Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Сообраќајната несреќа на Голија, во која загина 15-годишниот Душан В. од Нови Пазар, според првичните сомнежи, се случила поради тоа што возачот бил под дејство на алкохол. Како што наведуваат од Управата за сообраќајна полиција, до несреќата во која загинал младиот човек дошло поради неприлагодена брзина и управување со возило под дејство на алкохол. Возачот изгубил контрола над автомобилот, излетал од коловозот и удрил во објект покрај ...
Основниот суд во Куманово денеска ја одложи главната расправа против 25-годишниот Трајче Бојковски од Старо Нагоричане, обвинет за четири убиства и два обида за убиство на жени. Рочиштето беше одложено откако обвинетиот не се изјасни по обвинението, а неговиот бранител го откажа полномошното. Бојковски беше спроведен од Затвор Куманово. Во судницата присуствуваа членови на семејствата на оштетените, јавниот обвинител Љубомир Лапе и бранителот ...
Премиерот Мицкоски и денеска повтори дека ВМРО-ДПМНЕ е отворено за консензус за изборниот законик. Одговарајќи на новинарски прашања при теренската посета на Битола рече дека се она што СДСМ, ДУИ и Левица ќе ги предложат во делот на измените на изборниот законик, неговата партија е подготвена да го прифати, но да остане можноста да и се даде шанса на дијаспората на следните претседателски избори да гласа во поедноставна процедура. Се помали ...
За време на енергетска криза, кога цените на светско ниво рушат рекорди, во Македонија состојбата е контролирана и стабилна. Наспроти сите прогнози на опозицијата и нејзините сателити, според Државниот завод за статистика инфлацијата се намали и на годишно ниво и во јуни изнесува 3,4%, рече денеска Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција „Споредено со месец мај, инфлацијата забележува намалување од 0,5 проценти, додека, пак, ...
Во судница денеска почна судењето против Трајко Бојковски, обвинет за четири убиства и две убиства во обид на повозрасни жени во Кумановскиот регион. На почетокот на рочиштето обвинетиот не одговарал на прашањата на судијата, по што била дадена кратка пауза. Неговиот адвокат објаснил дека Бојковски се вознемирил од камерите и од присуството на повеќе лица во судницата. Обвинителството тврди дека ќе докаже оти Бојковски со умисла ги извршил ...
Американскиот претседател Доналд Трамп кој вчера ја нарече Шпанија „ужасен партнер” и побара целосно запирање на трговијата, падрастично го промени мислењето. Трамп ја нарече Шпанија „ужасен партнер“ во контекст на спорот околу трошоците за одбрана во НАТО. Главната причина е тоа што Трамп смета дека Шпанија не издвојува доволно средства за одбрана и не ја следи неговата иницијатива со која сојузниците треба да трошат 5% од БДП за одбранбени ...
Охриѓанец проголтал опаковка со дрога пред да биде фатен од полицајци, по што му се влошила здравствената состојба. Според информациите од полицијата, тој починал во болница. Вчера во 22.30 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, уапсен е И.М.(32) од Охрид. Тој, со автомобил „Ренџ Ровер“ со чешки национални ознаки, не го сопрел возилото по даден знак од полициската патрола туку избегал и по дополнително преземени активности, бил застанат. ...
До минатото лето, најголемата закана за капачите во Евбејскиот Залив, кој го дели грчкиот остров Евија од копното, беа виолетовите медузи. Денес, вниманието на грчките власти е насочено кон многу посериозна опасност – инвазивната зајачка риба (Lagocephalus sceleratus), позната и како сребрест пуфер, која поради затоплувањето на морето сè побрзо се шири низ Медитеранот. Станува збор за вид кој потекнува од Индо-Пацифичкиот регион и преку ...
На 08.07.2026 во 20:00 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода Ч.А.(40) од Р.Албанија. МВР информира дека при гранична контрола и претрес на товарно возило „волво“ со албански национални ознаки, кое тој го управувал, во кабината на влекачот, биле пронајдени и одземени 24 пакувања со марихуана. Известен бил јавен обвинител, а Ч.А. е задржан во полициска станица за понатамошна ...
Генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиза, при посетата на Полициската академија на МВР во Идризово порача дека Северна Македонија е значаен партнер на организацијата и дека покажува сериозен пристап кон меѓународната полициска соработка. Во обраќањето пред полициските кадети и раководството на Министерството за внатрешни работи, Уркиза истакна дека Центарот за обука на МВР има важна улога во подготовката на идните полициски ...
Заедничките гранични контроли One Stop денес веќе функционираат на граничните премини со Србија и Косово, а со потпишувањето на договорот со Република Албанија се заокружува процесот на воспоставување на овој современ систем со сите наши соседи кои не се дел од Шенген зоната. -Со имплементацијата на One Stop системот, граѓаните добиваат едно застанување, една гранична контрола и значително пократко време на чекање, а државите добиваат ...
Полицијата лиши од слобода 71-годишен прилепчанец по пријава дека полово вознемирувал 40-годишна жена во нејзиниот дом. Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 7 јули. Жената пријавила дека осомничениот, додека таа била во домот со својата малолетна ќерка, ја вознемирувал и се обидел недолично да ја допира по телото. Од полицијата информираат дека по целосното документирање на случајот против осомничениот ќе биде поднесен ...
Во 03:00 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани ја лишија од слобода 18-годишната М.Р. од виничко. Од МВР информираат дека при сообраќајна контрола на ул.„Димитар Влахов“ во Кочани, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген пасат“ со винички регистарски ознаки, управувано од М.Р., при што било констатирано дека го управувала возилото во спротивна насока на кружен тек и без претходно да се стекне со право на ...
Од 14 јули започнува примената на новиот Закон за игри на среќа и за забавни игри, со кој за првпат се воведува регулирана рамка за организирање подарувања (giveaway). Со новите правила, организаторите ќе мора да обезбедат дозвола за приредување на вакви игри, да ги објават правилата и резултатите, како и да ги почитуваат утврдените рокови и услови. Од Министерството за финансии информираат дека целта е воспоставување јасни обврски за ...
На автопатот А1 кај Гевгелија, полицијата запрела 25-годишен турски државјанин кој управувал автомобил со брзина од дури 210 километри на час. Полициски службеници од ОВР Гевгелија го привеле К.Ј. (25) утринава во 06:48 часот на делницата од автопатот кај селото Милетково, откако со радарска контрола било утврдено дека вози со значително поголема брзина од дозволената. СВР Струмица информира дека возачот управувал патничко возило „Ауди“ со ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека имал добар состанок со американскиот претседател Доналд Трамп, на кој, како што истакна, била нагласена потребата од зајакнување на украинската противвоздушна одбрана (ПВО) поради интензивираните руски напади. – Претседателот Трамп и јас разговаравме за некои идеи кои би можеле да ги засилат нашите позиции и да го приближат мирот – напиша Зеленски на Х по состанокот одржан на ...
Повеќе од 200.000 кондоми од Кина, лажно декларирани како играчки, ги заобиколија барањата за контрола на квалитетот на Европската Унија, изложувајќи ги потрошувачите на опасност и ризик од сексуално преносливи инфекции, несакани бремености и опасни хемикалии и материјали, објави „Евроњуз“ (Euronews). Во ЕУ, кондомите се класифицирани како медицински помагала и мора да ги исполнуваат строгите здравствени и безбедносни стандарди, вклучувајќи ...
Во Основниот суд во Куманово, денеска, 9-ти јули, започнува судскиот процес за предметот К бр.368/26, по поднесено обвинение на Основното јавно обвинителство Куманово против 25-годишниот Т.Б. од Старо Нагоричане за 4 кривични дела – Убиство од член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик, како и два обиди за убиство од истиот квалификуван облик. Бидејќи со умисла лишил од живот повеќе лица, согласно член 123 став 3 од Кривичниот законик, му ...
Со преземањето на одговорноста, ВМРО-ДПМНЕ да ја предводи македонската влада, си постави цел и стратешка визија, државата да стане клучна сообраќајна крстосница во балканскиот регион. Тоа што можеме да го кажеме сега, две години после парламентарните избори и формирањето на владата, е дека со засилено темпо се работи на остварување на оваа цел и Македонија се гради подеднакво во сите делови, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. -Прво се ...
Додека пред меѓународните чинители Мицкоски и ДПМНЕ глумат дека Изборниот законик им е реформа за која многу силно се борат да се донесе – тие се обидуваат одговорноста за неговото недонесување да ја префрлат врз опозицијата. Партијата која има мнозинство во Собранието, ја предводеше Работната група и го предложи текстот на законот, денес глуми неутрален набљудувач кој наводно ќе прифател сѐ што ќе се договорат опозициските партии, се вели во ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се осврна на одлуките донесени на Самитот на НАТО во Анкара, оценувајќи дека тие претставуваат чекор кон посилна Алијанса и поголема колективна безбедност. „Пораката е јасна: НАТО испорачува резултати. Ја потврдивме заедничката определба за поголеми инвестиции во одбраната, понатамошно јакнење на одбранбените капацитети, поправедна распределба на одговорностите меѓу ...
На седница на Уставниот суд беше разгледувана иницијативата поднесена од Левица за оценување на уставноста на одредбите од Изборниот законик, за кои партијата тврди дека ѝ го ограничуваат правото за време на изборна кампања да се рекламира на телевизии, радија, интернет-портали и билборди. Од Левица информираат дека поради недоволен број гласови не била донесена одлука, а предметот останува отворен. „Расправата ја откри неспорната вистина за ...
На 08.07.2026 од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје по претходно преземени мерки во напуштени подрумски простории во зграда на подрачјето на општина Аеродром пронајденa е поголема количина на разновидна наркотична дрога. МВР информира дека се пронајдени бела грутчеста материја, халуциогени печурки, една кеса со поголема количина таблети-екстази, марихуана и три дигитални ваги. Се преземаат мерки ...
Шеесет и едногодишна жена од Скопје на 7 јули во 22:35 часот пријавила во СВР Скопје дека била ограбена на подрачјето на Бит Пазар. Според пријавата, едно лице со употреба на физичка сила ѝ одзело чанта во која имало паричник, лични документи, пари, мобилен телефон и други предмети. Од СВР Скопје информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. Шеесет и едногодишна жена од Скопје на 7 јули во 22:35 часот пријавила во СВР ...
Јавноста во Македонија е сведок на целосна конфузија предизвикана од опозициските партии СДС, Левица и ДУИ, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. -Првиот ден седнуваат и се договараат за Изборниот законик, а веќе следниот ден, откако ќе преспијат, го блокираат истиот закон за кој првично постигнале договор. Во јавноста пласираат одредени тези, а зад затворени врати, всушност, преговарале и преговараат за сосема други прашања. ...
Пратеникот во Собранието на Македонија, Беким Ќоку, изјави дека нему, на уште еден пратеник и на заменик-генералниот секретар на Владата им бил оневозможен влез во Албанија, без, како што тврди, да добијат официјално објаснување од надлежните власти. Според неговите наводи, тројцата функционери, кои се етнички Албанци од Македонија, биле задржани повеќе од еден час на граничниот премин Ќафасан при обидот да влезат во Албанија. „Тројца ...
Пензионерите се украдени, а државата се соочува со сериозен недостиг од пари за плати, субвенции и социјална помош, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за емисијата „Тема на денот“ на Сител телевизија. -„Буџетот е празен. Ребалансот е страшен дебакл. Огромен раст на дефицитот. Нема предвидено пари ниту за соодветен раст на пензиите – пензионерите се оштетени, ниту за раст на платите. Нема доволно пари за субвенции во ...
Длабоко ја уважуваме изјавата на европската комесарка Марта Кос дека „нема гаранции“ за членството на Македонија во Европската Унија, што претставува исклучително важна политичка констатација, која заслужува сериозна јавна и институционална дебата, се вели во соопштението од МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ . -Доколку навистина не постојат гаранции дека исполнувањето на преземените обврски ќе доведе до членство во Европската Унија, тогаш логично се ...
УХМР ги измери температурите низ Македонија во осум часот, по дождот од синоќа. Според мерењата на УХМР, утрово е најсвежо на Попова Шапка каде се измерени 11 степени. Потоа следи Берово со 15 степени. Гевгелија е најтопол град во осум часот со измерени 24 степени. Во Скопје се измерени 19 степени. Воедно, УХМР информира и каде наврнало најмногу дожд. Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. На поединечни места ќе има ...
Четириесет и четиригодишна жена од Скопје на 7 јули во 08:25 часот пријавила во СВР Скопје дека на подрачјето на Карпош била ограбена и физички нападната. Според пријавата, женско лице од нејзиното возило одзело чанта во која имало паричник, лични документи, мобилен телефон, пари и други предмети. По кражбата, лицето физички ја нападнало пријавителката. Од СВР Скопје информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. ...