Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Денеска времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се движи од 11 до 21 степен, а максималната ќе достигне меѓу 31 и 38 степени. Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...
Собранието денеска ќе ја продолжи работата по 111. пленарна седница, на чиј дневен ред се повеќе законски предлози, извештаи и кадровски одлуки. Пратениците ќе расправаат за Предлог-законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во трето читање, како и за Предлог-законот за соодветна и правична застапеност во второ читање. Пред нив ќе се најде и Завршната сметка на Буџетот на Република Северна Македонија за 2025 ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска, заедно со градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменковска-Трајковска, ќе извршат увид во реконструираната улица „Лазар Димитров“. Обновата на сообраќајницата е реализирана во соработка меѓу Министерството за транспорт и Општина Кисела Вода. Со проектот е реконструирана делница во должина од околу 800 метри, со цел подобрување на сообраќајната инфраструктура и ...
Украина и Европската Унија потпишаа договор за беспилотни летала, со кој ќе се обединат украинското знаење и европските индустриски капацитети со цел реализација на заеднички проекти и зголемување на производството. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која престојува во Киев по повод Денот на државноста на Украина, истакна дека договорот претставува важен чекор во продлабочувањето на соработката меѓу Украина и ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц, денеска изјави дека е подготвен да остане зад својот предлог за придружно членство на Украина и земјите од Западен Балкан во Европската унија. Мерц изјави дека концептот добил мешан прием во Украина поради домашни политички причини, но дека идејата била добро прифатена од другите лидери на ЕУ. „Цели 13 години не сме примиле ниту една нова членка во ЕУ. Иако им ветивме на цела низа земји во Европа ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти војната во Украина ќе заврши до крајот на неговиот претседателски мандат, кој истекува во ноември 2028 година. Во интервју за „Фокс њуз“, тој рече дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да постигне договор за прекин на конфликтот. Запрашан дали очекува војната да заврши додека е на функција, Трамп одговори потврдно. „Мислам дека ќе заврши, да. Дури и мислев дека ...
Иран треба да биде подготвен и за повеќегодишен конфликт со Соединетите Американски Држави, порача иранскиот политичар Мохамед-Џавад Лариџани, брат на неодамна убиениот Али Лариџани, кој беше секретар на влијателниот ирански Совет за национална безбедност, пренесува ДПА. „Она што ја држи настрана заканата од војна е нашата целосна подготвеност да се одбраниме“, рече денеска Лариџани во интервју за државната телевизија. „Ако САД почувствуваат ...
Три лица, меѓу кои две малолетни лица на 15-годишна возраст и едно 18-годишно лице, денеска биле однесени од надојдената вода на реката Треска, откако бил зголемен испустот од браната „Матка“ за потребите на производство на електрична енергија. Како што соопшти Центарот за управување со кризи, преку Единствениот број за итни повици 112 била примена пријава за настанот. Едното малолетно лице веднаш било извлечено од водата, додека другите две ...
Украинскиот претседателот, Володимир Зеленски, денеска ѝ го додели на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, првиот украински Орден на Европа за нејзиниот „исклучителен личен придонес во поддршката на стратешкиот пат на Украина кон полноправно членство во Европската Унија“. За време на церемонијата по повод Денот на украинската државност во Киев, Зеленски рече дека иднината на Украина „мора да биде мирна и европска“, ...
Украина изгуби околу една третина од својот капацитет за извоз на жито преку своите клучни пристаништа на Црното Море поради засилените руски ракетни и беспилотни летала напади, објави главниот синдикат на земјоделци во земјата. Повеќе од четири години по почетокот на војната со Русија, извозот на земјоделски производи, како што се извозот на жито и растително масло, останува најголемиот извор на заработка во странска валута на Украина, при ...
Одземени шест возила и недвижен имот од Александар Лазаров од Кочани, поради сомнение дека се нелегално стекнати Денеска (15.07.2026) од страна на Одделението за внатрешни работи Кочани во координација со ОЈО Кочани, по претходно преземени мерки и активности, покрај доказите кои се однесуваат на непосредно извршување на кривично дело по член 215 став 1 од КЗ, обезбедени се бројни докази кои упатуваат на постоење на основано сомнение дека ...
Денешниот ден, 15 јули, е прогласен за ден на жалост во Ниш, по страшната несреќа кога минибус со срспки туристи, на 12 јули излета и се преврте на магистралниот пат Котор–Никшиќ, во местото Липци, Црна Гора. Девојката која загина во тешката сообраќајна несреќа во Црна Гора, во која 16 лица беа повредени, е 21-годишната Јована Станковиќ од нишкото село Вртиште. Нејзиното тело денеска треба да биде донесено во Ниш, а ќе биде погребана утре. ...
Тропскиот бран кој ја зафаќа Македонија од денеска, го зафаќа и регионот. Во Хрватска, најавени се високи температури, но и невреме. Хрватска денеска ќе се „пржи“ на температури до речиси 35 степени Целзиусови, а уште во утринските часови во некои градови температурата се искачи до 30 степени. -Во внатрешноста ќе биде делумно, а на места и претежно сончево, но времето нема да биде целосно стабилно, па повремено ќе има дожд или врнежи ...
Денешниот ден, 15 јули, е прогласен за ден на жалост во Ниш, по страшната несреќа кога минибус со срспки туристи, на 12 јули излета и се преврте на магистралниот пат Котор–Никшиќ, во местото Липци, Црна Гора. Девојката која загина во тешката сообраќајна несреќа во Црна Гора, во која 16 лица беа повредени, е 21-годишната Јована Станковиќ од нишкото село Вртиште. Нејзиното тело денеска треба да биде донесено во Ниш, а ќе биде погребана утре. ...
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денес оствари средба со амбасадорот на Република Австрија во Република Северна Македонија, г. Мартин Памер. За време на средбата се разговараше за актуелните случувања, досегашната соработка и можностите за нејзино понатамошно продлабочување во области од заеднички интерес. Беше истакната и континуираната поддршка на Австрија за реформските процеси и европската интеграција на државата. „Австрија ...
Во врска со вчерашната ослободителна пресуда во предметот „Талир 2″ и одбиеното барање за конфискација, како обвинител кој го започна и седум ипол години го застапуваше предметот, сакам да појаснам одредени суштински околности што не беа опфатени во јавно објавеното соопштение на судот. Во првата постапка, врз истиот доказен материјал, судот донесе осудителна пресуда за умислено дело — што подразбира дека доказите за целта и намерата со која ...
Обидот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија политички да ја манипулира јавноста преку неточни и нестручни толкувања на урбанистичките планови е уште еден доказ за непознавање на урбанистичкото планирање, законските процедури и хиерархијата на планските документи, вели градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски. Наместо факти, јавноста беше изложена на произволни толкувања и бројки извадени од контекст, со единствена цел да се создаде ...
Полициски службеници од СВР Куманово денеска (15.07.2026) ги лишија од слобода А.С.Д. (22) и М.В. (34), двете од Куманово, и против нив СВР Куманово поднесе кривична пријава и тоа, против А.С.Д. поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „измама“ по чл.247 ст.4 од КЗ и „злоупотреба на лични податоци“ по чл. 149 ст.1 од КЗ и против М.В. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ по чл.24 од КЗ. ...
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, ја обвини опозицијата дека е одговорна за неусвојувањето на Изборниот законик во законскиот рок, оценувајќи дека со тоа државата ќе остане без 4,2 милиони евра од европските средства. Во објава на Фејсбук, Стојаноски посочи дека денеска, 15 јули, е последниот рок за усвојување на Изборниот законик, но дека веќе е извесно оти законските измени нема да бидат донесени. -Денеска е 15-ти јули, последниот ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со директорката на Развојната банка, Ефимија Димовска, посветена на финалните активности за операционализација на Фондот за енергетска ефикасност – еден од најзначајните механизми за финансирање на инвестиции во енергетската ефикасност во државата. На средбата беа разгледани следните чекори за воспоставување на Фондот, подготовката на клучната ...
Обвинителката Елена Жакула во изјава за медиумите информира дека Обвинителството денеска ќе поднесе предлог за определување мерка притвор за двајцата сопружници за убиството на лекарот Ацо Трпкоски, кој беше убиен на 21 март 2024 година во скопската населба Автокоманда. – Обвинителството заедно со МВР спроведе предистражни дејства кои беа активни и се обидовме да го најдеме сторителот на ова кривично дело. По дополнителни сознанија во текот ...
Осомничениот дилер кој неодамна спектакуларно им побегна на кочанските полицајци за потоа да биде уапсен во Скопје, Александар Лазаров, веќе е спроведен зад решетки на издржување притвор. Но, покрај слободата, тој сега ќе остане и без вреден имот. Истражните органи во Кочани веќе поднесоа официјално барање до Судот за привремено одземање на неговиот недвижен и подвижен имот, кој се сомневаат дека е стекнат со нелегална трговија со дрога. Под ...
Поранешниот градоначалник на Карпош Стевче Јакимовски доброволно се пријавил во затвор за отслужување на казната од шет и пол месец. Оваа информација ја соопшти партијата ГРОМ, чиј претседател е Јакимовски. -Длабоко сме разочарани од Кривичниот суд кој го осуди нашиот претседател затоа што поставил две времени градби (бараки), во кои општината функционираше 13 години. Не направи никому штета, туку општината за сите тие години заштеди милион и ...
Лицето кое минатиот петок успеа да им побегне на полицајците во Кочани е лоцирано и уапсено во Скопје. По неколкудневна потрага, бегалецот синоќа е повторно лишен од слобода, но со тоа не се затвора случајот за МВР. Првиот човек на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Александар Јанев, веднаш по апсењето испрати остра порака до јавноста. Тој потенцираше дека и покрај тоа што бегалецот е зад решетки, во полицијата веќе е отворена внатрешна ...
Основното јавно обвинителство Скопје покрена обвинителен предлог против сопружници кои се осомничени за ладнокрвното убиство на матичниот лекар Ацо Трповски. По долга истрага, обезбедени се докази кои упатуваат на тоа дека 65-годишен маж е директниот извршител на делото, додека неговата 59-годишна сопруга му помогнала да го намести докторот и потоа да ги сокрие трагите. Според наодите на истрагата, клучниот момент се случил на паркинг во ...
Магистралните и регионалните патни правци ширум државата во следните седум дена ќе се чистат со помош на работно ангажирани осудени лица. Оваа координирана акција, која ќе трае до 22 јули 2026 година, е резултат на потпишаниот Меморандум за соработка меѓу државните институции, со цел унапредување на хигиената на патиштата низ целата територија на Македонија. За ефикасна реализација на планот на терен, денеска беше извршен директен увид од ...
Опозициската коалиција составена од СДСМ, ДУИ и Левица свесно ја пропушти последната шанса за носење на новиот Изборен законик, со што директно ги оштети како иселениците, така и граѓаните во земјава. Ова на денешната вонредна прес-конференција го обелодени пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, нотирајќи дека денешниот 15 јули беше крајниот рок за исполнување на оваа клучна реформа. Наместо усогласен законски текст кој требаше денеска ...
Ослободувањето на Никола Груевски за случајот „Талир 2“ е директна последица од измените во Кривичниот законик кои ги донесе претходната влада на СДСМ и ДУИ, додека вчерашната судска одлука конечно ја донесе долгоочекуваната правда за партијата. Ова денеска го истакна премиерот Христијан Мицкоски, кој нагласи дека случаите „Талир 1“ и „Талир 2“ биле измислени во време кога се вршел агресивен политички прогон врз ВМРО-ДПМНЕ. Шефот на Владата ...
Владата има цврст и стабилен мандат за реализација на ветените проекти до пролетта 2028 година, и тоа останува примарен фокус на владината коалиција. Ова денеска го изјави премиерот Христијан Мицкоски, потенцирајќи дека граѓаните очекуваат целосно исполнување на предизборните ветувања пред воопшто да се размислува за нови изборни соочувања. И покрај фокусот на редовниот термин, шефот на Владата испрати децидна порака до политичките противници ...
Поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи при Владата, Пеце Мирчевски, доби обвинителен предлог од Основното јавно обвинителство Скопје за продолжено кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластување, како и за фалсификување службена исправа. Според Обвинителството, Мирчевски во периодот од јули 2021 до март 2024 година, како директор на СОЗР, ги пречекорил службените овластувања и без основ за службени ...