Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Добра вест стигнува од Битолско Лознани – пожарот што се закануваше на населените места во регионот е успешно ставен под контрола, а благодарение на навремената и херојска реакција на надлежните служби и локалното население, куќите се спасени и нема уништени или оштетени семејни објекти. И покрај тешките услови и непристапниот терен, противпожарните екипи, доброволците и мештаните успеаја да го запрат ширењето на пламените јазици кои се ...
Настанот се случил ноќеска, околу 00:45 часот, во домот на сопружници во Велес, каде започнала кратката расправија која преминала во физички напад со употреба на дрвен и закани со остар предмет како и за палење на семејниот дом. Имало и интервенција на полициски службеници, соопшти Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес. „На 13.08.2026 во 00:45 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода Г.Е.(52) и неговата ...
На 12 август 2026 година во 19:15 часот, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишиле од слобода О.Н. (61) од Пробиштип. Според пријавеното, околу 18:30 часот пред семејната куќа во пробиштипско село, тој се обидел со остар предмет да го нападне својот син. Во нападот бил спречен од нивен сосед. При преземањето на мерките, полициските службеници констатирале дека О.Н. бил под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,17 промили ...
Охридскиот договор не беше договор на победници и поразени, беше договор со кој државата доби можност да продолжи напред, да се развива и да го трасира патот за идните генерации. Соживотот не значи само да живееме едни покрај други туку и едни со други и едни за други. Денес не се навраќаме на минатото за да ги оживееме старите поделби. Му се навраќаме за подобро да разбереме што нè одржа заедно, беше истакнато на настанот што се одржа ...
Согласно со информациите од дипломатско-конзуларното претставништво во Солун, до овој момент од надлежните грчки институции не е добиена официјална информација за бројот на евакуирани македонски државјани од подрачјата зафатени со пожарите во Грција, информираа од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. -Македонски државјани телефонски се обратиле до претставништвото за информации, при што им биле пренесени упатствата и ...
Централната банка на Турција ја зголеми прогнозата за инфлацијата на крајот на 2026 година за два процентни поена, односно на 28 проценти, објави турската новинска агенција Анадолија, повикувајќи се на гувернерот на банката Фатих Карахан. Гувернерот Карахан ги соопшти новите проекции за време на информативната средба за претставување на третиот годишен извештај за инфлацијата, која се одржа во кампусот на банката во Истанбулскиот финансиски ...
Големата евакуација на Халкидики се префрли и на море. Туристите и жителите се извлекуваат со пловила од подрачјето зафатено од големиот шумски пожар кај Сивири и Фурка. Повеќе од 347 лица веќе се безбедно пренесени до марината Сани, објавија грчките медиуми, додека уште околу 92 лица се качиле на брзиот брод „Спидранер џет“. Во масовната поморска операција учествуваат два брода на крајбрежната стража, два на противпожарната служба, како и ...
Ако утре патувате на Халкидики, важно е да знаете за новите ограничувања поради зголемениот ризик од пожари. По големиот пожар што денеска избувна во Сивири, грчките власти воведуваат привремена забрана за движење на пешаци и возила во одредени шумски подрачја на Халкидики. Од петок, 14 август, ограничувањата ќе важат во делови од Касандра и Ситонија, од 8 до 20 часот. Во Аристотелис, каде што ризикот од пожари е оценет како многу висок, ...
Македонија се соочува со сериозен бран од пожари на отворен простор, при што низ државата се регистрирани повеќе од 30 активни жаришта. Ситуацијата е особено критична во централниот дел на земјата, а меѓу најзагрозените региони е Општина Чашка, каде што огнената стихија се разгори во атарот на селото Богомила. Пожарот во Богомила зафати големи површини со мешана шума и тешко пристапен терен, а според надлежните служби, пламените јазици на ...
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, во врска со ширењето на лажните информации на социјалните мрежи за наводно загадување на водата за пиење во Скопје, до сега повика 13 лица на информативен разговор. Со лицата е извршен службен разговор, при што сите се изјасниле дека информациите ги објавиле или споделиле откако претходно виделе слична објава на ...
Нов топлотен бран го зафати европскиот континент, при што максимални температури над 30 степени Целзиусови се очекува денеска да почувствуваат речиси три од пет жители на Европа (без Турција), односно околу 340 милиони луѓе. Истовремено, области во Европа во кои живеат вкупно повеќе од 135 милиони луѓе – главно во Франција, Италија, Шпанија и Велика Британија – денеска се очекува во одредени периоди од денот да бидат погодени од температури ...
Ерупцијата на вулканот Етна и сериозните нарушувања во воздушниот сообраќај предизвикаа загуби од околу 24 милиони евра за туристичкиот сектор на Сицилија, покажуваат проценките на трговското здружение „Асоезерченти“ (Assoesercenti). Аеродромот „Катанија-Фонтанароса“ останува затворен до 2 часот по полноќ во петок поради наталожениот вулкански пепел. Од петокот па сè до вторникот, вклучувајќи го и 12 август, откажани се околу 700 летови, ...
Бројот на загинати цивили во Украина во текот на јули достигна највисоко ниво од мај 2022 година досега, покажува најновиот извештај на Обединетите нации. Најмалку 437 цивили биле убиени, а 2.610 биле ранети минатиот месец, што претставува зголемување од 30 отсто во однос на јуни и дури 70 отсто во споредба со јули минатата година, предупреди Набљудувачката мисија на ОН за човекови права во Украина. „Бројот на загинатите достигна највисоко ...
Голем пожар избувна денеска попладне во близина на познатото туристичко место Сивири, сместено на првиот крак Касандра на полустровот Халкидики. Поради брзото ширење на огнот, грчките власти веднаш реагираа и издадоа итно предупредување преку националниот систем за итни случаи 112. Преку пораката, на сите жители и туристи кои моментално се наоѓаат во Сивири им е наредено веднаш да го напуштат подрачјето. Според насоките од надлежните служби, ...
Предметот против поранешниот вицепремиер Артан Груби и седум други лица за злоупотреби во АД „Државна лотарија“ преку автоматска распределба е распределен кај судија и е насрочен за 24 август, информираат од Основниот кривичен суд Скопје. Основното јавно обвинителство Скопје, претходно поднесе обвинение против Артан Груби и седум други лица, кои како што информираа од Обвинителството, во текот на 2023 и 2024 заеднички презеле дејствија со кои ...
Пожарот во шумата над селото Габер е проширен и се наоѓа во планински и непристапен терен, каде што интервенцијата од земја е отежната, поради што за негово гаснење се ангажирани три авиони „Ер Трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување, како и еден авион на Министерството за внатрешни работи, информираат од Центарот за управување со кризи. Ситуацијата кон населените места во селото Габер е под контрола и во моментов не претставува ...
Технолошкиот гигант Мета избриша повеќе од 750.000 сметки на Инстаграм и Фејсбук во Австралија за кои постои сомнеж дека им припаѓаат на корисници помлади од 16 години, соопштија денеска од компанијата. Акцијата се спроведуваше во периодот меѓу декември и јуни, како дел од почитувањето на австралискиот закон за забрана за користење социјални медиуми за оваа возрасна категорија. Според објавените бројки, деактивирани се 462.000 сомнителни ...
Трудница здобила повреди синоќа во Белград додека шетала, откако во неа удрил електричен тротинет, потврдија од Итната помош за РТС. По повредувањето, таа веднаш била пренесена на Военомедицинската академија (ВМА) за понатамошни медицински прегледи. Главниот дежурен хирург на ВМА, доктор Иван Лековиќ, изјави дека трудницата е задржана во оваа здравствена установа за понатамошна опсервација. Според неговите зборови, трудницата најпрво ја ...
Кој стои зад информациите дека водата во Скопје е небезбедна за пиење? Одговорот допрва треба да го открие полицијата. Секторот за комјутерски криминал веќе презема мерки и активности. И денеска неколку лица се повикуваат на информативен разговор, но властите не откриваат точен број и детали за кое евентуално кривично дело би одговарале оние кои ширеа информација дека има бактерија ешерихија холи во водата за пиење во Скопје. Градоначалникот ...
Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Коце Трајановски, и градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска денеска извршиле увид во градежните работи на мостот на Маркова Река кој ЈПДП го санира со цел подобрување на безбедноста и функционалноста на неговата конструкција. Мостот се наоѓа на регионалниот пат Р1106 во Кисела Вода, на влезот во Драчево. ЈПДП соопшти дека градежните активности течат ...
ДУИ две години молчеше, а денес, кога Обвинителството поднесе обвинение за злоупотреби во Државната лотарија, бара меѓународен надзор. Зошто молчеа досега?, велат од Вреди. Симптоматично е што на ДУИ ѝ е срам да го спомене по име Артан Груби, иако нивната реакција директно се однесува на случајот за кој тој е обвинет. Ова го покажува лицемерието на ДУИ и кон „своите луѓе“, ги користат како топовско месо за своите политики, но им е срам дури и ...
Судењето за случајот „Лотарија“, во кој меѓу обвинетите е и поранешниот вицепремиер Артан Груби, ќе започне на 24 август во 10 часот, соопштија од Основниот кривичен суд Скопје. Предметот преку системот за автоматска распределба му е доделен на постапување на судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски. Основното јавно обвинителство Скопје претходно поднесе обвинителен предлог против Груби и други лица, со кој се товараат за злоупотреба на ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднела кривична пријава против Н.Ш.(47) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 01.07.2026 во Гостивар, по претходна расправија, пријавениот со остар предмет упатувал закани на двајца малолетници. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднела кривична пријава против ...
Туристите кои летуваат на Халкидики се соочуваат со засилени контроли, откако општинските служби започнаа со отстранување на секоја опрема оставена на плажите преку ноќ, без можност да им биде вратена на сопствениците. Општина Касандра соопшти дека оставањето крпи, чадори и лежалки на јавните плажи повеќе не важи како начин за однапред резервирање место. За акцијата предупредија и од Фејсбук групата „Grčka info“, посочувајќи дека правилото ...
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) упати сочувство по повод смртта на Наум Бурески, кој ги вршеше функциите потпретседател на Главниот одбор на Сојузот на борците и претседател на Градскиот одбор – Скопје. Од партијата посочуваат дека Бурески како долгогодишен активист даде значаен придонес во општеството. Како долгогодишен активист и член на Сојузот на борците, Бурески беше посветен на зачувувањето и афирмирањето на ...
Охридскиот рамковен договор е темел на мирот, соживотот и демократската иднина на државата, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, по повод 25 години од неговото потпишување. Тој нагласи дека Македонија е заеднички дом на сите граѓани, но упати критики до власта дека наместо да ги негува вредностите на мирот и дијалогот, повторно создава атмосфера на страв и поделби. „Денеска одбележуваме 25 години од потпишувањето на Охридскиот ...
Вчера во 07:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Н.(37), В.Д.(46) и А.Д.(21), сите од с.Зелениково, скопско, постапувајќи по претходна пријава од А.Н. дека на 11.08.2026 околу 21:00 во с.Зелениково, В.Д. и А.Д. му се заканувале со остар предмет, а потоа му го оштетиле неговото возило, при што се здобил со повреди. Исто така, В.Д. пријавил дека на 11.08.2026 околу 23:00 часот во с.Зелениково, А.Н. му се ...
Денеска во 12:02 часот во СВР Скопје, А.А.(71) од Скопје пријави дека околу 09:00 часот во семејниот дом го пронашол починат неговиот син В.А.(41). Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. Увид извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот ќе биде дадено на обдукција. Денеска во 12:02 часот во СВР Скопје, А.А.(71) од Скопје пријави дека околу 09:00 часот во ...
Два одделни инциденти со заталкани зрна од огнено оружје беа пријавени во текот на вчерашниот ден во СВР Скопје. На 12.08.2026 во 10:55 часот во СВР Скопје, С.Р.(53) од скопско пријави дека на подрачјето на Чаир, од заталкано зрно од огнено оружје била оштетено ветробранско стакло од товарно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 12.08.2026 во 22:45 часот во СВР Скопје, Г.Т.(44) од ...
Вчера во 10:47 часот во СВР Струмица, од Шумско стопанство Гевгелија е пријавено дека на планината Кожуф, додека вработениот Д.Т.(62) од Кавадарци сечел дрва, едно од дрвата паднало врз него, по што од здобиените повреди починал. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција. Вчера во 10:47 часот во СВР Струмица, од Шумско стопанство Гевгелија е пријавено дека ...