Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
Охрид, 2. февруари 2026 (ОХРИДПРЕС) – На денешен ден, во 1983 година во Охрид почина д-р Елена Етингер Каваева. „Јас не учев и не дојдов тука да печалам, ами да лекувам болни, да бидам од полза за народот…“ Oва е познатата реченица на д-р Елена Етингер Каваева, Еврејка која за време на бугарската окупација во 1941 година заедно со нејзината ќерка Рејна била на списокот за депортација во логорот „Треблинка“, каде што биле испратени 7.144 Евреи ...
Охрид, 2. февруари 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Преподобен Ефтимиј Велики. Роден е во ерменскиот град Мелитина близу реката Еуфрат околу 377 година од благородни и угледни родители. Единец син, роден по молитвите на мајка му Дионисија, којашто имаше небесно видение за раѓањето на Ефтимиј. Се подвизуваше од младоста, најпрво во близина на својот роден град, а откако го посети Ерусалим во дваесет ...
Охрид, 2. февруари 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинските превои „Плетвар“, „Ѓавато“ и „Пресека“. Од 05:25 часот на патниот правец ...
Охрид, 2. февруари 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес претежно облачно време со услови за слаби врнежи од дожд и снег на повисоките места. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе се искачи до 7 степени. – Во текот на следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на ...
Охрид, 1. февруари 2026 (ОХРИДПРЕС) – Охрид од секогаш бил ризница за млади музички таленти и не попусто се вели дека во Охрид од секогаш се слушала, пуштала, но и создавала и свирела најубавата музика. Доказ за тоа се и младите музичари, кои заедно настапуваат веќе подолг период, а со нивната верија на песната „Еп за Јане Сандански“, деновиве го свртеа вниманието врз себе на социјалните мрежи. Станува збор за младите музичари: Бојан Маркоски ...
Охрид, 1. февруари 2026 (ОХРИДПРЕС) – Денеска, 1 февруари 2026 година, во 17:00 часот, на булевар „Железничка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид сопреле патничко возило со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 44-годишно лице од Охрид. – По извршени проверки, констатирано е дека возилото го управувал со впишана заштитна мерка „забрана за управување со моторно возило од Б категорија”. Известен е јавен обвинител, ...
Скопје/Охрид, 1. февруари 2026 (ОХРИДПРЕС) – Испратен е извештајот до седиштето на УНЕСКО и во моментов се чекаат препораките за Охрид и Охридскиот Регион, порача денеска министерот за култура и туризам во Владата на Република Македонија Зоран Љутков. Според него, станува збор за наследен, долгогодишен проблем и дека изминатава година и половина биле направени бројни интервенции и заложби во Охридскиот Регион, биле донесени повеќе заклучоци ...
Скопје/Охрид, 1. февруари 2026 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за култура и туризам на Република Макдонија, денеска, на својата веб-страница ги објави резултатите од Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2026 година. Средства ќе добијат и бројни охридски здруженија, институции и манифестации, а предвидена е и поддршка за повеќе настани кои ќе се одржат во градот под ...
Охрид, 1. февруари 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 1 февруари 2026 година, во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведено е 21-годишно лице од Охрид, кое претходно било агресивно кон полициските службеници кои преземале службени дејствија. – По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај) извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес ...
Охрид, 1. февруари 2026 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 51-годишно лице од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба на наркотични дроги“. – При преглед во патнички автомобил марка „Опел астра“ со скопски регистарски ознаки, извршен на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, полициските службеници го затекнале пријавениот како му овозможил користење марихуана на лице од Охрид, по ...
Дел од предавањето наеден психолог пред студентите. Секој ден се соочуваме со предизвици и пречки, кои ни помагаат да растеме и кои нè дефинираат. Но, кога стресот ќе се прикраде од зад вратата, може да ги направи работите да изгледаат сосема невозможни. Дури може да нè парализира и да нè спречи да ги правиме работите што треба да се направат. Професорот турил вода од бокалот во чаша и ги прашал своите студенти: „Колку е тешка оваа чаша ...
Охрид, 1. февруари 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 31 јануари 2026 година, во 23:20 часот во СВР Охрид лишено е од слобода 49-годишно лице од Охрид, по претходна пријава дека на улицата „Марко Нестороски“ во Охрид, со дрвен предмет нападнал 40-годишник, исто така од Охрид, по што извадил нож и замавнал кон нападнатиот. – По целосно документирање на настанот, против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај) извор: ...
Охрид, 1. февруари 2026 (ОХРИДПРЕС) – На медиумите, социјалните мрежи, но и на бројни дуќани по охридската чаршија, веќе со години наназад, во овој период од годината, се објавуват огласи преку кои се бараат вработени. Ваквата слика не е само по чаршијата, туку се повторува и во другите делови на градот, а на проблемот со работници веќе подолго време реагираат и сопствениците на поголемите компании од Охрид. Како најчести причини кои ...
Охрид, 1. февруари 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Крушево, на Попова Шапка, во Маврово и на планинските премини Стража, Ѓавато и Пресека. На ...
Вашингтон/Охрид, 1, февруари 2026 (ОХРИДПРЕС) – Светската јавност и бројни јавни личности се засегнати од објавените документи од страна на американското Министерство за правда, кои откриваат детали од комуникацијата со починатиот сексуален престапник Џефри Епстин. Во еден од документите, објавена е и маил порака во која е споделена како препорака за посета листа на Lonely Planet за топ дестинации за 2017 година, во кои се споменува и нашиот ...
Охрид, 1. февруари 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress секојдневно ви нуди здрава доза OhridIN, за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е компилација од охридска убавина од изминатата недела, од понеделник, 26 до сабота 31 јануари 2026 година. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За ...
Охрид, 1. февруари 2026 (ОХРИДПРЕС) – Од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР) информираат дека во текот на изминатите 24 часа во Охрид наврна 1 литар на метар квадратен. Во истиот период, најмногу дожд во државата наврна во Гевгелија, 12 литри на м2, по кој следуваат Крушево и Битола со 10 литри воден талог, 6 во Демир Капија, Маврови Анови и на Попова Шапка, 4 во Велес и Пожаране, 3 во Ѓуриште, 2 во Скопје кај ...
Охрид, 1. февруари 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е снимена утрово кај Градската чаршија. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 3 Охрид, 1. февруари 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од ...
Охрид, 1. февруари 2026 (ОХРИДПРЕС) – Секоја недела на Вашиот Број 1 локален информатор, интернет порталот OhridPress Ви нудиме избор од ТОП вестите кои ја одбележаа неделата која е зад нас. Од нив, најголемиот дел се авторски вести на нашата редакција, но поместен е и избор од останатите настани кои оставија белег на седмицата која е зад нас. Срамизам: Малку е да се каже СРАМОТА на ова! ДЗР констатира бројни неправилности и неусогласености ...
Охрид, 1. февруари 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Преподобен Макариј Велики. Бил Египќанец и еден од помладите современици на Антониј Велики. Татко му беше свештеник. Од послушност кон родителите се ожени, но жена му набрзо умре, а тој се оддалечи во пустина, каде што помина полни шеесет години во труд и борба, внатрешна и надворешна, за Царството Небесно. Кога го прашаа зошто е толку сув и кога ...
Охрид, 1. февруари 2026 (ОХРИДПРЕС) – На денешен ден во 1834 година во Охрид е роден Кузман Шапкарев. Тој е еден од најзначајните собирачи, публикатори и афирматори на македонски народни умотворби и еден од првите македонски учебникари. Ги објави делата „Зборник на народни умотворенија, наука и книжнина“, „Материјали за животописот на браќата Миладинови Димитрија и Константин“, како и осум учебници што ги напиша за потребите на училиштата во ...
Охрид, 1. февруари 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, a на повисоките места од снег. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе се искачи до 5 степени. – Во понеделник наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат во ...
Охрид, 1. февруари 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Крушево, на Попова Шапка, во Маврово и на планинските премини Стража, Ѓавато и Пресека. На ...
Охрид, 31. јануари 2026 (ОХРИДПРЕС) – Граѓаните од денеска ќе можат да го следат во живо квалитетот на воздухот во Охрид на водечкиот локален информатор – интернет порталот OhridPress. Веќе подолг период наназад, Охрид често е помеѓу градовите со највисоко загадување на воздухот во државата. Податоците можете да ги следите преку посебен банер кој излегува на секоја објавена вест и во реално време го покажува нивото на загадување. Според ...
Охрид, 31. јануари 2026 (ОХРИДПРЕС) – Денес, по повод празникот Свети Атанасиј Велики Архиепископ Александриски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот на Дебарско-кичевската епархија г. Георгиј, отслужи Света Архиерејска Литургија во манастирот Свети Атанасиј Велики, метох на манастирот Свети Наум Охридски. Свети Атанасиј се слави двапати во годината, како заеднички спомен на двајцата александриски архиепископи Свети Атанасиј Велики и ...
Кичево, 31. јануари 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 30 јанаури 2026 година, во 23.17 часот, на магистралниот пат Кичево-Охрид, во близина на кичевското село Подвис, случена е сообраќајна незгода во која се повредени седум лица, од кои едно малолетно. – Незгодата се случила помеѓу патничките моторни возила „Рено“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(51) од Прилеп и „Џип“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.У.(33) од кичевското ...
Охрид, 31. јануари 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 31 јануари 2026 година, во 02:55 часот, во СВР Охрид лишено е од слобода 52-годишно лице од Охрид кое се сомничи дека е сторител на кривично дело по член 297 од Кривичниот законик „безобѕирно управување моторно возило“. – Тој, на пресекот на кеј „Македонија“ со улицата „Јане Сандански“ во Охрид, управувајќи патничко возило марка „Нисан“ со охридски регистарски ознаки, удрил во патничко возило „Голф“ со ...
Охрид, 31. јануари 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна количина за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово кај Градската плажа во населбата Воска. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за ...
Охрид, 31. јануари 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е снимена утрово на лебедовото езеро, кај Градска плажа Воска. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 7 Охрид, 31. јануари 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува ...
Охрид, 31. јануари 2026 (ОХРИДПРЕС) – Денеска во Охрид ќе се одржи стручен медицински, акредитиран настан за доктори на медицина, посветен на аутизмот-од дијагноза до поддршка за достоинствен живот. Истиот е насловен „Аутизам од дијагноза до достоинство“ и ќе се одржи во НУ Библиотека „Григор Пеличев“ во Охрид, со почеток во 13:00 часот. Свои излагања ќе имаат еминентни предавачи: проф. д-р Филип Дума – детска неврологија, Амела Мемиш ...