Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка и благодарност до припадниците на Армијата, истакнувајќи ја нивната посветеност, одговорност и професионализам во извршувањето на задачите во служба на државата и граѓаните. Преку објава на својот профил на „Фејсбук“, Мицкоски посочи дека улогата на Армијата е од суштинско значење за безбедноста и стабилноста. Армијата е многу повеќе од униформа. Таа е чест, одговорност, дисциплина и посветеност. ...
Уште еден пациент кај кого лабораториски била потврдена невроинвазивна форма на западнонилска треска почина на Универзитетската клиника за инфективни болести во Скопје, со што бројот на смртни случаи во земјава се искачи на четири. Информацијата денеска ја потврди директорот на Клиниката, д-р Фадил Цана, кој изнесе детали за моменталната состојба со хоспитализираните пациенти. „Уште еден пациент во тешка здравствена состојба кај кого ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Охрид, во Центарот за обука на вода, присуствуваше на централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата и 34 години од формирањето на современата македонска Армија. По повод Денот на Армијата, министерот Тошковски упати честитки до сите припадници на Армијата, истакнувајќи го нивниот придонес во заштитата на државата и граѓаните, како и значењето на Армијата како еден од ...
Современата одбрана не треба да се сведува само на одговор на веќе настанатите закани, туку мора да се заснова на нивно предвидување, подготовка на соодветни капацитети и градење отпорност на државата, порача претседателката и врховен командант Гордана Сиљановска-Давкова на свеченоста по повод 18 Август – Денот на Армијата во Охрид. Во своето обраќање, таа се осврна на новите предизвици и технолошкиот развој во воениот сектор. „Границите меѓу ...
Писателката Ведрана Рудан почина на 77-годишна возраст по долго и тешко боледување. Нејзините колумни беа широко познати, а во една од нив од пред неколку месеци, Рудан отворено пишуваше за односите во нејзиното семејство, сопствената дијагноза и одлуките околу нејзиниот имот и погреб. Во текстот, таа без задршка се осврнува на соочувањето со болеста, комуникацијата со блиските и одлуката на синот да не му остави ништо, ниту да му дозволи ...
Опозициската СДСМ на денешната прес-конференција упати жестоки критики до Владата, премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Сашо Клековски, обвинувајќи за неспособност и колапс на системот во справувањето со здравствените кризи во Гостивар и Скопје. Од партијата посочија дека додека граѓаните се соочуваат со епидемиолошки закани, надлежните не преземаат соодветни мерки. „Со Мицкоски, Клековски и ВМРО, здравјето на граѓаните е ...
Поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре без снабдување со електрична енергија ќе останат жители од две скопски општини, информираат од ЕВН. Во општина Кисела Вода, прекинот е предвиден за утринските и претпладневните часови. „Дел од ул.‘Христо Татарчев’ 24, во близина на пералната за автомобили, ќе биде без струја од 08.30 до 13.00 часот.“ Истовремено, прекин на напојувањето ќе има и во општина Ѓорче Петров во ...
Вчера околу 22:00 часот во с.Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишија од слобода Р.С.(59) од Латвија. При контрола во патничко возило „фиат типо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 10 лица мигранти од Египет. Мигрантите се сместени во Прифатни транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија, а Р.С. е предаден во Полициска станица ...
По познатата хрватска писателка Ведрана Рудан, која почина на 77-годишна возраст по долга борба со ракот, останаа нејзините две деца од првиот брак, синот Славен и ќерката Асја. Во своите блогови објавувани во последните месеци од животот, таа отворено пишуваше за односите во семејството и ставовите за родителството. Таа објасни дека иако направила сè за своите деца, одлучила да ја запре финансиската поддршка во моментот кога тоа би можело да ...
Вчера во 17:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на булевар „Видое Смилевски Бато“ во Тетово, патничко возило „опел корса“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.С.(20) од село Слатино, тетовско, излетало од коловозот и удрило во И.Љ.(67) од Тетово, кој извршувал работни задачи во плац на правен субјект од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил И.Љ., додека со телесни повреди се здобиле возачот и неговиот сопатник ...
Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, на денешната прес-конференција упати критики до опозициската СДС и нејзиниот лидер Венко Филипче, обвинувајќи ги за обиди за создавање паника и хаос меѓу граѓаните. Според Лефков, по пропаѓањето на тврдењата околу исправноста на водата, од СДС нема ниту извинување ниту преземање одговорност, туку се продолжува со пласирање дезинформации. „Откако обидите за создавање паника ...
Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски, на денешната прес-конференција обвини дека во Македонија се спроведува операција за воспоставување контрола врз медиумскиот простор по модел сличен на оној во Србија. Според него, овие случувања се продолжение на предупредувањата што партијата ги упатила пред два месеца. „Денеска на прес-конференцијата мораме да кажеме една исклучително важна тема, односно исклучително важна ...
Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ангелинка Петкова, на денешната прес-конференција истакна дека определбата на Владата е да обезбеди стабилно снабдување со електрична енергија, зголемување на домашното производство и создавање услови за пониски трошоци за граѓаните и компаниите. Таа се осврна на цената на електричната енергија и посочи дека реалното зголемување било значително пониско од тврдењата на опозицијата. „Ќе почнеме со цената ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на прес-конференција го најави одржувањето на Амбасадорскиот совет, кој во четврток и петок во Скопје ќе ги собере шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на државата во странство. Ова е првпат по 2019 година Амбасадорскиот совет повторно да се одржи во нашата држава со физичко присуство на шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва. По повеќе ...
Времето утре сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има зголемена облачност и услови за краткотраен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, соопштија од УХМР. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Од УХМР најавија дека од четврток следува период на претежно стабилно и многу ...
Пожарот кој премина од територијата на Велес кон Зелениково е активен во овој момент, но со интервенција на велешките пожарникари е значително намален и заштитени се две загрозени села, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, во пладневниот преглед за состојбата со пожарите. Тој посочи дека пожарот во Македонски Брод е значајно намален, додека огнот во општина Студеничани кај селото Рамни Габер е ...
Земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во вторник, 18 август 2026 година, во 10:07 часот, во Италија. Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во областа со географски координати на географска ширина 38,1333 и географска должина 15,0542, недалеку од Сицилија. Хипоцентарот на земјотресот, според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од ...
Познатата писателка Ведрана Рудан почина на 76-годишна возраст, по две и пол години борба со тешка болест. Поголемиот дел од својот живот го помина во Риека, каде што живееше во специфична куќа стара четири века, а во една пригода при гостување во емисијата „ТВ лица како сите нормални луѓе“ на РТС сподели детали за својот дом и приватниот живот. Писателката откри дека нејзиниот сопруг го пронашол тој имот, кој има посебен статус. Сопругот ја ...
Свиркачи до нас доставија шокантно видео кое го објавивме. Бомба е фрлена во домот на Милко Бошковски во Бардовци. Настанот се случил пред два дена, во недела, на 16 август. Кој е Милко Бошковски? Вработен во МВР, во отсек за организиран криминал. Бошковски е директно поврзан со кумот на премиерот Христијан Мицкоски, се вели во соопштението на СДСМ од денешната прес-конференција на партискиот генерален скеретар Александар Саша Димитријевиќ. ...
УХМР ги измери температурите ова претпладне низ Македонија. Мерењата во 11 часот покажаа дека најниска температура има на Попова Шапка, каде се измерени 18 степени. Со 31 степени, Велес е најтопол град во 11 часот во Македонија. Во Скопје УХМР измери 28 степени Целзиусови во 11 часот, со што е еден од најтоплите градови денеска. Денеска времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Во попладневните часови локално ќе има ...
Ведрана Рудан почина на 76-годишна возраст, по долго и сериозно боледување. Веста за нејзината смрт претходно се појави на нејзиниот Фејсбук профил, со опис: „Ведрана отиде во област без сигнал“. По што на Dnevnik.hr му беше потврдено дека починала. Ведрана се бореше со холангиокарцином, а често пишуваше за својата болест на својот блог. Зборовите ѝ се замрзнаа во вените. Откако ја дозна дијагнозата, Ведрана Рудан донесе тешка одлука бидејќи, ...
Викендот на романскиот брег беше обележан со трагедии и драматични интервенции на спасувачите. Двајца браќа, на возраст од 17 и 19 години, се удавија на плажата во одморалиштето Олимпија откако влегоа во разбрането море и покрај истикнатото црвено знаме. Влад (17) и Јонук (19), потекнуваат од Васлуј и престојувале на крајбрежјето каде што работеле за да му помогнат на своето семејство, кое се наоѓало во тешка финансиска состојба. На нивниот ...
Во Скопје вечерва ќе се спроведе 13. теренска дезинсекција против комарци за оваа сезона, најави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Третманите ќе продолжат и во наредните денови. За 20 август е планирана теренска дезинсекција против возрасни форми на комарци, додека на 21 август, во раните утрински часови, ќе се изврши авионски третман. Од 23 до 26 август повторно ќе се спроведува теренска дезинсекција. Од Град Скопје информираат дека ...
Општинскиот суд во Вараждин го осуди 20-годишниот Н. Д. поради објавување фотографија на својот Инстаграм профил со која го навредил угледот на полицијата. На спорната фотографија, младиот човек седи пред полициско возило и ги покажува средните прсти на двете раце, притоа додавајќи ја песната „Хрватска полиција“ од групата Г7. Судот заклучи дека со оваа објава младиот човек го омаловажил државниот орган за време на извршување на нивните ...
Хрватската писателка, новинарка и колумнистка Ведрана Рудан почина на 76-годишна возраст по долга и тешка битка со ракот. Веста за нејзината смрт ја потврдиле извори блиски до семејството. Утрово на нејзиниот официјален профил беше објавена кратка порака со која беше навестено дека Рудан починала. Денес особено потресно звучи нејзината последна објава на нејзниот блог. Таа ја објави на 26 јули под насловот „Медицинските сестри ќе здивнат кога ...
Пожар избувна рано утрово во куќа во скопската населба Козле, на улицата „Јуриј Гагарин“. Од објектот се забележувал густ чад, по што случајот бил пријавен во полиција. На местото веднаш пристигнале екипи на Бригадата за противпожарна заштита – Скопје, кои со две противпожарни возила интервенираат на пожарот. Интервенцијата започнала откако во 7:52 часот во СВР Скопје било пријавено дека е опожарена куќа на улицата „Јуриј Гагарин“. На терен ...
Заканата што ја претставуваат зголемените температури поради климатските промени за здравјето на постарите лица е значително потценета, според резултатите од американска студија објавена денес. Истражувањето е објавено во списанието „The Lancet Planetary Health“ за време на исклучително жешко лето и рекордно екстремни температури. Американскиот тим, предводен од истражувачи од Универзитетот Стенфорд, се обиде да процени колку често глобалното ...
За човек да ја види политичката матрица на талогот на СДС, не е потребно многу време, толку се површни, што потребни се неколку дена. Начинот им е следен. Прво создаваат сомнеж, потоа шират паника и дезинформации, и кога на крај со факти ќе стигнат демантите од надлежните институции, од талогот на СДС кој со умисла го прават тоа, нема ниту извинување, ниту одговорност, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. „Таквото однесување на талогот на ...
Од Водовод и Канализација-Скопје известуваат за прекин со водоснабдувањето, на уште една скопска улица. -Ве известуваме дека на ден 18.08.2026 г. поради дефект на приклучна водоводна цевка Ф 80мм. на бул. Видое Смилевски Бато 83-2, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од бул. Видое Смилевски Бато, стои во соопштението. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување на работните активности. Од Водовод и ...
Поголемиот дел од српскиот град Нови Пазар остана без водоснабдување поради настанат голем дефект на главниот водовод во близина на филтер-централата. Екипите на ЈКП „Водовод и канализација“ се излезени на терен и работат на отстранување на дефектот, соопштија од компанијата. Според нивните првични проценки, се очекува дефектот да биде саниран до пладне, по што водоснабдувањето постепено ќе се нормализира. Поголемиот дел од српскиот град ...