Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, преку својот фејсбук-профил упати порака по повод годишнината од загинувањето на осумтемина припадници на резервниот состав на Армијата кај месноста Љуботенски Бачила. Според Мисајловски, храброста и пожртвуваноста на бранителите претставуваат траен аманет за идните генерации. Во продолжение е целосната објава на министерот Мисајловски: „На денешен датум, Македонија изгуби уште осум свои синови, осум ...
Над 1.100.000 посетители го поминале граничниот премин Евзони за влез во Грција од јуни годинава досега, додека во истиот период земјата ја напуштиле 940.000 лица, покажуваат податоците што ги објави грчката државна телевизија ЕРТ. Зголемениот број возила и неколкучасовните чекања за влез на овој премин се сè почеста тема во грчките медиуми, кои известуваат за километарски колони кон туристичките дестинации во северниот дел на земјата. Само ...
Сите детски градинки на територијата на Општина Гази Баба се опремени со прочистувачи на воздух, соопшти градоначалникот Бобан Стефковски. Според него, оваа мерка се презема со цел да се обезбеди подобра и соодветна средина за престој на најмладите во предучилишните установи. Во продолжение е целосната објава на градоначалникот Стефковски: „ЧИСТ ВОЗДУХ ЗА НАШИТЕ НАЈМЛАДИ – СЕ ГРИЖИМЕ ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ! Обезбедивме прочистувачи на воздухот во сите ...
Проблемот со водата за пиење во Гостивар е резултат на децениска негрижа на локалните власти и со години биле криени извештаи за нејзината неисправност, изјави денеска претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар, Мартин Андоновски. Според Андоновски, опозицијата нема право да морализира и да политизира за состојбата, бидејќи локалните кадри и поддржаниот градоначалник не преземале мерки за решавање на проблемот. Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека ...
Опозициската СДСМ и нејзиниот лидер Венко Филипче се обидуваат да дојдат до политички поени преку глумење жртви во врска со настаните во Ново Село, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски. Според ВМРО-ДПМНЕ, лицата инволвирани во инцидентот биле испратени директно со цел да предизвикаат провокација на местото каде што присуствувал претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Од владејачката партија тврдат дека станува ...
Опозициската СДСМ денеска поднесе кривична пријава против функционери во здравствените институции поради, како што наведуваат, системски пропусти и непостапување во врска со загадената вода во Гостивар. Ова на прес-конференција го соопшти Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на партијата. Кривичната пријава е поднесена против министерот за здравство Сашко Клековски, директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска, директорот на ...
Вчера во 12:20 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.И.(18) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава дека со употреба на физичка сила од 70-годишна скопјанка одзел личен накит. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ЕВР Центар и Бит Пазар при СВР Скопје ќе поднесе пријава по итна постапка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ...
На СДС сега им смета и македонското сонце и уметничката инсталација, каде знамето од повеќекрако сонце се претопува во македонското знаме со осум краци, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. „Талогот на општеството од СДС, партијата којашто два пати го менуваше знамето, еднаш името, еднаш банкнотите, Уставот, е последна која може да говори за понижување на државата. Партијата чии лидери ја бришат историјата за станови во Дубаи, фирми во ...
Времето утре сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен, ветер од северен правец, соопшти УХМР. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Од УХМР најавуваат дека во среда ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Во четврток и петок наместа ќе има нестабилност со пороен дожд, ...
По претходно добиени сознанија и преземени мерки, на 08.08.2026 околу 22:00 часот на Штипски сокак, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги затекнаа лицата М.Б. и М.Џ.У.(24) од Турција, со привремен престој во Штип, при продажба на марихуана на Ф.Р.(23) од Штип. Притоа, од слобода е лишен Ф.Р. и кај него е пронајдена марихана. Додека, М.Б. и М.Џ.У. побегнале, но набргу М.Џ.У. е фатен и лишен ...
На официјална државна прослава за 35 години од независноста, платена со огромни суми пари од граѓаните, власта на Мицкоски го утна македонското знаме. Срамно и понижувачки, се наведува во соопштението од СДСМ. „Милиони евра народни пари троши владата на Мицкоски а не успеа ниту македонското знаме да го направи како што треба. Тендер патриотите го покажаа своето лице. Повторно. Го погрешија македонското знаме. Тие знаат само за тендери, ...
Жителите на западна Европа, Северна Америка и делови од Арктикот во среда, на 12 август, ќе имаат можност да сведочат на спектакуларно целосно помрачување на Сонцето. Ова е прво целосно помрачување на европскиот континент по пауза од 27 години. Главниот појас на целосно покривање (тоталитет) ќе помине преку Гренланд, Исланд, Шпанија и Балеарските Острови. Во овие подрачја Месечината целосно ќе го заклони сончевиот диск, при што за кратко ќе ...
Навремена реакција на вработена спречила да избувне пожар во маркет во Тетово, откако на еден од рафтовите била оставена запалена свеќа. Случајот бил пријавен во СВР Тетово на 8 август во 18:35 часот. Според информациите од полицијата, инцидентот се случил околу 17:10 часот во маркет на улицата „Благоја Тоска“. Едно лице запалило парафинска свеќа и ја оставило на еден од рафтовите во објектот. Вработената навреме ја забележала свеќата и ...
УХМР ги објави температурите низ Македонија во 11 часот претпладне. Според мерењата, живата на термометарот на многу места е веќе над 30 степени. Најтопло е во Демир Капија каде се измерени 33 степени, додека Попова Шапка со 19 степени е местото каде има најниска температура во 11 часот. Во Скопје живата на термометарот покажа 31 степени. Денеска ќе преовладува сончево и многу топло време, со мала до умерена локална облачност. Во ...
Четири лица, меѓу кои и три деца, се повредени во сообраќајна несреќа во која учествувале четири автомобили и еден камион на магистралниот пат во близина на каменоломот „Прогрес 98“. Од СВР Тетово за МИА информираат дека несреќата била пријавена утрово околу 7:40 часот. Повредените се наоѓале во едно од возилата, а по незгодата се пожалиле на здравствени проблеми и биле пренесени во гостиварската болница за лекарска помош. „По незгодата, три ...
Десетти август не е само датум, туку ден на сеќавање и почит кон македонските бранители кои ги загубија животите во конфликтот во 2001 година. Ова го порача градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, на комеморативната манифестација кај споменикот на паднатите бранители во Волково, организирана по повод 25-годишнината од загинувањето на бранителите кај Љуботенски Бачила. Стојкоски истакна дека споменот на загинатите треба ...
Премиерот Христијан Мицкоски се огласи на Фејсбук по повод 25 години од масакрот кај Љуботенски Бачила. -Денес одбележуваме 25 години од трагичниот настан кај Љуботенски Бачила, ден кога Македонија се сеќава на осумте македонски бранители кои ги положија своите животи за мирот и безбедноста на својата татковина. На 10 август 2001 година, при активирање на мина на патот кон Љуботенски Бачила, животот го загубија припадниците на резервниот ...
Над еден милион луѓе се евакуирани од своите домови во источна Кина по налетот на тајфунот Долфин, кој го зафати и подрачјето на Шангај. Силната бура предизвика колапс во сообраќајот, а само на шангајските аеродроми се откажани околу 1.400 летови. Според Кинеската метеоролошка агенција, невремето прво ја погоди општината Јухуан во покраината Џеџијанг, носејќи ветрови со брзина од околу 150 километри на час, а за помалку од еден час повторно ...
Украинските вооружени сили извршија нов бран напади врз мети во Русија и на териториите под руска контрола. Според извештаите од теренот што ги пренесува „Киев Индепендент“, погодена е рафинерија за нафта во руската Република Татарстан, додека во Симферопол на Крим и во регионот Донецк се регистрирани оштетувања на енергетската мрежа. На социјалните мрежи и каналите на Телеграм беа објавени видеоснимки од беспилотни летала над градот ...
На СДС сега им смета и македонското сонце и уметничката инсталација, каде знамето од повеќекрако сонце се претопува во македонското знаме со осум краци, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. -Талогот на општеството од СДС, партијата којашто два пати го менуваше знамето, еднаш името, еднаш банкнотите, Уставот, е последна која може да говори за понижување на државата. Партијата чии лидери ја бришат историјата за станови во Дубаи, фирми во ...
Пожарот што во саботата избувна на градската депонија во Крива Паланка е целосно изгаснат, информираше командирот на Територијалната противпожарна единица, Иле Коцевски. Пожарот бил ставен под контрола во текот на вчерашното претпладне, но поради повеќето жаришта и создавањето запаливи гасови, екипите продолжиле со интервенцијата до доцните вечерни часови. Целосното гасење завршило околу 22:30 часот. Коцевски посочи дека пожарникарите речиси ...
Бор падна врз туристи на плажата Балустрада во Цриквеница, Хрватска, објавува Вечерњи лист. Повредени се две деца и двајца возрасни, објавува Crikva.hr. Според информациите од надлежните служби, ниту едно од повредените не е во животно загрозувачка состојба, а тие се пренесени во Риечкиот болнички центар. На местото на настанот им е укажана помош на уште неколку лица со полесни повреди. Полициската управа Приморје-Горски Котар потврди дека ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека нема да биде марионета на големите сили, туку дека негова единствена обврска е да се грижи за интересите на Србија. „Нема да служам никому – ниту на Англија, ниту на Германија, ниту на Америка, ниту на Русија… Јас служам само на Србија. Научете го тоа еднаш. Нема да бидам ничија марионета. Јас сум Србин и српски претседател, и запомнете го тоа еднаш засекогаш. Секогаш ќе бидам Србин и српски ...
Западна Европа ги регистрираше најтоплите јуни и јули откако постојат мерењата, со просечна температура од 21,62 степени Целзиусови. Оваа вредност е за 2,79 степени повисока во споредба со просекот за периодот од 1991 до 2020 година, соопшти одделот за климатски промени на европската програма „Коперник“. Ваквите рекордни температури се последица на невообичаено долгиот период на високи температури кој започна уште при крајот на пролетта. Во ...
Мицкоски ја хранеше јавноста со приказната дека доаѓа власт пред која крупните риби ќе треперат, дека недопирливите од ДУИ ќе завршат зад решетки и конечно ќе се наплати секој криминал. Од сите тие ветувања и закани денес остана куп партиска хартија и еден спектакуларен автогол – токму Груби, кого ДПМНЕ го претвори во заштитно лице на својата предизборна ‘правда’, им ја претвори најгласната мантра во предмет за потсмев, се наведува во ...
Водата од скопскиот водоводен систем е безбедна и ги исполнува пропишаните стандарди за квалитет, покажуваат резултатите од последниот неделен мониторинг на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Во периодот од 4 до 7 август, Секторот за санитарна контрола извршил испитувања на водата за пиење од 45 мерни места низ Скопје. Земени биле вкупно 324 примероци – 162 за физичко-хемиски и 162 за микробиолошки анализи. Резултатите од лабораториските ...
На официјална државна прослава за 35 години од независноста, платена со огромни суми пари од граѓаните, власта на Мицкоски го утна македонското знаме. Срамно и понижувачки, се наведува во соопштението од СДСМ. -Милиони евра народни пари троши владата на Мицкоски а не успеа ниту македонското знаме да го направи како што треба. Тендер патриотите го покажаа своето лице. Повторно. Го погрешија македонското знаме.Тие знаат само за тендери, ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, се обратија до јавноста по нивната средба во Палатата на Србија во Белград, нагласувајќи ја поддршката за територијалниот интегритет на двете земји и најавувајќи продлабочување на економската и хуманитарната соработка. Српскиот претседател истакна дека ова е прва посета на украински претседател по осум години и нагласи дека Србија води принципиелна ...
„Уживајте во летото, создавајте убави спомени, но не заборавајте да се грижите за своето здравје“ – со оваа порака Институтот за јавно здравје денеска потсетува на важноста од заштитата од сексуално преносливи инфекции (СПИ). Од ИЈЗ посочуваат дека СПИ најчесто се пренесуваат преку незаштитен вагинален, анален или орален сексуален контакт. Причинители можат да бидат бактерии, вируси и други микроорганизми. Особено важно е што не секоја ...
Беспилотно летало утрово во 8:10 часот навлегло во бугарскиот воздушен простор, соопшти премиерот на Бугарија, Румен Радев, во изјава за медиумите по одржаната седница на Советот за безбедност. Повод за инцидентот беше свикувањето на вонредна седница на Советот за безбедност при Владата. Согласно со законот, на состанокот присуствуваа клучните министри за внатрешни и надворешни работи, за одбрана и за финансии, началникот на одбраната, како и ...