Вчера во 23:45 часот во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен ги лишија од слобода А.А.(36) и С.А.(31), двајцата од Прилеп. Според пријавеното, во ОВР Ресен малолетничка побарала помош затоа што била физички нападната од нејзината мајка С.А. и очувот А.А. по што се здобила со повреди. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава. Вчера во 23:45 часот во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен ги лишија од слобода ...

Времето во Србија ќе биде пријатно топло во наредните денови и без поголеми топлотни бранови, а ноќите ќе бидат особено пријатни. Следната недела се очекува постепено зголемување на температурите на воздухот секој ден, така што на самиот крај на јули Србија ќе биде погодена од нов топлотен бран. Според сегашните прогнози, тој ќе биде најизразен на почетокот на август, а топлината ќе биде повеќе од интензивна. Доколку се остварат денешните ...

Бизарен инцидент кој за малку ќе завршел фатално се случил во такси возило во сојузната американска држава Флорида. Според информациите, 32-годишната Лин Мари Замора се налутила откако нејзината пријателка ѝ рекла дека не може да пие пиво за време на возењето. По оваа забелешка, таа извадила ножици од својата чанта и нападнала маж кој се наоѓал во возилото. Како што пренесува „Њујорк пост“, неименуваниот маж бил избоден во пределот на левиот ...

Тежок инцидент се случил во белградската населба Бољевци, каде што кучиња нападнале и каснале жена на улица. Нападот се случил на улицата Мира, во близина на куќата со број 180. Според првичните информации, жената се здобила со повеќекратни рани од каснување по целото тело. Постојат сомневања дека жената била нападната од кучиња од расата доберман. Повредената жена веднаш била префрлена на медицински преглед за укажување соодветна помош. ...

Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во петок, 24 јули 2026 година, во 18:33 часот, во Русија. Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во областа со географски координати на географска ширина 51,7533 и географска должина 157,8785, во близина на брегот на Камчатка. Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно ...

ЈКП „Водовод“ – Битола спроведува континуирана контрола за обезбедување безбедна и квалитетна вода за пиење за жителите на Битола и околните населени места. „Преработката на водата се одвива во Филтерската станица Дихово, каде Одделението за санитарна контрола и третман врши 24-часовен мониторинг на процесот. Во периодот од 2023 до 2025 година се извршени вкупно 16.622 лабораториски анализи, од кои 8.786 физичко-хемиски и 7.836 микробиолошки. ...

Американските царини за стоки од Србија се привремено укинати, а претходната стапка од 35 проценти е намалена на нула, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ. „Добрата вест е дека од вечерва, по наше време, царините за Србија се нула проценти“, рече Вучиќ во гостувањето во програмата на Српската радиотелевизија (РТС). Тој објасни дека по завршувањето на преговорите, царините веројатно ќе се движат помеѓу 10 и 12 проценти, но дека ...

Денеска (24.07.2026) од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје по Наредба од Основен кривичен суд Скопје извршен е претрес на дом и други простории кај С.Љ.(51) од Скопје. При претресот пронајдени се пет килограми наркотична дрога марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана. С.Љ. и неговиот син Б.Љ.(19) се лишени од слобода и по целосно документирање на ...

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска соопшти дека за детектирање на белата пена во Лепенец пуштил дрон. Човекот што не може да направи билборд без грешка, сега со дрон од воздух ќе го открие загадувањето на Лепенец и Вардар, се наведува во соопштението од СДСМ. „Прво вештачка интелигенција за билборд. Сега дрон, за пена во река. Додека граѓаните во пет града не смеат да ја пијат водата, а во Скопје тече синтетичка пена, власта и ...

Според информациите од експертските тимови на терен, се очекува граѓаните на Гостивар кон крајот на оваа недела да добијат техничка вода, а кон крајот на следната седмица и вода за пиење, изјави директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска. Во гостувањето во дневникот на ТВ Сител, таа информираше дека ИЈЗ во изминатите денови два пати излегол на терен во Гостивар за да земе примероци од водата, при што првите се земени ...

Обвинувањата од страна на опозицијата за состојбата со водата за пиење во Гостивар се неосновани, изјави Марија Андоновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и директорка на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), за време на гостувањето во централниот Дневник на ТВ Сител. Таа посочи дека нападите доаѓаат од оние кои зад себе оставиле нефункционални институции и распаднат систем. „Во однос на контролата и надлежноста на институтот, самите обвинувањата се ...

Жена, државјанка на Северна Македонија, е уапсена во Црна Гора откако со автомобил прегазила куче во населба во Улцињ. Според информациите на црногорските медиуми, по инцидентот таа се обидела да ја напушти државата, но била запрена и приведена на граничен премин. Како што пренесува РТЦГ, полицијата во Улцињ околу 16:00 часот добила пријава за прегазено куче. Набргу потоа возилото било пронајдено, а возачката била идентификувана и спроведена ...

Борбен авион Ф-16 на романските воздухопловни сили во петокот собори дрон кој неовластено влегол во воздушниот простор на Романија. Инцидентот се случил во близина на градот Падина, во округот Бузау, по што соодветно реагирале воените служби. Според Министерството за национална одбрана, во 11:02 часот авионот испалил ракета кон целта и ја уништил над ненасерено подрачје. „Во петок, 24 јули, авион Ф-16 на романските воздухопловни сили од 86-та ...

Осумнесетмесечно девојче го загуби животот откако било оставено околу осум часа во паркиран училишен автобус во областа Алмада во Сетубал, Португалија. Според информациите на португалската новинска агенција Луса, малото девојче Софија се качило во автобусот во четвртокот околу 08:00 часот наутро за да биде однесено во градинка. Од причини кои сè уште ги истражуваат надлежните органи, детето никогаш не се симнало од возилото и останало ...

Швајцарски турист на возраст од 55 години претрпел сериозна повреда на ногата откако бил каснат од неидентификувана риба на плажата во Пиопи, во италијанскиот регион Кампанија. Мажот пливал на само неколку метри од брегот кога рибата го каснала во пределот на телето, предизвикувајќи му длабока рана. Поради каснувањето, туристот изгубил голема количина крв. Како што пренесува весникот „Кориере дела Сера“, крварењето веројатно било дополнително ...

Грција се соочува со драстична промена на времето и пад на температурите по неколкудневниот топлотен бран во кој живата на термометрите достигнуваше и до 40 степени. Во градот Катерини, промената пристигна нагло, каде што за кратко време темни облаци го прекрија небото и започна пороен дожд. Улиците брзо се испразнија, а метеоролошките служби соопштуваат дека овој нестабилен временски фронт веќе се шири и кон останатите делови од земјата и ...

Мицкоски направи еколошка катастрофа – Отровот стигна и до Скопје, велат од СДСМ. „Прво загадена вода за пиење во Гостивар, Валандово, Лешок, Крушево и Пласница. Дури и во болница немаше безбедна вода. Сега бела пена тече низ реката Лепенец во Скопје. Пената изгледа како да е синтетичка. Видливиот доказ за загадување што се излива директно во реката, токму таму каде што Лепенец се влева во Вардар. Ова веќе не е инцидент. Ова е системски ...

На врвот Пелистер, на надморска височина од 2.601 метар, денеска падна снег, соопштија од ЈУ Национален парк „Пелистер“. Променливото време и наглиот пад на температурите ги претворија врнежите од дожд во снег на највисоките точки на планината Баба. „Пелистер како крал на планините во Македонија и понатаму е непредвидлив и моќен“, истакнаа од јавната установа. Издадената фотографија од снежните прилики е направена од вработените во пунктот на ...

СДС се жив доказ дека се способни да го пробијат моралното дно, да користат случаи кои ги загрижуваат граѓаните, само за свој личен интерес, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Во тој контекст се и нивните обиди од изминатите дена, со ширење лаги да креираат хистерија која предизвикува страв и несигурност кај граѓаните. Очигледно е дека треба да се внимава на информациите кои ги пласира СДС, лани ширеа хистерија околу пожарите, а оваа година се обидуваат ...

Во Клиничко-болничкиот центар „Доктор Драгиша Мишовиќ“ во Србија, за еден час се родиле шест бебиња. Три жени рдиле близнаци, а уште три жени на свет донеле по едно бебе, со што е постигнат рекорд во ова породилиште – за само еден час се родиле дури девет бебиња. Началничката на Болницата за гинекологија и акушерство, д-р Слаѓана Михајловиќ, изјави дека тоа е еден од најубавите денови што ги памети откако работи во оваа установа. „Сè помина ...

Десетици американски трговски партнери, од Европа преку Кина до Индија, сега се соочуваат со нови царини од 10 до 12,5 отсто за стоката што ја извезуваат во Соединетите Американски Држави, соопшти Канцеларијата на американскиот трговски претставник, пренесува Си-Ен-Ен. Новите царини стапија во сила утрово. Стоката од 60 засегнати земји сочинува 99,4 отсто од американскиот увоз. Воведувањето на новите царини се совпаѓа со истекот на речиси ...

Облаците кои ја зафатија Србија во текот на ноќта во следните часови ќе се преместуваат кон јужните и источните делови на земјата. Така, дожд во наредниот период ќе има во регионите јужно од Сава и Дунав, а попладне и навечер се очекува разведрување низ цела Србија, изјави метеорологот на „Еуроњуз Србија“, Љубица Гојковиќ. „Продорот на студен воздух од северот на Европа денеска носи и благ пад на температурите. Во повеќето места живата во ...

Струмица со 28,1 и Гевгелија со 27,7 степени беа најтоплите градови во Македонија денеска до 17:00 часот, покажуваат најновите мерења на УХМР. Во исто време, во Претор падна најмногу дожд во последните девет часа, каде што се измерени 26,2 литри на метар квадратен. Во Скопје максималната температура на мерното место Петровец достигнала 20,6 степени, додека на Зајчев Рид биле измерени 19,4 степени. Најстудено било на Попова Шапка каде што ...

По повод годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година, Град Скопје утре организира бесплатен панорамски разглед на градот. Како што информираат од градските власти, разгледот ќе се реализира со панорамски автобус и професионален туристички водич од Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници. Граѓаните ќе имаат можност да го запознаат Скопје какво што било пред земјотресот, како и да ги откријат ...

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, изврши увид во градежните активности за реализација на еден од најзначајните проекти за ревитализација на Старата скопска чаршија. Работите влегоа во првата фаза, која опфаќа изградба на нова водоводна и канализациска мрежа. Во следните фази ќе следуваат реставрација на калдрмата, поставување ново осветлување во традиционален стил и уредување на јавниот простор, со цел модернизација на ...

Министерот за здравство Сашо Клековски, денес одржа средба со претставници на матичните лекари и Управата за електронско здравство Мој Термин, на која се разговараше за можноста матичните лекари побрзо и поефикасно обезбедуваат термини за специјалистички прегледи преку системот Мој термин. На средбата, на која учествуваа претставници на ЗЛОМ и ЗПЛРМ, од Управата за електронско здравство беше разговарано и за посебни алатки за пребарување на ...

Дваесетгодишните спасувачи Атина Хоромиду и Танос Економу го спасија животот на две и полгодишно девојче кое вчера околу пладне било извлечено во несвест од морето на плажата Полихроно на Халкидики. Информацијата и деталите за спасувањето ги објави грчкиот портал „Прототема“, за кој спасувачката Атина Хоромиду опиша како ги презеле првите чекори за реанимација. „Не знам кој го извлекол девојчето од морето. Мојот колега добил повик дека детето ...

СВР Струмица-ОВР Радовиш, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против 26-годишен жител на радовишко село поради постоење на основано сомнение дека сторил кривични дела „силување на дете кое не наполнило 15 години“ по член 188 и „вонбрачен живот со дете“ по член 197 од Кривичниот закон. Во текот на 2025 па до 23.07.2026 во радовишко село, во куќата на родителите на малолетничката со која живеел во вонбрачна ...

Водата од водоводната мрежа во населените места Преглово и Пласница е здравствено неисправна и не смее да се користи за пиење без претходно зовривање од најмалку 10 минути. Ова го покажаа најновите анализи и стручни мислења од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Прилеп. Според официјалните извештаи од тестирањата извршени на 24 јули 2026 година, микробиолошките анализи на мострите земени на 14 јули покажале сериозни отстапувања од безбедносните ...

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против И.К.(69) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање лажен исказ”. – Пријавениот, со намера да ја скрие вистинската причина за вадење на нова сообраќајна дозвола, дал лажна писмена изјава дека неговата сообраќајна дозвола му е изгубена, иако претходно му била претходно одземена од инспектор за патен сообраќај од Град ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
5.29
27%
1010
weather icon

Белград

34ᴼ / 34ᴼ
4.0
32%
1009
weather icon

Загреб

33ᴼ / 33ᴼ
4.79
39%
1013
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
2.63
33%
1010
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
5.18
28%
1008
weather icon

Љубљана

32ᴼ / 30ᴼ
0.89
57%
1014
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
5.36
36%
1008
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
4.3
33%
1010
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
1.02
33%
1010
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 31ᴼ
0.89
41%
1009
weather icon

Будимпешта

33ᴼ / 31ᴼ
4.02
40%
1012
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 29ᴼ
4.88
100%
1008
Currency

61.525

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Бакар

13.54

Платина

55652.94

Паладиум

43435.66

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.27

Злато

137126.15

Калај

56.77

Рутениум

53852.50

Сребро

2005.37

Иридиум

252383.36

Родиум

278103.96