Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Охрид,17. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Полицискиот билтен носи информации за неколку настани случени на територијата на СВР Охрид, пронајдена и одземена е воздушна пушка, пронајдена течност од канабис, пожар на работни машини… На 16 октомври 2025 година, при претрес во домот на 32-годишно лице од охридското село Лескоец, извршен со судска наредба, полициските службеници од СВР Охрид пронајдоа и одзедоа воздушна пушка „Славија“ калибар 4,5 ...
Охрид, 17. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во општина Охрид за претстојните локални избори се евидентирани вкупно 52.580 граѓани со право на глас. За Охрид се поднесени 4 листи за градоначалник и 11 за членови на градскиот совет – четири предложени од коалиции, три од партии и четири од група избирачи. Претенденти за градоначалничката фотелја на овие локални избори се актуелниот градоначалник, Кирил Пецаков, како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и ...
Скопје/Охрид, 17. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Двата македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид во првите девет месеци опслужиле вкупно 2.585.096 патници што е зголемување од 6% во однос на истиот период, минатата година. Бројот на летови пак, во истиот временски период е зголемен за 3% односно двата аеродроми опслужиле 20.141 летови од почетокот на годината до септември. Според статистиката ...
Охрид, 17. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна количина за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово во центарот на градот, кај Градското пристаниште. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, ...
Охрид, 17. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Познатиот македонски и охридски гитарист Владимир Василески- Четкар, заминува на турнеја во САД, каде ќе одржи концерти во пет градови. – На 24 октомври ќе се одржи концерт во Њујорк во Chelsea Table and Stage. На 31 октомври во Кливленд во Bop Stop at the Music Settlement, на 7 ноември во Детроит во Aretha’s Jazz Cafe at the Music Hall, на 8 ноември во Колумбус во Natalie’s Grandview и на 12 ноември во ...
Охрид, 17. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Ненад Целески од охридскиот Таеквондо клуб „Хваранг Фист“ е Балкански шампион во категоријата јуниори +78 кг на Балканското Таеквондо првенството кое е во тек во градот Дупница во Бугарија, на кое силите ќе ги одмерат 800 натпреварувачи од Балканот. Охридски „Хваранг Фист“ има 4 претставници во македонскиот тим. Вчера Ненад Целески во 1 коло го победи претставникот на Романија, во полуфиналето ...
Охрид, 17. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Денеска е последниот ден од изборната кампања пред одржувањето на првиот круг на претстојните локални избори, што треба да се одржат во недела на 19 октомври. Политичките партии, независните кандидати и коалиции уште денеска имаат можност да се претстават себе си и своите визии и програми за локалните избори. Веќе од понеделник, 20 октомври ќе почне кампања за оние општини каде нема да биде избран ...
Охрид, 17. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: – Почнувајќи од 3-ти септември 2025 година, во период од 2 седмици, на ...
Охрид, 17. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници го прославуваат денешниот ден во чест на Светиот свештеномаченик Еротеј. Другар на свети Дионисиј Ареопагит. Верата ја прими од светиот апостол Павле малку после Дионисиј. Подоцна, овој апостол го постави за епископ Атински. Во времето на успението на Пресвета Богородица и Еротеј се јави во Јерусалим и учествуваше во погребот. Со своето Божествено пеење, мнозина ги приведе кон ...
Охрид, 17. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Партијата ВМРО-ДПМНЕ денеска во Охрид ќе го одржи Завршниот митинг во пресрет на првиот круг од локалните избори, кои ќе се одржат во недела, на 19-ти октомври 2025 година. Митингот ќе се одржи во Спортската сала „Билјанини извори“, вечерва со почеток во 19:00 часот. – Заедно, сплотени и обединети да го направиме вистинскиот избор, порачуваат од партијата. (Крај) извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес ...
Охрид, 17. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Враќањето на вредниот ракописен материјал, Прохорпчинско изборно евангелие, по извршената заштитна интервенција, денеска ќе биде обележано со соодветна изложба и презентација на минатото на Евангелието во просториите на охридската библиотека. Прохорпчинско изборно евангелие е ракописен материјал кој потекнува од последната четвртина на XVI век, сопственост на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид. – ...
Охрид, 17. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес претежно облачно време со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до 13. степени. – Под влијание на влажен бран од Медитеранот до сабота времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има особено во западните делови кога се очекува ...
Скопје/Охрид, 16. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Прохорпчинско изборно евангелие, ракописен материјал кој потекнува од последната четвртина на XVI век, сопственост на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, по извршената заштитна интервенција вратен е на охридската библиотека, информираат од Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од Скопје. – Материјалот првпат беше донесен за конзервација во лабораторијата на ...
Охрид, 16. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 15 октомври 2025 година, во 22:05 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 48-годишник од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал кон неговата поранешна сопруга. – По извршено алкотестирање, полициските службеници кај него, констатирале 2,55 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, ...
Струга, 16. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 15 октомври 2025 година, во 11:00 часот во ОВР Струга е пријавено дека лице од струшкото село Велешта, при изведување градежни работи на улицата „Браќа Миладиновци “ во Струга со работна машина го поткопал темелот од јужниот ѕид на куќата-музеј на Владо Малески, која претставува споменик заштитен како значајно културно наследство. – Увид на местото извршија претставници на Националната установа ...
Охрид, 16. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 15 октомври 2025 година, во 16:55 часот на Граничниот премин „Свети Наум“, на излез од државата, полициски службеници лишија од слобода 64-годишно лице од Албанија затоа што при гранична контрола е констатирано дека евидирал со мерка „апси“ по барање од ОВР Струга, а во врска со кривично дело „кражба“. – Тој е предаден на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка, ...
Охрид, 16. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Утревечер во трговскиот центар Ohrid Mall нова културна содржина во рамки на проектот на Општина Охрид, Културата расте со децата „За сите деца“. Ќе се одржи детскиот музички концерт „Хероите на градот“. – Станете дел од едно ново волшебно музичко-драмско доживување за деца. Концерт исполнет со интерактивност, едукација и радост! На сцената ќе доминира класичната музика, внимателно адаптирана за ...
Охрид, 16. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Нашите херои, пожарникарите на Охрид заслужуваат подобри услови за работа, достоинствена плата и современа опрема, рече на денешната прес конференција д-р Асен Шајн, кандидат за градоначалник на Охрид од редовите на СДСМ и Коалицијата. Тој истакна дека ведаш по стапување на функција, во првиот месец од мандатот ќе ги подобрат условите за работа, ќе се ревидира начинот на исплата на платите на ...
Скопје, 16. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола ќе се дистрибуира доверливиот изборен материјал кон Општинските изборни комисии (ОИК), за гласањето на локалните избори 2025 што ќе се одржи в недела. Доверливиот материјал, кој ги вклучува гласачките ливчиња и Избирачкиот список, од ОИК ќе биде проследен до Избирачките одбори. Целата дистрибуција ќе се одвива со постојано и целосно обезбедување од припадници на ...
Охрид, 16. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна количина за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово кај каналот „Студенчишта“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за посакуваните ...
Охрид, 16. октомври 2025 Денес, светот го одбележува Меѓународниот ден на борба против гладта, ден кој нè потсетува на суровата реалност со која се соочуваат милиони луѓе секојдневно. Гладот не е само недостаток на храна, туку и недостаток на можности, образование и здравје. Тој е лице на нееднаквоста, заборавените заедници и системските пропусти. Во свет каде што има доволно ресурси за сите, постоењето на глад е неприфатливо. Овој ден е ...
Скопје/Охрид, 16. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 17 октомври 2025 година од 19:00 часот во Галеријата на Нишки колтурен центар, во Ниш, Србија ќе биде отворена изложбата „Секвенци од рефлексијата “ од авторот Слободан Милошески. Изложбата е составена од 10 скулпторски дела од галериски формат, создадени во последните две години во материјал инокс. Нишката публика ќе има прилика да ја посети изложбата до 27 окомври. – Секвенци од рефлексијата“ ...
Крушево, 16. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Денес се навршуваат 18. години од прераната смрт на македонската музичка легенда Тоше Проески. Тој загина на 16-ти октомври 2007 година околу 06:20 часот во сообраќајна несреќа на автопатот кај Нова Градишка, Република Хрватска. Џипот со кој што управуваше пријателот на Тоше, тогаш 32-годишниот Ѓорѓи Ѓорѓевски, поради неприлагодена брзина и премалото растојание помеѓу возилата, удри во приколката на ...
Охрид, 16. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до 16. степени. – Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во петок, кога се очекува ...
Охрид, 16. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: – Почнувајќи од 3-ти септември 2025 година, во период од 2 седмици, на патниот ...
Охрид, 16. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денеска го слават споменот и Денот посветен на Свети свештеномаченици Дионисиј Ареопагит, епископ Атински, Рустик презвитер и Елефтериј ѓакон. Се вбројува во Седумдесетте апостоли. Овој прекрасен маж беше од угледно нензабожечко семејство од Атина. Откако заврши фиолсофска школа во Атина, отиде во Египет за да учи уште. Во тоа време, еден ден на Крстот издивна Господ Исус Христос и ...
Струга, 15. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Поради изградба на објект, оштетен е ѕид и кровот на куќата на Владо Малески во Струга, споменик заштитен како културно наследство, информираат од Министерството за култура и туризам. – Во врска со оштетувањата на споменик на културата на улицата „Браќа Миладиновци“ бр. 16 во Струга, информира дека министерот Љутков е во координација со надлежните институции за преземање на соодветни мерки. Стручните ...
Охрид, 15. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со помош на модерните AI алатки, ве враќаме во едно старо и прекрасно време. Модерната технологија овозможува старите фотографии да „оживеат“, да им се даде нова димензија и да се вратат во живот. Погледнете како изгледа стара фотографија од еден летен ден и многу деца како уживаат во капењето во езерото, сега во вид на кратко, AI генерирано видео. Следете не на Facebook и YouTube за повеќе вакви видеа. ...
Охрид, 15. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Полицискиот Билтен носи информации за повеќе настани случени во регионот на Охрид и Струга. На 15 октомври 2025 година, во 01:20 часот на булеварот „Македонски просветители“ На улицата „Македонски просветители“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 53-годишно лице од Охрид затоа што го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и непристојно однесување и лажно пријавил дека бил физички ...
Охрид, 15. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Охридска компанија Cleanex Professional денеска го одбележува 12 роденден, период во кој остана верна на слоганот под кој работат – Екстра чисто, Екстра брзо, Екстра професионално. Компанијата зад себе остана 12 години посветеност, доверба и беспрекорна чистота со сериозна посветеност на клиентите и развој и проширување на тимот, кој останува главната сила на Cleanex Professional. – Од првиот ден, нашата ...