Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Охрид, 28. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: – Виадукт Трејд Гостивар известува дека од 24.09.2025 година ...
Охрид, 28. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Преподобен Ефтимиј Новиот. Роден е во Анкира, во 824 година од праведни родители, Епифаниј и Ана. Служеше војска, се ожени и имаше една ќерка, Анастасија. Се подвизуваше строго и долго во Олимписките манастири, а потоа на Света Гора. Извесно време живееше како столпник во близина на Солун. Овде, во околината на Солун, основа еден машки и еден ...
Скопје/Охрид, 27. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во среда, на 29. октомври 2025 година, со почеток во 20:00 часот, во Културно-информативниот центар Скопје ќе биде отворена изложбата на колажи и графики од Ивана Мојсовска Головска и охриѓанката Ема Димовска. Во интимниот свет на серијата колажи на Ивана Мојсовска Головска, просторот станува и засолниште и замка – псохолошки простор во кој фигурата ја преиспитува сопствената присутност. Во овие ...
Охрид, 27. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во годинашната хуманитарна и спортско-рекреативна акција на Црвен крст Охрид „За посреќно детство“ беа собрани 50.364 денари, средства што ќе бидат наменети за помош во лекување на деца од семејства во социјален ризик. Заблагодарувајќи се на сите оние кои учествуваа, ја помогнаа, поддржаа и реализираа акцијата, од охридскиот Црвен крст информираат дека денес во 19:00 часот ќе биде извлекувањето на ...
Охрид, 27. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна количина за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово кај паркот кај црквата „Св. Петка“ кај „Канео“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и ...
Охрид, 27. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Манастирот „Света Петка“ се наоѓа на падините на ридот „Олмец“ во охридското село Велгошти, важи за олицетворение на духовноста и културното богатство на регионот. Посветен е на света великомаченичка Параскева – Петка Римјанка, која се слави на 8-ми август, кога е манастирската слава. Манастирската црква е еднокорабна и над двоводниот покрив се издига еден висок осмостран тамбур со прозорци. Градена е од ...
Охрид, 27. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во близина на прекрасното село Љубаништа, на самиот брег на Охридското Езеро, веднаш под Манастирот Свети Наум, како негов метох, е лоцирана црквата посветена на Света Петка. Подигната е на место каде што се верува дека извира лековита вода, а со својата духовна и историска значајност се претвора во истински извор на вдивување и културно богатство. Од срцето на манастирскиот комплекс Свети Наум, одекнува ...
Охрид, 27. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Култот кон света Петка во поширокиот регион на Охрид и Охридско е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести. Света Петка многумина ја сметаат за заштитник и се верува дека таа особено ги штити и им помага на жените, децата и старите лица. Верниците се молат на неа, особено жените, да им помогне во животните проблеми. Покрај храмовите посветени на светицата, често ...
Охрид, 27. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Преподобна Параскева (Света Петка) – Петковден. Ја викаат уште и мајка Параскева и Црна Света Петка и се верува дека оваа светица ги штити од разни несреќи, но и од многу болести. Света Петка била од словенско потекло, од градот Епиват, меѓу Салинаврија и Цариград. Родителите и’ биле имотни и побожни христијани. Таа живела со нив до нивната смрт, ...
Охрид, 27. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до 17. степени. – Утре ќе има локални врнежи од дожд со послаб интензитет и ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Потоа во следните два дена времето ќе биде стабилно со постудени утра, а нов локален дожд повторно се ...
Охрид, 27. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: – Виадукт Трејд Гостивар известува дека од 24.09.2025 година започнаа ...
Охрид, 27. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Денеска започнува зимскиот ред на летање за 2025/26 година. Од Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид се предвидени пет дестинации, на кои ќе сообраќаат три авиокомпании. – Од 27 октомври од Охрид ќе се лета кон Базел-исклучително важна дестинација бидејќи Охрид го отвораме не само за туристите од Швајцарија туку и за туристите од Франција и Германија, затоа што ова е таканаречениот европски аеродром ...
Охрид, 26. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 25 октомври 2025 година, во 18:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека на локалниот пат помеѓу селата Волино и Ливада, Општина Дебрца, 55-годишно лице од Охрид, управувајќи четирицикл „Поларис“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од патот. – Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. ...
Охрид, 26. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Објавата за хотелот „Палас“, како дел од неодамнешната доза OhridIn, во рамките на која секојдневно објавуваме дневни видеа и фотографии од Охрид за сите на кои им недостасува, деновиве е помеѓу најкоментираните деновиве на Facebook профилот на OhridPress. Хотелот е изграден во средината 20-от век, кога југословенската држава го препознава туризмот како катализатор за модернизација на државата. Охрид ...
Охрид, 26. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress секојдневно ви нуди здрава доза OhridIN, за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е компилација од охридска убавина од изминатата недела, од понеделник, 20-ти до сабота 25-ти октомври 2025 година. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на ...
Охрид, 26. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Едно време ги немаше, но веќе еден месец кучиња скитници се „декор“ по охридските улици, реагираат граѓани на Охрид во допис до редакцијата на Супер радио и OhridPress. – Како да се појавија од никаде пред повеќе од еден месец. Имаше и претходно, но многу малку и беа обележани од службите. Сега ги има во поголем број. Тука шетаме со деца и не би сакале да се случи некој немил настан, стои во реакцијата. ...
Охрид, 26. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници утре ќе го прослават празникот посветен на преподобната Мајка Параскева. Кај нас ова е голем празник затоа што се верува дека света Петка е голема светица која им помагала на болните и сиромашните и ѝ се упатуваат молитви за спас од неволји и проблеми. За чудата на Света Петка има неколку сведоштва, додека во некои приказни таа жестоко ги казнува оние кои не ги почитуваат правилата. ...
Охрид, 26. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Секоја недела на Вашиот Број 1 локален информатор, интернет порталот OhridPress Ви нудиме избор од ТОП вестите кои ја одбележаа неделата која е зад нас. Од нив, најголемиот дел се авторски вести на нашата редакција, но поместен е и избор од настаните кои оставија белег на седмицата која е зад нас. Охрид некогаш: Канео и црквата Свети Јован Богослов во 1918 годинаСо освоени 16.565 гласови, д-р Кирил ...
Охрид, 26. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Денеска ќе се одржи настанот „Розев октомври“, со кој ќе се подигнува свеста за потребата од рано откривање на ракот на дојката. – Иницијативата „Збогум Буково“, во соработка со Здружението на лица со дијабет „Охрид”, Уметничката едукативна академија „Сјај“ и Здружението „Ретко е да си редок“, организираат настан со цел подигање на свеста за потребата од рано откривање на ракот на дојката и ...
Охрид, 26. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават Денот посветен на Светата великомаченичка Злата Мегленска. Родена е во селото Слатина, во Мегленската област, од сиромашни селски родители, коишто имаа уште три ќерки. Света Злата беше кротка и побожна девојка, мудра со Христовата мудрост и златна не само по име туку и по богобојазливото срце. Еднаш кога излезе по вода, ја фатија некои бесрамни Турци и ја одвлекоа ...
Охрид, 26. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: – Виадукт Трејд Гостивар известува дека од 24.09.2025 година ...
Охрид, 26. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до 23. степени. – Денеска, најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во понеделник претпадне насекаде, ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи. Поинтензивни процеси во форма на ...
Охрид, 25. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со забележителен успех и освоени 10 медали од кои 6 златни, каратистите на клубот „Чоле“ од Охрид се враќаат од Меѓународниот меморијален натпревар „Никола Грданоски Нике“, кој денеска се одржа во Скопје. – Со само четири натпреварувачи успеавме да освоиме 10 медали, од кои најмногу, шест, се златни. Константина Ангелоска освои три први места, Исак Љатко едно прво и три трети места, Тео Дамјаноски едно ...
Охрид, 25. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот еден час наназад, промена која за многумина значи еден час подолго спиење, но треба да се знае дека таа има влијание врз здравјето и состојбата на целиот наш организам. Поместувањето на стрелките на часовникот особено не е погодно за метеопатите и пациентите со хронични болести, но не се исклучени и лицата што немаат никакви здравствени проблеми. Познато е ...
Охрид, 25. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 24. октомври 2025 година, во 17:20 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар во угостителски објект во охридското село Пештани, сопственост на 44-годишно лице од истото село. – Пожарот е изгаснат од страна на екипа на Територијалната противпожарна единица од Охрид и од сопственикот, кој вдишал чад и бил пренесен во Општата болница во Охрид за укажување помош. Увид изврши екипа од СВР Охрид, ...
Охрид, 25. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Еден млад господин од Охрид имаше посебна кованица и муабет за вакви случаи, која совршено ја опишува оваа состојба на умот. – Тоа ти е пријателе „срамизам“… Тие се глупираат, тебе ти е незгодно и те фаќа срам, знаеше да каже. Денешниот „срамизам“ сведочи за нов случај кога е фрлена во езерото една од корпите за ѓубре поставени на кеј „Македонија“. Е па пријатели… Срамизам… (Крај) извор: ОхридПрес фото: ...
Охрид, 25. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Универзитетското студентско собрание (УСС) на УКИМ, викендов во Охрид се одржува втората Интердисциплинарна студентска конференција. – Охрид ќе биде центар на младинската енергија, знаење и инспирација, посочуваат од УСС УКИМ. Настанот ќе опфати 14 едукативни работилници, две панел-дискусии и една тематска забава, а работилниците ќе обработуваат теми од различни области како економија, ...
Охрид, 25. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна количина за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово кај паркот кај каналот „Студенчишта“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за ...
Охрид, 25. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва, на ноќта помеѓу 25-ти и 26-ти октомври ќе започне зимското сметање на времето. Стрелките на часовниците ќе се поместат за еден час наназад, со што времето во 03:00 ќе се смета за 02:00 часот. Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. Оваа промена, која ...
Охрид, 25. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: – Почнувајќи од 3-ти септември 2025 година, во период од 2 седмици, на патниот ...