Белград
9ᴼ /
8ᴼ
Денеска во 18 часот, на YouTube каналот на Сашо Јаневски, попознат на македонската јавност и пошироко под псевдонимот Сале Певац, премиерно ќе биде објавен видео спотот за неговата најнова композиција насловена „Добра ноќ“. „Добра ноќ“ е повеќе од песна – се работи за интимно музичко писмо, спакувано во тивки акорди, длабоки стихови и емоции кои одѕвонуваат долго по последната нота. Во неа се препознава сè што понекогаш останува недоискажано – ...
Meta повторно ја истражува технологијата за препознавање лица за своите паметни очила, отворајќи прашања за приватноста и етичноста. Компанијата Meta го смени својот став кон технологијата за препознавање лица. Откако претходно ја разгледуваше, па сепак се откажа од неа за првата верзија на своите паметни очила, компанијата сега активно работи на носливи уреди кои би можеле да идентификуваат лица во близина. Како што пренесува порталот The ...
Во фабрика во Кина неодамна беше забележан инцидент што разгоре дебата за потенцијалните опасности што ги носи вештачката интелигенција. Снимките од безбедносните камери покажуваат хуманоиден робот како се обидува да нападне вработен. Видеото брзо се прошири низ социјалните медиуми, вклучувајќи ги Инстаграм и X, и предизвика значителна загриженост кај оние што го гледаа. Видеото го прикажува роботот како виси од кранот, додека двајца вработени ...
Нови набљудувања укажуваат дека радио-сигналот што се емитува од пукнатина во една од галаксиите можеби е резултат на судир со пулсар Една од џиновските структури во центарот на Млечниот Пат, позната како „космичка коска“, изгледа дека е напукната, а од таа пукнатина доаѓа чуден радио-сигнал. Благодарение на податоците од NASA Chandra X-ray телескопот и повеќе радио-телескопи, астрономите подетално ја истражиле оваа појава. Млечниот Пат е ...
Новата верзија на Netflix апликацијата за ТВ донесува поедноставен дизајн, попаметни препораки и поистакнати информации за содржината, а ќе биде воведена постепено низ целиот свет во наредните недели и месеци. Netflix најави значајно надградување на својот ТВ интерфејс, тврдејќи дека донесува помодерен, појасен и поинтуитивен изглед кој треба да им ја олесни на корисниците потрагата и изборот на содржини. Сепак, и покрај позитивните најави, дел ...
Македонската .Net заедница и Macedonian IТ-Pro User Group со гордост го најавуваат годишното локално издание на глобалниот настан Global Azure Skopje 2025 кој истовремено се одржува во над 50 држави ширум светот. Локалниот настан во Македонија ќе се одржи на 10ти мај во InnoX Innovation Center во Скопје. Овој настан е дел од најголемата светска мрежа на настани поддржани од Microsoft заедницата. Во Македонија овој настан оваа година ќе биде од ...
А1 Македонија со гордост го објавува официјалниот старт на иновативната платформа за едукација, А1 Школа за одговорни инфлуенсери, како дел од програмата #ПодобарОнлајн и дел од континуираната посветеност на промовирањето одговорно онлајн однесување. Ова уникатно онлајн училиште е креирано со цел да ги унапреди знаењата и вештините на инфлуенсерите, креаторите на содржини и сите активни учесници на социјалните мрежи во поглед на етичкото и ...
AI технологијата напредува толку брзо што iPhone може да застари во следната деценија, изјави шефот на одделот за сервиси на Apple, Еди Кју, за време на сведочење во антимонополскиот процес Google против Министерството за правда на САД. Дали iPhone за десет години ќе стане минато? Еди Кју, долгогодишен потпретседател на компанијата Apple, неодамна за време на сведочење на суд даде изјава која предизвика големо внимание во технолошкиот свет. Како ...
Samsung QLED телевизорите се сертифицирани за усогласеност со меѓународните стандарди за Quantum Dot дисплеи. Сертификацијата го нагласува заложбата на Samsung за иновација и квалитет во областа на дисплеите. Компанијата Samsung Electronics Co., Ltd. денес објави дека најновата линија на QLED телевизори го доби сертификатот „Вистински Quantum Dot дисплеј“ (Real Quantum Dot Display) од страна на TÜV Rheinland – меѓународна сертификациска ...
Google денес ја ажурираше својата апликација Gemini за iOS со додавање на интерфејс прилагоден за iPad, овозможувајќи ѝ на вештачката интелигенција да го искористи целиот екран на iPad уредот. Апликацијата Gemini беше компатибилна и со iPhone и со iPad уште од нејзиното лансирање, но до најновото ажурирање, при користење на iPad, се прикажуваше интерфејс со големина на iPhone. Најновата верзија на Gemini додава оптимизација за iPad, како и ...
Генералниот директор на Vega IT, Саша Поповиќ ќе биде говорник на претстојната конференција The Economist MeetUp: Светот во 2026, во декември оваа година. Од првите студентски денови исполнети со постојано учење и практична работа, до отворање канцеларии во Лондон, Њујорк и Ријад – приказната на Vega IT е пример како посветеноста, трпението и вистинските вредности градат успешна компанија на глобалниот пазар. Во интервјуто со Саша Поповиќ, ...
Престижната награда го истакнува ангажманот на компанијата за унапредување на циркуларноста и намалување на влијанието врз животната средина. Samsung Electronics Co., Ltd. вчера објави дека Galaxy S25 ја доби наградата за дизајн за рециклирање за 2025 година (2025 Design for Recycling® Award), највисокото признание за лидерство во одржливиот дизајн на производи, доделено од страна на Recycled Materials Association (ReMA), водечка индустриска ...
Realme на почетокот од 2023 година го претстави системот за полнење со моќност од 240W, кој дебитираше со моделот Realme GT Neo 5. Од тогаш, брендот е единствениот производител на смартфони што нуди полнење од 240W, а сега е подготвен да го собори сопствениот рекорд. Во пресрет на глобалното лансирање на Realme GT 7, компанијата сподели детали за прототип со масивна батерија со капацитет од 10.000 mAh и исто толку импресивна моќност на полнење ...
Стриминг сервисот Netflix соопшти дека воведува AI четбот во својата апликација за iOS како „мала опционална бета“, кој ќе им помогне на корисниците да пребаруваат серии и филмови „користејќи природни фрази од секојдневниот говор“, се наведува во официјалното соопштение. Како пример е наведена фразата: „сакам нешто смешно и весело“. Несомнено, луѓето ќе ја користат оваа нова можност и таа трајно ќе стане дел од Netflix апликацијата за iOS и ...
Компанијата Samsung официјално соопшти дека следната недела ќе го претстави новиот член на семејството Galaxy S25, а тоа е Galaxy S25 Edge. Ултра-тенкиот смартфон неколку пати беше најавуван, но сè уште не е целосно откриен, и покрај бројните гласини и протекување на информации во изминатиот период. Сепак, чекањето завршува, бидејќи јужнокорејската компанија официјално потврди дека на 13 мај на онлајн настан (ќе го пренесува во живо на ...
Иднината на долгорочното складирање на податоци изгледа како научна фантастика. Cerabyte, германски стартап кој развива технологии за складирање податоци, неодамна спроведе експеримент кој повеќе личеше на кулинарска отколку на технолошка демонстрација. За да ги докаже тврдењата за издржливост на своето иновативно решение, компанијата потопи стаклена чинија во врела солена вода, а потоа ја стави во печка за пица. Иако чипот бил изложен на ...
Овој 29-ти април, со спектакуларната продукција наречена „Идентитети – Будење“ од кореографката Рисима Рисимкин, и официјално беше отворен Танц Фест 2025. Виталиа, како горд партнер на фестивалот, ја продолжи својата традиција на поддршка на овој значаен настан, верувајќи во моќта на танцот како израз на енергија, страст и креативност. На самото отворање на фестивалот, посетителите имаа можност да пробаат од новите производи на Виталиа, Protein ...
НЛБ Банка Скопје официјално ја достави апликацијата до Европскиот платен совет за членство во СЕПА (SEPA – Single Euro Payments Area), со што станува и првата банка во Република С. Македонија која го започна овој значаен процес на интеграција на македонскиот финансиски систем во европскиот платежен систем. СЕПА е иницијатива на Европската Унијашто ги поедноставува плаќањата во евра, овозможувајќи им на поединците, бизнисите и владите ...
Нова верзија на GPT-4o претерано им удоволува на корисниците, дури и кога станува збор за штетни или опасни барања, што предизвикува загриженост за менталното здравје на корисниците и општата безбедност. Компанијата OpenAI призна сериозен пропуст направен при последното ажурирање на моделот GPT-4o, кога вештачката интелигенција стана премногу послушна и претерано им удоволуваше на корисниците, дури и кога ѝ беа поставувани опасни, неодговорни ...
Тајванската технолошка компанија Synology го претстави првиот модел од својата најнова технологија за чување податоци, наречена DiskStation DS925+. Оваа серија означува важна пресвртница во деловното мрежно складирање, насочувајќи се на помоќни перформанси, зачувување на екосистемот и доверливост. Дизајниран за професионалци и претпријатија кои работат на далечина, а во улови на сѐ понапредна технологија и дигитални инфраструктури, DS925+ ...
Microsoft ја прошири својата Surface линија на лаптопи со нови, покомпактни модели, задржувајќи го препознатливиот дизајн кој ја направи серијата популарна. Microsoft ги освежи двата минатогодишни Copilot+ компјутери со кои ја стартуваше серијата компјутери кои се опремени ARM чип и вештачка интелигенција. Овие уреди беа познати и по тоа што Windows 11 конечно почна да работи на ARM, односно на PC уреди кои претставуваат конкуренција на MacBook ...
Samsung Electronics Co., Ltd. денеска ја објави достапноста и малопродажните цени на новата линија телевизори и soundbar уреди за 2025 година. Презентирана на саемот CES 2025, новата линија интегрира напредни AI технологии за да понуди неспоредливо и уште поперсонализирано забавно искуство за гледачите и слушателите. Револуција во телевизијата со Samsung Vision AI Линијата телевизори на Samsung за 2025 година воведува револуционерни иновации во ...
Новата Simplify опција во Google апликацијата користи вештачка интелигенција за поедноставување на тешки и помалку разбирливи текстови, но моментно е достапна само за корисниците на iPhone. Google ја најави новата AI функција наречена Simplify, која засега е ексклузивно достапна за корисниците на уредите со iOS. Оваа опција е интегрирана во iOS верзијата на Google апликацијата и им овозможува на корисниците, со помош на Gemini AI моделот, да ги ...
Шеесет проценти од испитаниците во Програмата за развој на Обединетите нации изјавиле дека очекуваат вештачката интелигенција позитивно да влијае на нивното вработување, создавајќи можности на работни места што можеби денес дури и не постојат. Човечкиот развој стагнира, го забавува глобалниот напредок и го продлабочува јазот во еднаквоста, но вештачката интелигенција би можела да го спаси денот, според новиот извештај објавен во вторник од ...
Факултетот за ликовни уметности – Скопје информира дека ревијалната изложба поставена во Музејот на современата уметност, по повод 45-годишнината од основањето на факултетот, останува отворена за посетителите до 16 мај (четврток), 2025 година. Изложбата, која беше отворена на 3 април, во рамките на централниот настан за одбележување на 45-годишниот јубилеј на ФЛУ, претставува резултат на долгогодишната заедничка соработка меѓу Факултетот за ...
Во духот на унапредување на родовата еднаквост и создавање инклузивни можности во сите индустрии, Алијансата за родова еднаквост на работното место – GEA и Women in Tech Macedonia и ја официјализираа својата соработка преку потпишување на Меморандум за соработка. Претседателката на Алијансата за родова еднаквост на работното место – GEA, д-р Нина Ангеловска Станков, и претседателката на Women in Tech Macedonia, Моника Ризовска Таневска, го ...
Во Велика Британија започна првото, светско клиничко испитување на вакцина која не треба да се чува во фрижидер, што би можело значително да го зголеми глобалниот пристап до вакцинацијата. Вакцината против тетанус и дифтерија (SPVX02) на Stablepharma е целосно стабилна на собна температура, а компанијата која стои зад неа вели дека со нивната напредна технологија би можеле да се произведат до 60 други видови вакцини. Првото испитување на ...
Првиот преклопен iPhone се очекува да биде претставен есента 2026 година, односно во септември. Најверојатно, ќе има две предности во однос на конкуренцијата. Овој уред ќе ја носи титулата iPhone од највисока класа, што значи дека нема да биде само паралелна серија со алтернативен дизајн. За да се разликува од ривалите, Apple се потпира на два клучни фактори. Прво, наборот на екранот речиси целосно ќе биде невидлив. Оваа тврдење е спорно за сите ...
Вистински финансиски совети на вистински разбирлив начин токму кога се неопходни – нов забавен формат на пренесување совети од Халкбанк што пари значат Изминатите недели низ социјалните медиуми циркулира искрено, симпатично и непосредно објаснување за важни животни лекции од Халкбанк, кои секој би сакал да ги знае претходно, односно многу порано пред да донесе некоја значајна финансиска одлука. Во овие кратки инстаграм-видеа, главниот херој, ...
Во нашето раздвижено и сакано Скопје, секој ден може да се искуси различна авантура. Ако се има желба, нашиот град може да понуди спој на културни, кулинарски и книжевни задоволства кои ќе задоволат различни вкусови. Ако сакате малку поинаква недела, а немате идеја што да правите ова е нашиот предлог: 1. Четврток почнува Саем на книгата 2025: Врвот на неделата е несомнено долгоочекуваниот Саем на книга во арената Борис Трајковски. Овој настан не ...