Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Поголемиот дел од српскиот град Нови Пазар остана без водоснабдување поради настанат голем дефект на главниот водовод во близина на филтер-централата. Екипите на ЈКП „Водовод и канализација“ се излезени на терен и работат на отстранување на дефектот, соопштија од компанијата. Според нивните првични проценки, се очекува дефектот да биде саниран до пладне, по што водоснабдувањето постепено ќе се нормализира. Поголемиот дел од српскиот град ...
На 18.08.2026 во 01:00 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода И.Ѓ.(47) од Прилеп. При претрес во неговиот дом во Прилеп, извршен со наредба од Основен суд Прилеп, биле пронајдени 85 стебла марихуана, две дигитални ваги, две ќеси со семки од канабис и повеќе различни пакувања со марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава. На 18.08.2026 во ...
35 потврдени случаи од западнонилска треска. 3 починати. 6 лица во критична состојба на интензивна нега. А во општина Кисела Вода, токму во Драчево, каде што е прогласена епидемија – организираат кино на отворено, пишува во соопштението на СДСМ. -Потполн аматеризам и непрофесионализам во водењето на епидемијата од страна на Мицкоски и Клековски. Истата шема како и со водата во Гостивар: нема навремена превенција, нема систем, нема ...
Повторно се изведуваат градежни работи на објектот на улицата „Ќемал Сејфула“, кој минатата година беше јавно пријавен како дивоградба на државно земјиште, се наведуваа во соопштението на ДУИ. „Во мај 2025 година, поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, излезе на терен и јавно објави дека објектот се гради без проект и без одобрение за градба, на само еден метар од постојната станбена зграда, непосредно пред прозорците и ...
Украина преку ноќта изврши масовен напад со беспилотни летала врз Москва и нејзината околина, при што според извештаите од руските канали на Телеграм и изјавите на жителите, оштетен е магацинот на најголемата онлајн продавница во Русија „Вајлдберис“. Ова претставува продолжување на украинските напади врз оваа компанија, пишува „Киев Индепендент“. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, објави дека воздушната одбрана соборила најмалку 197 ...
Хрватската писателка, новинарка и колумнистка Ведрана Рудан почина на 76-годишна возраст по долга и тешка битка со ракот. Веста за нејзината смрт ја потврдиле извори блиски до семејството. Утрово на нејзиниот официјален профил беше објавена кратка порака со која беше навестено дека Рудан починала. Набргу потоа беше променета и насловната фотографија на профилот, со порака „No Signal“, односно „Нема сигнал“. Коментарите под објавите се ...
Пентагон денеска објави дека потпишал договор вреден 22,9 милијарди долари со „Рејтеон“ за забрзување на производството на крстосувачки ракети „Томахавк“ за потребите на американската морнарица. Големата нарачка доаѓа во период кога Вашингтон настојува брзо да ги зголеми производствените капацитети за критична муниција, поради намалувањето на залихите на ракети и софистицирана муниција што во голема мера се користи во конфликтот со Иран. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска посочи дека неодамна разговарал со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, откако најави дека САД ќе ги намалат воените вежби со Јужна Кореја. Одговарајќи на прашање од новинарите во Овалната соба на Белата куќа зошто Ким Џонг Ун не реагирал на вчерашната одлука на Трамп за намалување на воените вежби со Јужна Кореја, американскиот претседател рече дека севернокорејскиот лидер сепак „реагирал“, ...
Канада се подготвува за нов бран американски царини од 50 проценти, кои треба да стапат на сила во среда, додека преговорите меѓу двете земји сè уште се далеку од постигнување трговски договор. Новите царини ќе опфатат канадски увоз во САД во вредност од речиси 20 милијарди долари, што претставува околу 5,2 проценти од вкупниот американски увоз од Канада во 2025 година. Американскиот претседател Доналд Трамп минатиот месец се повика на член ...
По продолжениот викенд за Илинден, кога 2 Август беше одбележан во недела, а неработниот ден се пренесе на понеделник, 3 август, граѓаните наскоро ќе имаат уште неколку можности за одмор. Во следниот период следуваат неколку неработни денови, вклучително и нов продолжен викенд. Следен неработен ден за граѓаните од православна вероисповест е 28 Август – Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) . За сите граѓани на РСМ 8 септември ...
Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат резултатите од најновиот неделен лабораториски извештај, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Испитувањата ги спровел Секторот за санитарна контрола во периодот од 10 до 14 август. Во тој период биле земени вкупно 211 примероци за физичко-хемиска и уште 211 примероци за микробиолошка анализа. Примероците биле собрани од 45 мерни места на територијата на Град Скопје. Од „Водовод и ...
Речиси целата територија на државата денеска е под висок ризик од пожари, покажува метеоролошкиот индекс на пожар, соопшти Центарот за управување со кризи. На мапата со портокалова боја е означен висок ризик од појава и брзо ширење на пожари. Исклучок се Шар Планина и поширокиот регион околу Охрид и Ресен, каде што е регистриран среден ризик, означен со жолта боја. Од ЦУК предупредуваат дека актуелните временски услови создаваат зголемена ...
УХМР ги измери температурите ова утро во градовите низ Македонија. Мерните станици во осум часот покажаа дека најниска температура од 16 степени има во Берово, по што следи Попова Шапка со 17, како и Крива Паланка со 18 степени. УХМР измери по 23 степени во Кавадарци и Гевгелија, со што утрово се најтоплите места низ Македонија. Во Скопје ова утро во осум часот се измерени 21 степени Целзиусови. Денеска времето ќе биде сончево и топло, со ...
Клековски сака транспарентност, а дневните анализи на водата во Гостивар ќе ги објави дури по два месеца, пишува во денешното соопштение на СДСМ. -Министерот за здравство Клековски самиот призна дека анализите на водата се прават секојдневно. Сега вели дека сака транспарентно да ја информира јавноста ама ќе ги објави дневните анализи за водата во Гостивар дури по два месеци. Во Гостивар, од почетокот на кризата, од моментот кога 5.000 граѓани ...
Армијата денеска одбележува 34 години од своето формирање, период во кој прерасна во модерна, современа и целосно интероперабилна сила, интегрирана во евроатлантскиот безбедносен систем. Како членка на НАТО, Армијата преку учеството во меѓународни мисии, интензивната модернизација и усогласувањето со НАТО-стандардите ја потврдува својата улога како доверлив сојузник и значаен фактор за регионалната безбедност. Нејзината основна задача ...
Во Кампот за обука на вода во Охрид денеска ќе се одржи централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата, на која ќе присуствува државниот и воениот врв. На свеченоста ќе се обратат претседателката и врховен командант на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски. На настанот се очекува присуство и на претседателот на ...
Во изминатите 24 часа во земјава се регистрирани 29 пожари на отворен простор, од кои шест се активни, еден е ставен под контрола, а 22 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари се регистрирани во Општина Студеничани, во близина на селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, како и во Општина Македонски Брод, кај месноста Видуш и селата Драгов Дол, Локвица и Девич. Пожари има и на подрачјето на општините ...
Дел од жителите на Маџир Маало и Дебар Маало денеска ќе останат без вода поради интервенции на водоводната мрежа, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Во Маџир Маало, прекинот е поради уличен дефект на водоводна линија со профил Ф-2“ на улицата „Раде Јовчевски – Корчагин“. Без вода ќе бидат и корисниците на улицата „Орце Николов“, на потегот од улицата „Ленинова“ до „Наум Наумовски – Борче“, поради изведување водоводен приклучок со ...
Денеска и утре се одржува првиот рок за пријавување на кандидатите кои сакаат да се запишат на прва година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. За академската 2026/2027 година, на 23-те факултети на УКИМ се предвидени вкупно 8.851 место за бруцоши. Од нив, 4.395 места се наменети за редовни студенти кои ќе се финансираат од државниот буџет, 3.621 за редовни студенти со кофинансирање, а 835 за вонредни студенти. Новата академска ...
Денеска времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Во попладневните часови локално ќе има услови за нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се движи од 10 до 18 степени, додека максималната ќе достигне од 30 до 38 степени Целзиусови. Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне, во делови од котлината, се очекува појава на ...
Судењето на Дуејн „Кифи Ди“ Дејвис, обвинет за осмислување и организирање на убиството на раперот Тупак Шакур во 1996 година, почнува денеска во Лас Вегас. Дејвис (63) е обвинет за убиство со смртоносно оружје со намера за поттикнување, напредување или помагање на криминална банда. Обвинителите не велат дека тој бил стрелецот, туку дека го организирал нападот како одмазда за тоа што Тупак и неговата придружба го претепале внукот на Дејвис во ...
Најмалку пет Палестинци се убиени, а 18 се повредени во новите израелски напади врз Појасот Газа во изминатите 48 часа, соопшти Министерството за здравство во енклавата. „Израел уби најмалку 1.265 лица и рани 4.198 во Газа откако стапи на сила „прекинот на огнот“ постигнат со посредство на САД минатиот октомври“, се наведува во соопштението на министерството, објавено на Телеграм. Според податоците на палестинското Министерство за здравство, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот му се закани на Оман со напад доколку земјата се вмеша во напорите на САД во Ормускиот Теснец, додека продолжува конфликтот со Иран и истекува 60-дневниот рок за мировни преговори меѓу Вашингтон и Техеран. „Ако Оман ни се испречи на патот, ќе го бомбардираме до целосно уништување“, изјави Трамп во интервју за Треј Јингст од „Фокс њуз“. Коментарите на американскиот претседател уследија ...
Долгогодишниот проблем со водоснабдувањето во Долно Соње добива конкретно решение. Денеска започна бушењето на нов истражно-експлоатационен бунар, со планирана длабочина од 100 метри. Информацијата ја објави градоначалникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски, кој посочи дека Општината е целосно свесна за проблемот со кој со години се соочуваат жителите. Работите на терен ги изведува Градежниот институт на Македонија, а очекувањата се дека ...
Општина Ѓорче Петров вечерва започна со вонредно прскање од земја против комарци, со цел навремено и ефикасно да се намали нивното присуство и да се заштити здравјето и квалитетот на живот на жителите. – Реагираме навремено. Се грижиме за секое населено место. За побезбедно и попријатно Ѓорче Петров! Грижата за граѓаните е наш приоритет! – напиша на Фејсбук градоначалникот оваа скопска општина Александар Стојкоски. Вонредното прскање против ...
Воен авион на француските Воздухопловни и вселенски сили денеска принудно слетал на автопатот 113 во близина на Салон де Прованс, по што се запалил. Двете лица кои се наоѓале во авионот се полесно повредени. Инцидентот се случил околу 9:45 часот, кога авионот, кој се користи за обука на пилоти, морал принудно да слета на автопатот. Авионот полетал од воената база 701 во Салон де Прованс, пренесува „Фигаро“. Во него се наоѓале инструктор и ...
Тројца членови на исто семејство, меѓу кои бремена жена, нејзиниот малолетен син и нејзината мајка, беа ликвидирани во синоќешната пукотница што се случи во шпанското одморалиште Ел Росо, на Коста де ла Луз. Според првичните информации, двајца маскирани мажи пристигнале со мотоцикли и отвориле оган врз семејството, по што веднаш побегнале од местото на настанот. Локалната полиција потврди дека уште две лица биле погодени во вкрстениот оган, ...
Пожар што избил денеска околу 13:30 часот во близина на прилепското село Чаниште брзо се проширил кон населеното место, при што зафатил најмалку една куќа и помошен објект, но со навремена интервенција на противпожарните екипи е спречена поголема катастрофа. Медицинските екипи интервенирале кај две жителки на селото кои вдишале чад, но нивната здравствена состојба во моментот е стабилна – изјави директорот на Дирекцијата за заштита и ...
Почесна артилериска стрелба денеска се одржа во касарната „Илинден“ во Скопје. Министерот за одбрана Владо Мисајловски на социјалните мрежи сподели видео од свечениот чин и порача: „Нека одекне гордоста!“. Почесната артилериска стрелба е дел од одбележувањето на празникот посветен на Армијата, нејзините припадници и нивната посветеност во исполнувањето на задачите и заштитата на безбедноста на државата. Денот на Армијата – 18 Август, се ...
Министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ, денеска оствари работна средба со постојаниот координатор на Обединетите нации во земјава, Рита Колумбиа, постојаниот претставник на УНДП, Армен Григоријан и проектен менаџер од УНОПС Калинка Габер. Како што се наведува во соопштението од Министерството за локална самоуправа, на средбата која се одржала во конструктивна атмосфера, било разговарано за актуелните и идните проекти, како и за ...