Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Охрид, 24. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 23-ти јули 2025 година во 23:10 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е 48 годишник, вработен во агенција за обезбедување од Охрид. Тој бил агресивен кон полициски службеник кој во еден угостителски објект на кеј „Македонија“, преземал службени дејствија и му упатил вербални навреди. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. (Крај) извор: СВР Охрид фото: ...
Охрид/Струга, 24. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 24-ти јули 2025 година во 03:14 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Д.П. (23) од Струга. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „тојота“ со струшки регистарски ознаки, што го управувал Д.П. и при извршено алкотестирање, кај него констатирале 2,04 промили алкохол во крвта. Тој веднаш е исклучен од ...
Охрид, 24. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Судијата Бојан Мартиноски со одлука на Судскиот совет е избран за претседател на Основен суд Охрид. По спроведеното вонредно оценување на неговата работа, за периодот 01.01 2023 до 31.12 2024 година добил вкупно 200 бодови како средна оценка, за добиени 200 бодови за 2023 година и 200 бодови за 2024 година. Кандидатот беше избран со 9 гласови „за“ од страна на членовите на Судскиот совет. – Долгогодишно ...
Охрид, 24. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена кај црквата Св. Јован Богослов Канео. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за посакуваните дејства ...
Охрид, 24. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – На Facebook страницата Beautiful Nature објавена е уште една прекрасна фотографија од Охрид пред многу години. На фотографијата е прикажана постара жена во традиционална носија со Охрид во позадина. За жал не е наведена годината кога настанала снимката. – Постара жена во традиционална народна носија од охридскиот регион, Македонија, стои во описот на фотографијата. Уште една прекрасна фотографија од ...
Охрид, 24. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе се искачи до 36. степени. – До сабота ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Дневната температура наместа ќе надминува 40 степени и насекаде ќе биде над просекот за месец јули. Во недела ќе има локална појава на ...
Охрид, 24. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Забрана за движење на тешки товарни возила: Од 1. јули до 31-ви август на државните патишта во Република Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на ...
Охрид, 24. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Чудото на светата великомаченичка Ефимија. Оваа светителка се празнува на 11 септември, на денот кога пострада. На ова место пак се спомнува чудотворноста на нејзините чесни мошти, пројавена на IV Вселенски Собор во Халкидон. Овој Собор беше свикан во времето на царот Маркијан и царицата Пулхерија во 451 година, по смртта на царот Теодосиј Помладиот. ...
Охрид, 23. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Преубав сончев ден, одлична екипа, бистро езеро и уживање со брод „Армада“ до Свети Наум и назад. Ова беше денешниот рецепт за прекрасно поминат ден, како дел од соработката на водечките медиуми во регионот, охридското Супер радио и порталот OhridPress, „Тамаро“ маркетите и најголемите компании во државата и регионот. Денеска повторно имавме уште една супер активност, односно крстарење со прекрасниот брод ...
Охрид, 23. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во детското катче во Градскиот парк во центарот на Охрид, Жанко ЗШ Голабоски и екипата на Супер радио и OhridPress, синоќа повторно донесоа многу насмевки кај најмладите кои се „натпреваруваа“ и добија највкусни Plazma подароци, маички и се’ останато. Ова е продолжување на соработката на охридското Супер радио и OhridPress, заедно со „Тамаро“ маркетите со најголемите компании во државата и регионот, со што ...
Охрид, 23. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 23-ти јули 2025 година, во 01:55 часот, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа 41-годишниот М.С. од Охрид кој беше затекнат при вршење кражба од угостителски објект на плоштадот „Крушевска Република“ во Охрид. – Одземените предмети се вратени на сопственикот, а по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај) извор: СВР Охрид ...
Охрид, 23. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 59-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“. – На 19-ти јуни 2025 година, полициските службеници констатирале дека тој на пешачка зона на кеј „Македонија“ неовластено управува импровизирано возило „воз“ со четири вагони во кои се превезувале повеќе малолетни лица, односно не ...
Струга, 23. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 30-годишниот Г.И. од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. – На 3-ти декември 2024 година, во парк во Струга, пријавениот физички ја нападнал неговата 51-годишна поранешна партнерка од Охрид, информираат од МВР. (Крај) извор: МВР фото: ОхридПрес Прочитано: 8 ...
Струга, 23. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 22-ри јули 2025 година, во 12:40 часот во СВР Охрид било пријавено дека на крстосницата од улиците „Галичица“ со „8-ми Септември“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа во која е повредено едно лице. – Незгодата се случила помеѓу патничко возило марка „Киа“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 21-годишната Е.М. од Охрид и мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од 50-годишната ...
Скопје/Охрид, 23. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Од Министерството за внатрешни работи (МВР) ги информираат граѓаните дека на социјалните мрежи кружи лажна објава во која се тврди дека одредени компании за техника наводно нудат модерни телефони преку „внатрешна програма“ поради оштетена амбалажа. Станува збор за класична интернет-измама со цел прибирање лични податоци или насочување кон сомнителни веб-страници. МВР апелира до граѓаните: -Да не ...
Охрид, 23. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Деновиве течат активности за санирање и чистење на фонтаната „Четирите рајски реки: Гион, Фисон, Тигар и Еуфрат“ на плоштадот кај некогашниот „Мини Маркет“, веднаш до музичкото училиште „Методи Патче“. Повозрасните охриѓани овој простор го знаат како „Дуборезачка“, а помладите генерации, едноставно го знаат како плоштадот кај „Мини Маркет“. Плоштадот е на површина од 970 м2 и го красат две фонтани и мал ...
Охрид, 23. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со помош на модерните AI алатки, ве враќаме во едно старо и прекрасно време. Модерната технологија овозможува старите фотографии да „оживеат“, да им се даде нова димензија и да се вратат во живот. Погледнете како изгледа стара фотографија од жена во народна носија од 60-тите години од минатиот век, сега во вид на кратко, AI генерирано видео. Следете не на Facebook и YouTube за повеќе вакви видеа. (Крај) ...
Охрид, 22. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово по охридската чаршија, на потегот од поранешен „Први мај“ до Градското пристаниште. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, ...
Охрид, 22. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Од утре до 27-ми јули Охрид ќе биде домаќин на осмото издание на Beach Film Festival. Фестивалот и годинава ќе понуди програма со филмски проекции и музички перформанси на четири локации во Охрид, и тоа на плажите „Славија“ и „Сараиште“, брод „Армада“ и Младински Центар Охрид. Годинава публиката ќе ужива во над 60 филмови од современата европска кинематографија. – „Beach Film Festival“ не е само платформа за ...
Охрид, 22. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Познатиот охридски композитор Гоце Гавриловски и годинава се врати со награда од Интернационален натпревар што неодамна се одржа во Атланта, САД. Во конкуренција на композитори од над 25 земји, Гавриловски освои втора награда, со делото „Ремикс”, за симфониски оркестар. Овој значаен успех ќе биде одбележан на 31-ви август во Њујорк, каде ќе се бидат доделени и наградите од минатогодишниот натпревар, на кој ...
Охрид, 23. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Од вечерва до 27-ми јули Охрид ќе биде домаќин на осмото издание на Beach Film Festival. Фестивалот и годинава ќе понуди програма со филмски проекции и музички перформанси на четири локации во Охрид, и тоа на плажите „Славија“ и „Сараиште“, брод „Армада“ и Младински Центар Охрид. Публиката ќе ужива во над 60 филмови од современата европска кинематографија. – „Beach Film Festival“ не е само платформа за ...
Охрид, 22. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Доколку барате совршено место за бегство од градската врева, Jovanoski Bar & Restaurant by Rajska Dolina е совршен избор за вас. На само 15 километри од Охрид, на патот кон Битола, повелете во Рајската долина, во подножјето на селото Куратица. Уживајте во мирната оаза и дозволете си опуштени моменти со семејството и пријателите. Совршена локација за средби со колегите и тим билдинг настани со сопствен ...
Охрид, 22. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На Граничниот премин „Табановце“ се бележи зголемена фреквенција на возила за влез и излез од државата, а времето на чекање е околу 15 до 30 минути. На останатите гранични премини од ...
Охрид, 22. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – ЕКО Здружението ЕКО ФАП од Охрид учествуваше во гасењето на пожарот кај Езерани кој е ставен под контрола, штетите по живиот свет се значајни. – На помош во Преспа во паркот на природата Езерани кој беше зафатен од голем пожар на отворено. Секогаш достапни за нашите големи пријатели од ренџерската служба на паркот и Национален парк „Галичицa“. Она што е заклучок од целата ситуација е дека механизација со ...
Охрид, 22. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Брачниот пар Голабоски од Охрид доживеал вистински кошмар при патување кон Маврово. Додека се возеле во нивното возило влегла пчела која ја каснала сопругата Соња, која е алергична на пчелни убоди. Поради состојбата која брзо се влошувала, нејзиниот сопруг Владимир веднаш одлучил да се вратат назад упатувајќи се кон охридската болница. За среќа, на патот кон Охрид ја пресретнале мобилната единица на ...
Скопје/Охрид, 22. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со измерени 43 степени денеска најтопло било во Велес и Кавадарци, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). Според истиот извор, 42 степена биле измерени во Демир Капија, 41 степен во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, и Гевгелија. Во Битола, Штип и Струмица се измерени 40 степени. По 39 степени се измерени во Тетово и Виница, 37 во Прилеп, 36 во Охрид и Крива ...
Охрид, 22. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во тек се активности за асфалтирање и подготивителни активности за асфалтирање на неколку улици и краци од улици на територија на Општина Охрид. – На крак од улицата „Дејан Војвода“ во моментов се врши асфалтирање, додека на улицата „Александар Турунџев“ се одвиваат подготвителни активности за асфалтирање. За првата улица средствата се обезбедени директно од буџетот на Општин Охрид, додека за другата се ...
Охрид, 23. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе се искачи до 35. степени. – До сабота ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Дневната температура наместа ќе надминува 40 степени и насекаде ќе биде над просекот за месец јули. Во недела ќе има локална појава на ...
Охрид, 23. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На Граничниот премин „Табановце“ за влез и на „Богородица“ за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила. Времето на чекање е 30 до 40 минути. На останатите гранични премини ...
Охрид, 23. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Светата Православна црква денес го одбележува поменот на Пренос на чесната риза на Господ Исус Христос. Во времето на страдањето на Господ Исус за човечкиот род, во одредот на римската војска во Јерусалим се наоѓаше и еден Грузиец Елиоз од градот Мцхет. Мајка му имаше слушнато за Христа и во срцето веруваше во Него. Кога го испрати сина си во војска во Палестина, го посоветува да не прави ништо против ...