Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков го прогласи за отворен Меѓународниот турнир во Олимписко теквондо „Охрид опен 2025“ што денес се одржува во градов. Во своето обраќање во Спортската сала „Билјанини извори“, градоначалникот Пецаков истакна – Чест ми е што присуствувам на отворањето на годинешниот Меѓународен турнир во Олимписко Теквондо „Охрид опен 2025“ што добива традиционален карактер и зазема се поголемо место на охридската спортска ...

Екипите на ЈП ВОДОВОД Охрид, во периодот од 5ти до 11ти Мај, покрај редовните проверки и теренски активности , интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници. Отстранети се дефекти на следните локации: – „1ва Мак.Ударна Бригада“(2 дефекти) – „Гоце Делчев“ – „Вангел Николоски“ бр.31 – „15ти Корпус“ – „Бул.Туристичка“ (2 дефекти) – „Железничка“ – „Бистрица“ – „Македонски ...

Родум од Попово Село во Херцеговина, од родители прости но благочестиви. Од малечок беше исполнет со љубов кон Божјата Црква, а кога порасна отиде во требињскиот манастир Успение на Пресвета Богородица и прими монашки чин. Набрзо се прочу со својот сериозен и редок подвижнички живот, зашто себеси си налагаше подвиг врз подвиг, сè потежок и потежок. Подоцна го посветија за епископ Захумски и скендериски, против неговата волја. Како архијереј, ...

Денеска (11.05.2025) во 07.10 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Е.А.(48) од селото Србјани, кичевско поради сторено кривично дело „убиство“. Околу 07 часот во ПС Кичево од Итната медицинска помош Кичево, било пријавено дека кај нив се јавил Е.А. и кажал дека во семејната куќа во с. Србјани со секира ги нападнал неговите родители. Со возило на Итна медицинска помош двете лица се пренесени во Медицинскиот центар ...

На ден 9,05,2025 со учество на поголем број пензионери кои живеат во месни ограноци на подрачјето на Здружението на пензионери на општините Охрид и Дебрца спроведоа масовна еколошка акција согласно годишната програма на сојузот на здруженијата на Македонија и на нашето здружение за 2025г со која оваа година е прогласена за година за поголема грижа и заштита на животната средина. Во еколошката акција пензионерите самостојно собраа поголема ...

Кога се искачи Христос во Ерусалим за празникот Педесетница, дојде во бањата со пет тремови, што ја направи Соломон, која беше именувана „Витезда“, што на еврејски значи „дом на милосрдието“, а беше наречена уште и „Овча бања”, бидејќи во неа ги миеја утробите на овците што беа заклани и принесени како жртва во храмот. Таму еднаш годишно се исцелуваше и првиот којшто ќе влезеше во бањата по раздвижувањето на водата од страна на Ангелот. Таму ...

Заглавен во расправиите кои меѓусебно ги имаат сопствениците на локалите, Т.Ц. АМАМ кој е лоциран во најстрогиот центар на Охрид тоне во ѓубре и непријатни мириси, нечист и избегнуван од граѓаните на Охрид кои со децении знаат во каква ситуација е објектот, но посетуван од туристите кои се чудат што гледаат. Т.Ц. Амам е приватен имот и не е јавна површина, па не е во надлежност на службите за јавна хигиена, но сопствениците на дуќаните ...

Охридскиот РОТАРИ КЛУБ вечерва одбележува јубилеј – 20 години од формирањето. Собирот се одржува во „Куба Либре“ и на настанот се присутни членовите на клубот и други поканети гости од градот. Ротари клубот е формиран на 2 април 2005 година, во хотел „Гранит“, кога дел бизнис и интелектуалната елита ја започнаа приказната на охридското Ротеријанство. Потоа низ децениите клубот во повеќе наврати прими помлади членови, а тој трент очигледно ...

На 09.05.2025 во 06.35 часот полициски службеници од ОВР Струга на улицата „Боро Калајџиески“ во Струга, лишиле од слобода (36) годишно лице од Струга. Тој претходно, пред казино лоцирано во населбата „Плитишта“ во Струга, управувајќи мотоцикл, излетал од патот, а по преземени мерки, полициските службеници констатирале дека мотоциклот го управувал под дејство на алкохол, односно со 2,28 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на ...

Еден од седумдесетте апостоли. Син на Клеопа, којшто му беше брат на праведниот Јосиф, целомудрениот сопруг на Пресвета Богородица. Кога ги виде чудата на Господ Исус, Симеон поверува во Него како во Господ и Спасител и беше вбројан во седумдесетте апостоли. Со голема ревност и храброст го проповедаше Христовото Евангелие насекаде по Јудеја. Кога злобните Евреи го убија Јаков, братот Господов и првиот епископ на јерусалимската Црква, тогаш ...

Фудбалската федерација на Македонија денеска донесе одлуки за нови казни за екипите на Воска спорт и Гостивар. ФК Воска Спорт АД се казнува со одземање на 9 (девет) бодови и парична казна во износ од 25,000.00 евра за неодигрување на натпреварот од 29. коло во Прва МФЛ; – За неодигрување на натпреварот од 30. коло, ФК Воска Спорт добива казна, одземање на дополнителни 9 (девет) бодови и парична казна во износ од 25,000.00 евра; – ГФК ...

Младите и супер талентирани Охриѓани Андреа Савиќ и Славчо Мургоски, ученици во III година, образовен профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика при ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид го освоија првото место во силна конкуренција од средни училишта од седум држави, на 11. Меѓународен натпревар за електротехника и мехатроника „Балкан јуниор“, кој се одржа вчера во Велење, Словенија. Андреа и Славчо, под менторство на ...

Оваа е една прекрасна манифестација, која веќе традиционално како пролетен мајски цвет ја буди желбата за спортување и носи огромна позитивна енергија во Охрид. Денес, нашите најмили трчаа за здравје и за радост. Нивните мали чекори оставија траги на надеж и ведрина и испратија една голема порака по повод Светскиот ден на физичката активност! Општина Охрид отсекогаш стоела и ќе продолжи да стои цврсто на страната на спортот, затоа што ...

Се известуваат сите учесници во сообраќајот дека од ден 12.05.2025 година (понеделник) од 06:00 часот наутро, поради реконструкција на дел од улица „Даме Груев“, целосно ќе биде затворен за моторен сообраќај делот од улицата, од пресекот со улица „Македонски Просветители “ до пресекот со улица „Булевар Туристичка“. Воедно се известуваат и сите жители на овој потег дека почнувајќи од 12.05.2025 година од 06:00 часот наутро да не ја користат ...

Малолетник од Тетово добил труење од алкохол во Струга, кривично ќе одговараат правното лице, односно продажниот објект, управителот и вработениот што му овозможиле да купи алкохолни пијалоци, соопшти денеска СВР Охрид. Според информацијата, ОВР Струга поднело кривична пријава против правно лице од Струга, управителот (44) годишен и вработената (54) годиѓна, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Точење алкохолни ...

ЈП.„Охридски Комуналец“ во текот на вчерашниот ден на улицата „Стив Наумов“ продолжи со дистрибуција на 120 литарски садови за селектирање на отпад кои се донација на Министсрството за животна средина и просторно планирање. Се работи за жолти садови за собирање на селектиран отпад од пластика и сини садови за селектиран отпад од хартија на домаќинства, кои се дел од вкупно 1.200 садови, доделени на Општина Охрид. Акцијата се реализира во ...

Зетот на царот Константин, Ликиниј, кој беше оженет со царевата сестра, се преправаше пред великиот цар дека е христијанин, но кога царот му даде да управува со целиот Исток, тој најпрво тајно, а потоа и јавно почна да ги гони христијаните и да го утврдува идолопоклонството. За тоа време, неговата жена многу тагуваше, но не можеше да го одврати мажот од нечестието. Кога се предаде на идолопоклонството, Ликиниј се предаде себеси на сите ...

СВР Охрид вчера соопшти дека е поднесена кривична пријава против В.А. за проневера направена во периодот од 2022 година до август 2024 година, со која во неговиот џеб завршиле 2.881.757 денари. По објавата на оваа вест социјалните мрежи се преплавени со коментари и постови во кои граѓани , сосема јавно, од реални профили кажуваат на нивни искуства со овој директор, кој ревносно блокирал сметки и за најмали износи и давал граѓани на ...

На 8-ми мај 1828 роден е големиот хуманист Анри Динан, основополжник на идејата за движењето на Црвениот крст. Во негова чест 8 мај се одбележува како Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, а седмицата од 8-15 мај како Недела на Црвениот крст и Црвената полумесечина. По тој повод Црвен крст Охрид се вклучува во глобалната кампања на Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина и под мотото „НА ...

„На 10.05.2025 година (сабота) со почеток од 14 часот во големата сала на општина Охрид претседателот Максим Димитриевски и Генералниот секретар Горан Минчев ќе одржат средба со раководството на Општинската организација – Охрид на Движење ЗНАМ За Наша Македонија, Клубот на жени, Клубот на млади, членови, симпатизери и сите заинтересирани граѓани“, информираат од партијата. Движењето ЗНАМ за Наша Македонија започнува со средби со граѓаните, ...

Полициски службеници од полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Блато“ кај Дебар, Регионален центар за гранични работи Запад, од слобода лишиле албански државјанин, кој понудил поткуп. Според Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи Охрид, денеска во 9:15 часот, од слобода е лишено лицето Д.А.(30) од Хотеш, Република Албанија. – Тој, при влез на македонска територија со патнички автомобил „фолксваген ...

СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.А.(53) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавениот, поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“ -Скопје, подрачно одделение Охрид, во периодот од 2022 година до август 2024 година, не воспоставил прецизен интерен протокол за реализација на прекувремената работа, при што било невозможно реално евидентирање на ...

Му беше сопатник и помошник на апостолот Петар, којшто во своето Прво послание го нарекува син свој, не син по тело туку по дух. Кога Марко беше во Рим со Петар, верните го замолија да им ја запише спасоносната наука на Господ Исус, Неговите чуда и Неговиот живот. Така го напиша Светото Евангелие, коешто го виде и го посведочи за вистинито и самиот апостол Петар. Тој го постави Марко за епископ и го испрати на проповед во Египет. Така тој ...

Почитувани охриѓани и гости, со особено задоволство Ве информираме дека надалеку познатиот охридски хотел Славија повторно ги отвора вратите на својата целосно реновирана сала за свадби! Салата за свадби на хотел Славија со децении беше синоним за најубавите и највеселите свадбени прослави во Охрид. Многу генерации ги започнаа своите брачни патувања токму во овој амбиент, а сега, со нов сјај и модерна опрема, салата е подготвена да продолжи ...

Денеска во СВР Охрид, се одржа свеченост по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција. Во името на началникот на СВР Охрид, Игор Смилески, честитки до припадниците на СВР Охрид, упати портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Безбедносната состојба е стабилна и поволна на подрачјето на СВР Охрид а своите работни задачи, на безбедносен план, полициските службеници ги извршуваат законски, крајно професионално, неселективно и посветено, ...

Туризмот не треба да се третира само како извор на девизен прилив, туку како платформа за регионален развој, креативна економија и долгорочна меѓународна видливост. Како економска гранка, тој има силен потенцијал да се трансформира во инструмент за локален економски подем, особено ако се поврзе со руралниот развој, културните содржини и дигиталната експанзија. Сево ова бара воспоставување јасна рамка за развој на локалниот туристички ...

Фразата дека Охрид и Струга се туристички бренд на Македонија е често повторувана, но дали е и вистинита? Тоа го покажуваат најновите податоци за економската „крвна слика“ на најубавиот македонски езерски регион. Овој крај, опеан во песни, раскажуван во книги и една од најпрепознатливите локации по кои Македонија е позната ширум светот, крие поинаква економска реалност. Меѓу 28-те најголеми компании во охридско-струшкиот регион – од кои ...

Во изминатите 24 часа во нашата Македонија на повеќе места имаше развој на грмотевични облаци кои условуваа локални поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилноста. Локално процесите беа во форма на невреме со појава на град. На табелата можете да ги погледнете измерените денешни минимални температури на воздухот по градови и места во Македонија, како и наврнатиот воден талог во изминатите 24 часа, односно до 8 ...

Во рамки на мојта официјална посета на градот Пула, остварив срдечна средба со претседателката на Здружението на македонци во Пула „Св. Кирил и Методиј“, Милена Златевска. На средбата беше истакнато дека спојувањето на Охрид и Пула е значајно и ќе придонесе за поголема афирмација на македонците во Пула, преку меѓусебната соработка на двата града. Во иднина заедно со Здружението и градот Пула се предвидени активности за промоција на културата ...

Овој славен Сава живееше во Рим во времето на царот Аврелијан и имаше војводски чин. По потекло беше Гот. Често ги посетуваше христијаните по затворите и им помагаше со својот имот. Заради неговата голема чистота и подвигот на испосништво, Бог му даде власт над нечистите духови. Кога го обвинија како христијанин, тој смело застана пред царот, го фрли пред него својот војнички појас и јавно Го исповеда Господ Христос. Беше мачен со разновидни ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
100%
999
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
10.29
65%
998
weather icon

Загреб

5ᴼ / 4ᴼ
2.57
91%
995
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
6.17
93%
1002
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
0.4
100%
1003
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
97%
995
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
6.26
88%
1002
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
4.63
71%
998
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
3.6
87%
999
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
6.69
94%
1005
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 4ᴼ
4.12
95%
999
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
5.14
71%
1008
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Родиум

339994.14

Калај

48.78

Паладиум

55781.55

Кобалт

64.04

Рутениум

45750.51

Иридиум

221848.72

Платина

83354.78

Цинк

3.29

Бакар

12.12

Злато

157561.16

Сребро

2733.78

Алуминиум

3.09