Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Пензионерското културно уметничко друштво „Далги“ на 21 мај во Кичево се претстави на регионалната ревија намузика, песна и оро, со ново подготвениот колаж насловен „На Гумења на Илинден“, со песни и ора од коселскиот планинско -охридски регион во кореографија на проф. Ристо Трајкоски , еден од највозрасните играорци во Охрид. Со својата изведба играорците и песнопојците ги воодушевија сите присутни на оваа пензионерска културна ...
Како дел од свечената програма за чествување на 24-ти мај, Денот на сесловенските просветители, претпладнево пред споменикот на Кирил и Методиј на Охридскиот кеј се одржа пригоден настан на кој беа доделени награди на охридските ученици, кои оствариле високи резултати на државни и регионални натпревари. Пред бројните ученици, родители, наставници и делегации, свое обраќање имаше градоначалникот Кирил Пецаков. – Поради името што го носам, ...
Родени браќа родум од Солун, од угледни и богати родители, Лав и Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер помина десет години меѓу Македонските Словени. Потоа се оддалечи на гората Олимп и се предаде на монашки подвиг. Овде подоцна му се придружи и Кирил (Константин). Кога хазарскиот цар Каган побара од царот Михаил проповедници на верата во Христос, тогаш на заповед на царот беа пронајдени овие двајца браќа и беа испратени меѓу ...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 35-годишно лице од Република Албанија, со привремен престој во Охрид и против 27-годишник од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Пријава заработи и уште едно лице за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги“. – Пријавените набавиле кокаин за ...
„Борбата против врсничкото насилство и агресивното однесување меѓу најмладите мора да биде поефикасна. Таа мора да почнува од секој родител, дом и од секоја општествено одговорна асоцијација, институција или здружение“, објави ОхридПрес. Ова беше заклучено на дебатата „Црвен картон за врсничкото насилство“ што ја организира Интернационалната полициска асоцијација- ИПА Охрид со поддршка на локалната власт. Претседателот на Советот на Општина ...
Градоначалникот Кирил Пецаков упати честитка до Влашката заедница во Македонија по повод меѓународниот ден на Власите. – Почитувани наши сограѓани Власи, нека ви е честит Националниот ден, 23 Мај. Како заедница вие оставате големи треаги во градењето на македонската држава и сте значаен дел од нашето мултикултурно општество со свои карактеристични обичаи и традиции. Вие сте лојални граѓани на својата татковина и секогаш работите и творите за ...
Еден од дванаесетте (големи) апостоли. Беше родум од Кана Галилејска. На свадба му дојде Господ Исус со мајка му и со учениците. Кога снема вино, Господ претвори вода во вино. Кога го виде ова, младоженецот ги остави домот, родителите и невестата, па тргна по Христа. Зилот значи Ревнител. А Симон е наречен ревнител заради неговата голема и огнена ревност кон Спасителот и кон Неговото Евангелие. Кога Го прими Светиот Дух, Симон отиде да го ...
Македонските репрезентативки во борење, предводени од Марјан Христов, заедно со репрезентативките на Косово предводена од Ферат Рамадани, деновиве се на подготовки во Охрид, кои ги вршат во првиот и единствен охридски борачки клуб „Аждер“ и фитнес центарот Фит Бокс. Овие подготовки се воочи претстојното Европски Првенство за 17 годишни млади борачки кое ќе се одржи од од 9 до 15 јуни во Скопје. Овие подготовки се дотолку повеќе корисни за ...
Нешто што одамна недостасуваше во Струга. Ликовен настан кој зрачи со енергија, ја полни душата и окото, никого не остава рамнодушен. Вечерва во центарот за кутлруа „Браќа Миладиновци “ во Струга беше отворена изложба под наслов “Преогразби“ и „Фрагменти на идентитетот“ од стружанките Јованка Миса и Ивана Стојанова. Пред огромна публика двете ги претставија своите врвни уметнички дела во кои се гледа дека е вткаен голем труд, љубов, ...
Охрид е домаќин на 8. Меѓународен хорски фестивал кој се одржува од 20-ти до 25-ти мај 2025 година во организација на ТSM – TURKISH MUSIC CHOIRS FESTIVAL од Анкара, Турција. Во рамки на фестивалската програма, утре на 23-ти мај 2025 година со почеток во 19:30 часот ќе се одржи голем хорски концерт на сцената на Античкиот театар. Концертот е бесплатен и е дел од програмата за чествување на Денот на Сесловенските просветители Свети Кирил и ...
Градоначалникот Кирил Пецаков се обрати на научната трибина „ Европската рута на Светите Кирил и Методиј во културното наследство на Охрид и Преспа“ што претпладнево започна во Охрид. Пред присутните во Конгресниот центар градоначалникот Пецаков рече: – Го изразувам задоволството да Ви се обратам на трибината „Кирилoметодиевското културното наследство во регионот на Охрид и Пресна“, во организација на Институтот за македонска литература при ...
На 21.05.2025 околу 23.55 часот во СВР Охрид е пријавено дека на локалниот пат кој минува низ туристичкиот комплекс Инекс во Охрид, патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од (24) годишен жител од селото Луково, струшко, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и неговата сопатничка (32) годишна Охриѓанка, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен е ...
. Во времето на царот Алексеј Комнен и патријархот Никола Граматик, во 1087 година телото на овој светител беше пренесено од Мира Ликиска во градот Бари во Италија. Тоа се случи заради нападите на муслиманите на Ликија. Светителот му се јави во сон на некој чесен свештеник во Бари и му заповеда неговите мошти да се пренесат во тој град. Во она време градот Бари беше православен и под православен патријарх. При преносот на моштите на ...
Денешниов ден е ден на радоста, младоста и убавината. Кога Светот во мало доаѓа кај нас. Танцот на нашите деца кои на музика од Штраус го играат познатиот Квадрил е всушност симболичен крај на детството и безгрижните денови од една и почеток на младоста која нуди многу интересни можности од друга страна. Во оваа прилика сакам да Ви порачам: „Вие сте оската на една топка. На која страна ќе се свртите , дали на светлата или мрачна зависи само ...
Со пригодна свеченост денеска во Охрид за првпат се одбележа Светскиот ден за разновидност на културите, за дијалог и развој. Во рамките на проектот „Разликите зближуваат“ преку разни мултикултурни активности децата порачаа дека јазикот и традицијата не смеат да бидат пречка за комуникација и другарување. Различните верувања, обичаи, празници треба да ги зближуваат младите, никако да ги разделуваат. Колку подобро се запознаваат и учат едни ...
Со длабока жал и болка соопштуваме дека денес нашето училишно семејство го напушти Силвија Мојсовска – наставник по македонски јазик и книжевност, информираат од OОУ „Григор Прличев“ од Охрид. – Повеќе од 20-тина години од својот работен век Силвија ги помина како наставник по македонски јазик во нашето училиште, посветувајќи се пред се’ на втемелување љубов на децата кон својот мајчин јазик, но и доследен поддржувач на модерните теркови на ...
На 20.05.2025 во 15.00 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода (54) годишно лице од струшкото село Велешта. Претходно, на улица „Владо Малески“ во Струга тој предизвикал сообраќајна незгода, по што со возило на Итната медицинска помош е префрлен во Медицинскиот центар во Струга, а по преземени мерки, полициските службеници констатирале дека тој управувал патничко возило под дејство на алкохол, односно му биле ...
ЈП ВОДОВОД Охрид започна со изведба на нова водоводна линија за комплексот Касарна “Михајло Апостолски” во чии рамки од 1ви Септември 2025 година ќе започне со работа основното училиште “Кочо Рацин”. Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на целиот комплекс, се поставува цевковод од полиетиленски материјал со профил ф160 мм во должина од 529 метри. Средствата во вредност од 4.028.536,00 денари, за реализација на проектот ...
Споменот на овој голем апостол и евангелист се празнува на 26 септември. А на 8 мај се споменува чудото пројавено на неговиот гроб. Имено, кога Јован имаше повеќе од сто години, зеде седуммина од своите ученици, излезе од Ефес и им нареди на учениците да му ископаат гроб во вид на крст. Потоа старецот слезе жив во гробот и беше погребан. Кога подоцна верните го отворија Јовановиот гроб, не го најдоа телото во гробот. А на 8 мај секоја година ...
П очитувани читатели, Ве известуваме дека на денот кога Православната Црква го слави споменот на Светите рамноапостолни сесловенски просветители и учители, солунските браќа Кирил и Методиј, во бигорскиот скит посветен на нив, во с. Битуше, во петок, на 23 мај, со почеток во 18:00 часот ќе биде отслужена празнична Вечерна богослужба на којашто ќе претстои Неговото Преосвештенство Епископот Антаниски г. Партениј. Сабота, на 24 мај, во 08:00 ...
Со свечена академија и пригодна културна програма денеска во Охрид беше одбележан јубилејот-150 години од раѓањето на охридскиот револуционер Методи Патче. На настанот кој се одржа во спомен куќата на „Христо Узунов“ пред присутните гости се обрати Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски. – Овој меморијален центар е чувар на охридската револуционерна историја и во континуитет не потсетува на сите херои што го поклониле ...
Во организација на ”Народна техника на Македонија” на 17.5.2025 г. во ОСТУ ,,Наце Буѓони” – Куманово се одржа 61. државен натпревар на млади истражувачи од Македонија. Ученикот од I-4 Наум Смилевски од ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски” во категоријата aвтоматика и роботика освои I место. Самостојно изработи производен процес со подвижна основа и CNC машина за пишување и механизам за машинско сечење на цртаниот дел. Дел од употребените елементи и ...
Секретарот на Општина Охрид, Александар Китески присуствуваше на свеченоста со која по традиција во просториите на Територијалната противпожарна единица се одбележа Денот на македонските пожарникари– 20 Мај. Секретарот ја изрази благодарноста до охридските пожарникари за безрезервниот придонес при справување со елементарни непогоди и спасување човечки животи и укажа дека локалната самоуправа работи за постојано осовременување на условите за ...
МТТФ со 4 златни, 10 сребрени 9 бронзени и пехар за најдобра кадетка се врати од “ГРАН ПРИ Зворник 2025” Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација, викендов учествуваше на Меѓународен Таеквон-до ИТФ натпревар “ГРАН ПРИ Зворник 2025” во Б и Х, кој е еден од најпрестижните натпревари во регионов за пролетната натпреварувачка сезона. На овај натпревар силите ги одмерија 405 натпреварувачи од клубови од 10 земји од Македонија, Србија, ...
Во времето на царот Констанс, синот на свети Константин, кога беше патријарх Кирил Ерусалимски, во девет часот наутро, над Голгота се појави Чесниот Крст и се простираше до небото над Елеонската Гора. Тој Крст беше посветол од сонцето и поубав од најубавото виножито. Сиот народ, и верните и неверните, ги оставија своите работи и во страв и со восхит гледаа во небесниот знак. Мнозина неверници се обратија во верата Христова, а исто така и ...
Во светот на фитнесот, каде трендовите доаѓаат и си одат, постојат и оние иновации кои носат вистинска промена и долгорочни придобивки. Еден таков пристап, кој добива сè поголема популарност и признание, е начинот на вежбање познат како ATG (Athletic Truth Group). Овој метод, кој ветува револуција во начинот на кој размислуваме за силата, флексибилноста и долговечноста на нашето тело, конечно пристигна и во Охрид, во фитнес центарот Фит ...
Градоначалникот Кирил Пецаков претпладнево ги прими ракометните шампиони на ГРК Охрид од пионердската лига кои синоќа во Битола понесоа убедлива победа пред нивните врсници од Еурофарм Пелистер 2. Претходно во полуфиналето, охридските ракометни надежи беа подобри од врсниците од РК „Вардар“. Првиот човек на градов го изрази своето огромно задоволство и гордост за постигнатиот успех. Им се заблагодари на ракометните надежи за прекрасната ...
Екипите на ЈП ВОДОВОД Охрид, во периодот од 12ти до 18ти Мај, покрај редовните проверки и теренски активности , интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници. Отстранети се дефекти на следните локации: – Бул„Туристичка“(4 дефекти) – „Бистрица“ – „Радојца Новичиќ“ – „Егејска“ – „Ванчо Питошески“ – „Серафим Китаноски“ – „Кеј Македонија“ – „Питу Гули“ – Нас.Рача – С.Трпејца ...
Јов беше потомок на Исав, внукот Авраамов и живееше во Арабија околу 2000 години пред Христа. Татко му е Зарет, а мајка – Восора, а неговото цело име беше Јовав. Беше човек чесен, богобојазлив и многу богат. Но, во седумдесет и деветтата година од неговиот живот Бог допушти тешки искушенија врз него преку сатаната, сè како што е подробно опишано во Книгата Јов. И во еден ден Јов го изгуби сиот свој имот, сите синови и ќерки свои. Потоа врз ...
Честитки деца златни!!! ГРК Охрид Пионерите на ГРК Охрид ги совладаа врсниците од Еурофарм Пелистер 2 со 12:21 (полувреме 6:10) во финалето од Пионерската лига што се одигра вечерва во Битола. Статистика ГРК Охрид: Николоски П., Николоски Л., Спироски 5, Колески 6, Латкоски, Трајчески 6, Станковски 1, Пројкоски, Атанасковски, Силјаноски 3, Митаноски, Шикалески, Петрески, Ристоски, Јованоски, Пројчиноски. Ракометот во Охрид има светла ...