Партијата ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение и прес-конференција на пратеникот Бране Петрушевски ги обвини активистите и раководството на СДС за намерно ширење дезинформации и предизвикување паника во врска со исправноста на водата за пиење во Скопје. Од владејачката партија тврдат дека станува збор за скроено сценарио за финансиско профитерство на компанија која продава флаширана вода, а која според нив е поврзана со структури на опозицијата. „До ...

Здружението на вработени во секторот игри на среќа “САКАМ ДА РАБОТАМ” смета дека е неосновано да се користи Меѓународниот ден на младите за да продолжи кампањата за оцрнување на легалните игри на среќа и да се врши притисок врз институциите, со истражување од пред две години. „Со внимание ги имаме анализирано овие податоците од истражувањето ЕСПАД 2024, кои ги реобјави ХЕРА Млади. Се согласуваме дека е загрижувачки што се јавуваат податоци ...

Вкупно 115 санкции за непрописно престигнување биле изречени на територија на цела држава, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи. – Во текот на вчерашниот ден во периодот од 16 до 21 часот, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи, спроведе акциска контрола за санкционирање на возила што непрописно престигнуваат на територијата на целата држава, при што санкционирани се 115 возачи. Од нив, 35 ...

Вчера во 07:33 часот во СВР Битола, А.В. од село Беровци, прилепско пријавил дека во нива во атар на истото село го пронашол починат, со прострелна рана во пределот на градниот кош, својот татко С.В.(68) од с.Беровци, информираа од МВР. Лекар од Итна медицинска помош Прилеп констатирал смрт, а во возилото била пронајдена ловечка пушка со испалена чаура во цевката. Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител врз телото на починатиот ќе се ...

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски ги отфрли тврдењата кои се раширија во јавноста за наводно присуство на бактерии во скопскиот водовод, нагласувајќи дека водата во главниот град е целосно безбедна за пиење. Според него, станува збор за организирано ширење на дезинформации кои имаат за цел да предизвикаат непотребна паника и вознемиреност кај граѓаните. Ѓорѓиевски најави соодветни постапки и одговорност за оние кои ја шират хистеријата, ...

Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по допрен глас за да ги провери информациите за енормно загадување на природата со отпад во заштитеното подрачје во близина на изворите Рашче. Надлежен јавен обвинител ќе ги координира активностите на Државниот инспекторат за животна средина и надлежните инспекциски служби со цел да се извршат проверки во однос на потеклото на депонијата, како и можните последици. Доколку бидат утврдени ...

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Л.Е.(55) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во текот на 2025 година, пријавениот со лажно прикажување на факти земал пари во износ од 15.000 евра од две лица од тетовско, односно ги измамил дека ќе им го среди работниот стаж во странска земја за да можат да добијат пензија. СВР Тетово поднесе кривична пријава против Л.Е.(55) од Тетово поради постоење ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги демантираше информациите кои се проширија во јавноста дека водата од водоснабдителниот систем во Скопје е небезбедна за пиење поради наводно присуство на бактеријата Escherichia coli. Од институцијата соопштија дека до овој момент немаат добиено известување за позитивни или незадоволителни лабораториски резултати од градскиот водовод. „Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро ги демантира ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ги објави мерењата на температурите низ државата извршени денеска во 14 часот. Највисока температура од 38,1 степен е измерена во Велес, по што следат Гевгелија и Демир Капија со измерени 38 степени. Високи температури се забележани и во Скопје, каде што на Зајчев Рид се измерени 37,2 степени, а во Скопје-Петровец 37,1 степен. Во Кавадарци и Виница се измерени 37 степени, додека во Штип ...

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Марков, на денешната прес-конференција ги презентираше реализираните проекти и најавените капитални инвестиции во македонскиот здравствен сектор. Според Марков, во изминатите две години е започнат процес на системска реконструкција на болничките капацитети, набавка на нова опрема и подобрување на условите за пациентите и медицинскиот кадар. „Почитувани граѓани, почитувани медиуми, Владата предводена ...

Вкупно девет пожари на отворен простор се регистрирани денеска до 13 часот, при што пет се сè уште активни, три се ставени под контрола, а еден е целосно изгаснат, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активните жаришта се лоцирани во пет општини. Во Македонски Брод, кај местото Видуш во близина на селото Драгов Дол, гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки. Пожар е активен и во општина Студеничани, над селата Моране, ...

Вчера во 13:15 часот во Преспанското езеро, кај туристичката населба Претор, специјализирана нуркачка екипа од САЕ Тигар го извлече телото на М.М. (71) од Скопје, за кој на 08.08.2026 околу 12:20 часот во СВР Битола било пријавено дека скокнал од чамец во езерото кај село Сливница, ресенско, по веслата кои му паднале, информираа од МВР. Увид извршила екипа на СВР Битола – ОВР Ресен, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е ...

На Клиниката за инфективни болести во Скопје нема евидентирано пациенти со гастроинтестинални тегоби предизвикани од водата за пиење во главниот град, потврди денеска директорот на установата, д-р Фадил Цана. Одговарајќи на новинарско прашање за тврдењата кои се проширија на социјалните мрежи за наводни здравствени проблеми од скопската вода, тој истакна дека такви податоци во клиниката нема. Тоа што можам ја да го кажам како директор на ...

Вчера во СВР Скопје 36-годишна жена пријавила дека 15-годишен малолетник, кој од претходно се познавал со нејзината малолетна ќерка, објавил слики со експлицитна содржина на социјални мрежи од нејзината ќерка, соопшти МВР. Со малолетникот бил извршен службен разговор во полициска станица во присуство на родител и адвокат. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Вчера во СВР Скопје 36-годишна жена пријавила дека ...

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, на денешната прес-конференција истакна дека тврдењата на опозициската СДСМ за криза во македонската економија не соодветствуваат со официјалните економски показатели. Според Стојаноски, инфлацијата во јули бележи пад, додека индустриското производство, извозот и капиталните инвестиции остваруваат реален раст. „Почитувани, Последниве денови економските т.н. „експерти“ од СДС се обидуваат ...

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција го обвини раководството на СДСМ и неговиот претседател Венко Филипче за намерно предизвикување инциденти, ширење паника и манипулации во јавноста. Според Манасиевски, последниот таков случај се случил во Ново Село, каде што, како што тврди тој, биле испратени лица со криминални досиеја за да предизвикаат инцидент. „Почитувани, Кога станува збор за СДС и актуелното ...

Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар, Мартин Андоновски, на денешната прес-конференција го повика Јавното обвинителство да ги истражи документите и извештаите за квалитетот на водата за пиење во Гостивар од периодот кога СДСМ беше на власт. Според Андоновски, тогашното раководство и надлежните функционери не преземале ништо и покрај постоењето на бројни документи што укажувале на неисправност на водата. „СДС и актуелното раководство се ...

Вчера во 13:30 часот полициски службеници ги привеле П.А. (86) и Б.А. (60), двајцата од Гостивар. Претходно, 33-годишна жена од Тетово пријавила дека сопственикот на објектот Б.А. и неговиот татко П.А. физички ја нападнале и се обиделе да извршат сексуален напад врз неа“ соопшти МВР. Двајцата се задржани во полициска станица. Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. Вчера во 13:30 часот ...

Полициските службеници изминатите два дена констатираа 1322 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 32 лица за безобѕирно управување на возило Во текот на изминатите два дена (10/11.08.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 1322 издадени платни налози, 400 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале ...

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со претставници на меѓународната туристичка групација „Корендон“. Во фокусот на средбата беа потенцирани можностите за остварување на соработка во областа на авиосообраќајот и туризмот. На средбата, заменик претседателот на Владата, Николоски го истакна огромниот потенцијал на Македонија како туристичка и авио дестинација, особено во услови на ...

На предметната локација каде што функционирала дискотеката „Пулс“ во Кочани никогаш не била дозволена пренамена од индустриски објект во угостителски објект, изјави денеска во судницата во „Идризово“ вештото лице Душица Трпчевска Ангелковиќ, на судењето за пожарот во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Според градежното вештачење презентирано од обвинителот Дарко Јакимовски и тимот вештаци, зоната Г10 во Кочани од 1998 година до ...

По повод националниот празник 2 Август – Илинден, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова донесе одлука за помилување на вкупно 25 осудени лица. Според одлуката објавена во „Службен весник“, шест лица целосно се ослободуваат од понатамошно издржување на затворската казна, додека на останатите 19 осуденици им се скратуваат казнените притвори. Целосно од остатокот од казната се ослободуваат: Илин Љупчо Анушев од Скопје; Трајчо Борис Танчев ...

Осумдесет и тригодишен пациент со повеќе хронични заболувања почина откако му била дијагностицирана и западнонилска треска. Од Министерството за здравство денеска се очекуваат официјални информации за здравствената состојба на останатите заболени, како и податоци за евентуални нови случаи на заразени со овој вирус. Здравствените власти апелираат на посебно внимание и превенција кај повозрасните лица и хронично болните, со оглед на тоа што кај ...

Здравствените власти прогласија епидемија од западнонилска треска во скопските општини Кисела Вода, Гази Баба и Бутел, како и во приградската општина Илинден. Според официјалните податоци, од почетокот на годината се потврдени 24 случаи на заболени од западнонилска треска, додека кај двајца пациенти постои сомнеж за присуство на вирусот. Најголемиот дел од регистрираните случаи се лица во пензинерска возраст. На Клиниката за инфективни ...

Времето утре сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и наместа услови за појава на краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, кој наместа повремено ќе засилува, соопшти УХМР. Од УХМР информираат дека температурата ќе опадне за неколку степени. Во деновите од викендот времето ќе биде претежно стабилно, а дневната температурата ќе биде во ...

Додека граѓаните пет недели чекаат чиста вода, во Гостивар се регистрирани нови, но и случаи на реинфицирани граѓани со што здравствената криза не стивнува, обвинија денеска од опозициската СДСМ на прес-конференција. Според Кети Штерјова од СДСМ, ова е сериозен аларм дека изворот на труењето сè уште не е ставен под контрола, а граѓаните во среде лето остануваат без безбедна вода за пиење. „Уште поалармантно е што според информациите кои ...

По повод Меѓународниот ден на младите, претседателот на СДММ, Трајче Стојчевски, на денешната прес-конференција упати остри критики до власта, обвинувајќи дека наместо услови за развој и соодветно образование, младите се соочуваат со занемарување и демотивација. Според Стојчевски, младите треба да бидат двигатели на развојот, но актуелните политики ги принудуваат да ја напуштат државата. „Денеска е Меѓународен Ден на младите! Силен потсетник ...

УХМР ги измери температурите во Македонија во 11 часот претпладнево. Попова Шапка со 19 степени е местото каде е измерена најниска температура, додека Гевгелија, Зајчев Рид, Виница и Велес се рекордери со 34 степени. Во Скопје се измерени 32 степени во 11 часот. Денеска времето ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а на места повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе ...

Вкупно 95 државни институции веќе се поврзани преку Платформата за интероперабилност, информираше министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Според неговите податоци, во јули се забележани 3,5 милиони трансакции, што претставува зголемување за 130 отсто во споредба со истиот период минатата година. -Податоците треба да се движат, не граѓаните. Ако државата веќе има одреден податок, нема причина повторно да го бара од вас на ...

Странските државјани кои направиле сообраќаен прекршок на македонските патишта наскоро ќе мора да ги платат казните на граничните премини или ќе бидат изведувани пред надлежен суд по брза постапка. Новиот систем прво ќе започне со примена на граничниот премин Табановце, а потоа ќе се прошири на сите останати гранични точки. Иако камерите од системот „Безбеден град“ досега ги ловија само домашните возачи, од Министерството за внатрешни работи ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
93%
1011
weather icon

Белград

14ᴼ / 12ᴼ
2.57
91%
1004
weather icon

Загреб

11ᴼ / 9ᴼ
2.06
93%
1002
weather icon

Софија

9ᴼ / 8ᴼ
1.03
75%
1011
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
0.45
96%
1007
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
1.03
98%
1002
weather icon

Атина

19ᴼ / 16ᴼ
0.89
87%
1016
weather icon

Тирана

18ᴼ / 15ᴼ
1.03
82%
1010
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
100%
1011
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
1.54
93%
1007
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.34
97%
1003
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
6.69
77%
1013
Currency

61.458

Currency

55.011

Currency

73.481

Currency

37.82

Currency

38.813

Currency

66.612

Currency

8.2538

Currency

0.66463

Currency

0.34626

Currency

0.52303

Currency

1.0952

Currency

0.58675

Калај

46.56

Платина

49801.51

Бакар

12.62

Цинк

3.77

Злато

129229.93

Паладиум

33854.74

Алуминиум

3.04

Сребро

1680.82

Рутениум

61086.42

Иридиум

321507.47

Кобалт

33.53

Родиум

300609.48