Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Охрид/Струга, 6. февруари 2026 (ОХРИДПРЕС) – Од денеска до 20 февруари 2026 година, на подрачјето на Охрид и струшкото село Радожда, ќе се реализираат активности за обука на специјалната единица на Армијата на Кралството Белгија. – Во рамките на вежбовните активности, предвидена е употреба и користење на артифиции, воени моторни возила, дронови, пловни и други средства. Планираната обука на специјалната единица на Армијата на Кралството ...
Охрид, 7. февруари 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со услови за локални врнежи од дожд претпладне. Ќе дува умерен ветер од западен правец. Максималната температура ќе се искачи до 12 степени. – Врнежи од дожд ќе има и во понеделник кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови, а на планините ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух врнежите ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Потоа ...
Охрид, 7. февруари 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Намалена видливост поради појава на магла до 60 метри на патниот правец Гевгелија-граничен премин „Богородица“, на планинскиот премин „Стража“ до 100 метри и кај Маврово до 100 метри. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е ...
Охрид, 7. февруари 2026 (ОХРИДПРЕС) – Денес се навршуваат 125 години од раѓањето на А. ден Долард, големиот холандски писател и вљубеник во Охрид и Република Македонија. А. ден Долард (A. den Doolaard) е псевдоним за холандскиот писател Корнелис Јоханес Георг (Боб) Спулстра Помладиот (Cornelis Johannes George (Bob) Spoelstra jr.) роден во градот Зволе на 7-ми февруари 1901 година. Автор е на бројни книги од различен жанр: романи, патописи, ...
Охрид, 7. февруари 2026 (ОХРИДПРЕС) – Според календарот на МПЦ-ОА (Јулијанскиот календар), денеска е 25 јануари, денот кој православните христијани го слават во чест на Св. Григориј Богослов. Во Црквата името Богослов го носат само три личности: Јован, апостолот и евангелист, Симеон, наречен Нов Богослов, и Григориј Кападокиецот, кого го славиме денес. Последниов се роди во 330 година во Аријанз. Ги помина сите степени на тогашната наука, ...
Охрид, 6. февруари 2026 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 60-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик и по член 95 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции. – Тој, претходно, вработен како инженер – агроном во фабрика за ...
Охрид, 6. февруари 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 6 февруари 2026 година, во 10:58 часот, во СВР Охрид е пријавено дека избувнал пожар во куќа во охридското село Велгошти. – Пријавено е дека избувнал пожар во куќа во охридското село Велгошти при што, 44-годишната Е.Т.Ѓ. од истото село се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид. Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид. Се преземаат мерки за ...
Охрид, 6. февруари 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на денешниот ден екипа на охридската противпожарна територијална единица (ТППЕ) од Охрид интервенираше на санирање на последиците од разорна експлозија во куќа во селото Велгошти. – Експлозијата е предизвикана од зголемена концентрација на гасови (плин) и останати фактори, кои допринеле за високо ниво на експлозивност, информираат од ТППЕ Охрид. Додаваат дека благодарение на брзата реакција на ...
Охрид, 6. февруари 2026 (ОХРИДПРЕС) – Како што информиравме, во претпладневните часови изби експлозија во куќа во селото Велгошти, пришто е повредена жена. Според информациите од Територијалната противпожарна единица Охрид разорната експлозија била предизвикана од зголемена концентрација на гасови (плин) и останати фактори, што придонеле за високо ниво на експлозивност. Благодарение на брзата реакција на пожарникарите спречено е и опожарување ...
Охрид/Струга, 6. февруари 2026 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид ја известува јавноста дека, од 7 до 20 февруари 2026 година, на подрачјето на Охрид и струшкото село Радожда, ќе се реализираат активности за обука на специјалната единица на Армијата на Кралството Белгија. – Во рамките на вежбовните активности, предвидена е употреба и користење на артифиции, воени моторни возила, дронови, пловни и други средства. Планираната обука на специјалната единица ...
Охрид, 6. февруари 2026 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид во периодот од 2021-2024 година активно учествуваше во проектот на програмата за развој на Обединетите Нации (UNDP) ReLOaD2, откако беше потпишан меморандум за разбирање помеѓу двете инволвирани страни. – Проектот Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан, ReLOaD2 беше финансиран од Европската Унија и го спроведуваше програмата за развој на Обединетите Нации (UNDP) во шест ...
Охрид, 6. февруари 2026 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид ја информира јавноста и сите апликанти дека, по спроведената постапка по Јавниот повик за финансирање на програми и проекти од јавен интерес на Општина Охрид во областа на културата, надлежната Комисија за култура изврши стручна евалуација на пристигнатите апликации. – Врз основа на извршената евалуација и согласно утврдените критериуми, донесена е Одлука за одобрување на проекти кои ќе ...
Охрид, 6. февруари 2026 (ОХРИДПРЕС) – Согласно објавениот список на одбиени проекти, апликантите чии проекти не се одобрени имаат право да добијат образложение за причините за одбивањето, информираат од Општина Охрид. – Деталните информации и образложенијата можат да се добијат по електронска пошта на адресата [email protected] или со лично обраќање во канцеларијата на Одделението за култура при Општина Охрид, секој работен ден во периодот од ...
Охрид, 6. февруари 2026 (ОХРИДПРЕС) – Името и е Lady Gaga, и важи за една од најпрепознатливите и најразновидните уметници во светот на музиката. Повторно е актуелна, сега со особено трогателен настап, овој пат не преку нов албум, туку преку реклама за која се очекува да ги воодушеви милиони гледачи. Познатата пејачка ја преработува култната песна „Won’t You Be My Neighbor“, позната од детската телевизиска емисија „Mister Rogers’ ...
Охрид, 6. февруари 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во охридската Територијална противпожарна единица, денеска, нешто по 10:30 часот е пријавена експлозија во куќа во селото Велгошти. Нивна екипа со едно противпожарно возило и четворица пожарникари интервенира на терен. Детали за настанот се очекуваат во текот на денот. (Крај) извор: ОхридПрес фото: архива Прочитано: 9 Охрид, 6. февруари 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во охридската Територијална противпожарна ...
Охрид, 6. февруари 2026 (ОХРИДПРЕС) – Познатиот Dj, продуцент и креативен уметник Dj Regie Rules од охридското Супер радио направи обработка на уште една фантастична македонска песна, овој пат на нашите „Камелеон“. Неговиот најнов ремикс е оној на песната „Те љубам“, која за прв пат беше изведена кон средината на август 2020 година, како дел од проектот „Езерска РОК симфонија“ на Камелеон и пријателите во Охрид. – Песната доби свеж funk-jazz ...
Охрид, 6. февруари 2026 (ОХРИДПРЕС) – Прекин во водоснабдувањето на неколку охридски улици. – Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 10:30 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на дел од улиците: „Марко Нестороски“, „Васил Главинов“, „7- ми ноември“ и „Питу Гули“, информираат од ЈП „Водовод“ Охрид. Нивни екипи се на терен до целосно завршување со санацијата. (Крај) извор: ОхридПрес фото: архива Прочитано: 4 ...
Охрид, 6. февруари 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово кај Градското пристаниште и Светилникот. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за ...
Охрид, 6. февруари 2026 (ОХРИДПРЕС) – Како што старееме, начинот на кој нашите тела ја обработуваат храната се менува, особено по 40-тата година кога метаболизмот природно се забавува, а хормоналните промени го олеснуваат акумулирањето на мастите околу стомакот. Овој вид масти, познат како висцерална маст, е поврзан со поголем ризик од срцеви заболувања, инсулинска резистенција и воспаление. Еден од главните фактори што придонесуваат се ...
Охрид, 6. февруари 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е снимена утрово со мотив од стариот дел на градот и Долни Сарај. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 24 Охрид, 6. февруари 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav ...
Охрид, 6. февруари 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со бројни активности, ООУ „Григор Прличев“ од Охрид денеска ќе го одбележи својот патронен празник. Програмата по повод патронатот е под мотото „Прличевиот збор е аманет – делото бесмртно“, а ќе се претстават учениците под менторство на нивните наставници. Од 09:00 часот ќе биде положен ловоров венец на бистата на Прличев во училишниот двор, во 09:30 часот во кабинетот по техничко образование ќе се одржи ...
Охрид, 6. февруари 2026 (ОХРИДПРЕС) – Денес се одбележуваат полни 133 години од смртта на великиот Григор Прличев. Еден од најпознатите писатели во македонската литература од 19-от век, Григор Прличев е роден во Охрид, според едни записи во 1830, а според други во 1831 година. Делата на преродбеникот и литерат, охридскиот и македонски великан, зрачат со епохалност, симболичност и енергија која ја воведе македонската литература во едно ново ...
Охрид, 6. февруари 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со изложба на ликовни дела од колекцијата на Центарот за култура, настап на градскиот хор „Вокс Лихнидос“, но и претставување и врачување на Повелбата за најдобра поема за 2025 на делото „Темна кутија“, вчера започна традиционалната манифестација „Прличеви беседи“, со што ќе се одбележи годишнината од смртта на поетот и преродбеник Григор Прличев. Денеска во 09:00 часот ќе биде положено свежо цвеќе пред ...
Охрид, 6. февруари 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го прославуваат денот посветен на Преподобна Ксенија. Родена е во Рим како ќерка-единица на познат сенатор. Привлечена од љубовта Христова не сакаше да стапи во брак како што сакаа нејзините родители, па за да ја избегне мажачката побегна од дома тајно, заедно со своите две робинки, па отиде на островот Коа во местото Милас. Овде основа обител на девици што се подвизуваа во ...
Охрид, 6. февруари 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во околината на Гевгелија, до 100 метри кај Струмица, Неготино и Сарамзалино и до 150 метри кај Демир Капија. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ...
Охрид, 6. февруари 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со услови за локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до 8 степени. – Денеска ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. ...
Охрид, 5. февруари 2026 (ОХРИДПРЕС) – Врз основа на член 50, став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр 5/02) и програмата за социјална и здравствена заштита на општина Охрид за 2026 година, Градоначалникот на Општина Oхрид објавува јавен повик за доделување на ученички, студентски, како и стипендии за лица запишани на магистерски и докторски студии на државните и приватните училишта и универзитети ...
Охрид, 5. февруари 2026 (ОХРИДПРЕС) – Младиот охридски боксер Наум Стојаноски од клубот „Алексо Огненовски“, од денеска е на подготовки во Лозница, Србија. Заедно со Адријан и Ружди Рустемоски и со поддршка на нивниот тренер Владимир Цекиќ, младите спортисти ќе се подготвуваат во категоријата сениори, за настап на престојниот „Опен Балкан куп“, кој ќе се одржи на 21 февруари во Ниш. Според најавите, нашите боксери ќе се подготвуваат со ...
Охрид, 5. февруари 2026 (ОХРИДПРЕС) – Популарните Броз и Марама, заедно со Емилија Маринова ја посветија новата песна „Жена убава“ на охриѓанецот Кристијан Љушев, кој не напушти неодамна. – Кристијан, другар, нашиот последен проект го споделуваме во чест твоја. Ти благодариме за се’ што направи за нас. Нема збогум, нема чао. Секогаш беше, си, и ќе бидеш дел од нас, порачаа Броз, Марама и Емилија. Текстот за песната го напиша Владимир ...
Штип/Охрид, 5. февруари 2026 (ОХРИДПРЕС)- На ден 4 февруари 2026 година, од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Штип, во координација со Одделот за криминалистичка полиција преземени се оперативно тактички мерки за расчистување на претходно сторени кривични дела „измама во врска со лажни сообраќајни незгоди“, при што било лишено од слобода 38-годишно лице од Охрид. – По извршен службен разговор, ...