедури и многу документи е минато. Халкбанк воведе иновативна, брза и безбедна можност за онлајн отворање платежна сметка и аплицирање за електронско и мобилно банкарство. Оваа опција е особено прилагодена на динамичниот животен стил на младите, кои сега со само неколку клика на мобилниот телефон, може да отворат сметка додека се во својот дом, на кафе со другарите или на кампување на планина. ...

Преклопните паметни телефони не се познати по својата издржливост, но тоа не може да се каже за Galaxy Z Fold 7, кој успешно го помина бруталниот тест на Зак Нелсон. Оние кои редовно го следат Зак Нелсон и неговите тестови за издржливост на You Tube каналот JerryRigEverything, знаат дека преклопните телефони обично не се покажуваат најдобро. Сепак, неодамна претставениот Galaxy Z Fold 7 пријатно изненади со својата издржливост и успешно ги ...

Компанијата Microsoft започна со тестирање на нов експериментален Copilot режим во својот прелистувач Edge. Станува збор за режим потпомогнат од вештачка интелигенција, кој му овозможува на Copilot да ги пребарува сите отворени јазичиња и да извршува задачи како што се резервации во ресторани, додека Copilot четботот се прикажува во ново јазиче. Copilot Mode претставува нешто помеѓу ограничената интеграција на Gemini што Google ја тестира во ...

За разлика од постоечките модели, паметниот часовник на Meta ќе биде фокусиран на виртуелната реалност и користењето во рамките на метаверзумот, а не на здравје и фитнес. Технолошкиот гигант Meta, познат по Facebook, сè повеќе излегува од рамките на софтверот и се проширува во областа на хардверот. По успехот со паметните очила, компанијата се подготвува да го лансира својот прв паметен часовник. За разлика од модели како Apple Watch или ...

Подарок – пакетчињата кои содржат ранец, распоред на часови, мозгалка, Плазма бисквити и шишенце Роса ќе бидат дистрибуирани до сите основни училишта низ државата за да ги пречекаат првачињата на 1 септември Министерството за образование и наука и ЗЕЛС потпишаа Меморандум со социјално одговорните компании Бамби и Пивара Скопје, според кој над 21.000 првачиња кои ќе го започнат своето школување на 1 септември, ќе добијат подарок пакетчиња со ...

Новиот дизајн на главниот модул со камери кај iPhone 17 Pro веднаш открива дека станува збор за прототип, иако Apple се обидел да го сокрие со заштитна маска. Одбројувањето до претставувањето на серијата iPhone 17 е во тек, а овој пат се очекува најголемата промена во дизајнот уште од моделот iPhone X. Според извори, Apple по многу години планира да го измени изгледот на главниот модул со камери, што треба да биде визуелно највпечатливата ...

Antigravity, подбренд на компанијата Insta360, работи на развој на дрон кој може да снима видео од 360 степени, слично на камерите од X серијата. Моментално има многу малку детали, бидејќи компанијата го финализира својот прв производ, но од Antigravity порачуваат дека дронот ќе биде наменет за постоечките сопственици на дронови кои сакаат покреативни опции, како и за почетници кои се „исплашени од учењето како да управуваат со дрон“. Доколку ...

Според оценката на ЕК, постои ризик и голема веројатност потрошувачите во ЕУ преку сајтот да набавуваат нелегални и несоодветни производи Европската комисијата денеска прелиминарно утврди дека сајтот за онлајн трговија „Тему“ ги прекршил обврските според Законот за дигитални услуги на ЕУ (ДСА) околу проценка на ризиците од продажба на нелегални производи на европскиот пазар. Според оценката на ЕК, постои висок ризик и голема веројатност ...

Ви нудиме краток преглед на најновиот iOS 26 оперативен софтвер за iPhone. iOS 26 носи голем број новитети – од нови функции и редизајн на интерфејсот, до унапредувања на постоечките апликации. По првпат по повеќе од десет години, Apple значително го смени изгледот и функционирањето на својот оперативен систем, воведувајќи „Liquid Glass“ дизајн, вештачка интелигенција и нови можности во апликациите како што се Phone, Messages, Camera и ...

Новиот iPhone 17 Pro би можел да донесе 8x оптички зум, наменска апликација за снимање и физичко копче за камера – сите функции што веќе постојат кај Sony Xperia моделите. И покрај слабата продажба на Xperia телефоните во последните години, Sony остана предводник во иновациите на полето на мобилната фотографија. Сега изгледа дека Apple планира да преземе и имплементира дел од тие иновации во своите идни iPhone 17 Pro модели. Според ...

Надградената верзија на апликацијата на Samsung овозможува автоматско генерирање описи на рутини со четири нови алатки за персонализација Samsung ја најави новата надградба на својата апликација Galaxy to Share (GTS), која е дел од Good Lock екосистемот, воведувајќи вештачка интелигенција како дел од функционалностите за полесно споделување на поставки помеѓу Galaxy уреди. Иако апликацијата сè уште е ограничена на корисници во Јужна Кореја, ...

Пет европски земји ќе тестираат апликација што може да ја потврди возраста на корисниците на интернет и да ги спречи децата да пристапуваат до опасна содржина, објави денеска Европската комисија. -Системот ќе им овозможи на корисниците лесно да докажат дека имаат над 18 години, што ќе ги заштити децата од несоодветна содржина, изјави европската комесарка за технологија, Хена Виркунен. Тоа е европски прототип што секоја земја-членка ќе може да ...

Европскиот младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025 го надмина очекуваното и се потврди како настан од европско значење, не само во спортски, туку и во културен и општествен контекст. Со учество на над 4300 спортисти од 50 различни европски делегации, фестивалот донесе енергија, пријателства и моменти за паметење – создадени преку спортот, но и преку богатата културна програма што го оживеа Скопје. Во текот на фестивалската недела, ...

Проценката од TÜV SÜD потврдува дека Samsung телевизорите и комерцијалните екрани за 2024–2025 година ги исполнуваат барањата за сајбер безбедност на ЕУ Компанијата Samsung Electronics објави дека е спроведена техничка проценка на усогласеноста на нејзините најнови телевизори, монитори и комерцијални екрани со Директивата за радио опрема (Radio Equipment Directive – RED) на Европската Унија, вклучително и дополнетите барања поврзани со сајбер ...

Edufront Tutor е нов интелигентен дигитален водич развиен од Едуфронт, едукативен центар за компјутерско образование за деца од 8 до 14 години, во соработка со технолошката компанија Нова Солутионс. Ова е првпат во земјава и пошироко во регионот да се воведе прилагоден GPT модел на вештачка интелигенција кој им помага на родителите и децата да изберат обука според возраста, интересите и претходното искуство. Преку неколку кратки прашања, AI ...

Моделот GPT-5 ќе биде комбинација од повеќе AI системи и дел од стратегијата за обединување на GPT и o-серијата во една моќна платформа OpenAI, пионер во областа на вештачката интелигенција, планира да го лансира својот модел GPT-5 веќе во август, пренесува The Verge повикувајќи се на извори блиски до компанијата. Очекуваниот модел, кој беше планиран за ова лето, ќе биде позициониран како AI систем кој вклучува повеќе одделни модели со ...

На својата I/O конференција во мај, Google објави нова алатка со вештачка интелигенција која ќе го поедностави онлајн купувањето, а која е сега достапна во САД. Станува збор за алатка што му овозможува на корисникот да прикачи фотографија од целото свое тело и со тоа виртуелно да проба облека што ја наоѓа на интернет. По ограничено тестирање, алатката на Google почна да се воведува кај корисниците во САД. Пробувањето облека е лесно, само ...

Знаења и вештини за иднината на децата и младите Децата и младите во Македонија, Србија и Босна и Херцеговина веќе ги чувствуваат придобивките од стратешкото партнерство што пред една година го започнаа Нелт Груп и УНИЦЕФ со цел образовните системи во регионот да станат поотпорни, поинклузивни и подобро подготвени да одговорат на барањата на современото општество и пазарот на труд. Преку заедничка трогодишна иницијатива во вредност од 1,3 ...

Покрај веќе добро познатите начини за поставување профилна фотографија на WhatsApp, наскоро ќе биде можно тие да се преземат од Facebook или Instagram. Оние кои често ги менуваат профилните фотографии на WhatsApp, сигурно знаат дека можат да ја снимат со камерата од мобилниот или да изберат некоја од галеријата. Сепак, наскоро доаѓа можноста за едноставен увоз на профилна фотографија од другите друштвени мрежи на Meta. Имено, според ...

Астрономите во пространствата на Млечниот пат досега забележале бројни необични феномени, но се чини дека новооткриениот пулсирачки објект е навистина уникатен. Сместен на неколку илјади светлосни години оддалеченост од нас, објектот наречен CHIME J1634+44 е редок пример за космичка светлина која го зајакнува и слабее во необјасниво долги временски интервали. Во нашата галаксија до денес се откриени само десетина вакви објекти, познати како ...

Повеќе од 4000 спортисти си заминаа од Македонија со позитивни впечатоци Европскиот младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025 заврши во одлична атмосфера, а Македонија доби пофалби за исклучително организираниот настан. Вчеравечер и официјално беше затворено 18. издание на ЕМОФ, а повеќе од 4000 спортисти од 50 делегации имаа еднаква можност да се натпреваруваат во 15 спорта, при што 40 делегации си заминаа дома со медали, што е одличен ...

Samsung не се откажува од концептот на ултратенок Android телефон. Моментално работи на отстранување на грешките од постојниот модел, па така следниот Galaxy S26 Edge ќе пристигне со поголема батерија и уште потенко тело. Ултратенкиот телефон на Samsung, S25 Edge, кој беше лансиран во мај оваа година, има дебелина од само 5,8 мм и тежи 163 грама, што го прави исклучително лесен и тенок Android уред. Иако првично беше претставен како премиум ...

На ден како 26 јули – кога пред 62 години сите европски земји се обединија во поддршка за Скопје по разорниот земјотрес – вечерва светот повторно беше сведок на единство: преку спортот, солидарноста и пријателствата што се родија за време на ЕМОФ Скопје 2025 Пред спортскиот центар „Јане Сандански“, со емотивна и инспиративна церемонија, вечерва беше свечено затворен Европскиот младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025. Изминатата ...

Петта планета е откриена во зоната погодна за живот на соседна ѕвезда, каде што би можеле да постојат услови за течна вода и потенцијално живот. Сместена на околу 35 светлосни години од Земјата, L98-59 е ладна темноцрвена џуџеста планета за која веќе е познато дека содржи компактен систем од мали, карпести планети. Најновото откритие, предводено од истражувачи од Институтот „Тротје“ за истражување на егзопланети при Универзитетот во Монтреал, ...

Апликацијата Snapchat отсега може да ги извести пријателите на корисникот дали тој безбедно стигнал дома по ноќен излез — и тоа без тој сам да прати порака. Snapchat ја лансираше новата функција Home Safe, која испраќа известувања до избрани контакти. Овие известувања може да се праќаат до лица со кои корисникот веќе ја споделува својата локација, а со оглед на тоа што оваа опција е по дифолт исклучена, потребно е рачно да се активира во Snap ...

Новиот Xiaomi 16 Ultra ќе го замени актуелниот флегшип модел 15 Ultra и се очекува да пристигне на почетокот на 2026 година, со помоќни сензори за камера, огромна батерија и уште потенки рамки на екранот. Најновите детали што се појавија откриваат дека Xiaomi 16 Ultra ќе донесе значително повеќе новитети отколку што се претпоставуваше. Освен очекуваниот побрз процесор и поголема батерија, се наведува и дека уредот ќе добие три крупни ...

Верзијата Qi2.2.1 овозможува Android телефоните да добијат брзо безжично полнење од 25W и магнетна стабилност слична на MagSafe системот. Безжичното полнење влегува во нова фаза со доаѓањето на стандардот Qi2.2.1, кој носи брзина поголема од 25 W и воведува магнетна стабилност слична на Apple MagSafe системот. WPC (Wireless Power Consortium) потврди дека Qi2 ќе стане новиот стандард за главните производители на Android, а бројни уреди веќе се ...

Samsung Galaxy S26 Ultra конечно би можел да го надмине ограничувањето од 45W и да донесе потенко куќиште, поголем екран и побрзо полнење со батерија од 5000 mAh. Премиум телефоните на Samsung веќе со години користат максимална брзина на полнење од 45W, дури ни најновите модели S25 Ultra и Z Fold7 не направија напредок во овој поглед. Сепак, најновите информации укажуваат дека следната година Galaxy S26 Ultra конечно би можел да донесе ...

Нов извештај на Pew Research Center открива дека AI Overviews во Google пребарувањата драстично го намалуваат бројот на кликнувања кон веб-страниците – спротивно на тврдењата на компанијата дека AI не го нарушува веб-сообраќајот. Google во изминатата година драстично го смени начинот на кој ги прикажува резултатите од пребарувањата, а највидлив доказ за тоа се AI Overviews – одговори генерирани од вештачка интелигенција кои се појавуваат на ...

Националната опера и балет е местото кое повторно ќе обедини голем број на професионалци, кои од 30. септември до 1. октомври ќе имаат можност да ги дознаат сите новитети од областа на вештачката интелигенција. AI Tech Summit 2025 ќе оддаде посебна почит кон Филип Аврамчев, основач на овој самит. Третото издание на AI Tech Summit ќе обедини говорници, панелисти од различни области, ставајќи ги во фокус практичните апликации за вештачката ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
76%
1015
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
66%
1015
weather icon

Загреб

9ᴼ / 6ᴼ
1.03
72%
1016
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
55%
1016
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
2.83
85%
1017
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 5ᴼ
0.43
86%
1016
weather icon

Атина

12ᴼ / 11ᴼ
4.12
73%
1013
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
0.0
62%
1013
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
54%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
3.09
77%
1016
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 9ᴼ
3.6
54%
1017
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
5.66
100%
1013
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Рутениум

56199.51

Калај

43.91

Бакар

10.65

Злато

144593.23

Кобалт

3.86

Алуминиум

3.19

Родиум

358480.82

Платина

61858.04

Сребро

2179.44

Паладиум

44753.84

Иридиум

258288.78

Цинк

0.00