Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Охрид, 6. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Да се потсетиме на неколку легенди на големиот Цар Самуил, средновековен македонски владетел. На преминот од X кон XI век, тој формирал пространо царство на територијата на Балканскиот Полуостров. Легендата за Билјана Цар Самуил имал тајна љубов со Билјана, која заслепувала со својата убавина. Тој бил многу вљубен во прекрасната и заносна Билјана и тајно – покрај изворите се среќавал со убавицата. Откако ...
Скопје/Охрид, 6. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Според идентификацијата што ја изврши проф. д-р Милан Бошкоски од Институтот за национална историја во Скопје, цар Самуил на минијатурата од свадбата на неговата ќерка Мирослава е на возраст од околу 50 години, а овој негов лик на минијатурата, заедно со уште два цртежа, се единствените автентични визуелни сведоштва за македонскиот цар. Оттука, според д-р Бошкоски, сѐ што досега е објавено како ...
Охрид, 5. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Претседателот на Турската демократска партија, Зулфикар Зејнула, заедно со подпретседателите, денес го посетија огранокот на ТДПМ во Охрид. – За време на оваа значајна посета беше нагласено значењето на локалните избори, при што беа испратени пораки за единство, и заедништво на заедницата. Носителот на листата Ајфер Ариф Муфти истакна дека овие избори се многу важни бидејќи ДПТМ после повеќе од 20 години ...
Охрид, 5. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 4-ти октомври 2025 година, во 13:30 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, врз основа на локален распис лишено е од слобода 33-годишно лице од Охрид. – Тој, на 3-ти октомври 2025 година во СВР Охрид беше пријавен дека, подолго време вознемирувал, а на 29-ти септември 2025 година и физички нападнал 25-годишна девојка од Охрид, која била на нејзиното работно место. Против него ќе биде поднесена ...
Охрид, 5. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Иако веќе навлеговме во октомври и деновиве имаме релативно студено и облачно време со врнежи од дожд, во Охрид и понатаму доаѓаат организирани групи туристи од целиот свет. И понатаму најбројни се посетителите од Турција, но и соседните Србија и Албанија. Тие уживаат во прошетки во центарот на градот, ги посетуваат најпопуларните локации, а често ги користат и услугите на охридските бродови за да го ...
Охрид, 5. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress секојдневно ви нуди здрава доза OhridIN, за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е компилација од охридска убавина од изминатата недела, од понеделник, 29-ти септември, до сабота 4-ти октомври 2025 година. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета ...
Струга, 5. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Чест ми е што сум единствен кандидат од парламентарниот блок од македонските партии и што Левица покажа дека има потенцијал и има капацитет да се тркаме и со големите играчи, рече пратеничката и кандидат за градоначалник на Струга, Јована Мојсоска. На својата официјална промоција пред стружани посочи дека градоначалничката трка ја трча со надеж и апел дека борбата не може да е однапред прогласена за ...
Охрид, 5. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со одлични дискусии, инспиративни панели и презентација на научни трудови, викендов заврши шеснаесеттото Стручно советување со меѓународно учество „Подекс-Повекс 25“, во организација на Здружението на рударски и геолошки инженери на Република Македонија. Настанот ги обедини водечките експерти од земјата и регионот, кои преку панел дискусии и научни трудови отворија суштински теми за иднината на ...
Охрид, 5. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – На денешен ден во 2007 година, македонскиот музички ангел Тоше Проески го одржа последниот концерт, на Градски стадион во Скопје, само 11 дена пред трагичната сообраќајна незгода во која го изгуби животот. Концертот беше со хуманитарен карактер, а целата собрана сума беше за реновирање на стотина училишта ширум Република Македонија. – Чест ми е што сум дел од проект од вакви размери и од големи планови за ...
Охрид, 5. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Секоја недела на Вашиот Број 1 локален информатор, интернет порталот OhridPress Ви нудиме избор од ТОП вестите кои ја одбележаа неделата која е зад нас. Од нив, најголемиот дел се авторски вести на нашата редакција, но поместен е и избор од настаните кои оставија белег на седмицата која е зад нас. Продолжува нискиот водостој, Охридското Езеро е на 17 сантиметри под просечното месечно ниво (Фото/Видео) ...
Охрид, 5. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до 17. степени. – Утрово ќе биде студено со ниски утрински температури, кои наместа ќе се спуштат под нула степени, а преку денот ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Во текот на ноќта и во првите два дена од следната седмица ќе има повремени ...
Охрид, 5. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: – Почнувајќи од 3-ти септември 2025 година, во период од 2 седмици, на ...
Охрид, 5. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денеска го празнуваат споменот на Свети пророк Јона. Живееше повеќе од 800 години пред Христа. Во неговото житие се вели дека тој бил синот на онаа вдовица во Сарепта Сидонска на која пророкот Илија ѝ го воскресна синот од мртвите. Со своето тридневно пребивање во утробата на китот, свети Јона е предобраз на тридневното пребивање на Христос во гробот, а со неговото спасение – го ...
Охрид, 4. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Охридскиот Црвен крст и традиционалниот партнер, Стоматолошкиот Центар „Д-р Баткоски“, денеска на Градскиот плоштад во Охрид се одржа традиционалната хуманитарна и спортско-рекреативна акција „За посреќно детство“. Настанот започна во 11:00 часот со „главна трка“ на младите чиј старт беше од кеј „Македонија“, на потегот пред хотелот „Палас“, а цел на кеј „Македонија“, пред Центарот за ...
Охрид, 4. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во своето обраќање на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ во Охрид, синоќа истакна дека за само година и пол, ВМРО-ДПМНЕ не донесе ништо освен ароганција, поделби и изневерени очекувања. Филипче посочи дека власта нема капацитет да изгради правна држава, туку нуди само празни изјави без реални резултати. – Што да се ...
Охрид, 4. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 4-ти октомври 2025 година, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, лишен e од слобода 38-годишник од Охрид. – При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патнички автомобил марка „Опел“ со охридски регистарски ознаки, што тој го управувал, и притоа, кај него констатирале 1,50 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава ...
Охрид, 4. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 3-ти октомври 2025 година, во 14:40 часот, во СВР Охрид е пријавено дека лице од Охрид, подолго време вознемирувал, а на 29-ти септември, околу 22:00 часот и физички нападнал 25 годишна девојка од Охрид, која била на нејзиното работно место. – Се преземаат мерки за пронаоѓање на напаѓачот, по што против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 131 од Кривичниот законик „тешка телесна повреда“, ...
Охрид, 4. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 3-ти октомври 2025 година, во 16:10 часот, полициски службеници на улицата „Кленоец“ во Охрид, приведоа 29-годишно лице од Охрид, кој бил затекнат додека се движел низ простории од поранешната касарна во Охрид.. – При обид за легитимирање, тој бил агресивен кон полициските службеници. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај) ...
Охрид, 4. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна количина за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово кај Градската плажа во населбата Воска. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за ...
Охрид, 4. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот Црвен крст ја најавува традиционалната хуманитарна и спортско-рекреативна акција „За посреќно детство“, која ќе се реализира денеска. – Овој настан има широко општествено значење и ќе започне во 11:00 часот со „главна трка“ на младите чиј старт ќе биде од кеј „Македонија“, на потегот пред хотелот „Палас“, а цел на кеј „Македонија“, пред Центарот за култура „Григор Прличев“, каде ќе продолжат ...
Охрид, 4. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 12. степени. – Во деновите од викендов времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, кои наместа се очекува да се спуштат под нула степени. Во недела кон крајот на денот и во понеделник ќе има повремени локални врнежи од дожд. До среда ќе дува ...
Охрид, 4. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: – Почнувајќи од 3-ти септември 2025 година, во период од 2 седмици, ...
Охрид, 4. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денеска го празнуваат споменот на Свети апостол Кодрат. Еден од Седумдесетте. Ученик на големите апостоли. Го проповедаше Евангелието во Атина и беше епсикоп: најнапред во Атина (после свети Публиј), а потоа во градот Магнезија. Беше многу учен во светската мудрост и богат со благодатта на Светиот Дух. Неговиот животописец за него вели: „Беше како утринска ѕвезда сред облаци (Сирах ...
Охрид, 4. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во катедралната црква „Света Софија“ во Охрид, на денешен ден, во 1986 година, се одржал Архиепископски изборен црковно-народен собир, на кој г.г. Гаврил (Ѓорѓи Милошев) бил избран за трет по ред Архиепископ охридски и македонски-поглавар на Македонската православна црква. Следниот ден во црквата „Свети Климент“, новоизбраниот поглавар положил свечена заклетва и му биле врачени архиепископските обележја. ...
Охрид, 3. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во популарната Facebook група Муабети од Охрид и околината, од 2020 година, кога е отворена, секојдневно се споделуваат прекрасни приказни за Охрид и околината, вистински спомени од едно минато време, некогашниот начин на живот, но и спомени за луѓе и настани кои оставиле сериозен печат во времето. Со одобрение од администраторот, на OhridPress ќе споделуваме дел од најубавите приказни, се’ во насока да ...
Охрид, 3. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со чесност, работа и истрајност да продолжиме да го градиме Охрид, порача на денесшната прес конференција носителот на советничката листа од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“ за претстојните локални избори, Перчо Божиновски. Заложбата на Советот на Општина Охрид и советниците ќе биде поддршка на 10 приоритетни проекти за општината како дел од програмата на идниот градоначалник Кирил Пецаков – ...
Охрид, 3. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Горд сум на сѐ што успеавме да реализираме. Нашата работа се гледа во секое поле, што придонесе за поквалитетен живот на сите охриѓани, рече на првата прес конференција во кампањата за претстојните локални избори кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“ Кирил Пецаков. Нашата мисија не завршува тука. Ова е само почеток, а пред нас стојат нови предизвици и уште ...
Охрид, 3. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 2-ри октомври 2025 година, околу 12:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид се случила сообраќајна незгода во која е повредено ено лице. – Незгодата се случила кога патничко возило марка „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 74-годишниот Т.М. од Охрид, удрило во 70-годишната Р.К од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила ...
Охрид, 3. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Локалните избори се во полн ек, а кандидатите за градоначалник, но и оние кои претендираат да седнат во советничкото столче постојано и на повеќе начини ги соопштуваат ставовите и плановите за поубав и поуспешен Охрид пред граѓаните. Од врата на врата, спотови преку медиуми и социјалните мрежи, средби со граѓаните, трибини, митинзи… Ова се главните и веќе видени начини на кои се испраќаат пораките до ...
Охрид, 3. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Здружението на слепи лица Охрид во соработка со Општина Охрид по повод Меѓународниот ден на слепите лица организира концерт на КУД на слепи лица „Билјана“ што функционира во рамки на Националниот сoјуз на слепи на Македонија. Концертот ќе се одржи утревечер во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 19:30 часот. Од Здружението ги покануваат сите заинтересирани кои сакаат да присуствуваат на ...