Познатата манифестација „Тиквешки гроздобер“ во Кавадарци оваа година ќе се одржи од 9-ти до 11-ти септември. Минатиот месец како главни ѕвезди беа најавени мега ѕвездата Јелена Карлеуша и легендарниот Харис Џиновиќ, но само по неколку дена беше откажан настапот на Карлеуша поради реакциите на јавноста. Во јавноста се шпекулираше со неколку македонски и балкански пејачи кои ќе ја заменат Карлеуша а сега и официјално е потврдено кој ќе настапи на ...

Јасенко Хоура и Младен Бодалец повеќе нема да настапуваат како „Прљаво казалиште“, отсега нивниот бенд ќе се вика „Хоура Група“. Ова беше откриено во најавата за фестивалот „Фјужн“ во Сплит, каде што требаше да настапат како „Прљаво казалиште“. Сепак, на официјалната веб-страница на фестивалот групата е најавена како „Хоура Група“. Во соопштението се споменува биографијата на „Прљаво казалиште“, но бендот е најавен како „Хоура Група“. Да ...

Еден од најголемите кантавтори на овие простори, Момчило Бајагиќ – Бајага, со години го држеше својот приватен живот подалеку од очите на јавноста, но никогаш не криеше дека, меѓу другото, за неговата блескава кариера е заслужна неговата сопруга Емилија. Бајага и Емилија последен пат беа видени заедно во јавноста во 2019 година. Имено, како што наведува „Објектив“, пејачот се развел од својата поубава половина по 33 години брак. Тие се венчаа во ...

Балкански познатата пејачка Неда Украден која уќива во својата 71 година, решила да се одмори од сите обврски и претстојните концерти па освежување од летните горештини го нашла на море. Но, локацијата на која одмара останува тајна. “Одмор – но на кратко”, напиша Неда заедно со фотографија од плажа, а пристигнаа лавина комплиментите за нејзиниот изглед. Неда позираше во црн костим за капење, капа и очила на главата, а сите беа шармирани од ...

Тапанарот е снимен додека се враќал од вечера со сопругата, манекенката Џесика Милер. Тие се придружувани од музичкиот менаџер Гај Озири и неговата сопруга, моделот Мишел Алвес. Улрих се приклучи на листата на познати личности кои решија да го посетат хрватското приморје летово. Викторија и Дејвид Бекам и нивното семејство за одмор избраа луксузно одморалиште на Лопуд, Нојер е во Далмација, а Крис Рок беше снимен како шета во Трогир со својата ...

Популарниот пејач Рики Мартин, чиј 21-годишен внук го обвини за инцест, би можел да се соочи со затворска казна до 50 години ако биде прогласен за виновен, пренесува „Newsweek“. Рики Мартин неодамна беше обвинет за семејно насилство, наведува мексиканскиот весник „El Universal“. Меѓутоа, весникот во средата објави дека личноста која го обвинила Рики за насилство е неговиот внук. Новите откритија на „El Universal“ дојдоа набрзо откако беше ...

Неодамна младиот и познат македонски пејач Иван Илиев го објави видео спотот за својата најнова песна “Бестрага”, со која тој настапи на “Прилеп Фолк Фест”. Како што и тој самиот вели, видео спотот е снимен во Грција, а во истот се појавува Мила Велевска која е во главна улога. Тој во врска со видео спотот и шпекулациите дека е во врска со девојката која е дел од него, изјави: “Немам ништо со Мила, освен професионален ангажман. Таа е прекрасна ...

Таа е дел од македонската музичка сцена и пред две години од нигде никаде самата изјави дека се повлекува од истата, дека нема ниту да пее, ниту пак да снима нови песни или пак да настапува, иако не се сеќаваме на некои нејзини хитови. Меѓутоа кога човек не си го цени дадениот збор во јавност се случува само иницијативен демант, плукна и излижа. Ако Петреска мисли дека имаме кратка меморија, ќе и кажеме дека на кратката меморија имаме долга ...

Јордан Митев закажа солистички концерт во Битола. Во градот на конзулите Митев ќе гостува на 20-ти јули, а на сцената нема да биде сам – друштво ќе му прават колегата Марјан Коцев и Демир Кантуровски со неговиот блех оркестар “УСКА КАН” од Берово. Митев е еден од ретките македонски фолк пејачи, кој, освен што е комплетен автор на сите досегашни негови хитови, повремено има и големи солистички концерти по македонските градови, но и надвор од ...

Српската поп-пејачк Јелена Томашевиќ ќе настапи како специјална гостинка на концертот на светски познатиот тенор Андреа Бочели на 22 јули во Белград на фестивалот „Белград Ривер Фест“. Таа беше избрана од тимот на Бочели како поп-ѕвезда која ќе настапи со познатиот тенор на концертот во Белград. Јелена ќе гостува во две нумери на концертот, а ќе изведе и една соло нумера. Маестро Бочели има навика да поканува поп-пејач од земјата каде што ...

Вчера вечер започна 18-то издание на “Пивофест” во Прилеп, според нас, едно од најконтраверзните изданија на овој познат и единствен пивски фестивал во Македонија, уште од пред самиот почеток. Уште пред самиот старт останаа голем број прашања неодговорени, голем број дилеми и енигми неразјаснети, но веруваме и се надеваме дека сето тоа ќе се открие и дознае по завршувањето на “Пивофест”, кога и организаторот и општината како комплетно целосен ...

Боб Дилан (81) ги забрани мобилните телефони на своите концерти, а ваквата одлука ја донел откако ги објави датумите на настапите во Велика Британија, каде што ќе свири за прв пат по пет години. Британскиот дел од неговата турнеја ќе се одржи помеѓу 19 и 31 октомври, за време на која тој ќе одржи четири концерти во Лондонскиот Паладиум. Фановите кои едвај чекаат да го видат во живо нема да можат да го документираат со фотографии, бидејќи тоа ќе ...

Еден од најпознатите рапери на македонската сцена – Слаткаристика и популарното рап дуо 2Бона ќе одржат заеднички концерт во Битола. Концертот е закажан за 23-ти јули на Ракометното игралиште, кое изминативе 2 години е епицентар на концертите во Битола и регионот. Вратите на Ракометно ќе бидат отворени во 20.30 часот а веќе во 21.30 часот започнува забавата. Влезниците се достапни во Тобако Димпо на познатите битолски локации: Нов пазар, Грозд и ...

После концертот во Скопје, Авалон продукција организира уште едно дружење со Каролина, на голем концерт на отворено во Охрид! Каролина ќе ги изведе своите најголеми хитови на 4-ти август во Касарна – Охрид. Патувајќи низ времеплов од спомени и емоции, на 4-ти август во живо ќе може да ги слушнете: ,,Хипокрит”, ,,За нас”, ,,Капка под небото”, ,,Не се враќаш”, ,,Се лажам себе” и уште многу други хитови кои ја одбележаа 30 годишната кариера на ...

Првата едиција на музичката школа „Ismail Lumanovski Summer Music School” ќе се одржи од 5-ти до 11-ти август 2022 во град Битола. Потенцијалните учесници треба да бидат помеѓу 14 до 19 годишна воздраст и да имаат основно сознание за инструментот кларинет. Сите квалификувани кандидати кои ќе бидат примени на летната школа ќе имаат целосна стипендија што значи дека ќе бидат потполно поддржани со часови за кларинет, мастер класови со врвни имиња, ...

Македонска пејачка на забавна музика Елена Петреска која зад себе и нема некој познат и популарен хит, ако тука не ја вброиме песната “Симни ми ѕвезди” отпеана на “Макфест 2000”, нашето внимание го привлече со трансформацијата со која години наназад го менува својот изглед за да изгледа подобро и поубаво. Веројатно незадоволна од изгледот, таа се подложила на естетски зафат со кој ги има средено подочниците, носот, јаболчниците, устата… или со ...

Ова лето Струга е во знакот на концертите. Градот со сигурност доживува вистинска музичка и концертна преродба ова лето. Јули донесе богата концертна програма во градот покрај Дрим, како никогаш до сега. Квалитетната концертна понуда која се одвива летната сцена „Сиеста“ забавниот живот во градот го донесе на ново ниво, рамо до рамо со соседниот Охрид. На самиот почеток на месецот, на 1-ви јули на летната сцена „Сиеста“ се одржа блуз-фиеста со ...

Од Европската радиодифузна унија (ЕБУ) се возбудени да ги објави плановите за проширување на брендот Евровизија во Латинска Америка. Изборот за песна на Евровизија: Латинска Америка ќе го продуцираат Кристер Бјоркман од Voxovation, Андерс Ленхоф, Ола Мелциг, Питер Сетман и Грег Липстон, продуцентите на Евровизија во САД и Евровизија во Канада. Изборот за песна на Евровизија во 2022 година генерираше повеќе од 75 милиони уникатни гледачи на ...

Поп-пејачот Ламбе Алабаковски изминатиов период е во фокусот на вниманието на јавноста по враќањето од Америка, а особено по скандалот во Битола. После долга пауза тој денеска се враќа на македонската естрада со нова песна. „На чекор од брегот” е дело на Зоран Стојановски – Зонде кој го напиша текстот а неговите колеги Александар Тарабунов и Димитар Андоновски беа задолжени за музиката и аранжманот. Мили мои, со многу љубов и ентузијазам ...

Популарниот црногорски пејач со српска адреса, Сергеј Четковиќ, мораше да го откаже својот настап кој требаше да се одржи во Никшиќ на 13-ти јули. Причина се заканите од црногорските националиситички групи или т.н. Комите, кои ги добивал преку социјалните мрежи. Концертот беше по повод Денот на државноста, но е откажан откако патриотските здруженија го нарекува „четаљ“, предавник и слични обвинувања кои покрај на социјалните мрежи беа извикувани ...

И на само неколку дена од официјалното стартување на “Пивофест”, организаторите на овогодинешното издание – продукцијата Арт 10 започнаа со “ненајавено” откажување на веќе најавените музички имиња кои се постирани и претставени на публиката на официјалните профили на фестивалот. Најавени кон почетокот на јули, за по неколку дена истите да бидат избришани и заменети со други нови додадени музички имиња. Музика24 дознава дека без било каква ...

Неодамна Македонската радио телевизија објави Извештај за финансиското работење на ЈРП МРТ во период од 01.01.- 31.03.2022 година. Во овој извештај во кој пишува за приходите, трошоците, расходите, вложувањата и идните планови на МРТВ, меѓудругото пишува и за трошоците кои националниот сервис ги има потрошено и планира да ги потроши во ставката Евросонг. Па така, како Надомест за фестивалот Евросонг за 2022 година МРТВ планира да издвои ...

Александар Јосифовски последниве две години е еден од милениците во „Ѕвездите на Гранд”. Музичарот од Охрид со своето пеење ја освои публиката и заврши втор во шоуто. Неговиот ментор Ѓорѓе Давид во полуфиналето понесен од емоции се расплака и јавно кажа дека Александар со години бил алкохоличар кој се бори со зависноста. „Ѓорѓе полудуваше со мене, имаше навистина голема мака. Ме прими како свое дете, па работевме многу заедно. И мило ми е што ...

Ерик Клептон објави нова песна наречена „Pompous Fool“. Новата песна пристигна неочекувано, без придружна најава или објаснување. Со оглед на тоа што беше објавено истиот ден кога британскиот премиер Борис Џонсон се повлече од функцијата поради постојаните скандали, многу обожаватели на интернет теоретизираат дека мелодијата е инспирирана од познатиот политичар. Клептон беше многу критичен кон Џонсон во минатото, особено за тоа како лидерот се ...

Новото издание на познатиот македонски фестивал на електронска музика „Ohrid calling“ традиционално ќе се одржи и оваа година во Охрид од 29 јули до 1 август. Како и секогаш програмата на фестивалот е богата со извонредни артисти. Според најавата на организаторите оваа година се очекува повторно да настапат VINI VICI и Galoski. Покрај ова како главни имиња на фестивалот се: W&W, Timmy Trumpet и Lost frequencies. Картите се веќе во продажба и ...

Набргу потоа на терен пристигнала брзата помош. Според „ТМЗ“ пејачот требало да изведе четири до пет песни, а настапот го започнал со хитот „Џој“. Откако сфати дека нешто не е во ред, Сантана седна пред тапаните и потоа се онесвести. На помош му дошле вработените, меѓу кои и брзата помош. На видеото од концертот можете да видите како извадија црна церада кога би го заштитила музичарот додека му укажуваат помош. За среќа, состојбата на Карлос ...

Легендарниот сараевски рок состав „Црвена јабука“ после долга пауза се враќа на концерт во Битола. На 21-ви јули на Ракометното игралиште, Жера и момците ќе ги изведат најголемите хитови кои овој култен бенд ги создава од 1985 година а се разбира и новиот материјал од албумот „Тврџава“. Концертот е дел од нивната турнеја со која одбележуваат јубилеј 35 години постоење на музичката сцена. Карти се веќе во продажба по цена од 350 денари, online на ...

Како што дознава музичкиот портал Музика24, познатиот македонски млад фолк пејач Александар Темелков наскоро ќе го издаде својот прв студиски албум. Тој неодамна ја промовираше и својата најнова песна “Свадбарска”. Интересно за оваа песна е што таа трае подолго од вообичаените песни во Македонија. Инаку, “Свадбарска” е дело на Славко Ристевски, додека текстот го напиша Стојан Лазаревски, во песната зурла и кавал свири Џељо Дестановски, а ...

Ана Ѓуриќ, попозната под уметничкото име Констракта, е членка на бендот “Земља Грува” од нивното основање. Регионалната слава ја стекна, речиси преку ноќ, победувајќи на Евровизија, што ја направи српска претставничка на фестивалот Евросонг во Торино (Италија) 2022 година со песната “In corpore sano”. Се занимава со музика 20 години и влече корени во бендот “Mistake Mistake” со кој настапувала до 2007 година. Истата година, членовите на бендот ...

Со секоја нова песна, откако ја стартуваше соло кариерата, кантавторката Марија Мирковиќ (екс Фрајле) потврдува дека ужива во слободата на создавање песни, која ѝ дава можност на публиката да ѝ понуди и поинаков музички израз. “Овој сингл можеби не е во мој стил, но конечно можам да експериментирам и да пробам нешто сосема поинакво”, вели Марија за новата песна „Презирем самоќу”, која ја потпишува како текстописец, додека автор на музиката и ...

weather icon

Скопје

-4ᴼ / -4ᴼ
1.03
93%
1029
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
0.51
85%
1029
weather icon

Загреб

2ᴼ / 0ᴼ
1.54
91%
1028
weather icon

Софија

2ᴼ / -3ᴼ
1.03
67%
1028
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.45
81%
1028
weather icon

Љубљана

0ᴼ / -1ᴼ
0.48
98%
1028
weather icon

Атина

11ᴼ / 7ᴼ
2.24
78%
1025
weather icon

Тирана

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1026
weather icon

Подгорица

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
86%
1027
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
2.57
92%
1028
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 1ᴼ
2.57
96%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
5.14
76%
1026
Currency

61.55

Currency

52.3892

Currency

70.1759

Currency

34.8585

Currency

38.0297

Currency

65.7832

Currency

7.42832

Currency

0.65772

Currency

0.33645

Currency

0.52442

Currency

1.2307

Currency

0.5785

Сребро

1991.62

Бакар

10.77

Калај

42.10

Цинк

3.24

Кобалт

58.42

Платина

56365.91

Иридиум

145787.60

Родиум

256402.20

Злато

138244.13

Паладиум

4758.31

Рутениум

29192.88

Алуминиум

2.89