Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ги објави најновите мерења на температурите на амбиенталниот воздух во градовите и мерните станици низ Македонија, направени денеска во 14:00 часот. Според официјалните податоци, највисока температура во 14:00 часот е измерена во Гевгелија, каде што живата на термометарот достигнала 38,3 степени Целзиусови. Веднаш зад Гевгелија се Демир Капија со измерени 37,6 степени и Кавадарци со 36,8 степени ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, упати порака по повод годишнината од загинувањето на бранителите кај локалноста Карпалак, истакнувајќи дека 8 август останува засекогаш врежан во колективната меморија на македонскиот народ. Тој нагласи дека изминатите години не ја избришаа болката за загинатите кои ги положија своите животи исполнувајќи ја должноста кон татковината. „Постојат датуми кои не се само дел од календарот, туку ...

Три противпожарни авиони „ер трактор“ се подготвуваат да полетаат со цел да се вклучат во гаснењето на пожарот што избувна на територијата на општина Сопиште, зад планината Водно. Информацијата за ангажирањето на воздушната поддршка ја соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. „Три ер трактори се подготвуваат за полетување кон пожарот на територијата на општина Сопиште (зад Водно)“, соопшти Ангелов. Три ...

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените сообраќајни контроли за почитување на ограничувањата на брзината. Оваа активност се спроведува во рамки на координираната европска акција на Европската мрежа на сообраќајни полиции – ROADPOL. Во периодот од 03 до 09 август 2026 година, Секторот за сообраќајни работи при МВР спроведува интензивни контроли насочени кон откривање и санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила ...

Нови тешки пожари избувнаа попладнево на територијата на Волково и во општина Сопиште, зад планината Водно, информираше Стојанче Ангелов. Според првичните информации, Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) Скопје веќе го става под контрола пожарот во Волково. Во исто време, започнува интервенција на скопските пожарникари и во општина Сопиште, каде што како поддршка се упатени и четири пинцгауери на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). ...

Лет од Солун за Германија беше откажан синоќа на аеродромот „Македонија“ во Солун, откако во еден од моторите на авионот била пронајдена птица, објави локалниот информативен портал Теспост. Авионот требаше да полети вчера рано навечер, превезувајќи околу 150 патници. По подолг престој и чекање кај излезот за качување, патниците биле известени дека летот се откажува поради присуство на птица во еден од моторите. Според информациите, патниците ...

ВМРО-ДПМНЕ преку реакција на Кети Штерјова ги отфрли обвинувањата од денешната прес-конференција на СДСМ во врска со најавената изградба на Националниот дата центар. Од владејачката партија истакнуваат дека опозицијата намерно ги меша фактите и шири страв меѓу јавноста наместо да ги разграничи комерцијалните од државните проекти. „СДС продолжуваат со својот филм во кој има само лаги и ширење на страв во јавноста. Денес на прес-конференцијата ...

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информираше дека последните наоди покажуваат значително подобрување на квалитетот на водата, но посочи дека е потребно уште време пред таа официјално да биде прогласена за исправна за пиење. Според него, конечната одлука е во надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), која ќе даде одобрение откако ќе се потврди дека се исполнети сите потребни стандарди. ...

Терористички напад со беспилотно летало натоварено со експлозив на аеродромот во Лајпциг бил спречен од возач на аеродромски автобус кој го забележал дронот како лета ниско и го удрил. Ова го изјави пратеникот во германскиот Бундестаг, Детлеф Сеиф од Христијанско-демократската унија (ЦДУ). Заиф за новинарите појасни дека возачот забележал беспилотно летало на ниско летање во текот на ноќта во вторникот на аеродромот Лајпциг/Хале, по што ...

Времето утре сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти УХМР. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Од УХМР информираат дека следните денови ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена ...

Вчера во 12:00 часот во с.Грешница, општина Македонски Брод, полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода Г.С.(45) од с.Грешница. Тој се сомничи дека претходно во повеќе наврати подметнувал пожари на отворено, а вчера околу 11:30 часот бил затекнат како на подрачје помеѓу с.Грешница и с.Слатина, општина Македонски Брод, исто така, подметнува пожар на отворено. На 07.08.2026 во 17:00 часот во с.Сарандиново, општина Долнени, ...

Членката на Извршниот одбор на СДСМ, Наташа Поповиќ, на денешната прес-конференција изнесе серија обвинувања за начинот на кој власта се справува со кризата со водоснабдувањето во Гостивар и упати апел до обвинителот Савевски веднаш да отвори постапка. Таа посочи дека институциите со недели давале контрадикторни изјави, додека граѓаните се соочувале со сериозни здравствени проблеми. „Министерот Клековски конечно прозборе, призна дека во ...

Христијан Ефтимов од Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ) на денешната прес-конференција изнесе обвинувања дека ВМРО-ДПМНЕ неовластено користи доверливи полициски документи од Полициската станица Струмица. Тој посочи дека наместо заштита на жртвите од инцидентот во Ново Село, опозициската партија врши јавен притисок со податоци кои претставуваат службена тајна. „Денес стоиме пред вас не како обвинети, туку како нападнати. ...

ВМРО-ДПМНЕ преку партиско соопштение објави реакција на изјавата на Христијан Ефтимов од СДММ, оценувајќи дека опозициската партија покажува целосна дезориентираност во врска со инцидентот во Ново Село. Од владејачката партија тврдат дека со денешните обраќања практично се потврдени нивните претходно изнесени информации за прекршочните и кривичните досиеја на учесниците. „СДС и оние кои моментално ја претставуваат партијата и во случајот со ...

Потпретседателот на СДСМ, д-р Александар Трајановски, во интервју во вестите на телевизија Телма, нагласи дека катастрофата во Гостивар ја покажа целосната некапацитетност и дезорганизација на власта. Трајановски укажа дека четири недели граѓаните на Гостивар се оставени без основното човеково право, без безбедна вода за пиење, и притоа изложени на сериозни здравствени ризици. Тој посочи дека наместо брза реакција, навремени мерки и целосна ...

Развојот на туризмот е еден од стратешките приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, изјави денеска на прес-конференција пратеникот Александар Јамалов. Тој посочи дека од почетокот на мандатот се спроведуваат конкретни политики и мерки со кои земјава се позиционира како сè поатрактивна туристичка дестинација. „Истовремено се инвестира во подобра авионска, патна и железничка поврзаност, се создаваат подобри услови за нови инвестиции во ...

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати серија жестоки обвинувања до претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Според Манасиевски, раководството на опозициската партија дава поддршка на лица кои претходно биле правосилно осудувани за кривични дела. „Децата на Филипче се децата на предавникот Заев, талогот од СДС испливува на површина. Деца осудени за насилство и трговија со дрога е иднината која ја ...

Вчера во 12:12 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Радишанска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б.(47) од Скопје со привремен престој во Скопје и мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски таблички, управуван од Н.М.(19) од с.Побожје, скопско. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот Н.М.. Лекар од Итна медицинска ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ги објави официјалните податоци за измерените температури во 11 часот на мерните станици низ државата, каде што е активирана портокалова фаза за високи температури. Според мерењата, највисока температура предпладнево е измерена во Гевгелија, каде што живата во термометарот достигна 34,8 Целзиусови степени. Веднаш по Гевгелија следува Скопје на мерната станица Зајчев Рид со измерени 33,7 степени, ...

Податоците од Државниот завод за статистика укажуваат на забавување на инфлацијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Инфлацијата во јули изнесува 2,3 проценти на годишно ниво што покажува тренд на намалување. Во јули стапката на инфлација во Македонија е под просекот на еврозоната во која стапката на инфлација во јули изнесува 2,9 проценти. Колку за споредба во април 2026 година инфлацијата на годишно ниво изнесуваше 5,7 проценти, во мај 4,8 отсто и во ...

Делегација на СДСМ предводена од заменик претседателката Фани Каранфилова Пановска, заедно организацискиот секретар Зоран Трифуновски и претседателот на ОО СДСМ Тетово, Жика Алексоски денеска положи цвеќе на спомен обележјето кај месноста Карпалак, и оддаде почит на македонските бранители кои загинаа кај Карпалак. Од СДСМ оддадоа почит на Горан Миновски, Сашо Китаноски, Веби Рушитоски, Бранко Секулоски, Љубе Грујоски, Нане Наумоски, Ердован ...

Комбе со македонски регистарски таблички утрово се запалило во близина на патот што води кон Кемиштај, кај градот Љушња во Албанија. Возилото превезувало товар со пилиња од Македонија, а возачот го забележал пожарот веднаш откако излегол од автопатот и свртел кон Кемиштај. Пожарникарите брзо пристигнале на местото на настанот за да го изгаснат огнот кој ја зафатил кабината. „По добивањето на известувањето, противпожарната служба на Лушња брзо ...

Прво Мицкоски. Потоа Латас. Сега Стоилковиќ. Ист речник. Иста поделба. Иста стратегија. Во Србија, по избувнувањето на првите големи студентски протести, Вучиќ и СНС им возвратија на младите со стотици банери со крвав среден прст поставени низ целата земја; напишаа од СДСМ во соопштението. „Оттогаш Вучиќ веќе една година ги нарекува студентите и младите „странски платеници“, „предавници“, „улични насилници“, па дури и „усташи“ – секогаш кога ...

Талогот во СДС не знае да стои, да размисли што прави, зошто партијата ја доведоа до ова дереџе, скраја да е да им текне да даваат предлози за доброто на државата и граѓаните или пак да учествуваат во аргументирани дебати. Тие од се во државата прават скандали за да печалат политички поени да го трујат народот, а кога немаат случај, тие си креираат, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. „Таков беше и случајот од пред неколку дена во Ново Село, ...

Клековски конечно прозборе. Во водата во Гостивар имало „многу различни бактерии и вируси“. Претходно Мицкоски уверуваше дека водата е технички исправна. Како знаеше? Имаше „чувство“? Сега фокусот е на следење хепатит. Зар истиот Клековски не тврдеше дека епидемијата завршила, иако долго време ја криеше?, стои во соопштението на СДСМ. „Сега повторно има проблем, а тој како „стручњак за хепатит“ ја следи ситуацијата? Тошковски сигурно исто ја ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила, на граничниот премин Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 30 минути. Исто толку време, околу 30 минути, се чека и на граничниот премин Богородица за излез од државата. На ...

Викендов и во текот на следната седмица Македонија ќе биде под влијание на многу топло време со високи температури и мала до умерена облачност. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) на својата фејсбук-страница објави дека денеска е активно портокалово ниво на опасност од високи температури. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, додека максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. Во попладневните часови се очекува ...

Најмалку седум лица загинаа откако ученик отвори оган во училиште во покраината Нонтабури, северно од Бангкок. Според информациите од полицијата, вооружениот напаѓач претходно ги убил и своите баба и дедо во нивниот дом, пред да се упати кон училиштето и да почне да пука. Инцидентот се случил околу 10 часот наутро по локално време, кога напаѓачот влегол во училиштето вооружен со пиштол. Според тајландскиот јавен радиодифузен сервис PBS, тој ...

Во вторник, во раните утрински часови, на подрачјето на Скопје ќе се спроведе авионска дезинсекција против ларви од комарци, најавија од Град Скопје. Акцијата се спроведува како дел од редовните превентивни мерки за намалување на бројот на комарците и спречување на нивното понатамошно размножување. Доколку временските услови не дозволат безбедно реализирање на прскањето, дезинсекцијата ќе се одложи за првиот нареден ден со поволни временски ...

Поради зголемена фреквенција на возила на Граничниот премин Табановце, времето на чекање за влез во државата попладнево изнесува околу 45 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопштија од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, додека сообраќајот на државните патишта се одвива ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
30%
1004
weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
5.14
88%
1005
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
62%
1009
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
8.75
47%
1003
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
4.89
48%
999
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 6ᴼ
4.63
96%
1009
weather icon

Атина

21ᴼ / 20ᴼ
5.66
74%
1014
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
8.23
62%
1007
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
4.12
83%
1005
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 22ᴼ
7.2
46%
999
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
7.72
71%
1006
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 18ᴼ
5.66
94%
1012
Currency

61.753

Currency

55.672

Currency

73.919

Currency

37.993

Currency

39.111

Currency

66.849

Currency

8.3545

Currency

0.67238

Currency

0.34851

Currency

0.52431

Currency

1.1075

Currency

0.59271

Платина

48804.83

Иридиум

326330.08

Злато

125211.08

Калај

46.87

Сребро

1611.91

Родиум

293375.56

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.02

Рутениум

61086.42

Бакар

12.40

Паладиум

31893.54