Нина е дете кое секој ден го живее во болка. Нејзината состојба поради болеста се влошува, телото слабее, а ризикот од неповратни последици расте. Лекарите се јасни – нема време за чекање. Постои шанса за лекување во САД што може да ѝ го промени животот, но без потребните средства, таа шанса исчезнува. Потребни се најмалку 100.000 евра, а значителен дел од сумата сè уште недостасува. Ова не е обичен апел. Ова е трка со времето. Да помогнеме ...

Полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица кои биле затекнати при предизвикување пожари на отворен простор во Битола и Прилеп. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 14.08.2026 во 21:15 часот, полициски службеници од СВР Битола на ул. „Јорго Костовски“, на место викано „Тепсија“ во Битола, го лишиле од слобода Е.К. (39) од Битола, бидејќи бил затекнат како предизвикува пожар на отворен простор. -Претходно, ...

Најмалку три лица загинаа во денешните руски напади врз цели во Украина, додека украинските сили продолжија со напади врз руска инфраструктура. Во напад со руски дронови во северниот дел на Украина загинаа 29-годишна жена и нејзиниот деветгодишен син, соопштија украинските власти. Во регионот Суми биле повредени уште четири лица, кои поради тешки изгореници биле пренесени во болница. Началникот на регионалната воена управа на Суми, Олег ...

Од Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најавуваат сончево време со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во југоисточните делови, ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Се очекува слаб до умерен ветер од источен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 Целзиусови степени. Во Скопје, исто така, најавено е сончево време со мала до умерена облачност. ...

На територија на државата активни се шест пожари, а еден е под контрола. Центарот за управување на кризи информира дека до 07:30 часот утрово регистрирани се вкупно 27 пожари од кои 20 се изгаснати. Активни се пожарите на потегот меѓу селата Моране – Вртекица – Рамни Габер, кај месноста Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица во општина Македонски Брод и кај селото С’лп во општина Велес. Активни пожари има и кај селото Копанце во општина ...

Вонредна и засилена акција за прскање против комарци се спроведува вечерва на повеќе локации во Општина Гази Баба, а третманот ќе трае до раните утрински часови. Како што информира градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, мерката се презема поради зголемениот број регистрирани случаи на западнонилска треска. „Поради зголемениот број на регистрирани случаи на западнонилска треска, Општина Гази Баба, во координација со Центарот ...

Пожар од поголеми размери попладнево избувна над скопското село Бојане. Според првичните информации, огнот се шири од правецот на општина Јегуновце, зафаќајќи ја околната вегетација. На терен се мобилизирани значителни противпожарни сили, објави 4news.mk Во моментов, во гаснењето на стихијата учествуваат четири екипи на Противпожарната бригада на Град Скопје, а како засилување на помош се пристигнати и колеги од противпожарните служби од ...

Пиењето вода од градска чешма во Гостивар пред камери, не било успех туку срам, порача денеска здружението на Венко Филипче. Венко и оние коишто ги праќа денес пред камери, ги потсетувам што е здравствен скандал претворен во театар, вели Наум Стоилковски. -Потсетувам дека Венко јавно ЛАЖЕШЕ, си играше театар и како министер ЗЛОУПОТРЕБИ бебе, притоа внука, за ЛАЖНО да се сними дека ја вакцинира! Фатен дека на иглата на вакцината има капаче, ...

Во тек е меѓународна координирана акција против организирана криминална група, која Министерството за внатрешни работи, преку Одделот за криминалистичка полиција, ја реализира во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а во рамките на меѓународната соработка со надлежните служби за борба против недозволена трговија со дрога од Косово и Грција. Како резултат на повеќемесечната координирана ...

На 13.08.2026 во 18:40 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Ј.С.(24) од Чешка. При преглед и контрола во неговиот личен багаж биле пронајдени и одземени повеќе пакување со бела материја. Лицето и пакувањата биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 13.08.2026 во 18:40 часот на ...

На 13/14.08.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Ј.(37) и 15-годишна девојка, двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци. На 13/14.08.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Ј.(37) и 15-годишна девојка, ...

Земјотрес попладнево ја стресе Македонија. Потресот е регистриран во охридскиот регион, покажуваат првичните податоци на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Земјотресот е регистриран во 18:08 часот, со првично утврдена локална магнитуда од 2 степени. Епицентралното подрачје е означено во близина на Охрид, а земјотресот бил на длабочина од околу 15 километри. Земјотрес попладнево ја стресе Македонија. Потресот е регистриран во ...

При вршење на увид на теренот зафатен од големиот пожар што од синоќа беснее во околината на Омиш, полициските службеници денеска околу 13:30 часот пронашле тело на починато лице. Ова е прва потврдена жртва во огнената стихија што го погоди овој регион. Од Сплитско-далматинската полициска управа информираа дека на местото на настанот е започнат детален истражен увид, кој е предводен од надлежниот државен обвинител. „Ве известуваме дека при ...

Шефот на грчката дипломатија, Јоргос Герапетритис, во телефонски разговор со иранскиот колега Сејед Абас Арагчи ја нагласил клучната важност на слободата на пловидба и безбедноста на поморскиот сообраќај, соопштија од грчкото МНР. Арагчи го информирал грчкиот министер за актуелните случувања во регионот, со посебен фокус на преговорите меѓу Иран и Оман кои се однесуваат на Ормуската Теснина. Двајцата соговорници разговарале и за односите и ...

Американскиот Стејт департмент ја одржува патничката препорака од второ ниво за Германија, советувајќи ги патниците да бидат со зголемена претпазливост. Одлуката ја става Германија во неповолна положба во споредба со соседните земји, што би можело да влијае на плановите на американските туристи кои патуваат во Европа оваа година, објави „Еуроњуз“. За разлика од Германија, земји како Швајцарија, Австрија, Португалија и Полска се класифицирани ...

По повод 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ВЛЕН организираше повеќе панели и активности посветени на децентрализацијата, локалниот развој, еднаквоста и европската иднина на Северна Македонија. На настаните учествуваа копретседателите на ВЛЕН, Изет Меџити и Билал Касами, првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали, како и министерот за односи меѓу заедниците Агон Ферати. Од ВЛЕН ...

Прилепчанец, кому му изгорела шталата каде чувал поголемо количество тутун, нападнал пожарникари кои дошле да го гасат огнот. Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, кога пожарникарите пристигнале, човекот ги оттурнувал и ги спречувал да гасат. Се претпоставува дека бил нервозен затоа што очекувал пожарникарите побрзо да пристигнат, без да размисли дека можеби биле на некоја друга задача претходно. Ангелов ...

На 18 август, вторник, ќе се изврши терестричната дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на град Скопје. Како што информира Град Скопје, доколку временските услови не се поволни, дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден кога времето ќе биде подобро. Се советуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите На 18 август, вторник, ќе се изврши терестричната дезинсекција против ларви од комарци на ...

Владата треба веднаш јавно да го објави целосниот извештај и анализите за водата во Гостивар, стои во соопштението на СДСМ. Несериозно и неодговорно е, по сè што се случуваше во Гостивар, од граѓаните повторно да се бара да веруваат само на изјави. Особено затоа што власта постојано даваше различни информации а изјавите на владините функционери во изминатите пет недели беа различни и контрадикторни. Прашање е и зошто досега ниту еднаш јавно ...

Центар за управување со кризи: Информација за пожарите на отворен простор на територијата на државата до 18:00 часот На ден 14.08.2026 година, до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 20 пожари на отворен простор, од кои активни се 8 пожари, под контрола се 2 пожари, а 10 пожари се изгаснати. Активни пожари – 8: Општина Студеничани: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума). Општина Македонски Брод: м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и ...

Санкционирани се 72 лица во текот на вчерашниот ден од 17 до 22 часот при акциска контрола за санкционирање прекршоци што ги прават возачите на лесни електрични возила низ државата, соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи. – Од нив, по 11 на територијата на СВР – Тетово и СВР – Битола, осум на територија на СВР – Велес, седум на територија на СВР – Куманово… Од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на ...

Локалните власти и ЈКП „Бошава“ од Демир Капија воведоа целосна забрана за пиење и подготовка на храна со водата од градскиот водовод. Одлуката е донесена откако лабораториските анализи на примероците земени во понеделник и вторник од истото мерно место покажале меѓусебно спротивставени резултати. Според информациите од комуналното претпријатие, добиените резултати од двете различни институции создале несигурност за квалитетот на водата: ...

Дневни мониторинг активности за испитување на квалитетот и безбедноста на водата за пиење Во текот на ден 14.08.2026 од страна на Сектор Санитарна контрола при ЈП Водовод и канализација Скопје, се земени: 42 примероци од водоводната мрежа на град Скопје од кои 4 примероци се од бунарскиот потег Нерези-Лепенец. Мониторингот се работи согласно Правилник за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење бр.183/2018 (Прилог 2, Дел Б). ...

Општина Карпош воспоставува нова форма на соработка со Националната установа „Природонаучен музеј на Република Северна Македонија – Скопје“, со цел унапредување на образовниот процес и овозможување повеќе практична и интерактивна настава за учениците од основните училишта на територијата на Општината. Во таа насока, градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, и директорот на установата, Ивица Заркадов, потпишаа договор за соработка со ...

Вкупно 1.576 прекршоци поврзани со пречекорување на дозволената брзина, констатира сообраќајната полиција во рамки на засилените акциски контроли спроведени од 3 до 9 август 2026 година. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), контролите биле реализирани во рамки на ROADPOL Operation Speed, паневропска координирана оперативна активност на сообраќајните полициски служби на земјите членки на ROADPOL. Во текот на ...

Претставници на Агенцијата за филм беа во работна посета во студиото за анимација “Тун Моушн студиос” за време на процесот на анимирање на филмот “Лефти и Рајти си најдоа дом”. Посетата имаше за цел да ја покаже континуираната поддршка на Агенцијата за филм во создавањето на содржини наменети за деца. Ликовите и позадините го добија својот финален изглед, а актерите веќе им ги позајмија своите гласови. Готов е и аниматикот, односно визуелната ...

Втор смртен случај од западнонилска треска е регистриран во земјава, откако на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина 72-годишен маж од Скопје. Веста ја соопшти директорот на клиниката, Фадил Цана. „Поради транспарентност и коректно информирање на јавноста, сакам да информирам дека, за жал, кај пациент на 72-годишна возраст со лабораториски потврдена инфекција со West Nile вирус и тешка клиничка слика на ...

Фондот за здравствено осигурување презема конкретни чекори со кои на пациентите со трансплантирани органи ќе им се овозможи лекот Myfortic (mycophenolic acid), во јачини од 180 mg и 360 mg, како оригинаторен лек повторно да биде достапен без доплата, а истовремено ќе се задржат придобивките од претходно постигнатото намалување на цената на оваа терапија. Станува збор за лек од особено значење за пациентите со трансплантирани органи, кои оваа ...

Три пожари биле регистрирани во велешко во текот на вчерашниот ден и ноќта, информираат од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Велес. Пожарите биле на различни локации, а во гасењето покрај пожарникарите учествувале и жители, локалната самоуправа и доброволци. Синоќа во 22:30 часот, во ТППЕ Велес била примена дојава за запалена шума на ридот меѓу селата Сопот и С’лп. Екипа со едно противпожарно возило и двајца пожарникари веднаш се ...

Во пресрет на новата академска година, факултетите во земјава ќе понудат за 2.000 места помалку за бруцоши. Одлуката е насочена кон усогласување на бројот на студенти со реалните потреби на пазарот на трудот, поради што најголеми кратења се направени кај насоките каде што веќе има суфицит на кадри. Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, во интервју за МИА појасни дека фокусот при намалувањето на квотите бил ставен на ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
87%
1011
weather icon

Белград

13ᴼ / 12ᴼ
1.54
92%
1004
weather icon

Загреб

10ᴼ / 9ᴼ
0.51
93%
1002
weather icon

Софија

11ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1010
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
0.95
96%
1007
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
0.0
98%
1003
weather icon

Атина

17ᴼ / 14ᴼ
0.45
91%
1015
weather icon

Тирана

16ᴼ / 12ᴼ
1.03
89%
1011
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
94%
1010
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 7ᴼ
1.03
95%
1007
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
1.79
97%
1003
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 14ᴼ
4.63
88%
1013
Currency

61.515

Currency

55.011

Currency

73.543

Currency

37.849

Currency

38.84

Currency

66.694

Currency

8.2533

Currency

0.66433

Currency

0.34649

Currency

0.52352

Currency

1.0952

Currency

0.58648

Паладиум

33854.74

Сребро

1680.82

Бакар

12.62

Злато

129229.93

Цинк

3.77

Рутениум

61086.42

Родиум

300609.48

Иридиум

321507.47

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.04

Платина

49801.51

Калај

46.56