Белград
12ᴼ /
11ᴼ
Поради интервенција на водоводната мрежа денес од 10:30 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците „Кеј Македонија“ , „Партизанска“ со сите споредни улици, „Славеј Планина“, дел од Бул.„Туристичка“, дел од „Јане Сандански“, „Димитар Влахов” со сите споредни улици и долната зона од стариот дел на градот, информираат од ЈП Водовод Охрид. Посочуваат дека екипи на претпријарието се на терен до целосно завршување со интервенцијата. ...
Во среда од 09:00 до 12:00 часот Црвен крст Охрид во соработка со Службата за трансфузија – Охрид организираат крводарителска акција наменета за учениците и вработените од СОСУ „Св. Кирил и Методиј” – Охрид. Ги покануваме сите ученици и вработените кои имаат желба да ја даруваат својата скапоцена течност и воедно да спасат нечиј живот. Дарувај крв, спаси живот, порачуваат од Црвен крст Охрид. Крводарителската акција ќе се одвива во Службата за ...
По петдневна активна работа во Трпејца, денеска беше заокружено осмото издание на Меѓународната уметничка колонија ТРПЕЈЦА 2025 во организација на Здружението „За Трпејца со љубов“ а под покровителство на Општина Охрид. Годинава заедно во преубавиот природен амбиент околу Подрачното ООУ „Наум Охридски“ твореа уметниците: Мелани Димитровска, Розе Мартиноска, гостите од Германија Сајмон Рехрауер, Паула Ројс, Наташа Попоска – Карче и Ѓоко ...
Ноќеска во 02 часот, на улицата „7 Ноември“ во Охрид, 20-годишно лице од селото Ботун, општина Дебрца, управувајќи мотоцикл „пијаџо“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола над мотоциклот и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил неговиот сопатник (20) од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид. По преземени мерки, утврдено е дека двајцата биле под дејство на алкохол, кај возачот се ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави по повод учеството на 80. Сесија на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк. Сиљановска-Давкова ќе се обрати на генералната дебата и ќе учествува на повеќе самити, лидерски форуми и состаноци на високо ниво, што се одржуваат по повод 80. Генерално собрание на ОН. Претседателката ќе оствари средба со Генералниот секретар на ...
Вардар го совлада Охрид 33:31 во дерби натпреварот од 3 коло од Супер лигата. Вечерва во Скопје „Гладијаторите“ бодрени од верните „Рибари“ одиграа неизвесен натпревар во кој на крај победа славеше домаќинот. На почетокот од мечот видовме израмнета игра во која екипите се менуваа во водство. Вардар успеа да направи два разлика, а потоа и да ја зголеми предноста на 3, па на +4. Но Охрид не дозволи противникот да се одлепи, па до полувреме ...
Денеска во Охрид започна третото издание на Меѓународниот турнир во огнено оружје „Гранд При Лихнидос“ кој се организира со поддршка на Општина Охрид. Настанот се одржува по трет пат и годинава собра учесници од повеќе држави, кои се натпреваруваат во неколку дисциплини со огнено оружје. На свеченото отворање, свое обраќање имаше градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, кој ја истакна важноста на ваквите меѓународни настани за промоција на ...
Денес со почеток во 11:30 часот во спортската сала „Билјанини Извори“ – Охрид, ќе се одржи настан под мотото: „Ракометот е тука – дали си подготвен?“. Специјални гости на настанот ќе бидат: Филип Миркуловски, Индира Кастратовиќ и Елена Ѓорѓиевска. Главна цел на Ракометниот караван е промоција на нашиот национален спорт низ целата територија на нашата земја. Караванот има за задача да ги доближи вредностите на ракометот до најшироката публика, ...
За време на одржувањето на големиот православен празник „Рождество на Пресвета Богородица“ – „Мала Богородица“ кој на 20 и 21 септември се празнува во манастирот во струшкото село Калишта, ОВР Струга, ќе спроведе посебен сообраќаен режим. Во сабота, 20 септември, од 18 часот се до завршување на предвидените верски церемонии, сообраќајот за влез кон манастирот ќе се одвива преку магистралниот пат А-2 Струга-Ќафасан со исклучување кај селото ...
Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) работи на проширување на коловозот на патниот правец Р2234, од селото Долно Татеши до селото Мислодежда, струшко во должина од 3.500 метри и вредност од 20 милиони денари. Патниот правец Р2234, според ЈПДП, претставува клучна врска за локалното население, бидејќи минува низ повеќе населени места и е од големо значење за секојдневното патување на граѓаните, снабдувањето со стоки и развојот на ...
Бродовите Александрија 1 и 2 утревечер, 20-ти септември, по повод големиот православен празник „Рождество на Пресвета Богородица“ – „Мала Богородица“ ќе пловат до манастирот во Калишта по симболична цена. Картите по цена од 250 денари во двата правци (повратна карта) може да се набават во текот на денешниот ден на градското пристаниште до 19 часот. Поаѓањето на бродовите е утре во 19:30 часот од градското пристаниште во Охрид, а враќањето од ...
Во рамки на својата меѓународна соработка Црвен крст Охрид започнува твининг програма за соработка со Црвен крст на Моор ог Ромсдал од Норвешка. Црвен крст Охрид викендов е домаќин на осумчлена висока делегација од Црвен крст Моoр ог Ромсдал, Норвешка при што е планирано да се прецизираат и разработат конкретни заеднички активности во рамки на твининг програмата за соработка, информираат. Воедно посочуваат дека Меморандумот за соработка ќе ...
На 18.09.2025 околу 10:30 во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„Радојца Новичиќ“ во Охрид, 58-годишно лице од Охрид се здобило со тешки телесни повреди додека извршувал работни задачи за приватна фирма од Охрид. Тој е пренесен во болницата „Св.Еразмо“, каде му се констатирани повредите и му е укажана помош. Се работи на расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид. На 18.09.2025 во 14:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека во сопствениот ...
Мислам дека ќе биде многу тежок натпревар сите ја знаеме големината на Вардар, но ние работиме, анализираме, се подготвуваме, вели голманот на ГРК Охрид, Бојан Блажески. Се надевам на уште еден позитивен резултат. Секогаш одбраната ги добива дерби утакмиците. Така ќе биде и оваа утакмица. Се надевам дека ќе одиграме квалитетна одбрана како што одигравме со Алкалоид, додава Блажески. Натпреварот ГРК Охрид-РК Вардар се игра утре од 18 часот во ...
37. Охридски староградски средби 2025 ќе се одржат вечерва со почеток во 19 часот во големата сала при НУ Центар за култура „Григор Прличев”-Охрид. Програмски квалитет што значи вредносно продолжување на традициите што датираат од пред неколку века. Придонес во незаборавот на старите, автетнични песни, навраќање во богатата градска ризница на традициите од минатите векови, велат организаторите. Во рамки на програмата предвидени се настапи на ...
Девет кандидати во Струга ќе ја водат трката на претстојните избори за градоначалничката функција. Меѓу нив Јована Мојсоска од Левица, Арсим Далипи од Националната алијанса за интеграција предводена од ДУИ, Љубе Петревски од Работничката партија, Роберт Милески од Демократи Скопје и Бесник Асани, Менди Ќира, Насто Палиоски, Игор Малески, Мирко Савески како независни кандидати. Во поглед на советничките листи поднесени се десет од кои седум на ...
Наскоро ќе започне изградбата на атмосферска канализација на просторот кај градските гробишта, по што ќе следува и целосно асфалтирање, најави денеска градоначлникот Кирил Пецаков при посетата на јавното претпријатие. Кон секој проблем пристапуваме сериозно и студиозно работиме на пронаоѓање решение. Не правиме импровизација туку носиме долготрајни решенија. При денешната моја посета на ЈП „Градски гробишта” ми беше презентиран проектот кој ...
Наскоро ќе започне изградбата на атмосферска канализација на просторот кај градските гробишта, по што ќе следува и целосно асфалтирање, најави денеска градоначлникот Кирил Пецаков при посетата на јавното претпријатие. Кон секој проблем пристапуваме сериозно и студиозно работиме на пронаоѓање решение. Не правиме импровизација туку носиме долготрајни решенија. При денешната моја посета на ЈП „Градски гробишта” ми беше презентиран проектот кој ...
Свесни сме сите дека не чека еден голем предизвик, тоа е екипата на Вардар кои се фаворити на натпреварот, посебно што играат во Скопје, вели тренерот на ГРК Охрид Борис Ројевиќ пред саботниот меч. Но, одиме без став да ги покажеме нашите квалитети и веруваме дека можеме да му пружиме достоен отпор на Варадар. Стартот ни е добар со 3 бода во првите две кола, уште подобар би бил со 4 бода. Сакаме до европските натпревари да собереме што повеќе ...
По повод големиот православен празник „Рождество на Пресвета Богородица“ – „Мала Богородица“, бродовите Александрија 1 и 2 во сабота 20-ти септември, вечерта ќе пловат до манастирот во Калишта по симболична цена од 250 денари во двата правци (повратна карта). Картите ќе се продаваат на градското пристаниште во петок, 19 септември, од 10 до 19 часот. Поаѓањето во петок 20 септември, од охридското пристаниште во Охрид е во 19:30 часот, а ...
На 20 и 21 септември ќе се одржи „ВМ Класик рели- запад“, рели со историски возила (олдтајмери) организирано од Олдтајмер клубот ВМ Класик. Настанот е дел од шампионатот во рели со историски возила при Националната федерација за историски возила. Како дел од овој настан на 20 септември (сабота) со почеток во 16:00 часот во спортското двориште во Вевчани ќе се одржи изложба на историски возила (олдтајмери). Следниот ден на 21 септември (недела) ...
Екипата на Ливерпул уште еднаш покажа силен карактер остварувајќи драматична победа во екстра времето над Атлетико Мадрид со 3-2 во еден од највозбудливите натпревари од 1 коло во Лигата на шампиони. Капитенот Вирџил ван Дајк стрелаше прецизно со глава по корнерот во 92 минута за делириум на Енфилд. Ливерпул одлично го отвори мечот и веќе во 6-та минута имаше водство од 2-0 со головите на Робертсон и Салах, но Атлетико се врати со два гола на ...
Директорот на Агенцијата за иселеништво Горан Ангелов и директорката на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид, Христина Трпеска, потпишаа Меморандум за соработка во кој се утврдуваат заеднички активности при промовирање на македонската култура од страна на иселениците, писатели кои творат во средините каде живеат и работат, а се поддржани од двете институции. Голем број од македонските иселенци потекнуваат од Охридскиот регион, нивна желба е ...
Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 60 km/h). Во Охрид времето денес сончево со умерен и повремено засилен северен ветер. Максималната температура до 25 степени. Следува период на сончево време со посвежи утра, а дневната температура ќе биде во постепен пораст. Особено топло ќе биде во деновите од викендот и во почетокот на следната седмица. ...
Четворица кандидати ќе ја водат битката во Охрид на претстојните избори закажани за 19 октомври за градоначалничката функција. Меѓу нив актуелниот градоначалникот Кирил Пецаков како кандидат на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, Асен Шајн од СДСМ и Коалицијата, Гоце Цветкоски како незвисен кандидат и Стевче Стевоски како кандидат од Твоја партија. По добивањето на довербата од матичната партија ВМРО ДПМНЕ за уште еден градоначалнички мандат, Пецаков ...
Основното јавно обвинителство Струга денеска поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, во временскиот период од 01.04.2021 до 27.06.2022 година, како службено лице – градоначалник на Општина Струга, ги пречекорил границите на своите службени овластувања и склучил договор за изведување на осветлувањето на ...
Во првите 8 месеци од годината, од јануари до август, ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор на двата македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид опслужи вкупно 2.255.573 патници и 17.719 летови. Бројот на опслужени патници ги надмина бројките од истиот период во 2024 година за 6%, додека бројот на летови е за 3% повисок за периодот јануари – август во 2024 година, посочуваат од ТАВ Македонија. Само ...
ГРК Охрид во сабота гостува кај екипата на Вардар во рамки на третото коло од ракометната Супер лига. Во Скопје како и против Алкалоид доаѓаме мотивирани. Вардар е добра екипа со физички силни играчи. Имаме доста време за работа, подготовки и анализа на противникот. Очекувам тврд и машки натпревар, со силна одбрана на двете страни. Покажавме дека знаеме да играме со квалитетни противници, не очекувам ништо помалку ни сега и ќе продолжиме така ...
Пет кандидати влегуваат во трка за градоначалник на Општина Дебрца, меѓу нив Љупчо Паункоски од СДСМ и Коалицијата, Златко Силјаноски од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, актуелниот градоначалник Зоран Ногачески како независен кандидат, Димче Андрески како независен кандидат и Даниел Огненоски од Коалицијата „Искуство за успех“. Во поглед на советничките листи поднесени се седум и тоа од СДСМ и Коалицијата предводена од Даниел Тороманоски, Македонски ...
На 16.09.2025 во 23:00 часот, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 29-годишно лице од Струга и на 17.09.2025 околу 11:00 часот лишија од слобода 34-годишно лице од струшкото село Велешта во врска со кривично дело „убиство“ во обид по член 123 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик. Тие, претходно на улица „ЈНА“ во Струга, со метални предмети нападнале 52 и 17 годишни лица, двајцата од дебарското село Џепиште, по што ...