Хартиените сметки за вода, комунални и други јавни услуги постепено ќе се префрлаат во електронскиот систем за фактурирање. Управата за јавни приходи (УЈП) веќе ги вклучува општините и јавните претпријатија во пилот-фазата на проектот „е-Фактура“. Еден од главните тестови во оваа фаза е да се провери како системот ќе се справи со стотици илјади сметки што секој месец се испраќаат до граѓаните. На обуката организирана од УЈП и ЗЕЛС учествувале ...

Премиерот на Албанија, Еди Рама, реагираше на изјавите на српскиот претседател Александар Вучиќ за можното пренасочување на текот на реката Ибар, оценувајќи ги ставовите на Белград како политички фолклор кој му одолева на времето. Рама се осврна на реториката што доаѓа од српските власти, истакнувајќи дека Албанија нема претензии кон српски територии, но дека безрезервно ја поддржува независноста на Косово. „Многу интересна летна размена на ...

Хумана одлука за органодарителство донесена од едно семејство минатиот месец овозможи нов почеток за двајца пациенти кои добија органи преку трансплантација, соопштија денеска од Министерството за здравство. Оваа информација се споделува во пресрет на 13 Август – Светскиот ден на органодарителството, со цел подигнување на свесноста за значењето на дарувањето органи. Во соопштението се потенцира дека зад секоја трансплантација стои одлука ...

Во скопската населба Автокоманда во тек се градежни активности за уредување на јавните површини со поставување на нови павер елементи, информираше градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски. За време на денешниот увид на терен, Стефковски посочи дека просторот добива нов лик со цел да се создадат уредени и функционални катчиња за одмор, дружење и рекреација на жителите. Во рамки на проектот изградени се и нови пристапни патеки со ...

Водата во Скопје е микробиолошки и хемиски исправна, а депонијата за која се пишува во јавноста не се наоѓа на територијата на Град Скопје и е оддалечена околу 30 километри од изворот „Рашче“. Ова денеска преку социјалните мрежи го истакна Орце Ѓорѓиевски, посочувајќи дека изминатиот период се пласираат информации кои создаваат непотребен страв и паника кај граѓаните. „Депонијата за која се зборува не се наоѓа на територијата на Град Скопје и ...

Ноќеска во 00:50 часот во СВР Скопје, И.Р.(33) од скопско, пријави дека околу 00:30 часот на локалниот пат с.Рашче- с.Сарај, скопско, додека управувал патничко возило, бил сопрен од две лица кои со закана со огнено оружје од него и неговиот син одзеле мобилни телефони, пари, и други лични работи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Ноќеска во 00:50 часот во СВР Скопје, И.Р.(33) од скопско, пријави дека околу 00:30 часот на ...

Серија случаи на семејно насилство се евидентирани во изминатите 24 часа низ повеќе градови во државата, информираат од Министерството за внатрешни работи. На 10.08.2026 во 16:45 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода С.М.(46) од гостиварско село, постапувајќи по претходна пријава дека околу 11:30 часот во деловен објект во Гостивар физички ја нападнал неговата 47-годишна сопруга и ѝ упатувал закани. Тој ...

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Т.М.(28) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“ во врска со кривично дело „кражба“. На 03.03.2026 во СВР Тетово, пријавениот лажно пријавил дека на 01.03.2026 во неговиот дом, неговите дедо и баба одзеле парични средства во износ од околу 3.500.000 денари. СВР Тетово поднесе кривична пријава против Т.М.(28) од Тетово поради постоење ...

Во организација на Асоцијацијата „Макам-транс“, денеска се одржа регионална средба на претставници на здруженијата на превозници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Главна тема на состанокот беа актуелните проблеми со кои се соочуваат професионалните возачи во однос на ограничувањето и броењето на деновите за престој во Шенген зоната, како и дефинирање чекори за надминување на оваа состојба. Претставниците на сите ...

Вчера во 23:20 часот на подрачјето на Драчево во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа Р.С.(63), Б.С.(37), Б.А.(20), О.С.(41), Н.С.(21) и Ѓ.С.(33), сите од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 22:30 часот го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во која биле употребени и тврди предмети, при што била нанесена расекотина на 16-годишник, кој учествувал во пресметката. Откако пристигнале полициски ...

Вчера во 16:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Адем Демачи“ во Скопје, патничко возило удрило во 16-годишен малолетник од Скопје, кој туркал електричен тротинет, по што возилото го напуштило местото. Притоа, малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот и ...

Власта на Мицкоски ги извиси и ги изманипулира земјоделците производители на црвена пиперка, велат од СДСМ. „Наместо откупна цена која ќе им обезбеди исплатливо производство, министерот за земјоделство Борче Серафимовски, на земјоделците им нуди милостина. Договорената цена што Серафимовски, сака да ја прикаже како некаков успех е далеку од исплатлива и далеку од откупната цена на пиперката ајварката во 2022 и 2023. Во време на Владата на ...

Во последните три учебни години во училиштата просечно се пријавуваат по околу 50 случаи на врсничко насилство годишно, што покажува дека обемот не расте, но загрижува фактот што расте бруталноста во дел од пријавените случаи, истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска. Таа учествуваше на панел-дискусијата на тема „Меѓуврсничко насилство и вандализам“, што по повод Меѓународниот ден на младите се одржа во Охрид, во ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје оствари средба со вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави, Никол Варнес. На средбата беа потврдени одличните билатерални односи меѓу двете земји, за што сведочат политичкиот дијалог и редовните средби на високо ниво. Соговорниците разговараа за реформските процеси, како и за идните активности насочени кон натамошно ...

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дијана Илиевска, на денешната прес-конференција го истакна исполнувањето на ветувањето за линеарно зголемување на пензиите за сите највозрасни граѓани во државата. Таа посочи дека пензионерите се заслужна категорија граѓани за кои државата мора да покаже вистинска грижа. „Почитувани, пензионерите не се највозрасните граѓани кои го заокружиле својот работен век, туку тие се најзаслужната категорија на ...

Вкупно осум пожари на отворен простор се регистрирани денеска на територијата на државата до 13 часот, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според податоците на ЦУК, од нив еден е сè уште активен, еден е ставен под контрола, додека останатите шест се целосно изгаснати. Единствениот активен пожар е во општина Македонски Брод, во месноста „Видуш“, во близина на селото Драгов Дол. Таму гори ниска вегетација, ...

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, на денешната прес-конференција ги презентираше последните податоци од Државниот завод за статистика во врска со инфлацијата и цените на мало, истакнувајќи дека тие целосно ги демантираат тврдењата на опозициската СДСМ. Стојаноски нагласи дека бројките за јули покажуваат стабилност на економијата и значително намалување на ценовниот притисок. „Почитувани, додека СДС го градеше својот ...

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати критики до опозициската партија, обвинувајќи ги дека наместо да понудат идеи и резултати, се фокусираат на создавање конфликти и поделби. Манасиевски порача дека таквата политика на опозицијата има за цел да го привлече вниманието на јавноста преку инциденти. „Почитувани, кога немаат идеи и резултати, во СДС произведуваат конфликти за да останат во центарот ...

Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар, Мартин Андоновски, на денешната прес-конференција излезе со барање Венко Филипче и Рената Младеновска да објаснат зошто не реагирале на извештаите за квалитетот на водата во градот. Андоновски посочи дека лицата кои претходно ги раководеле институциите сега се обидуваат да го префрлат фокусот од сопствената одговорност. „Почитувани, Филипче и Рената Младеновска треба веднаш да кажат ...

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение на Сергеј Манасиевски упати остри критики до опозициската СДСМ во врска со нивните реакции за визуелниот концепт и организирањето на прославата по повод 35 години од независноста на државата. Од владејачката партија истакнуваат дека СДСМ директно се спротивставува на прославата на независноста и на сè што е од интерес за државата. „Талогот од СДС освен што сака да го напаѓа ВМРО-ДПМНЕ, сака да ја види Македонија на ...

Општина Гази Баба ја реализираше мерката за целосно ослободување од плаќање комуналии за изградба на куќа за млади, при што старосната граница е зголемена до 35 години, информираше градоначалникот Бобан Стефковски. Стефковски истакна дека првично мерката била предвидена за лица до 29 години, но по направените анализи била донесена одлука да се прошири опфатот на семејства. „Иако првично мерката беше наменета за лица до 29 години, по детална ...

Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски, денеска на прес-конференција излезе со критики до Владата и премиерот Христијан Мицкоски во врска со прославата за Денот на независноста и, како што рече, понижувањето на македонското знаме. Жерновски потсети дека токму на денешен ден во 1992 година Македонија ги усвоила своето знаме и својата химна, а Владата направила скандал со државниот симбол. „На нивната официјална ...

ВМРО-ДПМНЕ преку писмено соопштение реагираше на прес-конференцијата на СДСМ, обвинувајќи ги опозиционерите за лицемерност и бегање од одговорност за состојбите со водата за пиење во земјава. Од владејачката партија истакнуваат дека СДСМ го водеше секторот и државата со години, а за тоа време не направила ништо конкретно за заштита на националните и граѓанските интереси. „Предавничката СДС се однесува како падната од Марс. Како денес да се ...

Американскиот претседател Доналд Трамп тајно го напуштил минатомесечниот самит на НАТО во Анкара користејќи алтернативен воен авион и возило за кетеринг, додека Белата куќа креирала илузија за новинарите дека тој патува со претседателскиот „Ер Форс Уан“, објави весникот „Вашингтон пост“. Главна причина за оваа вонредна оперативна маневра била сериозна и конкретна закана за атентат врз американскиот претседател од страна на Иран. Според ...

На 10.08.2026 во 14:45 часот на патот Тетово–с.Селце, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.Џ.(34) од с.Селце поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“, соопшти МВР. Имено, тој се сомничи дека на 08.08.2026 околу 04:20 часот од мопед со кој се движел испукал повеќе куршуми од автоматска пушка кон семејната куќа на Ш.Б.(48), по што се оддалечил од местото. Во врска со ...

Вчера во 18:30 часот од страна на полициски службеници од СВР Охрид уапсен е К.С. од Велес. Претходно истиот ден, во 14:35 часот, 21-годишна девојка од Шведска пријавила во СВР Битола дека во ноќта меѓу 8 и 9 август, во ноќен клуб во Охрид, осомничениот извршил обљуба врз неа. К.С. е задржан, а по целосното документирање на случајот, МВР најавува дека против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Вчера во 18:30 часот од страна на ...

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец, соопшти УХМР. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Од УХМР најавуваат дека во четврток и во петок попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за невреме ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде предупредување за активиран метеоаларм на целата територија на државата за утрешниот ден, 12 август 2026 година. Според известувањето од синоптичарите, метеоалармот е активиран поради очекуваните високи температури кои ќе ја зафатат цела Македонија. Од УХМР апелираат граѓаните во сите региони да бидат внимателни и да ги почитуваат општите препораки за заштита од топлотниот бран. Управата за ...

Тело на повозрасна жена било пронајдено денеска во каналот Галовица во близина на Белград, по што полицијата и обвинителството започнаа истрага за случајот. Според првичните информации, телото било забележано околу 14 часот од страна на случајни минувачи, кои веднаш ја алармирале полицијата и надлежните служби. По наредба на дежурен јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство, телото е пренесено на Институтот за судска медицина за да се ...

По продолжениот викенд за Илинден, кога 2 Август беше одбележан во недела, а неработниот ден се пренесе на понеделник, 3 август, граѓаните наскоро ќе имаат уште неколку можности за одмор. Во следниот период следуваат неколку неработни денови, вклучително и нов продолжен викенд. Следен неработен ден за граѓаните од православна вероисповест е 28 Август – Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) . За сите граѓани на РСМ 8 септември ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
6.69
46%
1004
weather icon

Белград

15ᴼ / 12ᴼ
1.3
75%
997
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
7.2
83%
1004
weather icon

Софија

21ᴼ / 19ᴼ
3.09
43%
1004
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
4.7
47%
999
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
1.34
98%
1003
weather icon

Атина

22ᴼ / 21ᴼ
6.26
73%
1015
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
4.63
66%
1007
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
6.69
73%
1004
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 21ᴼ
8.05
50%
999
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
11.83
79%
1000
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
7.72
68%
1013
Currency

61.661

Currency

55.576

Currency

73.839

Currency

37.963

Currency

39.049

Currency

66.809

Currency

8.3401

Currency

0.67083

Currency

0.34801

Currency

0.52401

Currency

1.1058

Currency

0.59198

Цинк

3.76

Платина

48804.83

Бакар

12.40

Родиум

293375.56

Рутениум

61086.42

Иридиум

326330.08

Алуминиум

3.02

Калај

46.87

Паладиум

31893.54

Сребро

1611.91

Кобалт

33.53

Злато

125211.08