ГРК Охрид на пригоден настан што се одржа синоќа на бродот „Армада“, го претстави тимот за сезоната 2025/26. Почнува ерата на ракометната тврдина. Фото: Анамарија Момироска I OhridNews За амбициите на охридскиот суперлигаш во новата сезона зборуваа градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков, шефот на стручниот штаб на ГРК Охрид Борис Ројевиќ и капитенот Гоце Ојлески. Градот заедно со спонзорите и помагателите ветува силна поддршка и ...

Синоќа во рамките на драмската програма на „Охридско лето“ се одигра македонската премиера на театарската претстава „Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна или Туѓото го сакаме, своето не го даваме“ од Душан Јовановиќ, а во режија на Иван Пеновиќ. Копродукцискиот проект меѓу НУ Драмски театар Скопје, Белградски драмски театар, Градски театар Љубљана и ЈУ „Град театар“ од Будва ја воодушеви публиката во преполната сала на ...

Водостојот на Охридско Езеро е 20 сантиметри под просекот за август покажуваат денешните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). Според мерењата нивото е на кота од 693.26 метри надморска височина, а просекот за август изнесува 693.46 м.н.в. Нивото на езерото денес е 16 сантиметри над природниот минимум (693.10 м.н.в) и 9 сантимерат над минималната кота утврдена со Билатералниот договор со Албанија ...

Меѓународен настан „Штафетно нуркање за мир“ (пливање под вода-нуркање на здив) во должина од 25 метри ќе се одржи на Охридското Езеро кај „Старото пристаниште“ (пред х. Палас) на 25 август, понеделник, со почеток во 12 часот по повод одбележувањето на јубилејот 80 години Црвен крст Охрид, а во рамки на овогодинешното издание на фестивалот на водени спортови „Ohrid Water Festival 2025“. Ги покануваме сите оние кои се психофизички здрави и се ...

Продолжуваат натпреварите по групи на турнирот во мал фудбал „Богородица куп“ во Волино. Вечерва се одиграа четири средби по кои дел од екипите се поблиску до нокаут фазата. Резултати од недела, 17.08.2025 Хотел Тино – Том Гор 2:2 Сатеска – Искра 5:2 Ескобар – Екстра Скопско 2:2 Др Баткоски – Компани Стојкоски 4:1 Распоред на натпревари во понеделник, 18.08.2025 20:00 Брумел – Новапор 21:00 Плажа Канео – Бел Мерцедес 22:00 Сатеска – ...

И викендов полицијата во Охридско-струшкиот регион има полни раце работа. Во полицискиот билтен предничат настани со насилство, физички напади, дрога и непочитување на службени лица при постапување. На 16.08.2025 во 20:50 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на плажа на охридското крајбрежје, едно лице со тврд предмет нападнало 46-годишен охриѓанец. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот, по што против напаѓачот ќе биде ...

Охрид летово пулсира во ритамот на културата. Деновиве во спомен куќата на великанот и револуциуонер Христо Узунов, се одржа книжевен портрет на Зоран Пејковски и промоција на книгата „Се умира ли од премногу сакање?!“ посветена на великанот Петре М. Андреески. Беседник и промотор беше проф. д-р Кристина Николовска, а настанот го модерираше м-р Ивана Рилкова. Повод за пишувањето на книгата „Се умира ли од премногу сакање?!“ е 90-годишнината ...

На Долни сарај синоќа се одржа Охридски вински салон „Над Езерото“ (Above the Lake 2025) – манифестација која ја промовира винската култура. Настанот што го организира ресторанот „Канео“ годинава привлече 30 македонски винарии кои се претставија со над 300 етикети вино и вински дестилати. Присутните, меѓу кои и голем број домашни и странски туристи, уживаа во квалитетните македонски вина, дестилати и храна од домашно производство, а ...

Вчера, во 13:43 часот, во ОВР Струга било пријавено дека пред угостителски објект во Струга, две лица со остри предмети нападнале жител на струшкото село Велешта, нанесувајќи му убодни рани по телото. Тој, веднаш бил префрлен во Општата болница во Струга за укажување на медицинска помош. Увид на местото на извршиле јавен обвинител и полициски екипи и по целосно расчистување на настанот, против напаѓачите ќе бидат поднесени соодветни ...

На градскиот базен во СРЦ „Билјанини извори“ денеска ќе се одржи трето издание на OWF Swimming meeting. Настанот е дел од фестивалот на водени спортови (Ohrid Water Festival) На митингот пријавени се 70 пливачи од 17 пливачки клубови и школи од земјава и регионот (Србија, Албанија, Косово). Пливачите ќе се натпреваруваат во 5 возрасни категории, 8 различни дисциплини, во машка и женска конкуренција. Организатор на настанок е ПК Акваспирит ...

Продолжуиваат натпреварите по групи на турнирот во мал фудбал „Богородица куп“ во Волино. Синоќа се одиграа четири средби по кои дел од екипите се поблиску до нокаут фазата. Резултати сабота, 16.08.2025 Дејан војвода – АД Галеб 3:2 Оровник Танче Мирчески – Инекс Олгица 2:4 Мешеишта – Лаз бун 3:2 Кафе бар Лавадо – Ресорт Бате Боле 1:0 (службено) Турнирот продолжува вечерва со уште четири средби од групната фаза. Распоред на натпревари ...

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, денес во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Максималната температура во Охридскиот регион ќе достигне 28 степени. Утре се очекува на повеќе места да биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со услови за невреме со пообилен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. Температурата ќе бидат во ...

ГРК Охрид е победник на 53-то издание на Меѓународниот ракометен турнир во Струга. Во финалето, вечерва, Охрид ја совлада екипата на Бутел со 30:24 (полувреме 14:11) На 53-то издание на Меѓународниот ракометен турнир во Струга голманот на ГРК Охрид, Бојан Блажески, го доби признанието за најдобар голман на турнирот, а за најдобар играч беше прогласен Анте Иванковиќ. Триумфот во Струга е одлична најава за Меѓународниот ракометен турнир ...

Во првото полугодие од 2025 година бројот на туристи во Македонија е поголем за 13,5 отсто споредено со истиот период 2024 година. Бројот на странските туристи е поголем за 19,7 отсто во 2025 година споредено со истиот период 2024 година. Бројот на домашните туристи е помал за 2,5 отсто споредено со истиот период 2024 година, објави премиер Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил. Во истиот период од 2025 година имаме за 8,5% повеќе ...

Во магичното предворје на црквата „Св. Софија“ од 22 до 24 август ќе се одржи третото издание на „Охрид џез фестивал 2025“ во организација на Општина Охрид. Трите вечери ќе бидат исполнети со ритам, страст и врвна музика, велат од Општина Охрид. Во петок на 22 август љубителите на квалитетна музика ќе може да уживаат во настапот на Чалгија Саунд Систем (Етно Џез), следниот ден, 23 август, ќе настапи Павле Камилоски (класичен џез), додека ...

Свечено отворено 37-то издание на интернационалната културна манифестација „Поетска ноќ во Велестово” во рамки на која ќе настапат шеснаесет поети, музичари и уметници од вкупно од шест држави (Ирска, Азербејџан, Хрватска, Романија, Бугарија и Македонија). Програмата започна со поетскиот портрет на Андреј Ал-Асади, едно од водечките имиња во македонската современа поезија, по што следуваше интернационалното поетско читање „Имаго“, на кое ...

Програмата на фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва со содржина од музичкиот дел, со концертот на „Пијано Трио“ составено од уметниците Татијана Петрушевска-Караскаковска – обоа, Марјан Милошевски – фагот и Петар Макариевски на пијано. Сите остварени и потврдени уметници со своите инструменти, поттикнати од желбата за истражување на нови композиции и зголемување на својот репертоар, формираа ансамбл сметајќи дека постоењето на ...

На 15.08.2025 во 14 часот на граничниот премин „Ќафасан“, на македонско-албанската граница, при обид за излез од земјата, лишено од слобода е 62-годишно лице од Гостивар. По извршени контроли, полициските службеници констатирале дека тој евидира со активна мерка „апси“ и дека има активна наредба од Основниот суд во Гостивар поради сторени кривични дела „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 и ...

Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски – „Антево перо“ и Europe house Струга организираат поетско читање кое ќе се одржи утре, 17 август, во 19 часот во просториите на Europe house Струга. Настанот се организира во чест на јубилејот 50 години од објавувањето на поетската збирка „Тајнопис“ од Анте Поповски, информираат организаторите. Посочуваат дека поети од повеќе генерации ќе земат учество на настанот, а ќе бидат ...

Во периодот од 04.08 до 10.08 2025 година, Управата за јавни приходи (УЈП) спроведе вкупно 383 теренски контроли за фискализација, насочени кон различни типови деловни субјекти, меѓу кои: ресторани, кафе барови, шанкови на плажа, хотели, бутици, колонијали, цвеќарници, месарница, паркинзи и други трговски објекти за продажба на мало. Контролите беа реализирани низ државата во повеќе градови, меѓу кои и туристичките места каде во летниот ...

Од денеска до 30 август Охрид пулсира во знакот на третото издание на спортската манифестација „Ohrid Water Festival“, која ги популаризира водените спортови на Охридското Езеро и ги промовира уникатните потенцијали со кои располага Охрид како најголем туристички центар во земјава. Станува збор за случување што ги спојува водените спортови, убавата музика и гастрономската понуда на ова поднебје. Фестивалот на водата во Охрид со своите две ...

Фудбалерите на Охрид денес играат контролен натпревар со екипата на Тетекс од Тетово во рамки на подготовките за новата сезона. Натпреварот ќе се одигра на стадионот во Јегуновце со почеток во 17:30 часот. Kонтролни натпревари, како што посочија претходно од клубот ќе бидат клучни за подготовка на тимската игра и тактичкиот план. ГФК Охрид сезонава направи значителни измени во составот и се засили на речиси сите амбиции и според најавите, ...

Уште една ефикасна вечер е зад нас на 27-то издание на турнирот во мал фудбал Богородица куп во Волино. Публиката виде интересни натпревари на кои паднаа 16 голови. Резултати петок, 15.08.2025 Кибо пласт – Дооел Ноче 13 Искра – Екстра Скопско 0:3 Гранит Х – Блу фиш 3:2 Гостилница Кај Мече – Мартиник мебел 2:2 Турнирот продолжува вечерва со четири натпревари од фазата по групи. Распоред на натпревари сабота 16.08.2025 20:00 Дејан војвода – ...

Во јули 2025 година, ТАВ Македонија, подружница на TAV Airports членка на Групацијата АДП, аеродромскиот оператор на двата македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Aеродромот Св. Апостол Павле Охрид опслужи 353.063 патници и 2.750 летови. Бројот на опслужени патници во јули ги надмина бројките од 2024 година за 7%, додека бројот на летови во јули 2025 е за 4% поголем од јули во 2024 година. Во првите 7 месеци, јануари – јули, од ...

Претпладне сончево со мала до умерена облачност, во текот на денот променливо облачно. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Во Охрид времето денес променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 30 степени. Во деновите од викендов во попладневните часови ...

Денес започна со работа новиот „Топ маркет“ лоциран на булеварот „Туристичка“ во комплексот згради после некогашниот хотел „Дончо“ во правец на излезот од Охрид кон Скопје. Заштитен знак на „Топ“ маркетите се исклучителната и разновидна понуда на производи за широка потрошувачка, според највисоките стандарди за квалитет и безбедност. Во оваа насока и во новиот целосно реновиран и модерно уреден простор има широк избор на производи со ...

Во Охрид започна 58. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. На Школата којашто ќе трае до 28 август учествуваат 60 странски македонисти и слависти од 16 држави, коишто во Охрид доаѓаат да ги продлабочат своите познавања и проучувања за македонскиот јазик, литература и култура. Најголема потврда за македонскиот јазик е афирмацијата на македонистиката, домашна и ...

По шест години Охридското Езеро се порибува со подмладок од ендемичниот вид охридска пастрмка. Денес во езерските води беа пуштени 80 илјади единки во близина на местото викано Вирче, а подмладокот е со просечна тежина од 3,65 грама од единка. На порибувањето присуствуваше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски кој денеска беше во работна посета на Хидробиолошкиот завод Охрид. Како што посочи министерот, ...

Познатиот диџеј и продуцент од Лос Анџелес, ONYVAA, која е една од најбрзо растечките ѕвезди на глобалната електронска сцена, испрати порака до фановите пред својот настап на 16ти август во клубот Ребел во Охрид. Зад себе има настапи во Rex Club, Spazio 900, Paradiso, Harry Klein, Cafe Gallery, Loft Club, Festival Panoramas, Marvelous island festival, Cafe D’anvers, Future Frequency Festival, покрај артисти како Len Faki, Josh Wink, ...

Во рамките на дополнителната програма на фестивалот „Охридско лето“ вечерва ќе бидат прикажани унгарските филмови „Три илјади изброени парчиња“ и „Без здив“. Кинo-проекциите ќе се одржат во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20 часот а се дел од Унгарската вечер на фестивалот. Филмот „Три илјади изброени парчиња“ е во режија на Адам Шази, сценариото е на Франчиска Фаркаш, Криштоф Хорват и Кристофер Пажик. Играат Кевин Аквах, ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
4.34
24%
1013
weather icon

Белград

32ᴼ / 32ᴼ
2.96
38%
1016
weather icon

Загреб

34ᴼ / 34ᴼ
0.51
29%
1015
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
3.72
41%
1015
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
4.94
38%
1015
weather icon

Љубљана

33ᴼ / 33ᴼ
0.93
43%
1017
weather icon

Атина

33ᴼ / 32ᴼ
7.6
42%
1011
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
4.82
34%
1014
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
3.23
37%
1013
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 29ᴼ
3.13
36%
1016
weather icon

Будимпешта

33ᴼ / 31ᴼ
1.34
25%
1017
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 25ᴼ
7.16
100%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.2154

Currency

71.6614

Currency

37.6073

Currency

38.1322

Currency

65.8479

Currency

7.88657

Currency

0.65224

Currency

0.33722

Currency

0.52479

Currency

1.11569

Currency

0.55892

Калај

56.36

Злато

139576.04

Кобалт

56.29

Бакар

13.23

Родиум

278103.96

Рутениум

53852.50

Сребро

2044.16

Платина

56038.75

Иридиум

252383.36

Паладиум

43628.56

Алуминиум

3.28

Цинк

0.00