Поранешниот британски премиер Борис Џонсон во неговите претстојни мемоари „Unleashed“ ја опиша својата последна средба со покојната кралица Елизабета Втора, која се одржа во замокот Балморал во септември 2022 година, неколку дена пред нејзината смрт. Џонсон тврди дека на кралицата и бил дијагностициран рак на коските во последните години од животот, пренесува Daily Mail делови од неговите мемоари. „Веќе една година или повеќе знаев дека таа ...

Фиона Харви, жената која го инспирираше ликот на Марта во популарната серија на Нетфликс „Baby Reindeer“, би можела да ја тужи стриминг платформата. Судот неодамна пресуди дека серијата погрешно го претставила заплетот како „вистинска приказна“ и дека Нетфликс не ги потврди адекватно тврдењата на креаторот и актер Ричард Гад. Харви тврди дека шоуто погрешно сугерирало дека сексуално го вознемирувала и го демнела Гад. Ликот на Марта стана ...

Новиот документарец на британскиот „Канал 4“ ќе се занимава со сложените односи во кралското семејство, а неговото емитување наводно е одложено откако на кралот Чарлс му бил дијагностициран рак поради стравувањата на продуцентите од можна негативна реакција на јавноста. Според британски „The Sun“, документарецот ќе ја прикаже Камила како некој што внимателно го изградил нејзиниот имиџ во медиумите во последните 30 години, а изворите тврдат ...

Американската кантавторка Лана Дел Реј (39) по кратка врска се омажи за своето момче Џереми Дуфрен (49). Суперѕвездата на современата музика и нејзиниот избраник кој е туристички водич и чувар на алигатори рекоа „Да“ во Луизијана, во истиот залив каде Џереми ги спроведува своите популарни тури со брод по мочуриште. Судејќи според снимката која стигна во јавноста, Лана Дел Реј, чие вистинско име е Елизабет Вулриџ Грант, пристигнала пред ...

Националниот џез оркестар вечерва (1 октомври) на Летната сцена „Славиша Кајевски“ ќе настапи со концерт со хитови на Битлси, а веќе на 8 октомври на сцената на МНТ, ќе одржи концерт со студентите од Факултетот за музичка уметност во Скопје и Џез академијата во Штип. „Вонвременските хитови на легендарните Битлси, ќе прозвучат на сосема нов начин на концертот на Националниот џез оркестар,нашите џезери ветуваат оригинална интерпретација и ...

Ансамблот на НУ Народен театар – Битола, започна со пробите за претставата „Ѓоре Магаревски 80 години потоа“, која на 14.ноември ќе биде изведена по повод 80 години постоење на оваа институција. Јубилејот ќе го одбележат токму со првата претстава која се одиграла на македонски јазик во слободна Македонија, на 14 ноември, 1944 година, кога беше одиграна едночинката „Ѓоре Магаревски“ или „Петтоимениот Ѓоре“ од Владо Малески, во режија на Димче ...

Актерката Меги Смит, најпозната по улогите во филмовите за Хари Потер и серијата „Downton Abbey“, почина на 89-годишна возраст, соопшти нејзиното семејство. Легендата на британската филмска сцена во текот на својата кариера освои два Оскара – за улогите во филмовите „The Prime of Miss Jean Brodie“ во 1970 година и „California Suite“ во 1979 година. Таа беше номинирана за Оскар уште четири пати и освои осум награди Бафта. Таа исто така доби ...

Веќе добро знаете дека еден од најуникатните и најизразени виолинисти на неговата генерација, Ара Маликиан, на 18 октомври за првпат ќе одржи концерт во Скопје, во „Македонска филхармонија“. Токму по тој повод, светски познатиот виртуоз на виолина испрати покана до сите негови фанови во Македонија, свирејќи ја македонската песна „Јовано Јованке“ за која самиот вели дека се вљубил во неа и доби бројни комплименти. Дали знаевте дека Ара ...

По повод Меѓународниот ден на еднакви плати, Алијансата за родова еднаквост на работното место – GEA ја организираше третата годишна конференција насловена “Equal Exchange: Empowering Ideas, Inspiring Journeys”, со цел да поттикне разговор за предизвикување на конвенционалните норми на тоа што значи успех во претприемништвото, поттикнување на инклузивно лидерство и родова еднаквост на работните места во Северна Македонија. Конференцијата се ...

Премиерата на монодрамата „Сите најубави нешта” работена според мотиви на Данкан МекМилан, во режија на Дејан Пројковски, а во изведба на популарниот македонски актер Игор Ангелов закажана е на 1 октомври во Центар – Јадро. Оригиналниот наслов на монодрамата е „Every Brilliant Thing“, а приказната е за менталното здравје, за децата соочени со тешките животни моменти низ кои минуваат родителите, за механизмите на справување кои ги развиваме ...

“5 Years of Style” – беше насловот на големата забава која се одржа во Magnetik Gallery во Skopje City Mall, по повод 5-тиот роденден. Во присуство на љубителите на модата, лојални клиенти, блиски соработници, личности од јавниот живот, како и претставници од медиумите се одбележаа 5 години од уникатна мода, тренд и одлична работа во Magnetik Gallery. Гостите уживаа во забавата со одлична музика, молекуларен пијалок, храна и многу ...

По спектакуларните белградски концерти, најголемото балканско шоу конечно доаѓа и во Скопје. Балканската мегаѕвезда, естрадната модна икона, најпровокативната и највозбудлива пејачка во регионот и пошироко, ултрасексапилната Јелена Карлеуша доаѓа на голем, спектакуларен концерт во Скопје. Балканската дива со шоу кое за сите останати е недостижно и далеку пред времето, како дел од турнејата „ALPHA & OMEGA“, која ја започнува од ...

Утревечер, познатиот виолински виртуоз Стефан Миленковиќ ќе настапи со македонскиот камерен оркестар Профундис на еден од најочекуваните музички настани за сезоната. Концертот, кој ќе се одржи во големата сала на Македонската филхармонија, е веќе целосно распродаден, а љубителите на музиката со нетрпение ја очекуваат оваа извонредна соработка. Миленковиќ, познат по својата извонредна техника и емоционална длабочина, ќе музицира заедно со ...

Дали посакувате телефон кој ќе ја изразува вашата личност, кој ќе ги прави најоткачените фотографии и кој секој ќе го забележи? Одговорот е едноставен: Galaxy Z Flip6. Овој уникатен и извонреден телефон кој Samsung неодамна го лансираше со својата најнова генерација телефони на преклоп, веќе важи за докажан уред кој ги надмина очекувањата на своите корисници, нудејќи не само телефон, туку вистинска платформа за личен израз и креативност. ...

Легендарната рок група „Дивље Јагоде“, доаѓа на концерт во Скопје. Концертот е закажан за 27-ми септември 2024 година во „Македонската филхармонија“, со почеток во 21.00 часот. Едни од предводниците рокен ролот најавуваат незаборавен концертен настан за сладокусците на рок музиката, но и за сите останати почитувачи на добрата свирка. Зеле и екипата ќе ги отсвират и испеат нивните најголеми хитови од почетоците на бендот, па се’ до оние од ...

Пред големиот скопски концерт кој легендараната „Меморија“ веќе наголемо го најавува на 16-ти ноември годинава во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, како место каде ќе бидат концертно повторно отсвирена ретсроспектива на најголемите досегашни хитови во живо, но и промовирани новите песни, групата го издаде и третиот сингл, како дел од материјалот кој ќе го комплетира албумот кој е во најава. Новите песни излегуваат една по една во етерот, ...

„Во спомен на љубовта за Данче“ – насловот на јубилејниот хуманитарен концерт закажан на 6 октомври во НОБ, во чест на 10-годишнината од смртта на еден од највлијателните и најпочитувани македонски музички менаџери и продуценти. Концерт во чест на човекот кој остави неизбришлив белег во македонската и балканската музичка индустрија Даниел Милошески – Данче. Неговата работа и посветеност ги поставија темелите на современата македонска музичка ...

Најголемиот рок ен рол бенд во некогашна Југославија, легендарните „Бијело дугме“, во 2022 година доби своја македонска верзија, откако група наши музичари го започнаа проектот: „Бело Копче – Tribute Bijelo Dugme“! Освежувајќи ни ги емоциите токму како своевиден Tribute бенд, чии членови буквално не само што во тон ја симнале музиката на оние, кои веројатно биле и нивни идоли, туку се трудат и физички што повеќе да личат на оригиналните ...

По фестивалското лето, BDM ја завршува сезоната со нов хит. Македонското трио BDM имаше исполнета летна сезона, која „завршува“ со нова музика – момците направија ремикс на песната Blasphemy на Португалците Moulinex & GPU Panic. Blasphemy се најде на компилацијата DTX Gathering на издавачката куќа Disco Texas која беше промовирана на 13.08, а на која се наоѓаат и траки од Хinobi, Yamagucci, Diana Oliveira и други. „Баравме песна за ...

Скопје ќе биде домаќин на извонреден настан на 16-ти септември со почеток во 20 часот, во рамките на Фестивалот на нем и класичен филм на Националната Кинотека на Северна Македонија, во соработка со Кино Балкан. Познатата 74-минутна музичка композиција на Нил Бранд за немиот филм на Алфред Хичкок „Уцена“ (1929), ќе биде премиерно изведена во живо од страна на студентите од Институтот FAME’S, прикажувајќи ја уникатната моќ на живата ...

Рок иконата Џон Бон Џови убедил непозната жена да не скока од мост додека снимал музичко видео во Нешвил. Музичарот успеал да ја наговори неименуваната жена да се врати назад преку оградата на пешачкиот мост Џон Сејгенталер. Како што соопшти полицијата, инцидентот се случил во вторникот вечерта додека пејачот снимал музичко видео на шеталиштето. На видеото, објавено од локалната полиција, се гледа како Џон и приоѓа на жената со член на ...

Во средата во USB арената на Лонг Ајленд се одржа доделувањето на престижните MTV VMA награди, каде што Тејлор Свифт беше апсолутен победник. Триесет и четиригодишната поп ѕвезда освои вкупно седум награди, меѓу кои и најважната награда – „Видео на годината“. Со тоа таа стана најнаградуваната уметница во историјата на MTV VMA наградите со вкупно 30 награди, а рекордот пред неа го држеше Бијонсе, која освои 25 награди како соло артист и по ...

„Долго време размислував како да те израдувам за роденден. Минатата година, иако полнеше 60 години, не сакаше да славиш, бидејќи го очекуваше својот внук. Еве сега Марио е со нас, а јас не можам повеќе да ти купувам тенџериња, лонци и кутлачи…И затоа дојдов на идеја да им дадеме нов живот на дел од твоите најголеми хитови“. Токму со овие зборови Марија Шерифовиќ го започна својот “приватен концерт” со кој ја израдува својата мајка Верица ...

Моќното ремек-дело од Џузепе Верди, операта „Набуко“ ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 21 септември со почеток во 20.00 часот. Под диригентската палка на Бисера Чадловска, во режија на Ренато Бонајуто (Италија), сценографијата и костимографијата се на Флавио Арбети и Артемио Кабаси од Италија, кореограф е Маја Митровска-Богојевска, концерт-мајстор е Јане Бакевски, хор-мајстор е Јасмина Ѓорѓеска, а светло дизајн, Милчо ...

Легендарните ,,Дивље Јагоде” доаѓаат во Скопје! Во совршено акустичниот амбиент на Македонската филхармонија ќе се пеат безвременските хитови што кај секој од нас будат посебни емоции. Легендарниот хард рок состав е снован во 1978 година, а предводен од легендарниот Зеле Липовача, бендот зад себе има голем број на хитови како: „Jedina Moja“, „Krivo je more“, „Ne zelis kraj“, „Kako si toplа I mila“, „Zauvek tvoj“, „Marija“, „Motori“ итн. ...

Селена Гомез сега може да го додаде и станувањето милијардер на нејзината долга листа на достигнувања. 32-годишната актерка, пејачка, инвеститор и претприемач штотуку ја постигна финансиската пресвртница и на тој начин стана една од најмладите милијардери во САД кои сами го стекнале своето богаство. Според извештајот на Блумберг, нејзината нето вредност се проценува на 1,3 милијарди долари. Дел од богатството на ѕвездата од „Only Murders in ...

„Balkan Media Production” за успешен крај на годината, го најавуваат концертот на најголемата музичка регионална ѕвезда, Саша Матиќ. Имено, тој ќе го одржи својот прв голем солистички концерт во Скопје и тоа на 21 декември во „Арена Борис Трајковски“. Зад себе има повеќедецениска кариера, неколку арени и нашите срца во неговите стихови. Додека низ смеа ги прифаќа шегите на своја сметка за оштетениот вид, Саша Матиќ вели дека е среќен и ...

Американската мегаѕвезда Тејлор Свифт ја поддржа демократската потпретседателка Камала Харис по телевизиската претседателска дебата меѓу Харис и републиканскиот поранешен претседател Доналд Трамп. Во објава на Инстаграм, Свифт рече дека ќе гласа за Камала Харис на изборите во САД на 5 ноември, за кои анкетите покажуваат дека ќе бидат многу неизвесни. Објавата на Тејлор Свифт вклучуваше слика на пејачката со мачка, а нејзината изјава беше ...

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот „Miss Universe“, со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник за глобалното натпреварување. Настанот ќе се одржи на 8 октомври во салата на Македонската опера и балет, а победничката ќе ја претставува нашата земја на глобалното дефиле кое ќе се одржи на 16 ноември во Мексико Сити, Мексико. Право на учество на изборот за Miss Universe имаат сите ...

Пејачката Мараја Кери откри дека нејзината мајка и сестра починале во ист ден. Пејачката потврди дека нејзината мајка Патриша (87) и сестрата Алисон (63) починале во текот на викендот, во ист ден. „Срцето ми е скршено затоа што минатиот викенд ја изгубив мајка ми. За жал, во трагичен пресврт на настаните, мојата сестра го загуби животот истиот ден“, изјави Кери за магазинот People. „Се чувствувам благословено што можев да ја поминам ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.91
48%
1014
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
2.68
73%
1012
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.8
55%
1014
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.5
54%
1014
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
1.03
68%
1013
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
0.5
80%
1016
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
2.8
49%
1009
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
0.75
46%
1012
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
3.14
50%
1013
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
5.36
67%
1012
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 25ᴼ
5.81
54%
1013
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
2.5
95%
1010
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Родиум

274085.11

Рутениум

53852.50

Цинк

0.00

Бакар

13.51

Калај

56.46

Кобалт

56.29

Паладиум

43499.96

Сребро

1994.05

Алуминиум

3.25

Платина

56135.20

Иридиум

252383.36

Злато

136962.18