Повеќе од една третина од граѓаните сметаат дека работите во Македонија одат во правилна насока, што е за три проценти повеќе од резултатот на истото прашање од анкетата во април годинава. Истражувањето на МКД.мк, како дел од редовните истражувања кои редакцијата заедно со агенцијата Маркет вижн ги прави, е спроведено од 20 јуни до 4 јули. Во однос на рејтинзите на политичките партии и нивните лидери, и оваа анкета покажа дека ВМРО-ДПМНЕ и ...

Не очекувам од нашиот источен сосед да испрати поинаква порака, тие мора пред нашите европартнери и партнерите во НАТО да рефлектираат реторика со која ќе нè обвинуваат нас, дека ние сме тие, а во суштина светот и Европа видоа која беше целта на бугарските политичари, ги коментираше премиерот Христијан Мицкоски реакциите на официјална Софија по неговата изјава во врска со бугарскиот министер за надворешни работи. – Целта на бугарските ...

Министерството за дигитална трансформација информира дека електронската апликација за закажување термин за издавање лични документи повторно е достапна преку националниот портал за е-услуги uslugi.gov.mk. Граѓаните сега можат брзо и лесно, без чекање и без гужви да закажат термин за следните услуги: издавање лична карта, издавање пасош и издавање возачка дозвола. Процедурата е едноставна и достапна од кој било електронски уред, наведува ...

Одморот на Халкидики се претворил во вистинска голгота за српски туристи.Педесет и петгодишниот Мишко за Voria.gr, раскажа дека нивниот одмор бил уништен поради еден прекршок. „Сè започна пред супермаркет во Пефкохори, во областа каде што престојував со мојот брат и нашите семејства. Најдовме парче хартија на шофершајбната на автомобилот и на почетокот претпоставивме дека е едноставна казна, бидејќи не бевме свесни дека сме паркирале ...

Бугарскиот тенисер Григор Димитров по повредата се огласи од болница. Понекогаш срцето сака да продолжи… но универзумот има поинаков план за нас. Морав да се повлечам од тој натпревар на Вимблдон и тоа беше еден од најболните моменти во мојата кариера. Ви благодарам за огромната количина љубов – од семејството, пријателите, фановите, колегите, до целата тениска заедница… вашите пораки навистина ме кренаа во овие тешки времиња. Ви благодарам ...

Додека државата гори, додека пожарникарите со мизерни плати се борат со пламените стихии, додека семејствата во Кочани молат за помош и чекаат државата да им помогне, Владата на Христијан Мицкоски ќе потроши 1,8 милиони евра од народните пари за да се луксузира, да прави логоа, брошури, тотеми и кетеринзи за ЕКСПО што ќе се случи дури во 2027 година,реагира СДСМ. Повеќе од 110 милиони денари ќе платат на приватна фирма за „визуелни ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на поставување камен-темелник на новата фабрика на турската компанија „Чагатај Кабло“ во ТИРЗ Скопје. Денес го одбележуваме почетокот на нова инвестиција, но повеќе од тоа денес вградуваме уште еден темел на економка доверба. Јасен сигнал дека кога институциите се посветени успехот неминовно доаѓам – рече премиерот Мицкоски. Компанијата „Чагатај Кабло“ започнува со изградба на нова фабрика во ...

Судскиот процес против четворица лекари онколози, меѓу кои и поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев за несовесно лекување на пациенти, во предметот „Онкологија“, се одложи за 5 септември поради отсуство на второобвинетата Мери Пешевска. Во Основниот кривичен суд Скопје денеска на обвинителна клупа седна првообвинетиот Никола Васев и двајца обвинети онколози Симонида Црвенковска и Драган Јакимовски, додека за Пешевска ...

Бугарското Министерство за надворешни работи излезе со остро соопштение откако бугарскиот амбасадор во Македонија, Жељазко Радуков, беше повикан на разговор во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија. Причината за повикот беше употребата на придавката „северномакедонски“ од страна на бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев, во обраќањето кон премиерот Христијан Мицкоски. Запрашан за реакција, ...

Тренерот на Работнички, Бојан Маркоски, оцени дека синоќешннот пораз од белоруски Торпедо – Белаз од 3-0 во првиот натпревар од воведното квалификациско коло во Конференциската лига е превисок, но оти неговите играчи ќе дадат максимум на реваншот идната недела во Скопје. „Беше тоа тежок натпревар и убедлив пораз за нас, а според мое мислење не заслуживме таков пораз од 3-0“, истакна Маркоски на прес конференцијата по натпреварот кој се одигра ...

Тоа е како кога глушецот го задева лавот, вака денеска претседателот на Владата Христијан Мицкоски ја квалификува изјавата на бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев дека е „северномакедонски премиер“. Мицкоски порача на Георгиев да не му се обрнува внимание зашто „одработува“ и зашто тој што го раководи во позадина му дал задача „да се закача“. – Тоа момче е пратено да привлече мое внимание. Мислам дека не треба да му дадеме ...

Македонскиот јазик е безбеден, идентитетот е безбеден. Но македонската интеграција во Унијата е сè подалечна поради политиките и изборите на власта, порача претседателот на Социјалдемократкиот сојуз, Венко Филипче. На денешната прес-конференција тој истакна дека вчерашната одлука на Европскиот Парламент и усвојувањето на извештајот се резултат на опасно застранување од стратешките позиции на државата и злоупотребата на јазикот и ...

Ребека Мекдоналд, една од најуспешните и најбогатите жени од српско потекло во светот, чие богатство се проценува на околу две милијарди долари.Вниманието го привлече откако се најде во ложата на Ѓоковиќ на Вимблдон. Родена како Убавка Митиќ во 1953 година во Сараево, Ребека пораснала во семејство со високи академски вредности. Нејзиниот татко, Милош, бил електроинженер, а нејзината мајка, Љубица, менаџерка во Народната банка. По ...

Можеби некој очекуваше по вчерашниот Извештај револтирано да ги напуштиме преговорите, но ние нема незрело и неодговорно да се однесуваме. Напротив, ќе продолжиме уште посилно и попосветено да работиме, ќе покажеме дека со реформите дома сме најдобриот ученик во одделението и архитектите кои сакаат, не ќе можат да го попречат нашиот пат кон ЕУ, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски. Во однос на критиките од опозицијата, тој напомена ...

Вчера во Европскиот парламент каде на мегдан се спротиставуваат политиките на широкиот спектар на партии, победи луцидната и иритирачка агенда која има за цел да ја подели Европа на суверинистичка и неолиберална компонента. Не секоја добиена битка значи и добивање на “војната”, но во големата слика изгуби Европа, и таа онаа Европа која беше промотор и заштитник на културниот, јазичниот и религискиот спектар на засебниот идентитет. Европа која ...

Британскиот актер Хју Грант беше фатен во незгоден момент додека го гледаше натпреварот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Флавиo Коболи на Вимблдон, и се чини дека одвоил неколку моменти за да задреме во кралската ложа. Грант беше фатен на камера како дреме во Кралската ложа на Вимблдон. Актерот беше малку згрбавен и наведнат надесно додека камерата полека зумираше, како што се гледа во видео објавено на социјалните мрежи. Изразот на Грант сугерираше ...

„Кога Бугарија е обединета, можеме да постигнеме резултати“, напиша претседателот на ГЕРБ и екс-премиер Бојко Борисов на Фејсбук откако се усвои годишниот извештај на Европскиот парламент за напредокот на Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ, но, без термините македонски јазик и идентитет. Порачува дека „тоа е јасен знак дека кога Бугарија е обединета – кога сите наши европратеници, институции и политички сили дејствуваат заедно, можеме да ...

Вчерашното усвојување на извештајот не значи дека Европскиот парламент не го признава македонскиот јазик или македонскиот идентитет и тоа не треба да се сфаќа така, зашто тие не можат да се земат ни со лобирање, ни со гласање, вели словенечката европратеничка со македонско потекло Ирена Јовева. – Тоа е поради тоа што ЕП, нема и никогаш нема да си земе за право да одлучува било што во врска со идентитет и јазик на било кој народ, па и на ...

За разлика од минатите 7 години на нестручно и недомаќинско владеење на СДС и ДУИ со енергетскиот сектор кој доведе до девастација на електро енергетските капацитети и неколку кратно зголемување на сметките за електрична и топлинска енергија на граѓаните сега се поставени темелите за енергетска стабилност и независност, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција. Се градат 66,6 километри гасовод на ...

Хрватскиот ветеран Лука Модриќ официјално ја заврши кариерата во дресот на Реал Мадрид, напуштајќи го Кралскиот клуб како најтрофеен фудбалер во историјата на мадридскиот гигант. Својот последен настап во белиот дрес Модриќ го имаше во синоќешното полуфинале на Светското клупско првенство во поразот од 4-0 против ПСЖ то го остави без можност да додаде уште еден трофеј во својата богата колекција. Триесетидеветгодишниот Модриќ го носеше ...

Вицешампионот Силекс, третопласираниот минатата сезона во домашното првенство Работнички и освојувачот на македонскиот Куп, Вардар, денеска ги стартуваат квалификациите за пласман во групната фаза во Конференциската лига на УЕФА. Силекс од 20 часот му гостува на црногорскиот претставник Дечиќ во Тузи, додека во истиот термин Работнички ќе му гостува на белоруски Торпедо – Белаз на неутрален терен во унгарскиот град Сомбатели во својот прв ...

Инвеститорите од Дубаи се решени да стават клуч на Бихачка. Стечај. Кога сите мислеа дека Венко и Зоки не можат да направат поголема глупост, ете можело. Лидерот во сенка реши да не го кандидира Костадин Костадинов за нов мандат за градоначалник на Струмица а Венко само потврди, тој и онака не се прашува за ништо. За нив двајца не било важно дали Костадин е добар или лош градоначалник, тоа треба да го кажат струмичани, туку дали е лојален ...

„И се прди на Европа за вас“ е позната реплика на Горан Стефаноски од претставата Диво Месо. Нема подобра споредба од оваа со оној срам што се случуваше вчера во Европскиот парламемт и гласањето на Резолуцијата за напредокот на Македонија. Од вчера е јасно дека ЕУ не нѐ сака во нивно друштво. Уствари нѐ сака, но осакатени, без јазик и идентитет, како аморфна маса. Блудницата вавилонска уште еднаш покажа дека Македонија за нив е ...

Шаторскиот камп „Чацилeнд“ во Белград, подигнат во близина на српскиот парламент, беше збришан по невремето што вчера го зафати Белград. Чациланд е популарен термин за контрадемонстрантите кои себесеи се нарекуваат „Студенти кои сакаат да учат“ и кои подигнаа мини шаторска населба пред Собранието на Србија давајќи ѝ поддршка на актуелната власт предводена од Александар Вучиќ. Što se Ćacilenda tiče – to bi bilo to. ...

Огромен и отровен црн чад се крева над пожарот во Визбегово, каде веќе неколку часа гори голема депонија. Силниот ветер кој денеска дува низ Скопје само ги разгорува пламените. Од ЦУК известуваат дека во реонот на Визбегово, општина Шуто Оризари во близина на дивата депонија, избувнал пожар кој се шири и претставува ризик за проширување кон околните површини. Има опасност бидејќи во близина се наоѓаат станбени куќи. По барање на ...

Бразилскиот фудбалски клуб Ботафого го назначи за нов тренер Давиде Анчелоти, кој е син на селекторот на бразилската репрезентација Карло Анчелоти. Триесет и петгодишниот Анчелоти досега му беше помошник на својот татко во Баерн, Наполи, Евертон и неодамна во Реал Мадрид, од каде двајцата заминаа на крајот од минатата сезона. Давиде Анчелоти потпиша едногодишен договор со Ботафого и седнува на клупата на местото на Ренато Паива, кој доби ...

Бразилскиот напаѓач Матеус Куња ќе ја носи „10-та“ на Манчестер Јунајтед во новата сезона, потврдија од клубот. Досега дресот со бројот 10 го носеше Маркус Рашфорд, но тој ланската сезона (вториот дел) го има на позајмица во Астон Вила и е на излезна врата од клубот. Куња во текот на преодниот рок дојде од Вулверхемптон за 74 милиони евра. Во ланската сезона на 36 натпревари постигна 17 голови за Вулверхемптон. За репрезентацијата на Бразил ...

Бројот на компании кои поднеле барање за банкрот во Германија во вториот квартал од 2025 година го достигна највисокото ниво од третиот квартал од 2005 година, соопшти вчера Институтот за економски истражувања Хале (ИВХ). Во јуни оваа година, 1.420 барања за банкрот беа поднесени од компании и партнерства во Германија, што е за 23 проценти повеќе отколку во истиот месец минатата година. Бројот на банкроти беше за 50 проценти поголем од ...

Премиерот на Владата, Христојан Мицкоски присуствуваше на почеток на изградба на гасоводниот интерконектор со Грција, што е стратешки енергетски проект од големо национално и регионално значење. Денес отпочнуваме со уште една капителена инвестиција за државта. Денес не го поставуваме само почетокот на изградба на еден гасовод, туку го поставуваме почетокот на еден нов енергетски посигурен, економски поефикасен и стратешки поисплатлив период ...

Своевиден скандал за нас во Европскиот парламент, при расправата за Извештајот на Томас Вајц за нашата земја, вчера предизвика грчката европратеничка Афродити Латинопули од десничарската група Патриоти за Европа (ЕФП), која истакна дека таа е „вистинска горда Македонка“, а не „лажна како жителите на Скопје“. Таа ги поддржа и бугарските ставови за македонскиот идентитет и јазик, порачувајќи дека пристапувањето на земјава кон ЕУ „нема да се ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
93%
1014
weather icon

Белград

6ᴼ / 6ᴼ
4.12
71%
1015
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
78%
1015
weather icon

Софија

4ᴼ / 2ᴼ
1.54
56%
1016
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
1.78
91%
1017
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 0ᴼ
0.51
76%
1015
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
3.6
78%
1012
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
76%
1013
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
62%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
4.12
69%
1016
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
1.54
59%
1015
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
6.17
90%
1012
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Паладиум

44753.84

Калај

43.91

Цинк

0.00

Алуминиум

3.19

Иридиум

258288.78

Родиум

358480.82

Злато

144593.23

Рутениум

56199.51

Платина

61858.04

Сребро

2179.44

Кобалт

3.86

Бакар

10.65