Индија денеска успешно го изврши првото тестирање на ракетата „Куша“, систем земја-воздух со долг дострел – соопштија индиските власти. Тестирањето го спроведе Организацијата за истражување и развој во одбраната (DRDO) од островот „Д-р АПЈ Абдул Калам“, крај брегот на источната сојузна држава Одиша. Индискиот министер за одбрана Раџнат Синг на социјалната мрежа Икс објави дека ракетниот систем „Куша“ е способен да неутрализира широк спектар ...

Членови на Управниот одбор на Сојузот на одгледувачи на овци „Модерен овчар“ денеска ќе одржат средба со претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) поради појавата на сипаници кај малите преживари. Средбата е закажана за 13 часот, а по неа, во 14:15 часот, пред АХВ изјава ќе даде претседателот на Сојузот, Насер Џемаили. Членот на Управниот одбор на Сојузот, Моме Младеновски, за МИА информира дека состојбата со сипаниците кај ...

Од Основен Кривичен Суд Скопје информираат дека судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на одбраната на осомничениот М.С., поранешен претседател на Фудбалската федерација на Македонија, донесе решение со кое ја прифати понудената гаранција во износ од над 1.150.000 евра, која се состои од засновање хипотека врз недвижен имот и ја укина мерката притвор. Истовремено, заради обезбедување на ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднела кривична пријава против И.Т.(38) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. Според пријавеното, на 03.06.2026 година, пред станбена зграда во Гостивар, пријавената физички нападнала малолетник. По целосно документирање на случајот, против неа ќе следува соодветна постапка. Надворешната канцеларија за криминалистички работи ...

Министерот за внатрешни работи Тошковски денеска јавно изјави дека започнало хиперхлорирање на водата во Гостивар. Министер за полиција најавува хлорирање на вода за пиење. Каде го има тоа? Што ни кажува ова за стручноста на луѓето кои денес одлучуваат за јавното здравје на граѓаните на Македонија?, се наведува во соопштението од СДСМ. -Кога директор на Фондот за здравствено осигурување е спортски тренер, а хлорирањето на водата го најавува ...

Скандалот со водата во Гостивар покажа уште еднаш како СДС, ДУИ и Таравари постапуваат кога одговорноста треба да ја понесат нивните функционери, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. -Наместо веднаш да побараат утврдување на одговорност и брза реакција од локалните институции, тие избраа да молчат и да го оправдуваат неодговорното однесување на градоначалникот Валбон Лимани. За нив, поважно е да ги заштитат своите партиски кадри отколку ...

Основниот суд во Гевгелија донесе првостепена пресуда со која 56-годишниот Васил Режак од дојранското село Сретеново е осуден на 18 години затвор, откако е прогласен за виновен за кривичното дело „убиство на свиреп начин“. Според пресудата, на 1 ноември 2025 година во близина на угостителски објект во селото Сретеново, Режак и Никола Тимев, кои претходно биле во пријателски односи, по заедничко консумирање алкохол влегле во жестока расправија ...

Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) денеска предупреди дека секоја британска воена база што САД ќе ја користат за напади врз Иран ќе стане „легитимна цел“, обвинувајќи го Лондон дека има значајна улога во неодамнешните американски и израелски воени операции. Во соопштението, Револуционерната гарда наведе дека американската војска неодамна користела бомбардери „Б-1“, кои полетувале од британската воздухопловна база Ферфорд, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска му се закани на Иран со „голема воена казна“, обвинувајќи го Техеран за нападите на јеменските бунтовници Хути врз два саудиски нафтени танкери во Црвеното Море, со што, според него, конфликтот на Блискиот Исток се проширува и кон уште една клучна светска трговска поморска рута. Стравувањата дека нарушувањата во поморскиот сообраќај би можеле да се прошират и на Црвеното Море предизвикаа нагло ...

Со јасна цел, создавање професионален, ефикасен и модерен јавен сектор кој ќе биде вистински сервис на граѓаните, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите две години презеде конкретни и суштински чекори за реформа на јавната администрација, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение. -Усвојувањето на Законот за административни службеници, Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за стручно усовршување и обука на административните ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поинтензивни и ќе надминат 15 литри на квадратен метар, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. На места се очекува нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а долж Повардарието повремено ќе достигнува брзина над 50 километри на час. Дневната температура ќе се движи во интервал од 20 до ...

На 23.07.2026 година во 04:40 часот, на кружната крстосница на булеварите „Туристичка“ и „АСНОМ“ во Охрид, патничко возило „Ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(38) од Охрид, излетало од патот. По преземени мерки, полициските службеници утврдиле дека возачот управувал со возилото под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,51 промили алкохол во крвта. Возачот веднаш бил исклучен од сообраќај. По насока на јавен ...

Поради загадената вода во Гостивар, Агенцијата за храна и ветеринарство веќе изрече 30 казни и 12 забрани за работа. Засилените контроли продолжуваат, а дел од угостителските објекти, продавниците и производителите веќе се соочуваат со ограничувања и затворања, се наведува во соопштението од СДСМ. -Ниту еден од овие луѓе не е виновен. Тие се жртви на туѓа грешка. Жртви на организираната криминална група ВМРО, на нивните нестручни кадри и на ...

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска ќе ја посети касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп, каде заедно со командантот на 1. пешадиска бригада, бригадниот генерал Дејан Чиплаковски, ќе оствари средба со припадниците на артилерискиот баталјон. Во рамки на посетата, Мисајловски ќе изврши увид во градежните активности што се реализираат во касарната, информираат од Министерството за одбрана. По завршувањето на посетата, министерот ќе даде ...

Собранието денеска, во рамки на 117. седница, ќе одлучува за избор на нов министер без ресор во Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски. Пред пратениците е предлогот Зулфикар Зејнула да ја преземе оваа функција. Зејнула е претседател на Демократската партија на Турците, која неодамна потпиша коалициски договор со ВМРО-ДПМНЕ. Неговата кандидатура беше најавена на 10 јули, кога лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и Зејнула го ...

Неколку амандмани на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, кој се разгледува по скратена постапка, денеска ќе бидат тема на 32. седница на собраниската Комисија за образование, наука и спорт. Станува збор за шест амандмани поднесени од пратеничката група на ДУИ, кои се најдоа и на дневниот ред на Законодавно-правната комисија. Комисијата за образование, наука и спорт на седницата одржана на 16 јули ...

На 22.07.2026 година во 15:25 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Лагово–Витолиште, кај селото Штавица, прилепско, патничко возило „Цитроен“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Г.П.(35) од Прилеп, излетало од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница во Прилеп. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Прилеп. На 22.07.2026 ...

На 23.07.2026 година во 01:30 часот, на граничниот премин Долно Блаце, при влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Г.Р.(26) од Косово. При извршена пасошка контрола и гранични проверки било утврдено дека лицето се наоѓа во оперативната евиденција со мерка „апси“, по барање на ЕВР Чаир. Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Чаир за понатамошно постапување. На 23.07.2026 година во 01:30 часот, ...

На 22.07.2026 година во 22:35 часот, на улицата „Вон Вардарска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.С.(47) од Тетово, поради сомнение за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста“ по член 133 од Кривичниот законик. Според пријавеното, на 21.07.2026 година околу 18:15 часот, на улицата „107“ во Тетово, Б.С. со пиштол му се заканувал на Х.А.(43) од Тетово. Лицето е задржано во полициска станица, а по ...

Денес времето ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд, кои на одделни места ќе бидат пообилни (над 15 l/m²). Локално се очекува нестабилна атмосфера со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а долж Повардарието повремено ќе се засилува и ќе достигнува брзина над 50 km/h. Утринските температури ќе се движат од 9 до 18 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 20 до 27 ...

Грчките здравствени власти регистрираа 21 локално пренесен случај на вирусот Западен Нил од почетокот на сезоната, од кои дури 14 се потврдени во последната недела. Најголемата циркулација на инфекцијата е евидентирана во регионот Атика, поради што Националната организација за јавно здравје упати апел до туристите и локалното население за задолжителна примена на мерки за заштита од каснување од комарци. Според официјалниот извештај на грчката ...

Пензиониран полковник загина откако учебен хеликоптер се урна во нива во локалитетот Темели, во општината Синџан во Анкара. По несреќата на местото биле упатени бројни екипи на итната медицинска помош и спасувачките служби. Според првичните информации, во хеликоптерот се наоѓале две лица, кои биле повредени, јави „Хуријет“, а пренесе 4news.mk. Подоцна било соопштено дека пилотот, пензионираниот полковник Јасаозден Баккал, починал во болницата ...

Првиот човек на ЦУК, Стојанче Ангелов на прес-конференција на кризниот штаб во Гостивар информираше дека вчера и денеска во Гостивар донесени се 200.000 литри пакувана вода. Ангелов посочи дека станува збор за донации и од Министерството за локална самоуправа, и Општина Неготино. Покрај вода за пиење се работи и на обезбедување доволни количества техничка вода. – По потреба можеме да обезбедиме дополнителна количина флаширана вода, онолку ...

Група од 120 британски милионери, меѓу кои поранешниот фудбалер Гери Линекер и музичкиот продуцент Брајан Ино, во отворено писмо до новиот британски премиер Енди Барнам побараа да бидат повисоко оданочени, истакнувајќи дека најбогатите треба да придонесуваат повеќе за финансирање на јавните услуги. Во писмото, организирано од движењето „Патриотски милионери“, се наведува дека потписниците можат да плаќаат повисоки даноци. „Не зборуваме за ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на прес-конференцијата во Гостивар порача дека одговорност за случајот со водата во овој град ќе сносни секој кој со извршување или неизвршување на дејствија, пропишани со законите, придонел кон тоа да дојде до оваа ситуација. Тој истакна дека во врска со случајот на разговор се повикани голем број лица и се преземаат бројни истражни дејствија во рамките на наредбите дадени од страна на ...

Полициски службеници денеска лишиле од слобода возач-почетник, којшто возел со 211 километри на час, соопшти МВР. – Денеска во 16:21 часот, на автопатот Скопје–Тетово, кај клучка Кондово, полициските службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на МВР лишија од слобода возач-почетник, кој управувал патничко возило „Фолксваген Артеон“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 211 ...

Во „Тема на денот“ на Сител телевизија гостуваше градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски кој истакна дека најважните проекти, каде говореше за актуелните проекти што ги реализира општината, со посебен акцент на базенот и салата „Партизан“. Лукровски информираше дека од почетокот на септември Општина Карпош ќе го отстапи базенот кој се наоѓа во салата Партизан на користење на Пливачката федерација, врз основа на одлука на Советот на ...

Емилија Јанеска која е дел од лабораториско – експертски тим и доаѓа од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје на прес-конференцијата на кризниот штаб во Гостивар даде стручно појаснување за текот на испитувањата на водата од гостиварскиот водовод. Таа посочи дека пред два дена биле земени 9 примероци, од кои 3 примероци биле земени од самите каптажи за да се види квалитетот на водата. Јанеска рече кажа дека шесте примероци земени од повеќе ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека ја координира акцијата за обезбедување и дистрибуција на вода во Гостивар, поради епидемијата што го зафати градот. Директорот на ЦУК, Мухамед Али, денеска присуствувал на седницата на Главниот штаб во Општина Гостивар, каде што биле разгледани мерките за справување со состојбата. Потоа, заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, ...

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) попладнево испрати дополнителни сили за справување со големиот пожар над селото Копаница, во Општина Сарај. За поддршка на скопската Бригада за противпожарна заштита, во акцијата се ангажирани два противпожарни авиони „Air Tractor“, кои интервенираат од воздух, како и две специјализирани теренски возила „Пинцгауер“, наменети за гаснење пожари на непристапен терен Пожарникарите и тимовите на ДЗС, велат ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
3.25
32%
1010
weather icon

Белград

33ᴼ / 33ᴼ
3.47
44%
1009
weather icon

Загреб

32ᴼ / 32ᴼ
3.03
42%
1013
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
2.93
34%
1011
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
6.99
36%
1009
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 30ᴼ
1.34
50%
1013
weather icon

Атина

34ᴼ / 31ᴼ
3.13
38%
1009
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
2.67
41%
1010
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
1.4
42%
1010
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 30ᴼ
3.13
44%
1009
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 29ᴼ
3.58
47%
1013
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 28ᴼ
4.51
100%
1008
Currency

61.525

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Родиум

278103.96

Платина

55652.94

Алуминиум

3.27

Бакар

13.54

Паладиум

43435.66

Рутениум

53852.50

Злато

137126.15

Калај

56.77

Кобалт

56.29

Цинк

0.00

Иридиум

252383.36

Сребро

2005.37