Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Поранешниот министер за култура и туризам Зоран Љутков доби нова функција во Владата. По неговото разрешување од министерската позиција, Љутков е назначен за национален координатор за култура. Со ова тој го продолжува својот ангажман во државната администрација, наместо да се врати на актерската професија во матичниот Драмски театар. На функцијата министер за култура и туризам, во рамки на владината реконструкција, беше избран Седат ...
Времето утре во земјава ќе биде нестабилно, со локални врнежи од пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според синоптичарите, во среда услови за појава на нестабилност ќе има претежно во планинските региони. Од четврток следува значителна промена на временските прилики и период на многу топло време. За време на викендот се очекува дневните температури на повеќе места низ земјава да ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува контролни и заштитни мерки во сите одгледувалишта каде што преку ветеринарните друштва се детектира присуство на вирусот на сипаници кај овци и кози. По добиените информации за појава на болеста, од животните се земаат примероци од крв и брисеви за лабораториско испитување. Доколку присуството на вирусот се потврди, директорот на АХВ носеше решение за справување со болеста, по што се ...
Министерството за финансии донесе нов Правилник за утврдување на репутацијата, интегритетот и потеклото на средствата за приредување игри на среќа, кој произлегува од новиот Закон за игрите на среќа донесен во јуни оваа година. Со овој подзаконски акт детално се дефинира потребната документација за потврдување на репутацијата на сите правни и физички лица кои поднесуваат барање за лиценца за казино, обложувалница, автомат клуб или затворена ...
Скопската полиција регистрираше два одделни случаи на пронајдени заталкани зрна од огнено оружје во текот на вчерашната вечер на подрачјето на Скопје. На 15.08.2026 во 20:45 часот во СВР Скопје С.Ј.(39) од Скопје пријави дека во близина на неговата куќа на подрачјето на Драчево пронашол заталкано зрно од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 15.08.2026 во 21:10 часот во СВР Скопје Ј.А.(35) од с.Студеничани, скопско ...
Инвестициониот циклус во земјава продолжува со реализација на нови странски инвестиции во Тетово, Скопје и Кичево, кои треба да донесат ново производство и нови работни места, изјави на денешната прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски. Како што посочи Велјановски, во ТИРЗ Тетово започнува инвестицијата на мултинационалната компанија „Џаво Отомотив“, која во периодот од 2026 до 2030 година планира да вложи меѓу 20 и ...
Вчера полициски службеници од ПС Гостивар го лишиле од слобода И.Т.(45) од Гостивар. По претходна пријава за физички напад врз неговата 35-годишна сопруга, кај него се измерени 1,01 промил алкохол во крвта. Во текот на вечерта, сопругата дополнително пријавила дека истиот подолг период под дејство на алкохол ја принудувал на сексуални односи, вршел психичко и физичко малтретирање врз неа и децата. Врз основа на тоа, во 23:55 часот бил извршен ...
Вчера околу 02:35 часот во СВР Скопје К.Б.(70) од Скопје пријави дека во с.Бардовци,скопско кон домот бил фрлен предмет кој предизвикал експлозија и направил оштетување на скалите од влезот на куќата, бил скршен прозорец, потоа оштетено било патничко возило, портата и друго. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Вчера околу 02:35 часот во СВР Скопје К.Б.(70) од Скопје пријави дека во с.Бардовци,скопско кон домот бил фрлен предмет ...
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција упати критики до опозициската СДСМ, обвинувајќи ја партијата за создавање вештачки кризи, ширење дезинформации и паника меѓу граѓаните. Петрушевски посочи дека опозицијата манипулирала со информациите за исправноста на водата за пиење во Скопје и Гостивар, иако надлежните институции брзо ја демантирале таквата паника со конкретни факти и анализи. „Прво ...
Моќен звук, извонредна музичка енергија и публика која со воодушевување ја проследи секоја изведба , концертот „Македонски сновиденија“ на Националниот џез оркестар приреди вечер за паметење на сцената на Долни Сарај, во рамките на 66. издание на фестивалот Охридско лето. Под диригентската палка на Владимир Николов, врвните музичари ја поведоа публиката низ уникатно музичко патување во кое македонскиот фолклор се сретна со слободниот и ...
Украина во текот на ноќта извршила масовен напад со повеќе од 600 беспилотни летала насочени кон Москва, соопшти денеска градоначалникот на руската престолнина, Сергеј Собјанин, преку Телеграм, пренесе ДПА. Според Собјанин, руската противвоздушна одбрана уништила 201 украински дрон во Московската област, додека поголемиот дел од беспилотните летала биле пресретнати пред да стигнат до регионот. Градоначалникот на Москва соопшти дека во текот ...
Најмалку 12 луѓе загинаа, а уште 47 се повредени откако автобус со полска регистрација се преврте во Унгарија, на околу 140 километри од главниот град Будимпешта. Несреќата се случила околу 1:00 часот по локално време (2:00 часот по македонско време) ноќеска. Службите за итна помош во Унгарија соопштија дека десетмина од патниците во автобусот добиле тешки повреди, а 37 лица се полесно повредени, посочува ДПА. Во изјава за јавноста, ...
Вчера во 15:40 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија до слобода Б.С.(67) од Битола. Тој се сомничи дека околу 12:35 часот предизвикал пожар на ул.„4 Ноември“ во Битола, при што била зафатена сува трева и дрвени палети во неговото поранешно стовариште. Пожарот бил изгаснат од екипа на територијланта противпожарна екипа од Битола, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Битола и по целосно документирање на случајот, ...
Бројот на загинатите во превртувањето на преполн траект во езерото Кариба во Зимбабве се искачи на 72, меѓу кои има 18 деца. Спасувачките екипи извлекле уште 26 тела, соопшти полицијата. Траектот се превртел во вторникот поради силни бранови. Пловниот објект патувал од градот Кариба кон оддалечени села и рибарски заедници во северозападниот дел на земјата, каде што патната инфраструктура е во лоша состојба, а можностите за јавен превоз се ...
Општина Центар и оваа учебна година продолжува со мерката за обезбедување бесплатни училишни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение во осумте општински основни училишта. Мерката, која Општината ја воведе минатата година, продолжува и во учебната 2026/2027 година, со цел да се намалат социјалните разлики меѓу учениците и да се создаде училишна средина во која секое дете ќе се чувствува еднакво и прифатено. Градоначалникот на ...
Пет недели проблеми со водата. Две недели епидемија на западнонилска треска. А прскањето против комарци во Скопје почнува дури утре. Сè се чека, со денови, се доцни. Ништо не се прави навреме за да се спречат проблемите со кои се соочуваат граѓаните, пишува во соопштението на СДСМ. „Кај водата во Гостивар се знаеше денови однапред дека е затруена – никој не реагираше. Граѓаните со денови пиеја вода загадена со фекалии. Институциите молчеа. ...
Бугарските власти вратија пратка од 11,6 тони пиперки потекло од Македонија, откако лабораториските испитувања утврдиле присуство на пестицидот форметанат над законски дозволените граници. Пратката влегла во Бугарија преку граничниот премин Златарево и била наменета за трговска фирма од Петрич. Веднаш по пристигнувањето, зеленчукот бил задржан и ставен под забрана за продажба сè до добивањето на официјалните резултати од анализите. Откако ...
Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа на ЕВН Македонија, денеска дел од корисниците во Скопје ќе се соочат со привремени прекини во снабдувањето со електрична енергија. Според информациите од ЕВН, распоредот за прекините е следниот: Од 06.00 до 13.00 часот: Од 09.00 до 13.00 часот: Од компанијата информираат дека ваквите активности се спроведуваат со цел подобрување на квалитетот и сигурноста во снабдувањето со ...
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со реализација на политики кои создаваат услови за нови инвестиции, развој на производството и отворање добро платени работни места. Резултатите од економските политики веќе се видливи преку новите фабрики кои започнуваат со работа, но и преку компаниите кои веќе се присутни во земјава и ги прошируваат своите производствени капацитети, се наведува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. „Фабриката ...
По враќањето на Христијан Мицкоски од „научната екскурзија“, речникот на ВМРО-ОКГ стана уште поарогантен. Сега ја исмејуваат грижата за здравјето на граѓаните. СДСМ деновиве постојано предупредува за загадена вода низ Македонија, токму затоа што власта на Мицкоски и неговата организирана криминална група ги крие податоците. Поради таа тајност еден цел град од 50.000 жители беше изложен на труење – над 5.000 луѓе побараа лекарска помош. ...
СДС никако да сопре со ширењето хистерија, страв и паника меѓу граѓаните. Ќе заврши со една тема, ќе почни со друга. Ќе заврши со водата за пиење во едно населено место, ќе се префрли во други. Па така, СДС почна со Гостивар, со неуспешниот обид за ширење дезинформации за квалитетот на водата, за што експресно беа демантирани, се префрли во Скопје, за на крај да заврши на селската чешма со кисела вода во Кривогаштани, се наведува во ...
Христијан Мицкоски повторно прибегнува кон политичка математика. Јулската инфлација од 2,3 % ја претставува како голем успех, споредувајќи ја со 2022 година – годината на најголемата светска криза, кога инфлацијата на трошоците на живот беше 16 %, а индексот на цените на мало околу 14 %, се наведува во соопштението на СДСМ. „2022 година, година на светска криза – постковид периодот и енергетската криза, како и почетокот на војната во Украина, ...
Вкупно 25 пожари на отворен простор се регистрирани во земјава во изминатите 24 часа. Од нив, четири се сè уште активни, три се ставени под контрола, а 18 се целосно изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информациите од ЦУК, активни пожари има на следниве локации: Општина Студеничани: Општина Македонски Брод: Општини Велес и Зелениково: Општини Јегуновце и Сарај: Под контрола се ставени пожарите кај селата ...
Граѓаните од православна вероисповед на крајот од овој месец ги очекува продолжен викенд. Празникот Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) се паѓа во петок, на 28 август, што овозможува три поврзани неработни денови. Веќе во септември следува нов неработен ден за сите граѓани во земјава — 8 Септември, Денот на независноста, кој оваа година се паѓа во вторник. Согласно Законот за празниците на Република Македонија, ова се ...
Со изведување на наодите од градежното вештачење на објектот „Пулс“ и распит на вештите лица што го изработиле, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На претходното рочиште, вештаците кажаа дека „Пулс“ нелегано бил пренаменет од индустриски објект во дискотека спротивно на урбанистичкиот план. Со вештачењето е утврдено и дека биле ...
Сончево време со мала до умерена локална облачност и температура до 38 Целзиусови степени најавува Управата за хидрометеоролошки работи за денеска. Наместа ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Утринските температури ќе се движат од 7 до 16 степени, додека дневниот максимум ќе биде во интервалот од 31 до 38 степени. Во Скопје се очекува слично време — сончево со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура во ...
Најмалку пет лица се повредени, од кои едно е во критична состојба, во пукање што денеска се случи на Државниот универзитет во американската сојузна држава Вирџинија. Во соопштението на полицијата и универзитетските власти се наведува дека инцидентот, во кој учествувале повеќе лица, се случил ноќеска во 1:28 часот по локално време во близина на студентскиот станбен комплекс „Квад анекси“ (Quad Annexes). Сите повредени веднаш се пренесени во ...
Економијата е еден од главните приоритети на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Нашата политика е јасна. Интензивно и посветено работиме да создаваме услови за успешен бизнис, затоа што колку е поуспешен бизнисот, толку е поуспешна и државата. Најголемите патриоти се оние кои отвараат ново работно место, обезбедуваат плата повеќе во семејството и создаваат нова вредност во македонската економија. А денес веќе имаме конкретни резултати од ...
Повредено лице со скршеници на двете потколеници попладнево е спасено од непристапен терен над Мало Езеро на Пелистер. Лицето е извлечено и транспортирано до Инфоцентарот на Пелистер каде ќе биде преземено од екипа на Итната медицинска помош Битола и транспортирано до Клиничката болница во Битола за понатамошно лекување. Повикот за помош е примен на Единствениот број за итни повици 112 во 12:04 часот по што се активирани надлежните ...
На 15.08.2026 година во 16:30 часот полициски службеници од ПО Камењане го лишиле од слобода Ј.Н.(45) од с. Боговиње поради тоа што истиот ден во дворот од семејната куќа во с. Боговиње физички ја нападнал својата 34-годишна снаа, при што ѝ нанел телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок. На ...