Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција по завршувањето на вториот круг од локалните избори, најави сериозни кадровски и политички промени во рамки на партијата. „Овие избори се јасен патоказ за СДСМ, а секако и јасен патоказ за мене како претседател на партијата јасно е какви промени треба да се направат, и политички и кадровски. Како што веќе најавив, во следните денови ...

Неготино ја доби првата жена градоначалничка – Марија Нацева, напишаа вечерва од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Неготино на Фејсбук. – Горди сме што уште една успешна, мудра и упорна жена од нашите редови покажува дека со силна волја, посветеност и чесна работа може да се постигнат извонредни резултати. Нејзиниот успех е пример и поттик за сите жени во нашата општина, а ние како Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ Неготино ќе продолжиме да бидеме ...

Вториот круг од локалните избори во земјава денеска помина во исклучително мирна, фер и демократска атмосфера, без сериозни инциденти и без нарушување на јавниот ред и мир, изјави вечерва министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прес-конференција во МВР поврзана со изборниот процес. Изборниот ден, тој нагласи дека поминал со високо ниво на одговорност од страна на сите институции, полицијата и граѓаните, што според него, придонесло ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција им честиташе на граѓаните за достоинственото гласање на вториот круг на изборите. „Покрај освоените три градоначалнички места во првиот круг, имаме победа уште во дополнителни три, тоа се Центар, Македонска Каменица и Зрновци. Очекуваме конечни резултати во уште неколку општини кадешто разликата е многу мал број на гласови“, кажа претседателот на СДСМ. Тој упати честитка до ...

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Д-р Владко Грозданов прогласи победа на локалните избори во општина Кочани. „Драги мои сограѓани, чест ми е да ви се обратам исполнет со посебно чувство на одговорност и искрена благодарност. Благодарност за вашата доверба, која ми ја дадовте со вашиот глас и којашто за мене не е само победа, туку драга народна задача. Како што ветив, ќе работиме со чист образ од првиот до последниот ден. Ви благодарам што верувавте ...

Денеска, како во првиот круг од локалните избори, можеме со гордост да констатираме дека и вториот круг помина во исклучително мирна, фер и демократска атмосфера, рече вечерва министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Изборниот процес кажа дека минал без сериозни инциденти, без нарушување на јавниот ред и мир и без настани кои би го довеле во прашање интегритетот на изборите. „Граѓаните, институциите, и МВР покажаа зрелост и ...

Актуелниот градоначалник на општина Куманово ја прославува својата победа на локалните избори 2025 година. Максим Димитриевски е претседател на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија кој победи во Куманово со 15.772 на 93,41% обработени гласови. „Најпрвин сакам да кажам дека ова не е само моја победа, ова е победа на граѓаните на Куманово. Многу сум горд на сите луѓе кои беа вклучени во овој изборен процес и до сите кои дадоа се од себе за оваа ...

Од обработени 59,93 проценти од гласовите за градоначалник на Град Скопје во вториот круг, според податоците објавени на веб страницата на ДИК, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Орце Ѓорѓиевски има 53.171 глас или 62,65 процент од вкупниот број гласови, наспроти кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ со 27.294 гласа или 32,16 проценти од вкупниот број гласови. Излезноста во вториот круг за градоначалник на Град Скопје изнесува 29,86 ...

Прес-конференција на портпаролот на коалицијата ВРЕДИ, Дритон Сулејмани: „Процесот на гласање во вториот круг од локалните избори во целина се одвиваше во мирна и демократска атмосфера во сите општини во кои денес се одржа гласањето, вклучително и во општините каде што учествуваше коалицијата ВРЕДИ. Според информациите од теренот, процесот на гласање се одвиваше без некои неправилности и во духот на граѓанска одговорност. ВРЕДИ изразува ...

Жена-пешак прегазена на пешачки премин во центарот на Скопје, а несовесниот возач избегал. Несреќата се случила пред малку на пешачкиот премин кај гимназијата „Јосип Броз Тито“. Официјални информации се очекуваат од полицијата. Очевидци сведочат дека жената уредно поминувала на пешачки премин, а по несреќата е пренесена со Брза помош на лекување. МВР ги прегледува безбедносните камери во околината за да го идентификува и пронајде џипот и ...

Привремената Комисија на Јавното обвинителство за следење на евентуални кривични дела поврзани со изборниот процес во текот на денешниот ден го следеше вториот круг од гласањето на локалните избори, а во јавните обвинителства беа организирани вонредни дежурства со цел навремена координација и давање насоки за постапување на надлежните органи, информираа вечерва од ЈО. - Изборниот ден помина без поголеми нарушувања на изборниот процес, а до ...

На крајот од овој значаен изборен ден можеме со гордост да кажеме дека Македонија уште еднаш покажа зрелост, достоинство, и демократска свест, истакна членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски на првата прес-конференција по затворањето на избирачките места. - Денес нашата држава помина низ мирни, фер и демократски избори кои се гордост за секој наш граѓанин. Им упатуваме огромна благодарност на сите граѓани кои излегоа на гласање и ја ...

Во 19 часот затворени се избирачките места на кои граѓаните денеска можеа да гласаат во вториот круг од oсмите локални избори, за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, како и на три избирачки места во Шуто Оризари за советници. Денеска не се гласаше за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и во Маврово и Ростуше, и таму постапката ќе се повтори во рок од 60 дена по завршување на Локалните избори. Во вториот изборен ...

Државната изборна комисија го соопшти последниот пресек на излезност за денешниот ден до 18:30 часот за вториот круг локални избори во 2025 година. На половина час пред затворањето на избирачките места, излезноста на територијата на цела Македонија е 40,45%, соопштија од ДИК. Од вкупно 1.013.357 избирачи кои имаат право на глас, и обработени 987,174 гласачи, гласале 399.319 граѓани. Сарај и Чаир се општини со најмала излезност со 11,45%, ...

Денеска го исполнивме нашето демократско право, правото на глас, обврската што секој граѓанин ја носи со себе како дел од оваа татковина, истакна премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по гласањето. „Гласот е тивок, но моќен инструмент, и токму затоа ве повикувам сите искрено и масовно да излезете, да застанете зад она во што верувате и да го направите вистинскиот избор! Ова е ден кога народот зборува. Ден кога секој од нас има ...

Вчера во 17:40 часот во СВР Струмица е пријавено дека на регионалниот пат Р1402, на делницата од с.Габрово до с.Банско, К.Д.(63) од с.Градско Балдовци, струмичко, управувајќи мопед со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и со мопедот паднал на коловозот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот на мопедот. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција. Увид ...

До 17 часот излезноста на гласачи на Локалните избори за Град Скопје изнесува 28,52%, соопшти ДИК. Процентот на избирачки места од каде пристигнале податоците е 99, 56% за вкупно 682 избирачки места. Излезноста на гласачите во другите општини од државата до 17 часот, според ДИК изнесува 39,28%. „Процентот на избирачки места од каде се пристигнати податоците изнесува 96,94%. Најголема излезност до 17 часот е забележана во Општина Конче со ...

Државната изборна комисија пред малку на прес-конференција соопшти дека излезеноста на гласачите до 17 часот изнесува 39,28%. До 17 часот вкупно гласале 279.241 лица. Според достапните податоци на веб страницата на Државната изборна комисија, најголема излезност до 17 часот имаат Конче со 64.44 отсто излезност, Росоман со 63.58 отсто и Дојран со 62.96 отсто излезност. Со најмала излезност и понатаму остануваат Сарај со 8.77 отсто излезност и ...

Државната изборна комисија пред малку на прес-конференција соопшти дека излезеноста на гласачите до 17 часот изнесува 39,28%. До 17 часот вкупно гласале 279.241 лица. Од Комисијата информираа дека гласањето се одвива мирно и без поголеми неправилности, а избирачките места ќе бидат отворени до 19:00 часот. Според податоците по општини, излезноста во општина Аеродром е 36%, во Боговиње – 34,53%, Брвеница – 48,78%, Валандово – 53%, Дебар – ...

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на 151. седница донесе одлука за одземање на акредитациите на осум домашни набљудувачи поради постапување спротивно на Изборниот законик и Кодексот за набљудување. Агитирање во Шуто Оризари. Станува збор за домашни набљудувачи во Општина Шуто Оризари, кои биле пријавени за злоупотреба на беџовите за агитирање во училиште пред гласачките места. Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, ги наведе имињата на ...

Македонската машка кадетска ракометна репрезентација во завршното трето квалификациско коло го совлада денеска домаќинот Луксембург со 25-17 (13-9) и со тоа обезбеди пласман на Европското првенство 2026. За да го освои првото место во квалификациската група која се играше во Луксембург на македонските кадети попладнево им беше неопходна победа над домаќинот, откако претходно денеска Финска ја совлада Грција со 29-25. Избраниците на ...

Најголема излезеност до 15 часот се забележува во општината Карпош со 32,40 проценти и општина Центар со 31,65 проценти. Најмала излезеност за Градот Скопје се забележува во Општина Сарај шест проценти и Општина Чаир 8,83 проценти. Во првиот круг до 15 часот излезеноста била 31,16 проценти за Градот Скопје. „Статистиката по општини е следна – излезноста во Општина Аеродром 28,35, Боговиње 26,49 проценти, Брвеница 40,83 проценти, Валандово ...

Лишени од слобода девет лица во битолско кои организирале нелегални борби со кучиња. Како што информираат од МВР. вчера (01.11.2025) во 23:00 часот во с.Црноец, битолско, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода А.Д.(49), К.С.(43), Р.Б.(48) и Б.Н.(53), четворицата од Косово, Г.С.(51), И.Ж.(41), М.Х.(43) и В.Л.(43), сите од Битола и В.М.В.(59) од Штип. Тие биле затекнати во дворното место на М.Х. во селото, каде што ...

Лишен од слобода тетовец кој управувал возило со 3,94 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода. Како што информираа од МВР, ноќеска (02.11.2025) во 01:30 часот на булевар „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Ј.С.(47) од Тетово. Претходно, тој со неговото патничко моторно возило „форд“ со тетовски регистарски таблички учествувал во ...

Времето утре, променливо облачно, претпладне по одделни котлини со појава на магла. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен. Во Скопје, променливо облачно, претпладне во делови од котлината со појава на слаба магла. Попладне и во текот на ...

Велосипедист од Скопје е тешко повреден откако паднал на пат кон Водно. - На 01.11.2025 околу 15:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локалниот пат од Средно Водно кон Скопје, 44-годишниот В.Д. од Скопје, управувајќи велосипед, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот констатирани во приватна болница во Скопје, информираа од полицијата. Извршен е увид од увидна екипа на СВР ...

Денеска се одржува вториот круг од осмите Локални избори од осамостојувањето на Македонија. Според Законот за територијална организација, ова се четврти избори на кои се избираат градоначалници и советнички листи во вкупно 80 општини и Градот Скопје. Овој круг е клучен за конечниот избор на локалните власти. Во вториот круг се гласа за двајцата кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови, под услов да е исполнет законскиот цензус за ...

Малолетник од Пехчево украл пари од новчаникот на неговата баба, а од платежната картичка на мајка му од банкомат во два наврати подигнал пари. Како што се наведува во полицискиот билтен, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе известување против малолетник од Пехчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 08.07.2025, пријавениот ...

Локалните избори 2025 се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера на територијата на целата држава. МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани посериозни нарушувања на јавниот ред и мир. Регистрирани се неколку пријави за агитирање при гласање на повеќе места, но по преземени мерки до овој момент не се потврдени наводите од ...

Управител на фирма за период од четири години, без да обезбеди решение за одмор, неоправдано отсуствувал 140 дена и на тој начин се стекнал со средства во висина од 389.099 денари. Како што се наведува во полицискиот билтен, СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Т.(46) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службената положба и овластување’’. Пријавениот, во својство на управител на правен ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
999
weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
3.6
75%
997
weather icon

Загреб

8ᴼ / 7ᴼ
2.06
87%
998
weather icon

Софија

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
83%
999
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.22
98%
1000
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
95%
998
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
2.24
81%
1002
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
72%
999
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
93%
998
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
4.63
92%
999
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
94%
997
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
88%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Калај

46.91

Иридиум

221848.72

Злато

159231.39

Платина

67162.91

Рутениум

45750.51

Бакар

11.69

Родиум

336779.07

Алуминиум

3.03

Сребро

2460.50

Кобалт

64.04

Паладиум

546.56

Цинк

3.25