Белград
7ᴼ /
6ᴼ
Охрид, 18. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Читатели на OhridPress информираат дека денеска, нешто по 18:00 часот се случила тешка сообраќајна незгода на патниот правец Охрид-Кичево, на потегот помеѓу Ботун и Ново Село. Според првичните, неофицијални информации, во незгодата учествувале патничко моторно возило и камион марка МАН. Нема потврдени информации за повредени лица во незгодата во која е причинета поголема материјална штета. Наскоро повеќе ...
Охрид, 18. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – УНЕСКО не се согласува со било каква интервенција на кејот во Охрид, изјави за емисијата „Вести Плус“ на Канал 5 телевизија вицепремиерот и министер за транспорт во Владата на Република Македонија Александар Николоски. – Членството во УНЕСКО има свои предности и свои мани. Овде станува збор за добивање на одобрение од УНЕСКО, од каде не се согласуваат генерално со никаква интервенција, истакна Николоски. ...
Охрид, 18. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Зголемените потреби од крв и крвни продукти за пациентите во здравствените установи во Охрид, се причина Црвен крст Охрид да организира вонредна крводарителска акција. Истата ќе се реализира во среда, на 20-ти август 2025 година, во Службата за трансфузија при охридската Општа болница, во периодот од 09:00 до 13:00 часот. – Ги повикуваме нашите сограѓани да ја изразат својата хуманост, дарувајќи ја ...
Охрид, 18. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Од денеска па сѐ до 1-ви септември до 24:00 часот тече рокот за собирање потписи за учество на независните кандидати за градоначалник и за советници во градските совети во пресрет на локалните избори закажани за 19-ти октомври. Потписите на избирачите во постапката на кандидирање се собираат пред службените лица на Државната изборна комисија и пред надлежен нотар на образец утврден од ДИК. Секој избирач ...
Струга, 18. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Од 21-ви до 25-ти август 2025 година, по 64-ти пат ќе се одржат Струшките вечери на поезијата, а Струга уште еднаш ќе биде центар на светската поетска сцена. Седумдесет поети од земјава и странство, критичари, преведувачи и литературни работници ќе учествуваат на манифестацијата. Покрај лауреатот, словачкиот поет Иван Штрпка, добитникот на наградата „Мостови на Струга“, полскиот поет Матеуш Шимчик, на ...
Охрид, 18. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Нема да поднесам кандидатура за градоначалник на Општина Охрид, изјави за Супер радио и OhridPress адвокатот Александар Новакоски, кој своевремено беше и претседател на Државата изборна комисија (ДИК). Новакоски, кој своевремено беше и претседател на Државата изборна комисија (ДИК), ваквата можност ја најави на социјалните мрежи во септември 2023 година. – Нема да се кандидирам, многу луѓе ме прашуваа ...
Охрид, 18. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Годинава, по јубилеен, петти пат се одржа новото издание на „Lake Ohrid SUP Crossing“. Учествуваа 125 регистрирани учесници од 19 различни земји. Грците беа апсолутни победници во професионалната трка од 23 километри. – Кај мажите победи веслачот Никитас Цанакис (02:26m) кој постави нов рекорд на оваа дистанца, а кај девојките победи Раула Пападимитриу (03:08m). Во трката со даски на дување најбрзо време кај ...
Охрид, 18. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за транспорт неодамна нѐ покани на стручна расправа за изменување и дополнување на Правилникот за урбанистичко планирање. Фотоволтаични фарми и мали хидроцентрали и депонии за опасен отпад се предвидуваат со урбанистички проект, а не со урбанистички план, реагираат од Граѓанската иницијатива Охрид SOS. – Урбанистичкиот проект вон опфат како урбанистичко-планска категорија го сметаме за тежок ...
Охрид, 18. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Организациониот одбор се подготвува во пресрет на празникот Успение на Пресвета Богородица. – Успешно реализирана акцијата за миење садови. Голема благодарност на сите што помогнаа денес. Господ здравје. До година порадосни, повесели, побројни, порачаа на социјалните мрежи. Илјадници верници по традиција на 28-ми овој месец, ќе дојдат во Скребатно каде ќе се помолат во храмот на Пресвета Богородица, по што за ...
Штип, 18. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33. роденден на Армијата на Република Македонија. Со пригодна програма ќе бидат одбечежани повеќе од три децении исполнети со посветеност, пожртвуваност, знаење, храброст и одлучност во служба на татковината. Предвидено е на свеченоста да се обратат претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, премиерот Христијан Мицкоски, ...
Охрид, 18. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Забавата на вода има ново име, порачуваат од брод „Армада“ од каде информираат дека за нивниот популарен Adventure Cruise до крајот на август имаат уште три датуми. – Ве очекуваме на 19-ти, 24-ти и 26-ти август на нешто сосема поинакво. Забава на средината на езерото, каде водата е најчиста, каде нема никој околу вас, а ние сме тука да го направиме ова искуство незаборавно. Тука е лизгалката и нашата ...
Охрид, 18. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници утре го слават празникот посветен на Преображение Господово, кога небото трипати се преобразува во ноќта, кој секоја година се одбележува на 19-ти август. Се прославува преображението на Христос на планината Тавор, кога Господ се појавил во сета Негова слава пред апостолите Петар, Јаков и Јован. Во три од четирите Евангелија се говори за овој настан. Во православието овој празник се ...
Охрид, 18. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – По повод одбележувањето на јубилејот 80 години Црвен крст Охрид, а во рамки на овогодинашното издание на Ohrid Water Festival, ќе се одржи штафетно нуркање за мир (пливање под вода-нуркање на здив). Ќе се одржи на 25-ти август (понеделник) со почеток во 12:00 часот. Трасата ќе биде во должина од 25 метри кај старото пристаниште, пред хотел „Палас“. При штафетното нуркање на здив можат да се користат и ...
Охрид, 18. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово кај црквата „Св. Богородица Перивлепта“ во стариот дел на градот. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од ...
Охрид, 18. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – На денешен ден во 1943 година е формиран баталјонот „Мирче Ацев“. Тој претставува прва легална воена формација за ослободување на Македонија од фашистите. Народноослободителен баталјон „Мирче Ацев“ (Прв баталјон на Втората оперативна зона на НОВ и ПОМ) е прва регуларна воена единицица на НОВ и ПОМ. Бил формиран на Славеј Планина на 18-ти август 1943 година од околу 200 борци од Преспанско-битолскиот НОПО ...
Охрид, 18. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно и посвежо време со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 26. степени. – Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса денеска на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат ...
Охрид, 18. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила. На граничниот премин „Табановце“ за влез во државата, а на „Богородица“ времето на чекање за излез е околу 30 минути, додека ...
Охрид, 18. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денес го одбележуваат денот посветен на Свети маченик Евсигниј. Беше војник кај царот Максимијан, кај царот Константин Велики и кај неговите синови. Присуствуваше на мачењето на светиот маченик Василиск (22 мај) кога виде мноштво Ангели и Самиот Господ Исус како од ангелите ја прима душата на овој Свет маченик. Војуваше за царот Константин и го виде крстот што му се јави на царот. Откако ...
Скопје/Охрид, 17. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Само со два потписa граѓанските иницијативи ќе можат да учествуваат на престојните Локални избори, беше одлучено на денешната седница на Државната изборна комисија (ДИК) која донесе Правилник за регулирање на постапка за собирање потписи за поддршка на кандидатски листи поднесени од група избирачи и за начинот на определување на нотарите за Локалните избори 2025 година. Овој Правилник ќе важи само за ...
Охрид, 17. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Локална нестабилност во Охридско-преспанскиот регион проследена со грмежи,пороен дожд и појава на град, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). Во Охрид денес не очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Максималната ...
Охрид, 17. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во предворјето на црквата „Св. Софија“ во Охрид, од 22-ри до 24-ти август, ќе се одржат три вечери исполнети со ритам, страст и врвна музика, како дел од „Охрид Џез Фестивал 2025“. Во петок, на 22-ри август пред публиката ќе се претстават „Чалгија Саунд Систем“ со етно џез програма, следниот ден, на 23-ти Павле Камилоски со класичен Џез, а во недела, на 24-ти август Томи Пурич Бенд со гостите Ѓоко Алоски и ...
Охрид, 17. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во катедралната црква „Св. Софија“ во Охрид, во четврток, на 21-ви август 2025 година, со почеток во 20:00 часот ќе се одржи концертот насловен „Времеплов“. Ќе се претстават мецосопранот Миланка Новеска, сопранот Тина Ристеска и музичкиот соработник Ана Велиновска. Влезот за сите посетители е слободен. Концертот „Времеплов“ ќе има можност да го проследи и публиката во Скопје, во понеделник, на 25-ти август ...
Охрид, 17. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Еден млад господин од Охрид имаше посебна кованица и муабет за вакви случаи, која совршено ја опишува оваа состојба на умот. – Тоа ти е пријателе „срамизам“… Тие се глупираат, тебе ти е незгодно и те фаќа срам, знаеше да каже. Денешниот „срамизам“ сведочи за последното вакво „дело“, кога некој се „пресметал“ со една од клупите во Холандскиот парк. Е па пријатели… Срамизам… (Крај) извор: ОхридПрес фото: ...
Скопје/Охрид, 17. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – До крајот на годинава продолжува изградбата на базенот во Охрид, изјави министерот за спорт Борко Ристовски за прв.мк. Тој изградбата на базенот ја вброи помеѓу приоритетите и плановите на Министерството и порача дека спортот во Македонија е на пат кон стабилен и одржлив развој. Во мај годинава, од министерството изјавија дека охриѓани ќе добијат затворен пливачки базен во текот на следната година. – ...
Охрид, 17. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress секојдневно ви нуди здрава доза OhridIN, за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е компилација од охридска убавина од изминатата недела, од понеделник, 11-ти до сабота 16-ти август 2025 година. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За ...
Охрид, 17. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на граничниот премин „Табановце“ за влез во државата се чека околу 30 минути, на „Богородица“ времето на чекање за излез е ...
Охрид, 17. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денес го одбележуваат денот посветен на Светите седуммина младенци во Ефес. Во времето на царот Декиј имаше големо гонење на христијаните. Самиот цар дојде во Ефес и овде приреди гиздаво и бучно празнување на мртвите идоли, но и страшен колеж на христијаните. Седуммина момчиња, војници, се воздржаа од скверното жртвопринесување и усрдно Го молеа Бога Единствениот да го спаси ...
Охрид, 17. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Секоја недела на Вашиот Број 1 локален информатор, интернет порталот ОхридПресс Ви нудиме избор од ТОП вестите кои ја одбележаа неделата која е зад нас. Од нив, најголемиот дел се авторски вести на нашата редакција, но поместен е и избор од настаните кои оставија белег на седмицата која е зад нас. OhridPress семејството на Facebook веќе брои над 40.000 членови: Месечно стигнуваме до близу 10 милиони читатели! ...
Охрид, 17. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 28. степени. – Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат ...
Скопје/Охрид, 16. август 2205 (ОХРИДПРЕС) – Во првото полугодие од 2025 година бројот на туристи во Македонија е поголем за 13,5% споредено со истиот период 2024 година, информира македонскиот премиер Христијан Мицкоски. – Бројот на странските туристи е поголем за 19,7% во 2025 година споредено со истиот период 2024 година. Бројот на домашните туристи е помал за 2,5% споредено со истиот период 2024 година. Во истиот период од 2025 година имаме ...