Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Воен хеликоптер на чешката армија со пет припадници на вооружените сили денеска се урна на истокот од земјата. Веста за несреќата ја соопштија од војската преку нивниот официјален профил на социјалната мрежа Икс. Според објавеното соопштение, инцидентот се случил во рамките на воената база во градот Намешт над Ославоу. Оваа воена база се наоѓа на околу 180 километри југоисточно од главниот град Прага. Службите за итни случаи и спасувачките ...
Во „Вести Плус“ на Канал 5 телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој изјави дека Владата и владејачкото мнозинство имаат јасен став во однос на измените на Изборниот законик, но дека опозициските партии мора да покажат политичка одговорност и да постигнат заеднички став за отворените прашања. Според Стојаноски, платформата врз која се воделе разговорите била коректна, а Владата покажала одговорност со тоа ...
Министерот за односи меѓу заедниците Агон Ферати денеска остварил средба со в.д. амбасадорката на САД Никол Варнс. Како што соопшти Министерството, средбата се одржала во важен момент за Министерството, во период кога се работи на Годишниот план, како и на процесот на реструктуирање и модернизирање на институцијата. -На средбата се разговараше и за концептот „25 години и понатаму“, во рамки на одбележувањето на 25-годишнината од Охридскиот ...
На плажата во Стон, во јужниот дел на Хрватска, денеска е регистрирано фекално загадување на морето, соопштија локалните власти. Поради влошениот квалитет на водата, надлежните упатија апел до граѓаните и туристите да не влегуваат во морето сè до добивање нови резултати од анализите. Според соопштението на Дубровничко-неретванската жупанија, при редовното испитување на квалитетот на морската вода било утврдено зголемено присуство на ...
Во Гостивар започна хиперхлорирање на водата и испирање на примарната водоводна мрежа, како дел од мерките за справување со епидемијата поради загадувањето на водоводот, информираш министерот за внатрешни работи и раководител на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, Панче Тошковски по состанокот на Централниот кризен штаб што се одржа во Гостивар. Тој повтори дека новите испитувања на земените ...
Втор ден по невремето во Скопје, а жителите на главниот град брзаат да ги затворат однесените покриви по најавите за нови врнежи од дожд. Ја пријавиле штетата, а додека се врши увид на терен, тие немаат многу време, па се снаоѓаат секој на свој начин за да спречат дополнителна штета. Таква е ситуацијата со станарите кај пазарчето Буњаковец, каде што пред два дена ураганот целосно ја однесе кровната конструкција. „Истата вечер кога се враќав ...
Одлична вест за скопјани. Со огромно задоволство ве информирам дека штотуку остварив телефонски разговор со министерот за транспорт, Александар Николоски, кој ме извести дека успешно завршила тендерската постапка и јавното наддавање за набавка на 100 нови еколошки автобуси за градот Скопје, напиша градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил. Тој упати благодарност до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, како и до ...
Во Грција се регистрирани вкупно 21 случај на вирусот Западен Нил, од кои дури 14 се потврдени во текот на изминатата седмица. Податоците произлегуваат од најновиот неделен извештај на грчката Национална организација за јавно здравје (ЕОДИ). Кај 20 од пациентите се развиле сериозни симптоми на централниот нервен систем, како енцефалитис, менингитис или акутна блага парализа. Поради тежината на состојбата, 13 од овие лица се веќе ...
Министерот за правда Јетон Шасивари денеска оствари средба со амбасадорот на Република Косово во Република Македонија, Флоријан Ќехаја, на која беше потврдена заедничката определба за унапредување на билатералната соработка и интензивирање на партнерството во областа на правдата и евроинтеграциите. Македонија и Косово, како добри соседи и партнери, ја делат истата визија за стабилен регион заснован на владеење на правото, демократски ...
Во организација на Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување, со поддршка од СЗО, денеска, во Владата се одржа работилница посветена на унапредување на управувањето со боледувањата во Македонија. Во рамки на работилницата беа презентирани податоци за состојбата во земјава, предизвиците со кои се соочува системот, европските политики и искуства за подобрување на управувањето со боледувањата. Целта на работилницата е ...
Советот на Општина Центар, на предлог на градоначалникот Горан Герасимовски, го усвои Предлог-правилникот за доделување еднократна финансиска помош за оштетените објекти на граѓани и правни лица по силното невреме што пред два дена го зафати Скопје. На седницата, градоначалникот Герасимовски истакна дека личниот пример е најважен, и во акциите на терен и со носење конкретни мерки за поддршка на погодените жители. „Мој приоритет отсекогаш биле ...
Симоне Конкас (19) од Бари Сардо во регионот Ољастра во Италија, почина откако беше избоден со нож вчера околу 18 часот, по расправија што избувна откако претходно удрил девојка (22) од близок град со автомобил. Во текот на ноќта, припадници на карабинерите од Ланусеи и Покраинската команда на Нуоро го уапсија малолетникот, братот на повреденото девојче, под сомнение за убиство. Според резултатите од досегашната истрага, која сè уште е во ...
По Гостивар, Валандово и болницата во Лешок – сега и Крушево. Водата е бактериолошки неисправна за пиење. За само неколку денови имаме четири случаи на загадена вода за пиење. Колку градови уште пијат неисправна вода, а јавноста не е информирана?, прашуваат од СДСМ. „Додека Мицкоски свечено отвора базен во Кавадарци, половина Македонија нема безбедна вода за пиење. За две години оваа власт успеа да ја потоне економијата. Сега изгледа дека ...
Општина Кисела Вода започнува процедура за обесштетување на граѓаните кои претрпеа материјални штети од силното невреме што го погоди подрачјето на Град Скопје на 21 јули 2026 година. По одржаниот координативен состанок со Градот Скопје, во Општина Кисела Вода итно се формираше Комисија за утврдување на фактичката состојба на терен. Со ова започнува процесот за прием на барања, што е предуслов за обесштетување на граѓаните, а ќе се реализира ...
Центарот за јавно здравје – Прилеп ги информира жителите на Крушево дека водата за пиење од градскиот водовод е бактериолошки неисправна. При редовната контрола на квалитетот и безбедноста било констатирано отсуство на резидуален хлор, како и присуство на бактерии од цревно потекло. За ваквата состојба денеска, 23 јули 2026 година, веднаш биле известени надлежните државни институции и раководството на ЈКП „Комуна“ – Крушево. Од ЦЈЗ – Прилеп ...
Во организација на Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување, со поддршка од СЗО, денеска, во Владата се одржа работилница посветена на унапредување на управувањето со боледувањата во Македонија. Во рамки на работилницата беа презентирани податоци за состојбата во земјава, предизвиците со кои се соочува системот, европските политики и искуства за подобрување на управувањето со боледувањата. -Целта на работилницата е ...
Познатата манекенка Волиз Фуентес Акино е пронајдена мртва неколку дена откако нејзиното семејство го изгубило контактот со неа. Истрагата за нејзината ненадејна смрт е сè уште во тек. Поранешна учесничка на Мис Универзум е пронајдена мртва на 24-годишна возраст, објавува Дејли Меил. Младата манекенка и студентка е пронајдена мртва во нејзиниот стан во главниот град на Хондурас, Тегусигалпа, а околностите на нејзината смрт се уште се нејасни. ...
Полициските службеници од ОВР Прилеп и ОВР Ресен регистрираа два одвоени случаи на полово вознемирување во текот на изминатиот ден. Во првиот случај, 59-годишна жителка на прилепско село пријавила дека била нападната во дворот од нејзината семејна куќа. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пријавата била поднесена вчера во 17:00 часот во ОВР Прилеп. Жената пријавила дека нејзиниот соселанец В.Б. се обидел да ја допира по ...
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари работна средба со Баграт Тунјан, координатор за Република Македонија од СИГМА – заедничката иницијатива на ОЕЦД и Европската Унија. На средбата беше разговарано за тековните активности поврзани со реформата на јавната администрација, како и за подготовките за претстојната оценска мисија на СИГМА, која ќе се фокусира на следењето и оценувањето на напредокот во спроведувањето на ...
Вчера во 08:10 часот во ОВР Гостивар, Ш.А. (21) пријавила дека по претходна расправија во семејниот дом, нејзиниот сопруг С.А. противправно и без нејзина согласност го одвел нивното 10-месечно дете во Швајцарија. За случајот се известени надлежните служби, како и Центарот за социјални работи во Гостивар, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. Вчера во 08:10 часот во ОВР Гостивар, Ш.А. (21) пријавила дека по претходна ...
Министерот за правда Јетон Шасивари денеска оствари средба со амбасадорот на Република Косово во Република Северна Македонија, Флоријан Ќехаја, на која беше потврдена заедничката определба за унапредување на билатералната соработка и интензивирање на партнерството во областа на правдата и евроинтеграциите. Македонија и Косово, како добри соседи и партнери, ја делат истата визија за стабилен регион заснован на владеење на правото, демократски ...
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати остри критики до лидерот на СДСМ, Венко Филипче, истакнувајќи дека тој нема кредибилитет да говори за состојбите во здравствениот сектор. Од партијата порачаа дека наместо обвинувања кон Владата, СДСМ треба одговорите за кризата во Гостивар да ги бара кај своите коалициони партнери. „Венко Менгеле е последниот кој има кредибилитет да говори за здравството во ...
Вчера во 17:40 часот на ул.„ЈНА“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Д.С.(27) и Ј.Х.(27), двајцата од Гостивар. При преглед кај Д.С. била пронајдена бела прашкаста материја, додека кај Ј.Х. била пронајдена банкнота од 1000 денари со остатоци од бела материја. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. Вчера во 17:40 часот на ул.„ЈНА“ во Гостивар, полициски ...
Шри Ланка се соочува со најлошата епидемија на денга треска во последните десет години, поради што властите ангажираа армиски екипи со беспилотни летала за лоцирање на места со застоена вода. Вирусот одзеде 56 животи во оваа јужноазиска земја од почетокот на годината, а регистрирани се повеќе од 77.000 заразени, од кои над една четвртина се пријавени само во јули. Според Светската здравствена организација (СЗО), бројот на случаи на денга ...
Ноќеска во 00:10 часот на ул.„Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар, полициски службеници ги лишиле од слобода Е.С.(18) од Гостивар. Тој без дозвола зел службено патничко возило „цитроен“ со гостиварски регистарски ознаки на Црвениот крст, каде бил волонтер, и со возилото удрил во повеќе паркирани возила. При контролата било утврдено дека го управувал возилото без да поседува возачка дозвола. Тој бил задржан во полициска станица и по ...
Вчера во 19:15 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ја лишиле од слобода К.Л.(36) од Демир Капија и нејзиниот 14-годишен син, постапувајќи по претходна пријава од нејзиниот 68-годишен поранешен свекор дека неговиот 14-годишен внук, под влијание на неговата мајка, од неговиот дом му одзел околу 17.300 евра и ги однел кај неговата мајка. За настанот бил известен јавен обвинител, Центар за социјални работи и адвокат за малолетници, во чие ...
Општина Аеродром започнува постапка за обесштетување на граѓаните што претрпеа материјална штета предизвикана од силното невреме што го зафати подрачјето на Град Скопје на 21 јули 2026 година. По одржаниот координативен состанок во Град Скопје, Општина Аеродром веднаш формира Комисија за утврдување на фактичката состојба и ја започна постапката за прием на барања, како предуслов за обесштетување на граѓаните, што ќе се реализира во соработка ...
Итно да се направи вонреден надзор и целосна анализа на сите водоснабдувачки станици во државата, како и јавно да се објават резултатите од испитувањата на водата, побара претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Тој нагласи дека квалитетот на водата не може да биде третиран како тајна, бидејќи станува збор за прашање од јавно здравствено значење. „Квалитетот на водата не е тајна во рамки на истрагата. Туку е факт. ...
Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 50-годишник за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. А за него е доставен и предлог за определување мерка притвор до надлежниот суд. Осомничениот ја загрозил сигурноста на сопствената сопруга на која на 20 јули, при вршење семејно насилство, сериозно и се заканил пред да даде исказ во обвинителството во врска со ...
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведоа 70 вонредни надзори во Гостиварско со кои беа опфатени угостителски објекти, пекарници, слаткарници, сендвичарници, ќебапчилници и производители на храна. Главниот акцент при контролите беше ставен на тоа дали операторите ја почитуваат донесената забрана за употреба на водата од гостиварскиот водоснабдителен систем. Инспекторите констатираа дека кај сите контролирани ...