Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Силниот ветер што вчера го зафати Куманово го однесе државното знаме од јарболот на градскиот плоштад. Од Општина Куманово денеска информираа дека знамето било пронајдено и преземено од страна на кумановската полиција. „Знамето е оштетено. Ја информиравме Службата за општи и заеднички работи при Владата за состојбата. Оттаму нè известија дека ќе обезбедат ново знаме“, изјави секретарот на Општина Куманово, Емилија Сладирис Јаневска. ...
Скршеници, расекотини на главата и силни нагмечувања. Околу 30-тина граѓани завршија во скопските клиники по вчерашното невреме, какво што скопјани не паметат. Министерот за здравство потврди дека сите повредени се соодветно згрижени и дека им е пружена неопходната медицинска помош. Невремето ги начека граѓаните неподготвени. Многумина возеле низ булеварите, други пеш се враќале од работа. Некои успеале да се засолнат, а некои, пак, биле ...
– Скопските општини ќе формираат комисии пред кои граѓаните ќе можат да ги пријават штетите предизвикани од невремето. Во координација со Град Скопје, ќе се врши стручна процена на пријавените штети, по што, согласно законската регулатива и расположливите можности, ќе започне постапка за поддршка на граѓаните при санацијата на оштетувањата на објектите за домување, најави скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски по Координативниот состанок со ...
Општина Чаир испрати количина вода за пиење за жителите на Гостивар, со цел да помогне во справувањето со отежнатото снабдување со вода во градот. Од Општината информираат дека помошта е наменета за поддршка на граѓаните погодени од актуелната состојба и претставува придонес во задоволувањето на нивните тековни потреби. „Општина Чаир останува во постојана комуникација со локалните власти во Гостивар и е подготвена и во наредните денови да ...
Противпожарната служба на Комо објави дека е пронајдено телото на мароканското девојче кое исчезна во водите на езерото Комо, пред градските градини во центарот на градот. Девојчето, Арва Рфали, било во Италија на одмор со своите родители, посетувајќи роднини кои со години живеат во областа Монца. За време на семеен излет во Комо, девојчето не се појавило откако влегло во езерото кај храмот Волта, во близина на таканаречените „Градини покрај ...
Трендот на намалување на бројот на пациенти со симптоми на гастроентеритис во Гостивар продолжи и во текот на вчерашниот ден (21.07.2026 година). Според податоците од јавните здравствени установи, регистриран е значително помал број лица кои за првпат побарале лекарска помош. Во Општата болница „Д-р Ферид Мурад” се евидентирани вкупно 108 нови прегледи, од кои 60 на инфективното одделение, 37 на педијатрија и 11 во Ургентниот центар. На ...
Денеска се одржа координативен состанок меѓу скопските градоначалници и Кризниот штаб на Град Скопје, на кој беа сумирани штетите од силното невреме што го зафати главниот град. На состанокот беше констатирано дека орканскиот ветер со удари до 130 километри на час предизвика паднати дрвја, оштетени возила, покриви, фасади, електрични водови и приватен имот. Скопските општини веќе формираат комисии пред кои граѓаните ќе можат директно да ги ...
Во Центарот за управување со кризи се одржа седница на Главниот штаб со која претседаваше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во присуство на директорот на ЦУК, Мухамет Али. На седницата беа разгледани најновите анализи за водоснабдувањето во Гостивар и беа донесени итни заклучоци за заштита на здравјето на граѓаните. Според резултатите од анализите на Институтот за јавно здравје, водата од водоводната мрежа во моментов е ...
Поради планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа, утре (четврток, 23.07.2026 година) повеќе корисници ќе останат привремено без електрична енергија. Во периодот од 05:30 до 14:30 часот, без струја ќе бидат жителите од улиците „Ѓоре Ѓоревски“ и „Анди Вемир“ во Агино Село. Истиот ден, во периодот од 09:00 до 13:00 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат и корисниците од Горно Соње, поточно во месноста викана ...
Општина Гази Баба започна со интензивно поставување на успорувачи на сообраќајот, како и нова хоризонтална и вертикална сигнализација на локалните улици. Градежните и сообраќајните активности се одвиваат во Инџиково, Ченто, Виниче, Хиподром и во други населени места низ општината. Според општинските власти, целта е намалување на ризикот од сообраќајни незгоди и зголемување на заштитата за сите учесници во сообраќајот. За значењето на овие ...
Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, синоќа го посети Скопскиот регион за одблиску да види дел од штетите предизвикани од невремето кое зафати повеќе подрачја. За време на посетата на терен, тој се запозна со актуелната состојба и првичните последици врз земјоделските површини, при што истакна дека институциите ќе продолжат внимателно да ја следат состојбата и да бидат во постојана комуникација со ...
Во водата за пиење од градскиот водовод во Валандово е утврдено зголемено ниво на арсен, соопшти денеска ЈП „Комунален сервис“ од Валандово. Присуството на арсен е потврдено во лабораториските резултати од анализите што ги изврши Институтот за јавно здравје – Скопје. Поради новонастанатата ситуација, од јавното претпријатие упатија итно известување и упатства до жителите на градот. Во соопштението објавено од ЈП „Комунален сервис“ – Валандово ...
Министерството за локална самоуправа (МЛС) обезбеди итна донација од 50.000 литри вода за пиење за жителите на Општина Гостивар, како дел од координираниот одговор на кризата со водоснабдувањето. Денеска во Гостивар веќе пристигна првиот од двата предвидени камиони со почетните количини бесплатна вода за населението. Поводот за брзата институционална реакција го објасни министерот за локална самоуправа, Иван Стоилковиќ: „Во моменти кога ...
Македонски државјанин е уапсен во Србија по тешка сообраќајна несреќа во која со камион удрил во возач на итна медицинска помош од Врање. Полициската управа во Лесковац го потврди случајот и соопшти дека на македонскиот возач му е одреден притвор во траење од 48 часа. Несреќата се случила за време на транспорт на болно дете од Врање кон Универзитетскиот клинички центар во Ниш. Возилото на Итната помош морало да запре поради дефект на ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на прогласената кризна состојба во Гостивар и какви механизми и институционална помош ќе преземе Владата, изјави: „Денеска во 12:30 часот ќе имаме состанок со Управувачкиот комитет за кризни состојби, ќе се донесат одлуки. Важно е сега откако полека, но сигурно работата се презема, после летаргијата којашто ја имаше ...
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против А.М.(51) од дебарското село Селокуќи и Ф.А.(22) од Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 22.06.2026 во 15:48 часот на Градска депонија во Дебар, каде А.М. бил вработен, започнале расправија со две лица од Дебар и притоа второпријавениот, кој не бил вработен во депонијата, со алат нападнал еден од работниците и ...
Вчера околу 17:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Ф.Ш. (30) од Трубарево, постапувајќи по претходна пријава. Според пријавеното, тој агресивно се однесувал и упатувал закани со остар предмет кон двајца негови поранешни работодавци, а со истиот предмет оштетил гума на патничко возило. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. Вчера околу 17:00 часот, полициски службеници од СВР ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, свика состанок на Штабот за заштита и спасување, на кој присуствуваа сите раководители на сектори, претставници на МВР, ЈП ПОЦ и други надлежни служби. На состанокот беа донесени повеќе насоки за справување со последиците од силното невреме што ја зафати општината. Меѓу мерките што беа договорени се формирање комисија за проценка на штети, задолжение до сите куќни совети да ги проверат ...
ОВР Струга поднесе кривична пријава против В.Р.(56), З.П.(61), А.А.(61) и Т.Д.(49), сите од Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување” и „несовесно работење на службата“. Првопријавениот В.Р., во својство на раководител на Подрачно шумско стопанство Јабланица – Струга, спротивно на своите законски овластувања и без овластување на директорот на ЈП „Национални Шуми“, ...
Вчера во 18:55 часот во ОВР Кичево, од Територијалната противпожарна единица Кичево, пријавено е дека настанал пожар во стан на улицата „4 Јули“. во Кичево. Од екипа на ТППЕ Кичево пожарот бил изгаснат, а во станот било пронајдено опожарено телото на С.С.(37) од Кичево. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа на ОВР Кичево. Вчера во 18:55 часот во ОВР Кичево, од Територијалната ...
Вкупно 33 лица побарале медицинска помош во скопските клиники по силното невреме што го зафати главниот град, при што дел од нив се задржани на болничко лекување. Во Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ биле прегледани 22 пациенти, додека на ТОАРИЛУЦ помош побарале 11 лица, од кои тројца се со посериозни скршеници. За здравствената состојба на примените пациенти во градската болница информираше директорот Небојша ...
Професионалната јавна администрација не се гради само со закони. Таа се гради со јасни правила, објективни критериуми и алатки што секојдневно ќе се применуваат во институциите. Токму во таа насока, Министерството за јавна администрација, во партнерство со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, денес ја промовираше новата рамка за вработување заснована на заслуги, интегритет и компетенции, значаен чекор кон воспоставување модерен и професионален систем ...
Вчерашното силно невреме предизвика сериозни оштетувања на средниот и нискиот напон на електродистрибутивната мрежа низ повеќе градови во државата. Поради оштетувања и неколку стотици паднати столбови, без напон останаа вкупно 2.308 трафостаници на Електродистрибуција. Според соопштението на компанијата, најпогодени беа делови од Скопје, Куманово, Кочани, Штип, Струмица и повеќе други населени места. Засилени екипи работеа без престан во ...
Времето утре ончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти УХМР. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Во петок под влијание на влажен бран ќе има повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 15 l/m²). Наместа врнежите ќе бидат проследени со појава на грмежи и засилен ветер, а температурата значително ќе опадне. Во деновите од викендот ...
Силното невреме кое вчера зафати повеќе делови од државата остави зад себе значителни материјални штети на подрачјето на главниот град. Покрај оштетувањата регистрирани кај повеќе државни објекти од витално значење, на социјалните мрежи се појавија информации и фотографии за штети на значајни градски обележја. Меѓу оштетените објекти се најде и препознатливиот часовник на Музејот на град Скопје. На фотографиите кои од утрово се споделуваат на ...
Силното невреме што го зафати Скопје предизвика сериозни материјални штети и хаос во повеќе делови од градот. Меѓу погодените локации е и познатиот угостителски објект „Централ Парк“, од каде што преку социјалните мрежи споделија информации за претрпените штети. Од објектот ја опишаа драматичната ситуација на теренот по налетот на невремето: „Катаклизмата што го погоди Скопје – Централ Парк…“ Силното невреме што го зафати Скопје предизвика ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ги објави официјалните податоци за максималната брзина на ветерот измерена за време на силното невреме на 21 јули 2026 година. Според автоматските метеоролошки станици, во повеќе региони низ државата биле регистрирани екстремни оркански удари на ветерот. Најсилна брзина е измерена на станицата во Штип во 17:00 часот, каде што бил регистриран оркан со максимален удар од 134 km/h со правец ...
Кризниот штаб на Општина Куманово одржа седница по силното невреме што вчера го зафати градот и околината, при што беа сумирани првичните информации од сите надлежни институции. Службите работеа во текот на вчерашниот ден, ноќта и утринава, а приоритет беа расчистувањето на сообраќајниците, отстранувањето на опасните дрвја и санацијата на штетите. Секретарката на Општина Куманово, Емилија Сладарис Јаневска, истакна дека општинските тимови ...
Огромен дел од покривната конструкција на зграда лоцирана на улицата „Радика“ број 5 во Карпош 3 се урна за време на невремето. За случајот информираше Јована Стефановска преку социјалните мрежи, посочувајќи дека станарите со години воделе судски спор со фирмата изведувач поради сомнежи за соодветноста на изведените работи. Според нејзините Run-наводи, станарите плаќале адвокати и вештаци, а пред само неколку дена ја добиле конечната судска ...
Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека целосно е реконструирано и пуштено во употреба одделението за Трауматологија во старата Градска болница. Тој упати честитки до раководството и медицинскиот кадар за подобрувањето на условите за третман на пациентите. Мицкоски се осврна на децениското запуштање на објектот и чекорите за негова санација: „Од 65-та наваму шајка не е закована, така што еве полека но, сигурно почнуваме да ги реализираме ...