Македонија е меѓу најсебичните земји во Светскиот извештај за среќата, во кој не сме рангирани лошо на 86 место од 147 земји. Во категоријата „спремност да му се помогне на непознат“ во новиот извештај, Македонија е при дното, на 130 место во светот. Конкретно на прашањето за изгубениот новчаник, ние сме на 122 место во очекувањата дека ќе ни го врати сосед, туѓинец (98 место) или полицаец (120 место во светот). Како битен показател за чесноста, ...

Ако најдете новчаник, дали би му го вратиле на сопственикот? Дали очекувате некој да ви го врати ако го изгубите сопствениот? Ако потврдно одговорите и на двете прашања, живеете во среќна средина. Ако пак одговорот на двете прашања е не, живеете во заедница во која царува недоверба. Довербата првпат на овој начин била ставена на испит во 2019 година, кога во 40 земји биле поставени 17.000 мамки во форма на паричници со различна сума пари во нив. ...

За пет години во Британија се затворени околу 400 клубови, повеќе од една третина од вкупниот број. Градоначалникот на Лондон формира посебна работна група за да помогне во зајакнувањето на ноќниот живот за да се спасат местата што се пред затворање. Сложена матрица на фактори вршат создаваат совршена бура за ноќните клубови, вели Тони Риг, советник во музичката индустрија и програмски лидер на Универзитетот во Ланкашир. За време на пандемијата, ...

Луѓето користат четботи со вештачка интелигенција на многу начини, за да одговорат на прашања, да поттикнат креативност, да решат проблеми, па дури и за лични интеракции. Виртуелните соговорници се креирани за да им го олеснат животот на луѓето и затоа масовно се користат, но како и за другите активности, важно е да не се претерува. ЧетГПТ не е создаден за да замени или да имитира меѓучовечки односи, но луѓето може да го користат на тој начин, ...

Напстер, истиот оној што пред четвртина век беше најпосетената дигитална платформа и првиот голем пират во морето од песни на интернет, е продаден за 207 милиони долари. Нов сопственик е компанијата за 3Д технологија Infinite Reality. Директорот Џон Акунто тврди дека стариот Напстер има иднина и капацитет за маркетинг во идниот метаверзум. Infinite Reality планира да создаде виртуелни простори во кои љубителите на музиката ќе можат заедно да ...

Претседателот Доналд Трамп, кој сè уште тврди дека со изборна измама му била украдена победата во 2020 година, со извршна наредба ги менува правилата за гласање за да ги направи изборите „пофер“. Новите правила може да го намалат бројот на гласачи за речиси 10%. Се ограничува гласањето по пошта и се воведува построга легитимација на гласачите. Изборна измама. Мораме да ги поправиме нашите избори. Ова барем ќе придонесе да заврши долгиот пат, ...

Министерот за здравство Роберт Кенеди Јуниор ја поддржа забраната на користење смартфони во американските училишта, за што доби поддршка од родителите, но и критики од експертите. Ставот на Американците за ова прашање е кристално јасен. Истражување спроведено од Центарот Пју во 2024 година покажува дека 68% од возрасните Американци би им забраниле на децата да ги имаат смартфоните при рака во училниците. Секој трет од 5.110 испитаници бил за ...

Федералната полиција формираше специјална единица задолжена да ги запре насилните напади врз возилата Тесла низ САД. ФБИ ги третира инцидентите како „домашен тероризам“, дело за кое може да се добие и казна од 20 години затвор. Во текот на март биле уништени или оштетени вкупно 48 возила Тесла во девет сојузни држави. Нападите не се само обични вандализирања и гребнатинки. Имало пукања, грабежи, палења, дури и фрлање молотови коктели врз станици ...

ББЦ тврди дека ги пронашла и ги идентификувала двете преостанати Бугарки вмешани во софистицираната руската шпионска мрежа во Британија, која следела новинари и политичари и планирала киднапирања и ликвидации. Цветелина Генчева работи на аеродром во Софија, а Цветанка Дончева живее во Виена. Шест други бугарски државјани од синџирот во Лондон ја чекаат пресудата за шпионирање во полза на Русија. Тројца ја признале вината – водачот на групата ...

Актуелната политичка криза во Србија, по масовноста и решеноста да се продолжи со борбата, веројатно е еден од најзначајните настани во нејзината политичка историја. Сепак, гледано од перспектива на владеењето, тоа е повторување на проблемите што ја мачат српската политика откако Србија повторно се појави како независно кнежевство, а потоа кралство, во првата половина на 19 век. Србија, како и Аргентина и Русија, е земја со 'кружна историја': ...

Украинските корпорации повикуваат на увоз на повеќе од 8 милиони мигранти од земјите во развој за да ја надополнат демографската криза и празнината на пазарот на труд предизвикана од војната. Празнината во идеално сценарио би ја пополниле високо-квалификувани луѓе од Европа, но украинското стопанство не е доволно моќно за да ги привлече. Василиј Воскобојник, претседател на Украинската асоцијација на компании за меѓународно вработување објаснува ...

Највисоките функционери за безбедност на САД споделиле со новинар планови за воен удар врз Јемен - операција од највисок можен степен на доверливост. Џефри Голдберг од порталот Атлантик дури десет дена подоцна го раскажува искуството од 15 март, кога бил сведок на комуникацијата за планираниот напад врз бунтовничките хути како член на групата на Сигнал во која биле и потпретседателот Џеј Ди Венс, шефот на Пентагон Пит Хегсет, државниот секретар ...

Температурата на Гренланд се зголемува побрзо отколку на кое било друго место на планетата. Топењето на глечерите и на вечниот мраз го зголемиле брегот на данскиот остров за 1.600 километри. Ова го утврдиле чешки истражувачи од Универзитетот Јужна Бохемија, споредувајќи сателитски снимки на глечерите во Арктикот направени во 2000 и во 2020 година. Од новото крајбрежје во вкупна должина од 2.500 километри дури две третини биле на Гренланд. Овој ...

Апарат со големина на кутија за чевли во почетокот на март се спушти на Месечината, но неговото возило Атена се преврте, остана без пристап до сончева светлина, престана да испраќа сигнали и беше прогласено за мртво. Конструкторот Лоунстар дата холдингс од Хјустон, сепак ја прогласи мисијата за успешна. Тоа е првиот чекор од амбициозната мисија за вонземни центри за податоци. Месечината или орбитата во пресметките се покажале како многу згодни ...

Поротата во Џорџија му нареди на концернот Баер, сопственикот на Монсанто, да му плати 2,1 милијарди долари на Џон Барнс, земјоделец кој тврди дека добил канцер од користење на хербицидот Раундап. Ова е една од највисоките од отштети наметнати од агрохемискиот гигант во низата судски битки со пациенти што страдаат од рак. Казната вклучува 65 милиони долари компензаторна штета и 2 милијарди долари казнена отштета. Барнс ја поднесол тужбата против ...

Помина половина деценија откако во март 2020 година, Светската здравствена организација го прогласи ковид-19 за пандемија. Според официјалните податоци, имало повеќе од 770 милиони случаи на коронавирусот, кои биле фатални за над 7 милиони луѓе во 231 земја. Од нив речиси 2,2 милиони биле во Европа. Има извештаи што проценуваат дека бројот на смртни случаи на глобално ниво бил многу поголем, можеби дури и повеќе од двојно. Никогаш, па ни сега, ...

Премиерката која е лидер на владејачките дански социјадемократи има разбирање за позициите на Венс дека масовната имиграција е закана за Западот. „Масовното влгување во Европа е закана за секојдневниот живот на континентот,“ рече Фредериксен. Таа ги истакна предизвиците од масовната миграција, наведувајќи ги статистиките за криминалот и проблемите на пазарот на трудот, истакнувајќи дека најголемо влијание чувствуваат најранливите сегменти на ...

Медиуми обично интервјуираат техничари за поправка, кои раскажуваат убедлива верзија. Апаратите изградени во 1970-тите обично траеле триесет до педесет години. Денес, машините за перење, печките, фрижидерите и сушарите се заменуваат секоја деценија. Мајсторите го посочуваат притисокот кон компјутеризација, зголемувањето на бројот на поединечни компоненти и употребата на послаби материјали како пластика и алуминиум наместо челик. Резултат на овие ...

Интелигенцијата, дефинирана како „способност за разбирање“, е во постојано опаѓање во изминатите десетина години. Испитувања покажуваат дека современиот начин на живот има влијание за еродирање на мисловниот капацитет на луѓето. Падот на просечните резултати од тестовите ПИСА (глобалното истражување на ОЕЦД колку се вешти 15-годишници во читање, математика и природни науки) се поврзува со изгубената година во образованието поради пандемијата на ...

За нас и низ Европа е тешко сфатливо како е можно да функционира образование без соодветно министерство. И тоа не во која било земја, туку во САД, откако претседателот Доналд Трамп нареди да биде укинато Министерството формирано во 1980 година, во мандатот на Џими Картер. За Американците, одговорот е едноставен. Тие не ни имале Министерство за образование, со исклучок на едногодишен експеримент во 1867 година. Нема ни Канада. Обврската за ...

Згрозен од профилот полн со невистини што му го направил системот ЧетГПТ, Норвежанец вложил официјална жалба за клевета и бара од властите да ја казнат компанијата „Опен АИ“ што овозможила нејзиниот четбот да шири лажни информации. На его-прашањето „Кој е Арве Хјамлар Холмен?“, апликацијата со вештачка интелигенција одговорила дека „тој е осуден на 21 година затвор поради убиство на сопствените синови во Трондхајм во декември 2020 година“. ...

„Одливот на мозоци е темната страна на слободата на движењето,“ го коментира поранешниот италијански премиер Енрико Лета трендот земјите од југот на Европа да ги губат високообразованите млади генерации, кои мигрираат кон земји со повисок стандард. Внатрешните економски миграции го оптоваруваат пазарот на трудот. Владите тешко, а компаниите уште потешко може да ги задржат талентите. Границите на Европа се отворени и младата висококвалификувана ...

Ретко се согласувам со претседателот Трамп, но неговите последни контроверзни изјави за Украина се претежно вистинити. Тие изгледаат бесмислено само затоа што западната публика повеќе од една деценија се храни со дезинформации за Украина. Време е да се расчистат три клучни точки зошто Украинците и поранешниот претседател Џо Бајден - не само рускиот претседател Владимир Путин - се одговорни за избувнувањето и за продолжувањето на војната во ...

Во првите неколку месеци од оваа година зачестија приватните вселенските мисии. Blue Ghost е првата успешна мисија на спуштање приватно летало на Месечината. Од друга страна, ракетите Starship на компанијата „Спејс икс“ на Илон Маск се распрснаа при лансирањето. Без оглед дали мисиите се успешни или не, факт е дека вселенските истражувања се прелеваат од државните агенции кон приватниот сектор. Затоа уште повеќе загрижува фактот што овие ...

Непрофитната организација за „зајакнување на граѓанското општество“ ЦИВИКУС со седиште во Јужна Африка, во понеделникот ги додаде САД на својот список „земји во кои се набљудува почитувањето на човековите права“. Групата објаснува дека администрацијата на Доналд Трамп е вклучена во „напад врз демократските норми и глобалната соработка“ откако го укинала федералното финансирање за организациите што поддржуваат ранливи категории луѓе и го „запрела ...

Нов Зеланд отвори истрага за да утврди дали банки здружени заради исполнување на климатските цели ги прекршиле законите против картели. Лоби групата на земјоделци се жали дека банките од Нет-зеро банкарскиот сојуз (НЗБА) ги прилагодиле и ги координирале стратегиите за кредитирање на штета на секторите со висока емисија на гасови, како земјоделството, транспортот и рударството. Банката БНЗ престанала да кредитира бензински станици, а АНЗ барала ...

На Америка ѝ беа потребни изборен пресврт и офанзива врз федералниот буџет за да разберат граѓаните дека без контрола трошат милијарди на „климатските промени“ или за финансирање трансџендер фризерски салони во Индија. Европејците сè уште се во фаза „Фајненшл тајмс“ да им објаснува дека кога нема субвенции, даночните обврзници самите плаќаат за она што го добиваат. Откако претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен пред неколку ...

На француски академик не му било дозволено да влезе во САД само поради тоа што ги критикувал политиките на американскиот претседател Доналд Трамп. Академикот, за кого е објавено само дека работел во вселенскиот сектор, пристигнал во Хјустон на 9 март и на аеродромот бил издвоен на проверка по случаен избор. Му биле прегледани телефонот и компјутерот и биле пронајдени пораки во кои ги критикува политиките на Трамп против научно-образовните ...

Гринпис треба да ѝ плати отштета од најмалку 650 милиони долари на компанијата „Енерџи трансфер“ поради блокада на изградба на нафтовод и кампања за оцрнување пред девет години. Судска порота во Северна Дакота ја прогласи еколошката група за виновна за кампања за дезинформирање и за организација на „криминални протести“ против пробивањето на нафтоводот Дакота аксес во 2016 и 2017 година. Гринпис беше обвинет дека ги организирал протестите на ...

Европа дефинитивно се откажува од традиционалната политика на штедење и сериозно се посветува на одговорноста за сопствената и регионалната безбедност. Европската комисија најави зголемување на нивото за задолжување на 150 милијарди евра, за да може да го финансира зајакнувањето на одбраната. Обврзниците ќе ѝ овозможат на Комисијата да им позајми пари на членките за да купат оружје, а тие ќе ги вратат парите кога инвестициите ќе ги стабилизираат ...

weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
4.12
82%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
91%
1016
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
71%
1016
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
1.73
92%
1017
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
96%
1017
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.12
90%
1008
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
87%
1011
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1011
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
3.09
83%
1016
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
94%
1016
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
100%
1006
weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
87%
1013
Currency

61.64

Currency

52.9118

Currency

70.5804

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58842

Бакар

10.96

Сребро

1876.20

Рутениум

29192.88

Платина

52864.82

Цинк

3.22

Злато

134976.58

Паладиум

46361.38

Кобалт

58.42

Калај

40.49

Никел

473258.99

Иридиум

145787.60

Родиум

255598.44