Скопје
32ᴼ /
32ᴼ
Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на свеченото испраќање на учесниците во 48. Традиционален Илинденски коњички марш, кој традиционално се одржа во дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче. Мицкоски им посака безбеден пат на коњаниците кои се упатија кон Крушево за одбележување на претстојниот државен празник Илинден. „Денеска присуствував на свеченото испраќање на учесниците во 48. Традиционален Илинденски ...
Вкупно 35 коњаници од Горно Лисиче вечерва го започнаа својот пат кон Крушево во рамки на 48-от Традиционален Илинденски коњички марш. Тие на празникот Илинден ќе им оддадат почит на хероите кои ги вградија своите животи во темелите на македонската државност. Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, преку социјалните мрежи истакна дека Илинден претставува завет за зачувување на споменот за комитите и војводите. „Илинден не е ...
Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, упати остра реакција по поводот вандализирањето на просториите на КУД „Српски вез“ во градот. Тој побара од надлежните истражни органи брзо да реагираат, да го утврдат идентитетот на сторителите и соодветно да ги санкционираат. Димитриевски во својата реакција истакна дека Куманово останува град препознатлив по својата мултикултура и соживот. „Најостро го осудувам вандализирањето на ...
„Појдовната основа на ЛДП доаѓа од Лигата за демократија, во која што нели, професорот Ѓорѓе Марјановиќ сакаше и сакавме Македонија да биде попристојно место за живеење. Наспроти тоа, добивме еден хаос и да сведочиме на вакви катаклизми. Ова не се трагедии, туку ова е буквално човечки фактор на пропуст. И мислам дека во Македонија она што е клучно е тоа што зборот одговорност постои само во теоријата, а ние реално во праксата не гледаме ...
Следен неработен ден за сите граѓани во Република Северна Македонија е 3 август – Ден на Републиката (бидејќи 2 август е во недела) Во продолжение е целосниот календар на неработни денови за 2026 година, за да можете навреме да ги испланирате вашите патувања и одмори. За сите граѓани на РСМ Оваа година нè очекуваат дури 7 продолжени викенди за сите граѓани: 1 јануари (четврток) 7 јануари (среда) 20 март (петок) Продолжен викенд 13 април ...
Три жени се повредени во напад со нож што се случил претпладнево во Париз, а осомничениот напаѓач е уапсен по брза реакција на полицаец кој во моментот не бил на должност. Нападот се случил околу 11:30 часот во областа Порт де Клиши, во северозападниот дел на француската престолнина. Според досегашните информации, напаѓачот бил вооружен со два кујнски ножа и нападнал три жени на возраст од 19, 24 и 36 години. Сите повредени жени веднаш биле ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, преку емотивна објава на социјалните мрежи се прости од легендарниот македонски актер Гоце Тодоровски. Ѓорѓиевски истакна дека не постојат вистински зборови за простување од човек кој зад себе оставил убавина, спомени и човечка топлина, нагласувајќи го големиот придонес на актерот за македонската култура. „Имавме многу заеднички моменти, разговори, средби и спомени кои денес добиваат уште ...
Силно олујно невреме проследено со поројни дождови и жестоки ветрови вчерапопладне ја зафати Грција, создавајќи сериозни проблеми за локалното население и за илјадниците туристи. Како што пренесуваат грчките медиуми, најкритично било во главниот град Атина и во неколку други поголеми региони, каде што стихијата го парализираше секојдневниот живот. Обилните врнежи од дожд беа концентрирани пред сè во северните и централните копнени делови на ...
Сериозен шпионски скандал ја потресе Воената команда на НАТО во белгискиот град Монс, откако локалните власти уапсија канадска државјанка под сомнение за одавање доверливи информации. Осумничената жена, која извршувала стажирање во објектите на Алијансата (SHAPE), се соочува со тешки обвиненија за соработка со странски служби. Според официјалните соопштенија од белгиското обвинителство, истрагата е во тек, а надлежните органи во овој момент ...
Сè уште нема официјален документ. Сè уште никој не го покажа потпишаниот извештај со анализите за водата во Гостивар. Кој институт? Кој потпишал? Кои параметри?, се вели во соопштението од СДСМ. „Додека чекаме таков документ, еве ги новите случаи: Маврово – водата привремено не е за пиење поради „превентивно чистење“ на мрежата. Крушево – водата била заматена и микробиолошки неисправна затоа што уредот за хлорирање еден час немал струја. ...
Вчера во 00:15 часот во СВР Скопје, 25-годишен маж од Крива Паланка пријавил дека на 26.07.2026 околу 21:00 часот во станбена зграда во Скопје бил физички нападнат од неговата 31-годишна сопруга од Штип, со која бил во бракоразводна постапка. Подоцна, во 02:30 часот, 31-годишната жена пријавила дека на 26.07.2026 околу 21:00 во зграда во Скопје била физички нападната од нејзиниот 25-годишен маж. Се преземаат мерки за целосно расчистување на ...
28-годишен словенечки државјанин со иницијали К.Г. заврши во притвор откако физички ја нападнал својата девојка за време на нивниот престој во Охрид. Како што информираат од МВР, инцидентот се случил вчера, кога полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода пред локално казино. Апсењето следувало по пријава дека тој агресивно се однесувал и физички ја нападнал својата 21-годишна девојка во станот каде што престојувале. Од Основниот ...
Бахреин и Кувајт испратиле борбени авиони и нападнале воени цели во Иран, што претставува прв познат директен воен напад од овие две земји од Персискиот Залив врз Техеран. Според пишувањата на „Волстрит џурнал“, кој се повикува на неименувани извори запознаени со настаните, нападите биле извршени претходно овој месец. Цел на воздухопловните удари биле депоа за беспилотни летала и ракети, како и други воени објекти на иранска територија. ...
Со 64 гласови „за“, ниту еден „против“ и „воздржан“, Собранието попладнево го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година. Пратениците од владејачката коалиција истакнаа дека ребалансот е насочен кон економска стабилност, развој и одговорно управување со јавните финансии, додека опозицијата критикуваше дека тој не е развоен ниту социјален. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во своето експозе посочи дека ова ...
Министерството за внатрешни работи (МВР) од следниот месец ќе започне со примена на брзи тестови за откривање присуство на наркотични средства кај возачите за време на сообраќајните контроли. Според информациите објавени во медиумите, полициските службеници на терен ќе можат веднаш да направат проверка кај возачи кај кои ќе има сомнеж дека управуваат под дејство на дрога. Со земање брис од плунка, резултатот ќе биде достапен за три до десет ...
Основниот суд во Улцињ ѝ одреди 30-дневен притвор на 46-годишната македонска државјанка С.С., која е осомничена за кривично дело убивање и мачење животни, како и уништување на нивното живеалиште. Според полициски извори од Црна Гора, инцидентот се случил на 24 јули, кога жената со автомобил „Мерцедес“ наводно намерно прегазила куче од расата шарпланинец. По настанот таа се обидела да ја напушти земјата, но била запрена и лишена од слобода на ...
Вчера во 21:30 часот во с.Кривогаштани, општина Кривогаштани, полициски службеници лишија од слобода 16-годишен малолетник од с. Алданци, крушевско. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле возило „мерцедес”, кое го управувал малолетникот, при што било констатирано било дека го управувал без да поседува возака дозвола. По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава. Вчера во 21:30 часот во с.Кривогаштани, ...
Вчера во 20:30 часот во СВР Тетово од Клинички центар Тетово било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 27-годишниот М.З. од Тетово. Во разговор со полициски службеници, тој изјавил дека околу 19:00 часот во нивниот двор, неговиот чичко С.З.(61) од Тетово ненамерно го прегазил на ногата со патничко возило, кое го управувал наназад, при што се здобил со повредите. М.З. побарал да не се поднесува пријава затоа што било ...
Четириесет и едногодишна битолчанка се здобила со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот кон Пелистер. Несреќата била пријавена во СВР Битола во 14:45 часот. Според полицискиот извештај, 41-годишната И.Ѓ. од Битола, управувајќи четирицикл на регионалниот пат Битола – Пелистер, изгубила контрола врз возилото и се превртела. По несреќата, жената со возило била пренесена во Клиничката болница во Битола, каде ...
Ноќеска околу 01:35 часот во СВР Штип било пријавено дека на крстосница од ул.„Сремски Фронт“ со ул.„Солидарност“ во Штип, од отворен прозорец на патничко возило „ауди“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал Б.С.(22) од Штип, паднал сопатникот Н.А.(21) од Штип. Притоа, сопатникот Н.А. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Штип и се преземаат мерки за целосно ...
Во текот на вчерашниот ден и денешниот во 13:20 часот во Скопје, на различни локациии, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Л.М.(19), Л.А.(23), З.Б.(51), Ш.Б.(51), И.В.(45), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци. Во текот на вчерашниот ден и денешниот во 13:20 часот во ...
Јавното претпријатие за комунални дејности „Маврово“ информира дека ќе спроведе превентивно чистење на водоводната мрежа. Зафатот ќе се реализира на потегот од селото Маврово до поштата во Маврови Анови. Поради оваа интервенција, од претпријатието упатија апел до сите граѓани и посетители да не ја користат водата за пиење. Од ЈПКД „Маврово“ потенцираат дека во овој период водата од мрежата треба да се користи исклучиво како техничка вода. По ...
Заклучно со денеска, во државата се регистрирани вкупно осум случаи на западнонилска треска, од кои седум се потврдени, а еден е веројатен, соопшти Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во најновиот извештај. Во текот на јули се потврдени пет нови случаи, од кои најновиот е регистриран во четвртокот минатата недела. Регистрирани се шест автохтони случаи во Скопје и Велес, како и еден случај во Скопје каде лицето престојувало во Грција, но ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против четири лица кај кои викендов беа пронајдени различни количества наркотична дрога. Сите четири лица се сомневаат за кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик. Во првиот случај се опфатени татко и син (50 и 19 години), кои во домот на ...
Удари со тупаници по главата, кубење за коса и мачење со автомобил – два шокантни случаи на брутално семејно насилство врз сопствените мајки ја потресоа околината на Скопје. Првиот грозоморен инцидент се случил кога 34-годишен маж агресивно побарал пари од својата мајка, а кога таа одбила, почнал немилосрдно да ја удира и да ја тресе, упатувајќи ѝ закани дека секојдневно ќе ја тепа додека не му обезбеди пари. Во вториот случај во Петровец, ...
Одлуката со која гостиварската вода беше прогласена за безбедна за техничка употреба предизвика остра реакција кај опозицијата, од каде што денеска побараа Владата итно да ги презентира официјалните лабораториски анализи пред граѓаните. Од Социјалдемократскиот сојуз алармираат дека јавноста сè уште нема добиено на увид никаков официјален документ за квалитетот на водата. Наместо конкретни резултати и транспарентен увид во стручните наоди, ...
Анализата на телефонските комуникации од претходно одземените мобилни апарати во рамки на постапката против организираната група за шверц и дистрибуција на диви лекови и медицински помагала (аферата со ботоксот) отвори нова истрага во обвинителството. Јавен обвинител од ОЈО ГОКК денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за противзаконито влијание и примање поткуп при полагање стручни испити во здравството. Под ...
Марихуана, бела прашкаста материја, таблети и стаклен предмет со психотропни печурки заплени охридската полиција кај тројца прилепчани за време на ноќна забава. Апсењето започнало во глуво доба на ноќта, во 01:20 часот, кога полициските службеници за време на одржување на концерт во спортскиот центар „Биљанини извори“ го пресретнале 30-годишниот Б.Р. од Прилеп и кај него пронашле опијати подготвени за употреба. По првичното приведување, ...
Граѓаните на Скопје ги очекуваат повисоки сметки за затоплување уште пред официјалниот почеток на следната грејна сезона. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ги пресече новите цени за сите корисници на централно греење во главниот град, а коригираниот ценовник официјално стапува на сила од 1 август. Најголемото зголемување ги засега домаќинствата приклучени на системот на „ЕСМ Снабдување“, каде што цената на топлинската енергија се ...
Проследено со мала локална облачност и постепено зголемување на дневните температури, од утре во целата земја настапува нов период на стабилно, сончево и значително потопло време. Како што соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), по променливите денови ни предстои стабилизација на метеоролошките прилики. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер, кој повремено ќе си ја зголемува брзината долж Повардарието, со правец од ...