Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Градоначалникот Дарко Костовски изврши увид во градежните активности за изградба на нова детска градинка во Бутел 2. „Градежните активности напредуваат со одлична динамика. Стариот објект кој беше изграден во далечната 1964 години е срушен и на негово место локалната самоуправа гради нова детска градинка на површина од 1800 м2. Новиот објект ќе има 3 влеза, 7 занимални со 7 спални соби, 2 занимални со заеднички спални соби и една просторија ...
Кога единството е посилно од поделбите, кога желбата за правда е посилна од криминалот и кога сите граѓани имаат силна волја за иднина, посилна од хаосот и безредието. Јасно е дека се работи за Кичево. Вечерва во градот кој испиша историја!, напиша синоќа на својот Фејсбук профил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објавувајќи фотографии од Кичево каде доцна вечерта замина да му ја честита победата на Александар Јовановски над ...
Вчера попладне прегазено 7-годишно дете пешак во Тетово. Возачот избегал. - На 02.11.2025 во 16:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на бул.„Благоја Тоска“ во Тетово, патничко возило, удрило во седумгодишно дете-пешак од Тетово, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничката болница Тетово, информираа од полицијата. Извршен е увид од ...
39-годишниот В.Д. од Кочани доби кривична пријава поради организирање комар во помошни простории во објект за домување во Кочани. Како што се наведува во полицискиот билтен, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против В.Д. (39) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „комар“. Пријавениот во претходно прилагодени помошни простории од објект за домување во Кочани, неовластено ...
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски денеска упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на Општина Гази Баба! Во честитката до своите сограѓани објавена на Фејсбук, Стефковски напиша: „Денес со особена чест и гордост го одбележуваме 3 Ноември – Денот на нашата Општина Гази Баба, ден кога оддаваме признание на сите генерации кои вложиле труд, визија и љубов за оваа наша општина да биде местото што со гордост го нарекуваме наш ...
Излезноста на изборите за градоначалници и советници за првпат не надмина 50 отсто, ниту во првиот круг, ниту во вториот круг, што ги прави овие осми локални избори со најмала излезност од независноста на државата досега. Според податоците на ДИК, во првиот круг за избор на градоначалници, излезноста е 48.30% од вкупно регистрираните избирачи. Од 1.832.415 регистрирани избирачи во Избирачкиот список, гласале 885.085 избирачи. Излезноста во ...
Во вториот круг од локалните избори, што се одржа вчера во 33 општини, се евидентирани вкупно 19.287 неважечки гласачки ливчиња или околу 5,6 отсто од сите употребени ливчиња. Само во град Скопје се евидентирани 10.528 неважечки ливчиња. За градоначалник на главниот град гласале 167.575 гласачи. Вкупниот број на важечки гласачки ливчиња е 157.047. Одѕивот во Скопје во вториот круг изнесуваше 35,33 проценти, а на ниво на сите општини во кои ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,03% во однос на одлуката од 30.10.2025 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ...
Необичен инцидент се случил викендов на гробиштата во Ѓорче Петров и скопско Волково, каде според сведоштва на граѓани, лице облечено во мантија се претставувало како свештено лице и нудело да врши погребни обреди за пари. Како што сведочи еден граѓанин во објава споделена на социјалните мрежи, при обид „попот“ да отпее погреб, на местото пристигнале неколку полициски службеници кои го привеле, по што гробот останал „неиспеан“. Од ...
Одбележувајќи ја својата 75-годишнина, SEAT започнува возбудливо ново поглавје со освежување на два од своите најпопуларни модели – Ibiza и Arona. Овие обновувања не само што ја прославуваат традицијата на брендот, туку и ја потврдуваат неговата посветеност на достапни автомобили. Новите SEAT Ibiza и Arona повторно ги поставуваат стандардите во своите сегменти со живописен дизајн и напредна технологија. Двата модела прават нов чекор напред, ...
Под влијание на влажна воздушна маса денес попладне, во текот на ноќта и утре ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 15л/м2) и ќе има услови за појава на ретки грмежи, информира УХМР. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер (над 60км/ч.), а дневната температура утре ќе опадне за неколку степени. Во среда и четврток ќе преовладува претежно стабилно време, а нови локални врнежи од дожд повторно се ...
Со еден глас, Албанците го запечатија крајот на ерата на Ахмети, соопшти коалицијата Вреди. „Изборите што ги нарекоа „референдум“ завршија како политички суд против оние што го држеа албанскиот народ како заложник 23 години со лаги и со измами – граѓаните јасно проговорија дека времето на манипулаторите е завршено. Двата круга од овие избори докажаа дека Демократската унија за интеграција е избришана од политичката карта. По две децении ...
Општинската изборна комисија денес официјално му го врачи уверението за избор на Александар Стојкоски за градоначалник на општина Ѓорче Петров, со што и формално започна неговиот втор четиригодишен мандат. Градоначалникот најави уште посилен интензитет на работа, реализација на капитални инвестиции и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. „Денешното уверение е потврда за довербата што граѓаните на Ѓорче Петров ми ја дадоа, но и ...
Позната инфлуенсерка Миа Костова во „фејсбук конфликт“ со својата соседка која исто така е позната инфлуенсерка и ексновинарка, а станува збор на Јорданка Ивановска-Јоци. Си разменија навреди, но и закани, а нивните следбеници будно го следат случајот. Миа прва ја прозва Јоци! Еве што порача преку фејсбук статус: - Во меѓувреме, зошто никој не реагира на шизофрени будали кои живеат во сред центар? Мојата среќа е да живеам до Јоци- Јорданка ...
ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје со помош на специјалните возила „Пајак“ санкционираа 136 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. -За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите ...
Костадин Ацевски, претседател на општинската организација на Ѓорче Петров и кандидат за градоначалник на општината поднесе неотповиклива оставка од функцијата поради, како што вели, лошите резултати на локалните избори. Верува дека е исправно оставка да поднесат и претседателот Венко Филипче и целото раководство на СДСМ. Не само заради лошите резултати, туку и заради начинот на дејствување на СДСМ во изминатиот период. Додава дека СДСМ е ...
Орце Ѓорѓиевски е нов градоначалник на Град Скопје. Тој зад себе има еден мандат како градоначалник на Кисела Вода, а е и претседател на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС). Ѓорѓиевски е роден на 5 август 1987 година во Скопје. Дипломирал на отсекот политички студии на Правниот факултет „Јустинијан I” на Скопскиот универзитет и има магистратура во областа на менаџмент на човечки ресурски. Работел во приватен сектор, а пред ...
Голема победа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, порача вечерва премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по убедливата победа на локалните избори. „Ако некој се сомневаше, народот покажа дека Македонија е повторно твоја. Ви благодарам мој народе. Ова е заедничка победа, ова е победа на вербата, надежта, копнежот за иднина. Ова е победа на напатениот народ, неговите соништа за кои се бориме, неговите надежи и нашата ...
Дваесет и едногодишно момче од Куманово вчера попладне го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа, соопшти денеска СВР Куманово. Според полицискиот извештај, несреќата била пријавена вчера во 17:25 часот. - Во СВР Куманово било пријавено дека во село Длабочица се случила сообраќајна незгода во која моторцикл управуван од А.Д. (21) од Куманово излетал од патот“, информираше полицијата. Од здобиените повреди, младиот мотоциклист починал ...
Возачот кој вчера прегази жена на пешачки премин во центарот на Скопје и побегна е уапсен на локалниот пат за Средно Водно. Жената е тешко повредена. - На 02.11.2025 во 19:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Димитрие Чуповски“ во Скопје, патничко возило „фолксваген тигуан“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(33) од Скопје, удрило во пешакот М.М.(79) од Скопје и го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки ...
Денеска православните христијани го одбележуваат преподобен Иларион Велики. Како што розите растат на трнливо стебло така и овој прекрасен светител се роди од родители незнабожци, во селото Тавата близу Газа Палестинска. Родителите го дадоа на науки во Александрија, каде што како надарено момче брзо ја прими и светската ученост и духовната мудрост. Штом Го позна Христа и се крсти, посака целосно да Му се предаде на служба на Господа. Со таа ...
Православните христијани веќе се подготвуваат за претстојниот голем празник. Во сабота, на 8.ноември, се слави Митровден - денот во чест на светиот Димитриј. Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар)во петок неделаа се чествува споменот за Свети великомаченик Димитриј – Митровден. Свети Димитриј се родил во Солун, во третиот век. Беше син единец на солунскиот војвода. По смртта на татко му, цезарот Максимијан го постави Димитриј на ...
„Изборите што ги нарекоа „референдум“ завршија како политички суд против оние што го држеа албанскиот народ како заложник 23 години со лаги и измами. Граѓаните јасно проговорија дека времето на манипулаторите е завршено“, велат од „Влен“. „Двата круга од овие избори докажаа дека Демократската Унија за Интеграција е избришана од политичката карта на Северна Македонија. По две децении манипулација, оваа партија стана мала структура, без ...
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ја предводи, според освоените резултати од двата круга на локалните избори, ќе има градоначалници во Скопје и во 53 општини, односно вкупно 54 градоначалници низ државата. Втора по ред по бројот на освоени градоначалнички места е коалиицијата Вреди со освоени девет општини. Коалицијата на СДСМ има осум градоначалници. НАИ освои пет градоначалнички места, а ЗНАМ, Демократската партија на Турците и Унијата на ...
Собранието денеска ќе ја одржи првата пленарна седница по вчерашниот втор круг од локалните избори. Пред пратениците ќе се обрати претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа Теодорос Русопулос, кој денеска е во работна посета на Скопје. Како што е најавено во календарот за активности на закододавниот дом, Русопулос ќе оствари тет-а-тет средба со претседателот на Собранието, Африм Гаши. Тој ќе се сретне и со Марија ...
Новиот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, му упати порака на својот противкандидат Амар Мециновиќ од Левица, по завршувањето на вториот круг од локалните избори. Одговарајќи на новинарско прашање за дека имало наводни „ниски удари“ за време на дебатниот дуел помеѓу Ѓорѓиевски и Мециновиќ, Ѓорѓиевски вели дека: „само соодветно му одговорил на човекот кој ја лажеше целата македонска јавност дека е дете на стечајци и дека има ...
Новoизбраниот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски синоќа по изборната победа изјави дека веднаш по примопредавањето на функцијата ќе започне со работа за подобрување на состојбите во главниот град. „Веднаш по земањето на уверението, ветувам дека ќе се борам да ги поправиме состојбите. Дозволете ми да се заблагодарам на мојата најсилна поддршка претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Се собираа, се групираа, правеа јавни и ...
Што ни носи хороскопот за 3 ноември 2025? Photo by Colton Sturgeon on Unsplash Овен Денес чувствувате силна внатрешна мотивација и јасна насока. Имате повеќе енергија за лични задачи и сакате да ги решите работите тивко, но ефикасно. Не скокајте во разговори без потреба. Работете на нешто што е важно за вас и држете го ритамот стабилен. Бик Фокусот ви е на лични граници и мир. Денес најдобро ви оди кога не брзате и кога слушате што ви ...
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја слави победата на денешните избори. Тој вели дека вечерва не победил само тој, туку дека победило Скопје. „Скопје е ослободено! Вечерва, не победив само јас. Победивте вие. Скопје победи! Победи идејата дека овој град може да стане место на достоинство, ред и иднина. Победи народот кој реши да се спротивстави на неправдата, нашиот горд народ кој никогаш не се ...
Според најголемиот дел од преброените гласови од вториот круг на гласањето за градоначалник во Општина Тетово, кандидатот Билал Касами го победи својот противкандидат, Бајрам Реџепи, со што доби нов градоначалнички мандат. Податоците, ажурирани во 22:20 часот, покажуваат дека се обработени 117 од вкупно 117 избирачки места, односно 99,90% од гласовите. Од досегашните податоци, Касами освоил 21.281 гласови (53.62%), додека Реџепи освоил ...