Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Оливера Катарина Шакиќ, една од најзначајните уметници на просторите на поранешна Југославија, почина на 87-годишна возраст, пишуваат српските медиуми. Тажната вест за смртта на една од најголемите глумачки и музички ѕвезди од просторите на поранешна Југославија, ја соопштило нејзиното семејство, без да открива повеќе детали. Оливера Катарина во текот на својата повеќе од шест децении долга кариера остави длабока трага во филмот, театарот и ...
Враќањето на навивачите на аргентинскиот фудбалски клуб Тигре од натпреварот во рамките на Копа Судамерикана во Уругвај беше означено со сериозен оружен инцидент. Автобуската колона со која патувале навивачите била цел на оружен напад во кој е ранет 57-годишен маж, а инцидентот се случил набрзо по нивното заминување од стадионот во Монтевидео. Иако првичните информации говореа за две повредени лица, клубот и аргентинските медиуми потврдија ...
Државјанин на Северна Македонија, кој управувајќи со камион удрил во возач на санитетско возило на стопирачката лента кај Грделица, денеска е пронајден и лишен од слобода. Според информациите од Полициската управа во Лесковац, на македонскиот државјанин му е одреден притвор во траење од 48 часа. Тешката сообраќајна несреќа се случила во вторникот попладне во близина на Грделица. Санитетското возило, кое превезувало десетгодишно дете од Врање ...
Цената на нафтата надмина 95 долари за барел за првпат во последните шест недели, по новата ескалација на конфликтот меѓу САД и Иран. Растот следува по новите американски напади врз ирански цели и заканите на Хутите за напади врз бродови во теснецот Баб ел Мандеб. Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека нападите ќе бидат интензивирани доколку Иран продолжи со нападите врз бродови во Ормускиот Теснец. Иран, од своја страна, возврати ...
Наместо јасни одговори и преземање одговорност за скандалот со водата во Гостивар, јавноста е сведок на двојните аршини од страна на СДС, ДУИ и Таравари кога станува збор за нивниот кандидат Валбон Лимани – се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. -Лимани јавно изјави дека не чувствува никаква одговорност, а оние што секојдневно зборуваат за отчетност, СДС, ДУИ и Таравари остануваат неми. Наместо да побараат одговорност од својот кандидат, ...
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со реализација на конкретни политики кои носат подобар животен стандард, посилна социјална заштита и долгорочен развој на државата – се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. -Како дел од реформите во социјалниот сектор, потпишан е нов Колективен договор со кој платите на вработените во центрите за социјална работа се зголемуваат за 20 проценти. Со ова се исправа долгогодишната неправда кон социјалните ...
Владата на ВМРО-ОКГ повторно ја примени класичната техника: кога нема одговори и кога треба да се сноси одговорност, се отвора фронт против оние кои зборуваат вистина. Наместо да објасни зошто институциите молчеле додека граѓаните на Гостивар пиеле загадена вода, наместо да каже зошто епидемијата беше прогласена со задоцнување и зошто илјадници луѓе се отруени, министерот за здравство Сашо Клековски ги нападна лекарите и професорите – ...
Во Гостивар се случи масовно труење на граѓаните. Институциите и целиот здравствен систем целосно потфрлија во својата основна обврска – да го заштитат здравјето на луѓето. За овој скандал мора да има и политичка и кривична одговорност – наведува СДСМ во соопштение. -Граѓаните имаат право да ја знаат целата вистина: што точно се случило, зошто труењето не било спречено, каде затаиле институциите и зошто илјадници луѓе биле оставени да пијат ...
Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиев на Фејсбук објави дека се работи на санација на штетите во Градскиот Парк, каде ќе бидат засадени нови, здрави садници, со што паркот ќе стане уште позелен и побезбеден. -Ден по страшното невреме, проследено со силен и разорен ветер, Градскиот парк се соочи со тешки последици. Екипите се на терен и интензивно го расчистуваат просторот и подготвуваат за ново озеленување и засадување уште повеќе дрвја, а ...
Новиот лидер на Хамас, Халил ал-Хаја, денеска го одржа своето прво телевизиско обраќање откако во понеделникот беше избран на функцијата. Тој ги претстави шесте главни приоритети на движењето, при што како најважна цел го посочи целосниот крај на израелската воена офанзива во Газа и повлекувањето на израелските сили од енклавата. Ал-Хаја ги повика државите-посредници во преговорите за прекин на огнот да извршат притисок врз израелската влада ...
УХМР ги измери температурите во 8 часот во градовите низ Македонија. На Попова Шапка утрово е најстудено со само 8 степени, додека највисока утринска температура е измерена во Гевгелија, 23 степени. Утрово во осум часот во Скопје УХМР измери 19 степени. Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието и во источните делови на ...
На 21.07.2026 година во 17:00 часот во СВР Куманово било пријавено дека лекар од Итната медицинска помош пријавил дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен С.Т. (65) од Куманово. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при пад од зграда на булевар „Октомвриска револуција“ во Куманово, додека извршувал работни задачи. Повредениот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување. Од полицијата ...
Ужас ја потресе Македонија, малолетничка била обљубена од постар маж. СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.С.(62) од струмичко поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години’’. На 15.07.2026 пријавениот во семејната куќа извршил обљуба врз малолетничка. Ужас ја потресе Македонија, малолетничка била обљубена од постар маж. СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.С.(62) ...
Во тетовското село Непроштено денеска ќе се одбележат 25 години од киднапирањето и убиството на Македонците – жители на ова населено место. Комеморативниот настан ќе се одржи во Спомен-паркот, каде ќе биде одржана панихида и ќе биде положено цвеќе пред спомен-обележјето. По церемонијата е предвидено обраќање на Иницијативниот одбор. Годишнината е посветена на сеќавањето на Стојан Михајловски, кој беше убиен, како и на Крсто Гоговски, Цветко ...
УХМР излезе со детали за ветрот кој рушеше се пред себе во Скопје и други градови низ Македонија, на 21 јули годинава. На Автоматската метеоролошка станица во Штип, во 17:00 часот, е регистриран оркан со максимален удар на ветер од 134 km/h со правец запад-северозапад (WNW). Во Скопската Котлина, на Автоматската метеоролошка станица Скопје, во 16:10 часот е регистриран оркан со максимален удар од 130 km/h со правец север-северозапад (NNW). ...
Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива непречено, по претежно суви коловози, соопшти АМСМ. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. Зголемена фреквенција на возила е регистрирана на граничниот премин „Богородица“, каде што за излез од државата се чека околу 15 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања ниту за влез, ниту за излез од државата. Од ...
Во организација на Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување, денеска во Владата ќе се одржи работилница посветена на унапредување на управувањето со боледувањата во Македонија. На настанот ќе присуствува и министерот за здравство Сашо Клековски, кој е предвидено да има воведно обраќање. Во рамки на работилницата ќе бидат презентирани податоци за состојбата со боледувањата во земјава, предизвиците со кои се соочува ...
Поради планирани технички зафати на електродистрибутивната мрежа, дел од корисниците во Скопје денеска ќе останат без електрична енергија, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје. Според информациите од ЕВН Македонија АД, прекинот во снабдувањето е планиран во периодот од 05:30 до 14:30 часот. Без електрична енергија ќе останат корисниците на улицата „Ѓоре Ѓоревски“ во Бутел и улицата „Анди Вемир“ во Агино ...
На 21.07.2026 година во 14:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Ѓорче Петров“ и „Македонски војски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Ш.Ш. (44) од село Волково, скопско, и патничко возило кое по несреќата го напуштило местото на настанот. Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Градската општа ...
Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието и во источните делови на земјата. Утринските температури ќе се движат од 8 до 19 степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 27 и 34 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе изнесува 13 ...
Собранието денеска ќе ја одржи 116. седница, на која во фокус ќе бидат четири законски предлози од областа на високото образование, студентскиот стандард и научноистражувачката дејност. Пратениците ќе расправаат за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, кој е предложен по скратена постапка, како и за Предлог-законот за обезбедување квалитет во високото образование и науката, кој е во прво читање. На ...
Во Собранието денеска ќе заседаваат Законодавно-правната комисија и Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика. На дневен ред на двете комисии е разгледувањето на Статутот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија, во втора фаза од постапката. Во Собранието денеска ќе заседаваат Законодавно-правната комисија и Комисијата за економски ...
Соединетите Американски Држави ќе уништуваат по еден мост или електрана секогаш кога Иран ќе пука врз брод во Ормускиот теснец, најави американскиот претседател Доналд Трамп. Најновата закана за напади врз цивилна инфраструктура доаѓа во период на ескалација на војната, што создава ризик од дополнителни глобални економски нарушувања и раст на цените на горивата пред претстојните меѓуизбори во САД. Двете страни цврсто остануваат на своите ...
„Случајот со загадената вода во Гостивар е уште една потврда дека институциите под оваа власт не функционираат кога се најпотребни за граѓаните. По трагедијата во Кочани, до денес ништо суштински не е променето. Еве, сега го имаме и Гостивар, каде повторно гледаме задоцнета реакција, институционален молк и избегнување одговорност“, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, во гостувањето во емисијата „Вести плус“ на Канал 5. ој посочи дека ...
Општинскиот суд во Задар ја казни мајката на ученик од основно училиште која физички ја нападна директорката во училишниот простор поради последна оценка по физичко. Таа беше казнета со 700 евра за нарушување на јавниот ред и мир на особено дрзок начин. Законот предвидува казна од 700 до 4.000 евра или до 30 дена затвор за такво прекршување, пишува Задарски лист. Инцидентот се случил на 7 јули 2022 година, во основно училиште во Задар. ...
Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа, на 23 јули 2026 година (четврток) дел од корисниците во општина Бутел ќе останат без електрична енергија, информира Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје. Според известувањето од ЕВН Македонија АД, прекинот во снабдувањето со електрична енергија е планиран во периодот од 05:30 до 14:30 часот. Без струја ќе бидат корисниците на: Ѓоре Ѓоревски Анди Вемир ...
Министерот за правда Јетон Шасивари оствари средба со амбасадорката на Кралството Холандија во Република Македонија, Н.Е. Узлем Џанел, на која беше потврдена заедничката определба за интензивирање на соработката во спроведувањето на реформите во правосудството и зацврстувањето на владеењето на правото. „Правдата мора да биде видлива, ефикасна и еднакво достапна за сите. Затоа реформите во правосудството не се само европска обврска, туку наша ...
Српскиот претприемач Љубиша Каровиќ (61) преживеа вистинска драма кога за време на утрински лет на „Рајанер“ од Грција за Германија пукна прозорецот до неговото седиште. Експлозијата од декомпресијата делумно го извлекла низ прозорецот на надморска височина од околу 4.500 метри и при брзина поголема од 600 километри на час. Со видливи изгореници, модринки и ортопедска јака на вратот, Каровиќ се присеќава на моментот на инцидентот: ...
Индискиот духовен лидер и борец за независност од британскиот колонијализам, Махатма Ганди доби биста во Музејот на Град Скопје. На крајот од посетата на Скопје, претседателката на Индија Драупади Мурму рече дека во време на конфликти, нетолеранција и поделби, вербата на Ганди во дијалогот, сочувството и мирниот соживот останува актуелна и денес. Македонската претседателка, Гордана Сиљановска Давкова, пак, говорејќи за неговото влијание врз ...
Зголемено ниво на арсен е утврдено во водата за пиење од градскиот водовод во Валандово, соопшти денеска ЈП „Комунален сервис“ – Валандово. Како што информираат од јавното претпријатие, присуството на арсен е утврдено во резултатите од анализите извршени од Институтот за јавно здравје – Скопје. Од „Комунален сервис“ препорачуваат водата од градскиот водовод во Валандово да не се користи за пиење сè до добивањето нови резултати со кои ќе се ...