Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Австриските безбедносни служби го уапсија 28-годишниот македонски државјанин кој се бараше под сомнение за напад со нож за време на нарко-зделка во градот Велс. Полицијата во Горна Австрија соопшти дека осомничениот бил лоциран и лишен од слобода во средата претпладне на железничката станица „Вестбахнхоф“ во Виена. Веднаш по апсењето, тој бил спроведен во затворот во Велс. Инцидентот за кој се товари се случил на 29 април годинава во еден ...
Обвнинението за Артан Груби ги зовре страстите во ДУИ. Стравот од неговата меморија си го прави своето. Ахмети најавува повлекување од активната политика. Демек, тој сакал да се повлече, ама сопартијците не му давале – се вели во соопштението на ВРЕДИ. -„Приказни за мали деца“, вели народот. Одамна тврдиме дека Артан Груби е „црната кутија“ и дека од неговото присуство или отсуство зависат многу разврски. Не случајно Бујар Османи, кој чека во ...
Грчките власти воведуваат привремена забрана за движење на пешаци и возила во одредени шумски подрачја на Халкидики поради зголемениот ризик од пожари. Оваа одлука следува по големиот пожар што избувна во Сивири, а мерките стапуваат на сила од петок, 14 август. Ограничувањата ќе важат во делови од Касандра и Ситонија секојдневно во периодот од 8:00 до 20:00 часот. Во општината Аристотелис, каде што ризикот е оценет како многу висок, мерката ...
УХМР издаде метео предупредување за денешниот ден. Според информациите, денеска, 14.08.2026 година, наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Во деновите од викендот и во почетокот на новата седмица времето ќе биде претежно стабилно, а дневната температурата ќе биде во пораст. УХМР ...
Еден тракторист со храбар потег помогнал да се запре ширењето на пожарот кој ги загрозувал пелагониските села Ивањевци, Лознани и Новоселани. Станува збор за Александар Чепиговски од Ивањевци, кој со својот трактор влегол директно во огнената линија и орал низ пожарот, со што помогнал да се прекине дел од огнената линија која се движела кон селото. За неговиот потег информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче ...
Во приемниот центар во спортската сала „Рибњак“ во Омиш во моментов има околу 1.500 евакуирани лица, изјави за Хрватското радио директорката на локалниот Црвен крст, Ана Стејскал, а пренесе Индекс.хр. Според нејзините информации, до полноќ биле регистрирани над 2.000 луѓе, но дел од нив веќе го напуштиле подрачјето или се сместиле кај свои роднини. Стејскал истакна дека надлежните служби се подготвени за евентуални нови евакуации, но во ...
Полскиот премиер Доналд Туск денеска соопшти дека полските власти уапсиле руски државјанин, регрутиран од руските разузнавачки служби, со задача да ликвидира лице со двојно, американско и украинско државјанство во Варшава. „Оваа мета се сметала за особено незгодна за режимот на Владимир Путин“, изјави Туск, нагласувајќи дека ова е прв случај во кој „некој по налог на Русија“ се обидел да нападне американски граѓанин на територија на ...
Турција, Саудиска Арабија и Пакистан ќе создадат посебни политички и воени механизми во рамките на договорот за заедничка одбрана што трите земји го потпишаа минатата недела, соопшти турското Министерство за одбрана. Од Министерството информираат дека новоформираните механизми ги опфаќаат министрите за одбрана, министрите за надворешни работи и воените раководства на трите држави. Договорот исто така предвидува спроведување заеднички воени ...
Единицата за насилен криминал-Одделение за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против С.Ј.(34), И.Ј. и С.Ј., сите од с.Буковиќ, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 став 3 од Кривичниот законик. На 12.08.2026 во с.Копаница, скопско, првопријавениот со тврд предмет го нападнал 25-годишниот Х.Р. од с.Арнакија, скопско, а останатите двајца пријавени со ...
Пожарот што избувна во туристичкото место Сивири на првиот крак на Халкидики предизвика голема евакуација на жители и туристи, при што крајбрежната стража и други пловни објекти спасуваа луѓе директно од плажите. Пожарот во меѓувреме е ставен под контрола, но силниот ветер значително го отежнуваше неговото гаснење. Во огнената стихија евидентирана е материјална штета на куќи, како и на објекти од биолошкиот третман во подрачјето. Масовна ...
Северна Македонија повторно се најде на второто место на европската „црна листа“, овојпат по количество отпад, обвинува СДСМ во соопштение. „Покрај тоа што сме ‘трета економија во Европа’, покрај тоа што сме ‘први по туризам’, покрај тоа што сме ‘лидери во авиосообраќајот’ и покрај тоа што аеродромот е ‘најбрзорастечки’, и покрај тоа што платите најбрзо ни ‘растеле’…, повторно сме втори на европската црна листа. Овојпат по ѓубре“, наведува ...
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ реализира конкретни мерки за модернизација и унапредување на здравствениот систем, со цел поквалитетна и подостапна здравствена заштита за сите граѓани, се наведува во партиското соопштение. Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека здравството добива рекордна финансиска поддршка од над една милијарда евра, средства кои, како што велат, се насочени кон медицински кадар, здравствени услуги, инфраструктура и медицинска ...
Левица бара одговорност за институциите кои, како што велат од партијата, дале уверувања дека водата во Гостивар е безбедна, иако подоцна се утврдило дека водоснабдителниот систем бил контаминиран. Од Левица посочуваат дека на 29 јуни Центарот за јавно здравје Тетово издал стручно мислење според кое водата ги исполнува законските и стручните услови. Според партијата, во тој период веќе биле поставени спорните пумпи и загадена вода влегувала ...
Полицијата ја пронајде 15-годишната малолетничка Кристина од Охрид, која семејството ја пријави за исчезната, и упати апел за помош за нејзиното пронаоѓање. Од МВР информираат дека малолетничката била пронајдена вчера, 13 август, во 12:20 часот на крстосницата на улиците „АСНОМ“ и „Никола Карев“ во Охрид, по преземените мерки и активности. Во координација со Центарот за социјални работи, малолетничката била предадена на нејзините родители. ...
Вчерашниот ден бил еден од најтешките во досегашната сезона на пожари, особено поради загрозеноста на населените места, оцени директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Во видеоизјава, Ангелов информираше дека вчера биле регистрирани повеќе од 40 пожари на отворен простор. Во моментов активни се шест, но тие не претставуваат опасност за населените места, ниту, според него, постои ризик да се прошират кон ...
Вчера во СВР Струмица е пријавено дека околу 23:30 часот на магистралниот пат Струмица – Граничен премин Ново Село, во атар на с.Турново, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат леон“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.Б.(29) од Струмица и мотоцикл без регистерски ознаки, управуван од А.Д.(19) од с.Иловица. Во несреќата, од здобиените повреди на местото починала 19-годишната К.Ј. ,сопатничка на мотоциклот, а ...
До 7:30 часот утрово во земјава се регистрирани вкупно 40 пожари на отворен простор, од кои шест се активни, три се ставени под контрола, а 31 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во Општина Студеничани, над селото Моране, Вртекица и Рамни Габер, каде што гори мешана шума, како и во Македонски Брод, на местото Видуш, кај селото Драгов Дол, каде што се зафатени ниска вегетација, нискостеблеста шума ...
На 13 август 2026 година во 4 часот во СВР Скопје, 35-годишна жена пријавила дека претходната вечер, околу 21 часот, во домот на подрачјето на Драчево била физички нападната од нејзиниот 33-годишен сопруг. Околу 4:30 часот, пак, сопругот пријавил дека во домот неговата сопруга му упатувала закани и физички го нападнала. Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци. На 13 август 2026 година ...
Талогот од СДС на чело со Филипче кога нема што да понуди создава хаос и сее паника помеѓу граѓаните. Најновиот обид на СДС да се претстави водата во Скопје како небезбедна за пиење е крајно неодговорен политички потег кој ја преминува секоја граница на политички пресметки, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. -Очајниот потег на СДС преку своите партиски послушници на социјалните мрежи да шират дезинформации за водата во Скопје дека наводно е ...
УХМР ги измери температурите ова утро во градовите низ Македонија. Мерењата на УХМР покажаа дека Берово е место со најниска утринска температура од само 14 степени. Утрово Кавадарци е најтоплото место со 24 степени во осум часот. Мерните станици покажаа 23 степени ова утро во Скопје. Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне на места ќе има локална нестабилност со ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В.Г. (52) од Словенија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Според пријавата, во периодот од 23 до 27 октомври 2025 година, пријавената неовластено користела банкарска картичка во сопственост на друго лице, при што преку интернет апликација извршила 47 трансакции во ...
Последните податоци од Министерството за внатрешни работи покажуваат сериозен пад на застапеноста на Албанците во полицијата. Од 549 новопримени полицајци, помалку од 40 се Албанци. Тоа е околу 7 проценти од вкупниот број, се наведува во соопштението од ДУИ. -Истиот дисбаланс беше видлив и при одбележувањето на Денот на полицијата. Од 30 наградени најдобри полициски службеници, само еден беше Албанец. Овие две бројки јасно ја покажуваат ...
По речиси еден месец, Гостивар сè уште чека чиста вода за пиење. Денеска или ттре можеби ќе има одговор. Можеби и не. Мицкоски денеска треба да се врати од екскурзијата во Брисел. Ќе видиме каква боја добил – дали поцрвенел. Клековски е на екскурзија. Нема време за резултати од водата, ќе ги објави дури на 20-ти. Цел месец работи како министер, се уморил. Панче Тошковски се уморил од испитување вода и хиперхлорирање, па и тој замина. Сега ...
Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне на места ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме, проследено со засилен ветер и појава на град. Утринската температура ќе се движи од 11 до 20 степени, а дневната од 28 до 34 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија упатува апел до македонските државјани кои се наоѓаат во подрачја зафатени со пожари во Грција и имаат потреба од помош да се обратат на дежурниот телефон на Министерството +389 75 268 736, на електронската адреса globalsos@mfa.gov.mk, како и на дежурните телефони на Конзулатот на Република Северна Македонија во Солун: +30 694 526 8068 и +389 71 323 001. Од МНРиНТ ги повикуваат ...
За православните христијани денеска започнува Богородичниот, односно Успенскиот пост, посветен на Успението на Пресвета Богородица. Постот трае 15 дена и завршува на 28 август, кога се празнува големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, во народот познат како Голема Богородица. Богородичниот пост е востановен како период на молитвено сеќавање и духовна подготовка за празникот посветен на Божјата Мајка, со посебен акцент на ...
Денеска повеќе населени места и делови од скопските општини ќе останат без електрична енергија поради планирани технички интервенции. Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК), добиени од „ЕВН Македонија“, од 6 до 13 часот без струја ќе бидат корисниците во село Мралино, бензинската пумпа „Дади компани“ во Мралино, како и делови од населбата Дрма во Општина Илинден. Од 9 до 14 часот прекин на електричната ...
Аеропрскањето не значи ништо во ситуација кога имаме тигрести комарци сè повеќе, вели епидемиологот Драган Даниловски. Тој укажува на повеќе причини кои доведоа до тоа неделава надлежните прогласат епидемија на западнонилска треска во во одредени скопски општини и населби. „Имаме климатски промени последните години, сè повеќе се случува климатското затоплување се зголемува. Летата траат подолго, гледате што се случува со топлотните бранови. ...
Продолжува битката на пожарникарите во битолско Лознани. Иако се спасени куќите, огнот се уште се шири. На терен дејствуваат противпожарните екипи, доброволците и мештаните успеаја да го запрат ширењето на пламените јазици кои се закануваа на првите куќи. На терен и понатаму остануваат екипи за гаснење и со цел целосно да се изгаснат и последните жаришта и да се спречи ново разгорување на огнот. Се прават координации како да се делува. Повеќе ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија со внимание ја следи актуелната состојба со пожарите во Грција, преку своето дипломатско-конзуларно претставништво во Солун и во комуникација со надлежните грчки институции. Апелираме до нашите државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја и имаат потреба од помош да се обратат на дежурниот телефонски број на Министерството +389 75 268 736, на електронската адреса ...