Дисциплинската комисија во рамки на ФФМ, информира дека по обезбедувањето на нов доказен видео материјал во дисциплинската постапка против ФК Беса Слупчане, а поради направениот инцидент на одиграниот натпревар ФК Беса – ФК Аеродром 2018, натпревар од 8. коло од Трета лига – Север, утврдено е дека во инцидентот учествувал и домашниот фудбалер, Бехар Демири. Против наведениот играч ќе биде изречена дисциплинска санкција – исклучување од ...

Високи претставници на ЕВН Македонија земаа активно учество на 14-тиот Меѓународен форум за енергетика и одржлив развој, кој оваа година се одржа во Скопје под мотото „Од цели кон акција: Напојување на иднината со одржлива енергија“. Настанот се организираше од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во соработка со Канцеларијата на Програмата за развој на Обединетите нации УНДП и петте регионални комисии на ОН. На ...

Винаријата „Монтеко“ го претстави своето ново премиум вино - „Волкано“ на настан кој се одржа вчеравечер во English Pub & Restaurant – The Corner, во Скопје. Ова премиум вино е каберне совињон одгледувано на вулканска почва, на 600 метри надморска височина. Се работи за берба од 2023 година, а серијата е лимитирана на 5.997 шишиња. „Волкано“ е вино што ја отсликува суштината на тероарот од кој потекнува, додека во себе носи впечатлива ...

Во недела, на 2.ноември, ќе се бираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје. Во сабота гласаат болните и изнемоштените, затворениците и лицата во домашен притвор чии пријави се прифатени од општинските изборни комисии. Втор круг во недела ќе има во неколку скопски општини, меѓу кои и во една од најголемите и најурбаните општини во Скопје - Аеродром. Таму во вториот круг противкандидати се Дејан Митески поддржан од ВМРО-ДПМНЕ кој во ...

Во насока на подобро информирање на граѓаните и зголемување на достапноста на услугите, денес беше реализирана информативна акција во населбата Капиштец – пред Т.Ц. Беверли Хилс, на која на граѓаните им беа поделени информативни материјали и производи со цел подобро запознавање со новитетите во системот на ЈП Паркинзи на Општина Центар. Граѓаните, како што посочуваат од општината, имаат можност да користат нови типови на паркинг-карти кои ...

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски денеска најави дека Автокоманда ќе добие нова амбуланта. „Среќен сум што уште на првиот ден од вториот мандат започнуваме постапка за реализација на едно од клучните барања на жителите од Автокоманда – нова, модерна и функционална амбуланта! Денес, заедно со Министерот за здравство Азир Алиу, потпишавме договор за соработка помеѓу Општина Гази Баба и Министерството за здравство, со кој ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,59% во однос на одлуката од 29.10.2025 година. Од 31.10.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,50 (денари/литар) Моторен бензин ...

Скопската Комунална хигиена доби нов директор. Александар Јовановски на позицијата директор на Комунална хигиена Скопје доаѓа од Град Скопје како инспектор во Секторот за инспекторат, а претходно искуство има и во Секторот за локален економски развој. Александар има повеќегодишно искуство во приватниот сектор во трговија како раководител на организациска единица, а со работен ангажман во Здружение за заштита и унапредување на животната ...

61-годишен скопјанец вчера пријавил дека бил измамен од едно лице кое му се претставило дека наводно е полициски службеник и му одзело документи и пари. Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (29.10.2025) во 11:10 часот во СВР Скопје, М.А.(61) од Скопје пријавил дека на 28.10.2025 околу 00:30 часот на подрачјето на Гази Баба, додека бил во своето патничко возило, едно лице кое му се претставило дека наводно е полициски службеник, ...

Кумановец доби кривична пријава затоа што на социјални мрежи објавил коментар со расистичка и ксенофобична содржина. Како што се наведува во полицискиот билтен, СВР Куманово поднело кривична пријава против Ф.Џ. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. На 07.10.2025, пријавениот на социјални мрежи објавил коментар со расистичка и ...

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Прилеп. - На 29.10.2025 во 11:10 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на крстосницата од бул. „Гоце Делчев" и ул. „Архиепископ Доситеј" во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.А.(58) од Битола и патничко возило „сеат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.Ѓ.(71) од Прилеп, соопштија ...

76-годишна скопјанка вчера наутро била прегазена на една скопска улица. Завршила со тешки повреди. - На 29.10.2025 околу 09:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„16 Македонска бригада“ во Скопје, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Г.(26) од Скопје, удрило во 76-годишната М.Г. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Г., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, ...

Три бронзени бисти биле украдени од градските гробишта во Бутел во текот на изминатите месеци. Вчера во 12:00 часот во СВР Скопје, Д.В.(79) од Скопје пријави дека во периодот од месец мај 2025 до 26.10.2025 на градските гробишта Бутел од гробно место биле одземени две бронзени бисти. Исто така, Б.В.(41) од Скопје пријави дека во периодот од месец април 2025 до 23.10.2025 на градските гробишта Бутел од гробно место била одземена една бронзена ...

Скопјанец уапсен затоа што во семејниот дом ја натепал својата сопруга. Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (29.10.2025) во 21:40 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.В.(37) од скопско, по претходна пријава дека околу 15:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 35-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. ...

При претрес во Прилеп пронајдени муниција и пиротехнички средства и лишено од слобода е едно лице. Како што информираат од МВР, вчера (29.10.2025) полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода П.В.(40) од Прилеп. Врз основа на судска наредба од Основен суд Прилеп, извршен бил претрес во домот и помошни простории во Прилеп, сопственост на П.В., при што пронајдени и одземени биле 13 боеви куршуми различен калибар, рамка за пиштол, ...

„Нашите пензионери конечно добиваат дом за стари лица во Центар. Ова е еден од моите клучни капитални проекти и исполнување на едно од најважните ветувања, да им овозможам достоинствено стареење на нашите постари сограѓани“. Ова денеска го најави кандидатот за градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски како еден од главните проекти во вториот мандат. Тој, информираше дека како општина, Центар прв започнал да доделува финансиска ...

ГД „Гранит“ АД Скопје од денеска ќе започне со градежни активности за рехабилитација на државниот пат А2, делница Извор – Врбјани и рехабилитација на државниот пат А2 делница Ботун – Климештани каде согласно издаденото oдобрение од Министерството за транспорт се воведува времена измена на режим на сообраќај, информираат од компанијата. Нагласуваат дека согласно одобрението од Министерството со број 11–6150/4 од 28 октомври 2025 година, ...

Во Општина Аеродром е во тек голема реконструкција и доградба на основното училиште „Блаже Конески“, еден од најзначајните образовни проекти што моментално се реализираат во општината. Со него ќе се обезбедат современи и квалитетни услови за образование, прилагодени на потребите на учениците и наставниот кадар. Согласно информациите од Општина Аеродром, со проектната документација е предвидена доградба на 26 нови училници, прилагодени за ...

Дали семафорите кои се поставуваат на крстосницата на булеварот „Васко Карангелевски“ и улицата „Коста Новаковиќ“ во општина Аеродром, која долго време важеше за „црна точка“ во сообраќајот во овој дел од Скопје, конечно ќе ја зголеми безбедноста? Немањето вертикална сообраќајна сигнализација претставуваше опасност за сите учесници во сообраќајот, особено за безбедноста на 1.400 ученици од ООУ „Љубен Лапе“ кои секојдневно ја поминуваат. Од ...

Во согласност со програмата за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2025 година, општина Илинден изврши есенска дератизација за уништување на глодарите и дезинфекција на јавните објекти на територија на општината. „Со дератизацијата се опфатени 1073 шахти што се наоѓаат на јавните површини во општина Илинден, а дезинфекција е извршена на 3300 метри квадратни јавни објекти, меѓу кои Општинската зграда и ...

Општина Ѓорче Петров со ново признание – прва општина во Република Македонија која официјално е акредитирана како дел од европската иницијатива LIFE LOOP – престижна програма на Европската унија што поддржува енергетска транзиција, одржлив локален развој и создавање енергетски заедници. Со ова признание, Ѓорче Петров се вбројува меѓу иновативните европски општини кои активно промовираат нови решенија за чиста енергија и ја поттикнуваат ...

Центар се подготвува да добие нов симбол што ќе ја претставува неговата енергија, култура и иднина – Плоштад Феникс, замислен како плоштад на заедништвото, инспирацијата и животот. Проектот, кој го најави кандидатот за градоначалник Мирослав Лабудовиќ, има за цел да создаде ново урбано и културно јадро што ќе ги поврзе луѓето и ќе ја врати гордоста на живеењето во Центар. -Време е Центар да добие симбол кој ќе ги обедини сите. Го најавувам ...

Вчера во 15:15 часот во с.Речане, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Н.С.(22) од село Речане, гостиварско поради основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по член 396 од КЗ. Истиот ден во 14:10 часот, согласно судска наредба, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.С., при што тој пријавил ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давковка информираше дека вчеравечер присуствувала на свечената вечера приредена од францускиот претседател Емануел Макрон, во чест на високите гости на Парискиот мировен форум. „Во пријатна атмосфера водевме разговори насочени кон зајакнување на глобалниот мир“, истакна Сиљановска Давковка во нејзината објава на социјалните мрежи. Претседателката нагласи дека само преку заемна почит и разбирање можеме да ...

Поради недоволна излезност и непостигнат цензус во првиот круг од локалните избори, во четири општини – Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше – ќе се повтори изборната постапка за избор на градоначалници. Според Изборниот законик, гласањето нема да се одржи во недела, туку во рок од 60 дена по објавувањето на конечните резултати од Локалните избори 2025. Како што информира Државната изборна комисија (ДИК), во овие општини во ...

„Стевчо Јакимовски, кој постојано зборува за јавниот интерес, треба конечно да објасни како парцели што според деталниот урбанистички план биле означени како зеленило, одеднаш станале градежни парцели. И како се купува хациенда во Грција“, прашува ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение. „Јакимовски одамна се обидува да го претстави своето владеење како пример за ‘транспарентност’, но во реалноста би можел да послужи како пример за тоа како личниот ...

Во недела се одржува вториот круг од локалните избори во општините каде не беше избран градоначалник во првиот круг. Од скопските општини втор круг ќе има во Центар, Аеродром, Карпош и Шуто Оризари. Интересна изборна битка се очекува во Карпош каде противкандидати се актуелниот градоначалник Стевче Јакимовски и кандидатот поддржан од владејачката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски. Лукровски во првиот круг од изборите освои ...

Лани (2024г.) 65,5 % од вкупната потребна енергија во земјава е обезбедена преку увоз, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Вкупната потребна енергија во 2024 година изнесувала 2.541.849 тони нафтени еквиваленти (toe). Во структурата на оваа потрошувачка, најголемо учество имаат нафтените продукти со 44,7 % и цврстите горива со 24,9 %. Исто така лани, бруто-примарното производство изнесувало 842.142 toe, што претставува ...

Ноќта на вештерките или „Halloween“, како што го нарекуваат Американците, се слави ноќта меѓу 31. октомври и 1. ноември, а клучните моменти вклучуваат маскирање, собирање бонбони од врата до врата и моделирање на тикви. Иако станува збор за празник кој најмногу се слави во САД, неговата популарност полека се шири и во другите земји во светот, па и кај нас. Несомнено, маскенбалот е најинтересен за најмалите, но има и организирани „Халовин“ ...

Од 15-ти ноември 2025 година стапува на сила обврската за задолжително поседување на пропишана зимска опрема во моторните возила и мобилните машини. Доколку не се почитуваат правилата за користење и носење зимска опрема во возилата, кои се предвидени во Законот за безбедност на патниот сообраќај, согласно истиот, на секој возач кој постапува спротивно на одредбите ќе му биде издаден платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1000
weather icon

Белград

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
75%
998
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
89%
999
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
93%
1000
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.64
97%
1001
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
96%
1000
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
3.58
83%
1003
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
5.14
82%
1000
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.0
100%
1000
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
3.09
92%
1000
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
1.79
94%
999
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
3.09
87%
1002
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Рутениум

45750.51

Иридиум

221848.72

Паладиум

546.56

Цинк

3.25

Платина

67162.91

Кобалт

64.04

Сребро

2460.50

Калај

46.91

Злато

159231.39

Родиум

336779.07

Бакар

11.69

Алуминиум

3.03