Петнаесет лица се повредени и примени во две скопски клиники по силното невреме што попладнево го зафати главниот град. Девет од повредените биле прегледани на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), додека шест лица биле примени во Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“. Директорот на ТОАРИЛУЦ, проф. д-р Игор ...

Силното невреме што попладнево го зафати Скопје предизвика огромен број повици до Единствениот број за итни случаи 112. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека во периодот од 17:00 до 21:00 часот биле примени повеќе од 8.300 повици од граѓани. Како што соопшти директорот на ЦУК, Мухамед Али, операторите на бројот 112 работат со полн капацитет, а поради наглиот пораст на повици уште во првиот час биле ангажирани и ...

Скопјани, се надеваме дека вие и вашите семејства се безбедни! #Левица ќе иницира вонредна седница за обезбедување фонд за штетите предизвикани од невремето – дрва, кровови и тн. Имаше време да се постапи и да се отстранат БАРЕМ утврдените небезбедни дрва! Треба целосно обесштетување на граѓаните, како од обележаните така и необележаните дрва во оваа конкретна непогода, како и одлетани кровови и други работи. На Комисијата за безбедност при ...

Владата прогласи кризна состојба поради состојбата со водата и епидемијата во Гостивар. Со оглед дека локалната самоуправа не може да се справи со настаната состојба во Општина Гостивар, Владата донесе ваква одлука за прогласување на кризна состојба се со цел побрза координација на институциите како и ставање на водоснабдителниот систем во функција и обезбедување на вода за пиење во најкраток можен рок. Здравјето на граѓаните на Општина ...

Општина Центар информира дека сите расположливи служби се максимално мобилизирани и интензивно работат на расчистување и санирање на последиците од силното невреме што го зафати градот. Веднаш е свикан кризниот штаб, по што уследија теренските активности. Приоритет се јавните површини, општинските сервисни улици и отстранувањето на откорнатите дрва и оштетените покривни конструкции. Во моментов, активностите се најинтензивни во Капиштец , ...

Активни се четири од 14 регистрирани пожари на отворен простор денеска до 18:00 часот. Два пожари се под контрола, а осум се изгаснати – информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има на депонија во штипското село Пенуш, прилепското село Локвени, каде е зафатена ниска вегетација и шума, како и во крушевските села Јакреново и Пресил каде гори нискостеблеста шума и ниска вегетација. Под контрола се пожарите на депонија во ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево во Скопје се обрати на македонско-индискиот бизнис форум, организиран од Кабинетот на претседателот во соработка со Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. На отворањето на форумот се обратија претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, а беа презентирани и инвестициските можности на ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на Македонско-индискиот бизнис форум, организиран во рамките на официјалната посета на претседателката на Република Индија, Друпади Мурму. Според Сиљановска-Давкова, посетата е силен поттик за интензивирање на економската соработка преку поврзување на македонската и индиската бизнис-заедница. „Економскиот подем на Индија и визијата „Виксит Бхарат 2047“ природно се надоврзуваат на ...

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, информира дека кризниот штаб е ставен во функција и дека екипите ќе бидат присутни на терен за интервенција доколку има последици од невремето. -Во моментов Општина Ѓорче Петров е зафатена од силно невреме. Кризниот штаб е активиран, а општинските екипи веќе се на терен и работат на расчистување и оспособување на блокираните патишта, објави тој. Ќе останеме целосно мобилизирани и ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска, како дел од владината делегација, заедно со министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, министерот за здравство Сашо Клековски, директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски и портпаролката на Владата Марија Митева, престојуваше во Гостивар, каде беа реализирани активности за координација на институциите и преземање мерки за надминување на ...

Осум лица од Скопје се пренесени во болница бидејќи се повредени во невремето. Според информациите на Пресс24, до овој момент четири лица се на Ургентен, а четворица во Стара градска болница. Пружена им е неопходна медицинска помош. Меѓу повредените е и повозрасна жена од Џон Кенеди. Дрво и паднало врз глава и е пренесена на Ургентен. Едно лице сам со посекотина на чело отишол во 8-ми Септември. Повеќе информации се очекуваат наскоро. Осум ...

Градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски сними видео обраќање за граѓаните по силното невреме. Информираше дека откорнати се кровови, паднати се дрвја. Додава дека сите се затекнати од силното невреме, а на терен се работело со сите сили. Но им порача на сите граѓани, да излезат на улица во нивните места и да делуваат локално да собираат гранки. Градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски сними видео обраќање за граѓаните по ...

Поради невремето проследено со силен ветер, кое попладнево го зафати Скопје до овој момент преку Единствениот број за итни повици 112 се евидентирани повеќе од 1.000 повици од граѓани, информираат од Центарот за управување со кризи за Пресс24. Во Скопје е пријавена падната кровна конструкција од зграда на ул. „Женевска“ бр. 10, при што се оштетени повеќе патнички возила. Регистрирани се и паднато дрво врз моторно возило на ул. „Методија ...

Поради силното невреме, градоначалникот Горан Герасимовски свика итен состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување. Во тек е координација на сите надлежни служби, по што екипите веднаш излегуваат на терен за увид во состојбата и преземање на сите потребни мерки. Ги повикуваме граѓаните да бидат внимателни и да избегнуваат непотребно движење додека трае невремето. Доколку имаат пријави за паднати дрвја, оштетена инфраструктура или други ...

КРИЗНИОТ ШТАБ Е АКТИВИРАН!, информира на социјалните мрежи градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски. Почитувани граѓани, Во овој момент, општина Гази Баба е погодена од невреме кое зад себе остава последици. Урнат е кровот на ООУ Наум Наумовски Борче, а имам информација и за голем број на паднати дрва. Тимовите се формирани и веднаш штом се создадат услови ќе се излезе на терен и ќе се делува, пишува градоначалникот на ФБ. КРИЗНИОТ ШТАБ ...

Силното невреме предизвика вистинскии хаос во Скопје. Веќе граѓаните до нашата редакција пријавуваат сериозни штети. На Партизанска паднати се повеќе дрвја, а некои се и откорнати од корен. По невремето се огласи и градоначалникот на Скопје. „Заедно со Кризниот штаб и екипите на јавните претпријатија сме на терен! Почитувани граѓани, Поради силното невреме што пред малку го зафати Скопје, Кризниот штаб на Град Скопје, заедно со сите надлежни ...

Демократскиот сојуз смета дека е од исклучителна важност за надминување на состојбите со загадениот водовод во Гостивар со прогласување на кризна состојба во Гостивар. Очекуваме координирани и ефектни мерки за заштита на здравјето на граѓаните и нормализирање на водоснабдувањето, како и дополнителни мерки за спречување на ширење на инфекцијата преку консумирање на храна во рестораните и други објекти кои произведуваат леб, пијалаци и друго. ...

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) посочува дека лоцирањето на конкретните сторители за загадувањето на водата во Гостивар е неопходен, но недоволен чекор. Овој скандал не смее да се затвори само со индивидуална одговорност, бидејќи вистинскиот виновник е целосно нефункционалниот систем. Партизацијата, клиентелизмот и нестручноста во институциите создадоа околина во која јавното здравје е континуирано загрозено. Индивидуалната вина не ...

Град Скопје е подготвен за најавеното силно невреме Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје денес, како и секојдневно во континуитет, вршат интензивно расчистување на канализациската линија, шахтите и сливниците, со цел да се обезбеди непречено прифаќање и одведување на атмосферските води и да се намали ризикот од поплавување на критичните точки во градот. Согласно најавите на УХМР, во попладневните часови се очекува силно невреме. ...

Собранието беше домаќин на официјалната посета на претседателката на Република Индија, Друпади Мурму. Ова е прва посета на еден претседател на Индија на Северна Македонија, што претставува значаен момент во зајакнувањето на односите меѓу двете земји. Во рамките на посетата, претседателката Мурму беше пречекана од претседателот на Собранието, Африм Гаши, со кого одржа тет-а-тет средба. По средбата, таа се потпиша во Книгата на впечатоци, ...

Основниот суд во Гостивар им определи мерка притвор во траење од 30 дена на тројцата осомничени во истрагата за загадувањето на водата за пиење во Гостивар. Постапувајќи по предлогот на Основното јавно обвинителство, судот одлучи осомничените мерката да ја издржуваат во КПУ „Затвор Скопје“. Судијката Драгослава Веселинова информираше дека судија на претходна постапка во целост го прифатил предлогот на ОЈО Гостивар за Артана Асани, Леон ...

Четиригодишно момче го загуби животот откако се удави во аквапаркот „Југово“ во Смедерево, Србија. Според информациите од очевидци кои се наоѓале на лице место, екипата на Итната медицинска помош пристигнала со голема брзина по добиениот повик. Луѓето кои се затекнале на местото на настанот сведочат за драматичните моменти за време на спасувањето: „Лекарот од Итната помош го носеше детето во раце, сцената беше страшна за гледање“, изјави еден ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Б.Ј.(58) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Пријавениот, во периодот од 24.03.2026 до пријавувањето на 18.06.2026 во повеќе наврати упатувал закани на неговата снаа за син. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Б.Ј.(58) од Штип поради ...

Владата на денешната седница, на предлог на министерот за здравство, го именува Златко Перински за вршител на должноста директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија. Перински е магистер по менаџмент на човечки ресурси. Во својата професионална кариера ја извршуваше функцијата министер за локална самоуправа, генерален директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, како и управител на СЦ „Борис Трајковски“. ...

По случувањата со затруената вода во Гостивар, на граѓаните не им требаат нови политички препукувања, туку сигурност дека водата што ја користат е безбедна, порача Славјанка Петровска. Таа преку соопштение изнесе две конкретни одлуки кои, според неа, Владата мора веднаш да ги донесе за решавање на кризата. Првиот чекор, според Петровска, е одземање на надлежностите за водоснабдувањето од локалните власти: „Прво, Владата веднаш и привремено да ...

СВР Струмица – ОВР Гевгелија до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривични пријави против М.Ј.М.(19), мигрант од Авганистан и 17-годишен мигрант, исто така од Авганистан, поради постоење на основано сомневање дека сториле кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик. На 20.07.2026 во Полициската станица Гевгелија П.М.(62) од село Негорци, гевгелиско пријавил дека околу 15:00 часот на место викано „Авлаќ“ во ...

Највисока температура во 14:00 часот е измерена во Гевгелија, каде што живата на термометарот достигна 36.7 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Веднаш по Гевгелија, меѓу најтоплите градови во земјава се Демир Капија со 35.3 степени и Кавадарци со 34.2 степени. Во Струмица се измерени 33.9 степени, додека во Скопје (на мерната станица Зајчев Рид) температурата достигна 33.2 степени, а во Скопје-Петровец 33 степени. ...

Основното јавно обвинителство Гостивар отвори истражна постапка и поднесе предлог за одредување мерка притвор во траење од 30 дена за директорката на ЈП „Комуналец“ – Гостивар и двајца раководители во претпријатието. Тројцата се сомничат дека со нелегално поставување пумпи во преливната комора во селото Вруток предизвикале загадување на водата за пиење со која се снабдува градот Гостивар и околните населени места. Деталите за случајот беа ...

Владата на денешната 195 седница, на предлог на Управувачки комитет во состав на министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за здравство Сашо Клековски, министерот за транспорт Александар Николоски и директорот на Дирекција за заштита и спасување Стојанче Ангелов, како и надворешните членови министерот за животна ...

Вчера во 20:25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Карпош паднало дрво и со тешка телесна повреда се здобила К.М.(86) од Скопје, по што била пренесена во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Исто така, граѓанин пријавил дека, додека ја барал чантата на повредената, пронашол експлозивна направа, која подоцна била подигната од местото за понатамошна постапка. Известен бил јавен ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
1.87
46%
1013
weather icon

Белград

26ᴼ / 26ᴼ
0.45
58%
1012
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
2.44
68%
1016
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
1.2
44%
1013
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
2.82
61%
1011
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 21ᴼ
0.57
84%
1016
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
0.89
50%
1010
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.41
51%
1011
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
3.72
49%
1012
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
4.92
57%
1012
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 23ᴼ
1.79
70%
1016
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 25ᴼ
3.39
100%
1009
Currency

61.525

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.7198

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Иридиум

252383.36

Рутениум

53852.50

Злато

137126.15

Родиум

278103.96

Бакар

13.54

Цинк

0.00

Платина

55652.94

Паладиум

43435.66

Сребро

2005.37

Кобалт

56.29

Калај

56.77

Алуминиум

3.27