Белград
10ᴼ /
9ᴼ
Во македонското Собрание денеска седници ќе одржат комисиите за прашања на изборите и именувањата, за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно правната комисија. На дневен ред на седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата е Јавна расправа за утврдување на предлог листа од пријавените кандидати по Одлуката за објавување јавен оглас за избор на член на Комисијата за спречување и ...
Од среда Скопје и Париз се поврзуваат со директна авиолинија, а како што посочува генералниот директор на „ТАВ Македонија“, Неџат Курт, со слетувањето на авион на „ЕasyJet“ од аеродромот „Орли“ во Париз на Меѓународниот аеродром „Скопје“ ќе продолжи ширењето на мрежата на летови. Ќе го пречекаме првиот лет на „ЕasyJet“ до Меѓународниот аеродром „Скопје“, од аеродромот „Орли“ во Париз, што е важно поради две работи. Првата е дека аеродромот ...
Повисоки пензии од денеска добиваат сите пензионери во земјава. На сметките на над 300 илјади пензионериќе легнат зголемени мартовски пензии за 2.500 денари. Со зголемувањето на пензиите минатата есен од 2.500 денари, веќе имаат поголеми примања за 5 илјади денари за само 8 месеци. За 2025 година, во Буџетот се предвидени 1,715 милијарди евра за исплата на пензиите. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека зголемувањето на примањата на ...
Занемени од болка. На сите нас поединечно, и на Македонците како нација ќе ни биде потребно долго време да ја осознаеме трагедијата во Кочани. Градот се прости од своите деца, знамињата веќе не се на половина копје, старите политички кавги продолжуваат (ако воопшто престанаа), но со децении ќе ни остане чувството на загуба. Животот мора да продолжи, дневните настани и обврски набргу ќе не навјасаат, а наскоро ќе паднат и првите пресуди по што ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ не сака да бара оправдување во проблемите со очите за поразот од Чехот Јакуб Меншик ноќеска во финалето на Мастерсот во Мајами. Пред решавачкиот меч на турнирот во САД на 37-годишниот спортист му се појави оток на десното око. – Да бидам искрен, не се чувствував најдобро на теренот, но тоа е она што е. Ништо не може да ја поништи неговата победа. Проблемот со окото? Повеќе сакам да не зборувам за тоа… Само да му ...
– Јас апсолутно не бегам од никаква Анкетна комисија, претпоставувам ниту пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата нема да бега, но би сакал да ја прошириме со сите овие останати судски случаи кои завршија на начин на кој завршија. Така што, подготвени сме да разговараме, да дебатираме со секој оној којшто може да помогне или да додаде вредност, изјави премиерот Хрстијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање за коментар за барањата на ...
Маринко Колнаго, басист и еден од основачите на легендарните Нови фосили е единствениот член кој свирел во овој култен поп бенд од самиот почеток, далечната 1969 година. Неговиот живот и музичка приказна е нераскинливо поврзана со подемите, падовите, љубовите и загубите на бендот кој ја одбележа музичката сцена на славните и поранешните југоатиски песни во живо. Маринко Чолнаго, еден од основачите и долгогодишен член на групата Нови фосили, ...
Премиерот Христијан Мицкоски смета дека предлогот на претседателот на СДСМ Венко Филипче за лидерска средба е пресериозна тема за да се разговара преку медиуми. – Лидерската средба е пресериозна тема за да се разговара преку медиуми. Од тоа што можев да разберам во јавноста е дека Филипче има некаков предлог, план. Тој може да го соопшти тој план преку прес-конференција, но, доколку цени дека и мене претходно треба да ме информира и запознае, ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска изјави дека зголемување на платите во образованието од седум проценти ќе има во април и оти тоа, покрај за наставниот кадар, ќе важи и за сите вработени во основните и средните училишта. -За жал се појавија бројни шпекулации на социјалните мрежи дека нешто не е во ред со покачувањето на платата. Тоа не е точно, одговорно тврдам дека и оваа година, како и претходните, наставниците ќе си ...
Јован е средношколец од Виница кој иако бил надвор кога почнал пожарот, на неколку начини помагал на повредените. Прво влегува да помага на луѓето во дискотеката, а подоцна давал и помош на повредените. Му благодариме од срце за неговата хуманост и пожртвуваност. Тој сведочи за страшни глетки, девојка која си го поголтнала јазикот, викотници и пискотници на кои никој не сака да се потсетува. Костадинов вели дека претешко било да се изнесуваат ...
Легендарниот голман Икер Касиљас дефинитивно има добар вкус кога се во прашање жените. Поранешниот голман на шпанската репрезентација, Реал Мадрид и Порто, Икер Касиљас важи за еден од најголемите заводници во светот на фудбалот, а многу жени сакаа да бидат во негово друштво или да го гушнат. Касиљас долго време беше во среќна врска, дури и во брак со убавата новинарка Сара Карбонеро, но нивната љубов заврши, а Шпанецот сега повторно е сингл. ...
Два часа пред да биде убиен, Дејан Марјановиќ Шабан во интервју објавено пред 27 години ја откри вистината за врската со Цеца . Тој се фалеше каква била во кревет тогашната Светлана Величковиќ. Но тоа било кобно за него. Цеца подоцна се правдаше дека не знаела оти тој е криминалец. “Мира Шкориќ ме запозна со него веднаш штом пристигнав во Белград. Ми го претставија како сопственик на синџир бутици, ми рекоа дека татко му е архитект и дека е фин ...
ДУИ, по 22 години владеење и уништување на правосудниот систем, денес се обидува да глуми жртва, барајќи истрага само за трагедијата во Кочани, регира ВЛЕН. Но, граѓаните не забораваат: Кој го создаде овој расипан систем? Кој ги штитеше криминалците? Кој ги претвори судовите и обвинителството во приватни партиски канцеларии? ВЛЕН нема да дозволи вистината да се манипулира! Бараме анкетна комисија за сите трагедии од изминатите години – од ...
„Отклучи го милионот“ е новата игра на Sport Life обложувалници која се одвива од 14 март до 15 мај. Преку оваа ексклузивна акција, играчите, членови на СЛ клубот, ќе имаат можност да освојат вредни подароци. Победникот со најголем број поени од акцијата, ќе добие 1.000.000 денари. За второто место, следуваат 5 милиони SL маркет поени, а за третото место – 2.5 милиони SL маркет поени, кои можат да се заменат за вредни подароци. За да се ...
Воислав Шешељ потсетува дека со српскиот претседател Александар Вучиќ се познава 32 години и дека знае дека никој не може да го поколеба Вучиќ о ќе остане доследен и ќе се бори до крај. „Не можат да го поколебаат. Го познавам 32 години. Не можам ни да го исплашам, можам само да му го зголемам инаетот и инаетот. Ќе остане доследен и ќе се бори до крај. Во оваа борба му недостига поддршка и во сопствената партија и воопшто во јавноста. Има многу ...
Дали сте слушнале за Бони Блу? Оваа 25-годишна Британка родена во Нотингем ја шокираше јавноста кога постави необичен рекорд.Оваа навивачка во еден ден спиела со 1057 мажи. Да, во еден ден, добро прочитавте. Сега, Бони Блу е пред брак откако нејзиното момче, американскиот рапер Лил Мабу, ја запроси и, се разбира, овој настан не можеше да помине без скандал. Лил Мабу на својот Инстаграм профил сподели фотографии од кревет со Бони Блу со порака: ...
Новак Ѓоковиќ успеа да го совлада Американецот Себастијан Корда во четвртфиналето на Мајами (6:3, 7:6) и да се пласира во полуфиналето каде ќе игра против Григор Димитров. На натпреварот против Корда можевме да го забележиме Ѓоковиќ како носи чуден пар ракавици. Вниманието на јавноста го привлекоа големите сини ракавици кои Новак ги носеше меѓу натпреварите. Српскиот ас ги триеше по вратот и лицето, а тие како да му дадоа дополнителна енергија и ...
Лидерот на СДСМ Венко Филипче најави дека идната недела во Собранието ќе повика средба на лидерите на најголемите политички партии на кои ќе им го презентира неговиот план – што тој смета дека е обврска да се направи за државата бидејќи, рече, „очигледно е дека конвенционалните начини на водење на политика, на политичка борба, не даваат доволно брзо резултати“. -Не се доволни само зборовите дека ни е потребно единство, дека ни е потребно некакво ...
Руските војници доживеале невидено труење на белите дробови откако ползеле низ гасоводна цевка долга 16 километри за да ја нападнат Украина. Тие беа испратени на необична мисија на почетокот на овој месец преку напуштен гасовод во близина на Суџа, во руската област Курск, со цел незабележано да се прикрадат зад непријателските линии. Многу војници загинаа во конфликтот, а бројни преживеани сега страдаат од хемиски пневмонитис – акутно воспаление ...
Кривичниот судски совет во штипска Апелација по жалбите на Основното јавно обвинителство за куќниот притвор на двајцата градоначалници на Кочани, Ратко Димитровски и Николчо Илиев ќе одлучува утре, потврди за МИА претседателот на Апелациониот суд во Штип, Тони Делев. Двајцата поранешни градоначалници беа во ефективен притвор поради трагедијата во дискотеката во Кочани. Делев посочи дека предметот е пристигнат денеска, по што кривичниот судски ...
Грчката армија завчера го прослави Денот на назависноста. На видеото што е објавено на мрежата „Х“ се слуша како војнците извикуваат „Македонија е грчка“, Е.е Турција“ и Кипар е грчки“. „ГРЦИЈА-ГРЦИЈА“ „Кипар е грчки, а Македонија е грчка“ „Ф**к Турција“ Уште едно вознемирувачко скандирање од Денот на независноста на Грција – овој пат од грчката армија. Грција мора да ги почитува суверените права и на кипарските Турци и на Македонците. ...
„Шарените“ повторно се активни. Како мршојадци кои намирисаа нов плен во трагедијата во Кочани видоа можност пак да бидат главни. Улицата е нивно место, жртвите од трагедијата во Кочани за “шарените“ се неважни, туку се само повод да се протестира. Целите се секогаш повисоки, а тоа е доѓање на власт на нивните налогодавачи. 19-тата епизода од ТВ Колумната „5 минути со Чавез“ им ја посветуваме на „Шарените“ и нивните инструктори од Србија. ...
Веќе нема дилеми. Протестите во Македонија за трагедијата во Кочани се организирани од надвор, со логистичка поддршка одовде. Главни изведувачи и глумци се кадри од Левица и Шарената револуција. Како мршојадци кои долго време беа скриени, па сега намирсаа нов плен. За нив се е политика, жртвите од пожарот им се на последно место. Исто како модуларната, Беса транс, Дурмо, кабелот.. Како што организторите на протестите против Вучиќ кои беа фатени ...
Селекторот по синоќешното реми со Велс се уште не може да поверува како испуштиле победа. Не верувам дека момците од еуфоричност направија грешки, но такви моменти се случуваат. Да завршеше без голови, можеби ќе беа сите задоволни, а вака се чувствува некоја горчина за загубените два бода“, дополни Милевски. Селекторот на Велс Крег Белами по мечот изјави дека е задоволен од ремито. Ова беше тежок меч, знаеме низ што минува Македонија. И ние сме ...
Владатa донесе седум измени на закони со кои ја започнуваме борбата против адинистративната мафија. Со овие измени, овие контроли стануваат обврзни најмалку два пати годишно на шест месеци, а може и почесто и што е многу важно жалбата нема да го одлага извршувањето. Во досегашниот систем тие контроли воопшто не се предвидени, а ова што ние го правиме со контролите го правиме на добра волја, истакна вицепремиерот и министер за транспорт ...
Обединетото Кралство ја разгледува можноста да испрати мигранти на кои им е одбиен азил во балканските земји – Албанија, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија, објави Тајмс, повикувајќи се на извори во британската влада. „Според плановите на кои се работи, оние на кои им е одбиен азил може да бидат испратени во миграциските центри во Западен Балкан и други трети земји“, наведува весникот. Лондон има намера да им плати на земјите што ги ...
На вчерашниот протест на опозициското движење „Кој е следен“ незабележано помина едно од барањата на студентите. Тоа е да се објави целата документација поврзана со работењето на клубот ,,Пулс” од неговото отварање до несреќата од Државен пазарен инспекторат, Министерство за eкономија, Државен градежен инспекторат, Министерство за внатрешни работи, Државен инспекторат за урбанизам, Локална самоуправа во Кочани, Локален градежен инспекторат, ...
Со прашања од страна на одбраната и обвинителство на Боре Видевски, денеска, во Основниот кривичен суд продолжи судењето за двојното убиство на Вања и Панче. Видевски, одговарајќи на прашања рече дека под физичка тортура во полиција бил принуден да даде и потпише изјава со која ќе изгледа виновен и дека по тепање со дрвена палка го натерлае да каже дека го познаваа таткото на девојчето. За познанството со Палевски рече дека е ‘партиски’, и дека ...
Откако ќе го истепаа Кешишев знаев дека сум јас на ред бидејќи бевме преку една ќелија, го продолжи своето излагање Боре Видовски. Во судот кажав се што кажав во станица но тоа не реална изјава бидејќи е под принуда, се пожали Видевски во судот. Откако се вратиле во притвор тепањето продолжило и го вратиле во ќелија и при влезот ми ја удрија главата од вратата. Вратата е железна. Имав болки во бубрезите. До денеска имам навреди и закани кон ...
Протестите во Македонија по повод трагедијата во Кочани е обид да се преслика истото сценарио од Србија и падот на настрешницата во Нови Сад. И едните и другите играат на иста карта, а тоа е емоцијата на народот поради изгубените човечки животи. Доказ за тоа е вчершниот разговор на членовите на Левица со српската инструкторка во кој велат „мораме да го искористиме ова”. А дека не се работи за никаков граѓански протест покажува и тоа што и во ...