УХМР ги измери температурите во 11 часоѕ низ Македонија. Претпладнево најниска температура е измерена на Попова Шапка, 19 степени. Најтопло е на Зајчев Рид со 33 степени. Во Скопје во 11 часот се измерени 31 степени, со што Скопје е еден ид најтоплите градови. Денеска во Македонија ќе преовладува сончево и многу топло време, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе биде ...

Водата за пиење во Гостивар повторно не е безбедна по сите најави и ветувања за нејзино подобрување, реагираа денеска од Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ). Претседателот на СДММ, Трајче Стојчевски, на прес-конференција истакна дека граѓаните на Гостивар веќе пет недели немаат вода за пиење на високите температури, а Локалниот кризен штаб ја продолжи забраната за користење. „И повторно водата во Гостивар не е безбедна за пиење. ...

За секое прваче во Кисела Вода – бесплатен ранец и училишен прибор, најави денеска градоначалничката Бети Стаменковска- Трајкоска. -Драги сограѓани, почитувани родители на нашите идни првачиња, Првиот училишен ден е празник за секое семејство. Мојата цел како ваш градоначалник, е тој ден да биде исполнет исклучиво со детски насмевки, а не со финансиски грижи за вашиот домашен буџет! Затоа, и оваа година ја продолжуваме оваа убава традиција. ...

Педесет и шестгодишниот Горан Комазец од Белград трагично го загуби животот во грчкото туристичко место Сарти на Халкидики, откако влегол во морето за да спаси друго лице од силните морски струи. Според неофицијалните информации што ги пренесуваат српските медиуми, тој забележал дека морската струја брзо оддалечува маж од брегот и без двоумење влегол во водата да му помогне, а по него тргнал и неговиот малолетен син. Се претпоставува дека ...

Единствениот државен ПЕТ/КТ, апарат од кој зависи проценката дали малигното заболување се проширило и дали терапијата воопшто делува, со месеци е надвор од функција. Пациенти сведочат дека биле враќани повеќепати, дел се принудени да одат приватно или во странство и да издвојат околу 1.300 евра, а државата нема ни датум кога услугата повторно ќе биде достапна. Практично, ДПМНЕ без трошка совест и чувство за одговорност, им остави на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна уредба со која се предвидува намалување на бројот на препорачани вакцини за деца, овозможувајќи програмата за вакцинација да се ограничи на 11 основни вакцини. Со уредбата исто така се препорачува комбинираната вакцина против мали сипаници, заушки и рубеола (ММР) да се раздели на три одделни вакцини кои деца би ги примале соодветно. „Мојата администрација од овој момент ги признава ...

Општина Центар започнува јавна анкета по Нацрт Деталниот урбанистички план за Градска четврт Ј 05 – Барутана, со цел вклучување на јавноста и граѓаните во процесот на донесување одлуки. Градоначалникот Горан Герасимовски упати апел до жителите активно да се вклучат и да достават свои предлози, мислења и забелешки. „Ниту една одлука не е само моја, ниту само на Општината или Советот. Одлуките треба да ги носиме заедно со граѓаните. Затоа ги ...

Августовската сесија на екстерните испити од државната матура ќе се одржи утре и на 14 август, со почеток во 9 часот. Испитите се наменети за матурантите кои во јуни не положиле или не ја завршиле целосно матурата. Според Државниот испитен центар (ДИЦ), за августовскиот рок се пријавени вкупно 1.460 кандидати – 1.328 за државна матура, 126 за стручна и шест за уметничка матура. Утре, 12 август, ќе се полага изборниот екстерен испит – ...

Дете на возраст од година ипол било нападнато и искасано од улично куче во дворот на семејниот дом во Шуто Оризари, информираат неговите родители, пренесува РомаПрес. Според сведоштвото на семејството, кучето најверојатно влегло во дворот додека членовите на семејството биле на терасата. Детето во тој момент било малку подалеку од останатите. Кога мајката се обидела да го избрка кучето, животното, според нивното сведоштво, се нафрлило врз ...

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на денешната прес-конференција предупреди на нова еколошка опасност во заштитеното подрачје околу изворот Рашче, од каде со вода за пиење се снабдува главниот град. Според СДСМ, околината на изворот, кој обезбедува вода за Скопје и за 25 проценти од населението во државата, е затрупана со отпад и претворена во дива депонија. „Нова закана за чиста вода за пиење се случува овде во ...

Руската противвоздушна одбрана спречи нов сообраќаен колапс и потенцијална штета откако собори 13 украински дронови кои ноќта меѓу 10 и 11 август се движеле во правец на Москва. За нападот информираше градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, соопштувајќи дека воените сили најпрво уништиле седум, а потоа уште шест беспилотни летала. Екипите на итна помош и спасувачките служби излегоа на терен на сите точки каде што се паднати остатоците од ...

Најмалку 132 лица го загубија животот во Колумбија по силниот земјотрес што ја погоди земјата, додека спасувачките тимови трагаат по преживеани под урнатините. Повеќе од 480 луѓе се повредени, а властите веќе прогласија вонредна состојба поради обемот на разурнувањата. Според Националниот геолошки институт, земјотресот со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран во понеделникот во 7:34 часот по локално време, на длабочина ...

ВМРО-ДПМНЕ ги исполнува ветувањата пред граѓаните. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги реализира ветувањата и работи во интерес на сите граѓани, се наведува во соопштението од партијата. -За две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари. ВМРО-ДПМНЕ во предизборието ветуваше дека ќе обезбеди линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари. Ветено, реализирано. И наместо 5000 денари Владата предводена од ...

Силен земјотрес со магнитуда од 7,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Колумбија, задржувајќи зад себе вистинска катастрофа со повеќе од 80 загинати, стотици повредени и разурнати згради во повеќе градови, пренесе ДПА. Потресот се случил околу 7:34 часот наутро по локално време во департманот Чоко, а епицентарот бил лоциран во близина на градот Сан Хосе дел Палмар (на околу 240 километри западно од Богота), на длабочина од 96 ...

Американски борбени авиони пресретнале два авиона кои влегле во привремено ограничена зона за летање околу голф-клубот на претседателот Доналд Трамп во Бедминстер, во сојузната држава Њу Џерси, јавија американските медиуми и воените власти, пренесе ДПА. Северноамериканската команда за воздушно-космичка одбрана (НОРАД) потврди дека борбени авиони Ф-16 вчера ги пресретнале двата авиона и безбедно ги придружувале надвор од ограничениот воздушен ...

Во Македонија, каде работничките права секојдневно се газат и каде само во 2025 година се евидентирани 132 несреќи при работа, од кои 31 со смртен исход, и оваа власт на ДПМНЕ како и претходно на СДСМ, очекува истите работодавачи самите да покажат совест при високи температури, се наведува во соопштението на Левица. -Во таква држава да ја оставиш заштитата од екстремна жештина на ʼпрепоракиʼ не е наивност, туку политичка одлука газдата да не ...

ОкеаниТЕ достигнаа највисоко ниво на температура некогаш забележано во јули, што е делумно поттикнато од развојот на феноменот Ел Нињо во Пацификот, покажуваат податоците на службата на Европската Унија за следење на климата. Просечната температура на површината на морето (SST) надвор од поларните региони, меѓу 60 степени северна и 60 степени јужна географска ширина, во јули изнесуваше 20,96 степени Целзиусови, што е повеќе од претходниот ...

Пожарот што рано утрово избувна во кумановската населба „Средорек“ е локализиран и целосно изгаснат, соопштија од Територијалната противпожарна единица Куманово. Сигналот за пожарот бил примен во 05:35 часот, по што екипите интервенирале околу два часа. Според командирот на ТППЕ Куманово, Борис Станковски, огнот избувнал на локација со отпад и диви депонии. Кумановските пожарникари утрово интервенирале и на пожар во сендвичарница на улицата ...

Филипче нема кредибилитет да држи лекции за јавното здравје бидејќи тој знаел и молчел додека граѓаните на Гостивар со години пиеле загадена вода, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение. -Политичкиот талог создаден со години корупција, криминал, клиентелизам и предавнички политики од кој произлезе и Филипче денес е најгласен и се обидува да се претстави како морален авторитет. Филипче нема кредибилитет да држи лекции за јавното здравје бидејќи тој ...

Движењето ЗНАМ – составено од луѓе што ја предадоа сопствената партија и ги предадоа сопствените гласачи, финансирано и создадено од Мицкоски со единствена цел да ја ситни опозицијата – најавува дека во септември ќе објави „извештај“ за работата на своите функционери, стои во соопштението на СДСМ. -Прашањето е едноставно: Што точно имаат да објават во тој извештај? Дека не ги испратија документите за екстрадиција на Груевски? Дека ...

Двајца малолетници на возраст од 15 и 13 години се приведени во Скопје поради сомнение дека се обиделе да ограбат 14-годишно момче. На 10 август околу 20:40 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода малолетниците на улицата „11 Октомври“ во општина Центар. Според пријавеното, околу 20:00 часот на булеварот „Кочо Рацин“, тие физички го нападнале 14-годишникот и се обиделе да му одземат пари. Откако не успеале во намерата, ...

Д-р Кирил Лазов, директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, инаку, специјалист по трансфузиона медицина, реагира по повод кривичната пријава од СДСМ за случајот во Гостивар, а во која е наведено и неговото име. Интегрален текст: „Уште една небулозна кривична пријава од СДСМ, уште еден обид со политички театар да се прикрие недостатокот на одговори за сопственото постапување „Наместо со кривични пријави да бараат виновници на ...

На 11 август 1992 година, со закон „Денес над Македонија“ е прогласена за државна химна на независна Македонија. Денес, 34 години подоцна, химната останува еден од симболите на македонската држава. Автор на текстот е Владо Малески, а музиката е на Тодор Скаловски. Песната е напишана во 1941 година, а за првпат била изведена на пречекот на Новата 1942 година во Струга, во куќата на Сотир Шута. По завршувањето на Втората светска војна, „Денес ...

На 9 август 2026 година во 11:10 часот во СВР Велес, 45-годишна жена од село во Велешко пријавила дека во нејзиниот дом таа и нејзиниот сопруг биле физички нападнати од нејзиниот татко В.Џ. и братот А.Џ. Според пријавеното, при нападот бил употребен и дрвен предмет, кој подоцна бил пронајден и одземен од полициски службеници. Од СВР Велес информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот. На 9 август ...

Зборот е збор – за скоро од денес започнуваме со асфалтирање на булеварот ,,Борис Трајковски! Ова го напиша скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук. -По три децении празни ветувања, за само нешто повеќе од три месеци ги решивме проблемите што ја кочеа изградбата на булеварот „Борис Трајковски“ и секојдневно создаваа вистинска голгота за повеќе од 100.000 граѓани. Денес трасата е целосно ослободена, изградена е нова атмосферска ...

УХМР ги објави температурите ова утро во 8 часот низ Македонија. Според мерењата, Македонија се пржи од рано наутро. Најтопло е во Кавадарци каде во 8 часот се измерени 27 степени. Потоа следи Гевгелија со 26, па Демир Капија со 25 степени. Во Скопје во осум часот УХМР измери 24 степени Целзиусови. Ова утро најниска утринска температура е забележана во Берово и на Попова Шапка, 19 степени. Денеска во Македонија ќе преовладува сончево и многу ...

Од Движењето ЗНАМ реагираат на, како што велат, лицемерието на политичките структури кои денес жестоко ги критикуваат состојбите во Македонија, иако со години биле дел од власта и имале можност да ги решаваат проблемите со кои сега се занимаваат. Претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, во гостувањето во емисијата „Вести плус“ на Канал 5 посочи дека државата предолго трпела последици поради недоволната комуникација меѓу власта и ...

Владата го објави спотот со кој има намера да ја одбележи 35-годишнината од независноста на државата. Но, наместо овој јубилеј да ги претставува сите граѓани и заедничкиот пат на државата, Владата избра да прикаже исклучиво македонска верзија на нејзината историја, се наведува во соопштението од ДУИ. -Спотот е само на македонски јазик. Уметниците се Македонци. Албанците практично не постојат во приказната што Владата ја подготвила за 35-те ...

Во Охрид денеска ќе се одржи дискусија посветена на врсничкото насилство и вандализмот, со фокус на предизвиците со кои се соочуваат младите во училиштата и дигиталниот простор. На средбата во вилата „Билјана“ ќе учествуваат младински активисти, ученици, психолози и експерти. Настанот се организира во пресрет на 12 Август – Меѓународниот ден на младите. Пред присутните ќе се обратат претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и министерката за ...

Во изминатите 24 часа во земјава се регистрирани 23 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи. Од нив, 20 се целосно изгаснати, два се активни, а еден пожар е ставен под контрола. Еден од активните пожари е во општина Македонски Брод, во близина на селото Драгов Дол. Таму огнот зафатил ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки. Пожар има и во кумановската населба Средорек, каде што гори отпад. Под контрола е ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
6.69
46%
1004
weather icon

Белград

15ᴼ / 12ᴼ
1.3
75%
997
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
7.2
83%
1004
weather icon

Софија

21ᴼ / 19ᴼ
3.09
43%
1004
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
4.7
47%
999
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
1.34
98%
1003
weather icon

Атина

22ᴼ / 21ᴼ
6.26
73%
1015
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
4.63
66%
1007
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
6.69
73%
1004
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 21ᴼ
8.05
50%
999
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
11.83
79%
1000
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
7.72
68%
1013
Currency

61.661

Currency

55.576

Currency

73.839

Currency

37.963

Currency

39.049

Currency

66.809

Currency

8.3401

Currency

0.67083

Currency

0.34801

Currency

0.52401

Currency

1.1058

Currency

0.59198

Рутениум

61086.42

Калај

46.87

Алуминиум

3.02

Злато

125211.08

Бакар

12.40

Цинк

3.76

Платина

48804.83

Сребро

1611.91

Кобалт

33.53

Иридиум

326330.08

Родиум

293375.56

Паладиум

31893.54