Од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола утрово ќе започне дистрибуцијата на 1 013 357 избирачки ливчиња за гласањето на вториот круг на Локалните избори 2025, информираат за МИА од Државната изборна комисија (ДИК). Ќе се бираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје. Во сабота гласаат болните и изнемоштените, затворениците и лицата во домашен притвор чии пријави се прифатени од општинските изборни комисии. Локалните избори, според ...

Даме Димитровски, кој на локалните избори ја предводеше советничката листа за Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ, објави дека официјално започна нивниот мандат во Советот на Градот. - Ова не е само формален почеток, туку почеток на нов начин на работа. Советот ќе функционира јавно, транспарентно и отчетно, со единствена цел: во служба на граѓаните на Скопје. ️ Ќе поставиме темелни политики кои ќе донесат ред, функционалност и квалитетен живот во ...

Утрото постудено со услови за појава на магла по одделни котлини и речни долини. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен. Во Скопје, утрото постудено, во делови од котлината магливо. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб југоисточен ...

Меркур во Стрелец во секстил со Плутон во Водолија создава ден со јасен ум, фокус и способност да се навлезе длабоко во секоја тема. Photo by Hana Fleur on Unsplash Ова е енергија што не се задоволува со површност – сите ние сакаме да разбереме, да откриеме, да истражиме. Денот е идеален за решавање сложени прашања, за важни разговори и за работа на нешто што бара концентрација. Месечината, сè уште во раст во Водолија, носи иновативност ...

Претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа Теодорос Русопулос во понеделник ќе биде во посета на Скопје. Се очекува тој да се обрати пред пратениците во Собранието истиот ден. На седницата. исто така, се очекува да биде констатирано дека тројца членови на овој парламентарен состав на првиот круг од локалните избори се избрани за градоначалници и тоа Елизабета Стаменкоска – Трајкоска во Кисела Вода, Јане Мицевски во ...

Фудбалската федерација на Македонија ја информира јавноста дека Дисциплинскиот комесар на Трета лига – Север донесе одлука за доживотна суспензија на фудбалерите Орхан Демири и Ердин Арифи од ФК Беса Слупчане, поради физички напад и обид за линч на противнички фудбалер по завршување на натпреварот ФК Беса Слупчане – ФК Аеродром, одигран во рамки на 8. коло од Третата лига – Север. Домашниот терен на ФК Беса Слупчане се суспендира на 10 ...

Кандидатот за градоначалник на Центар Мирослав Лабудовиќ денеска беше во Старата скопска чаршија каде се сретна со еснафот кој тука работи и функционира. Имаше срдечни средби и разговори со повеќе сопственици на занаетчиски дуќани, ги слушна нивните животни приказни, приказните на нивните занаети и дуќани кои тука егзистираат со децении, а речиси редовно се пренесуваат од генерација на генерација, се наведува во соопштението од Движење ЗНАМ, ...

Бобан Стефковски преку својот профил на Фејсбук соопшти дека денеска Општинската изборна комисија Гази Баба му го врачила уверението за неговиот избор за градоначалник на Општина Гази Баба во втор мандат. -Од срце им се заблагодарувам на сите граѓани на Општина Гази Баба за укажаната доверба, поддршка и верба во заедничката визија за поубава и посилна Гази Баба. Вие сте мојата најголема мотивација и причина да продолжам со уште поголем елан ...

„Како е возможно, за период од една календарска година, градоначалникот Јакимовски да се најде во ситуација каде со неговото семејство стануваат сопственици на две градежни парцели во најелитниот дел на Карпош, во местото Жданец, токму таму каде што и тој лично живее? Јавноста има право да знае од каде и со кои финансиски средства се обезбедени ваквите имоти во најскапата урбана зона на Скопје“, истакна на прес-конференција Марија Митева, ...

Денес екипи на ЈП „Улици и патишта“ – Скопје започнаа со градежните активности од првата фаза за поставување на светлосна сигнализација на крстосницата од улиците „Васко Карангелевски“ и „Ангел Димовски“ во населбата Аеродром. „Работните активности се изведуваат по налог на Град Скопје, односно согласно основен сообраќаен проект за воведување на светлосни сигнали на оваа крстосница донесен од Град Скопје и според долгоочекуваната согласност ...

Градоначалникот на Општина Аеродром и кандидат за нов мандат, Дејан Митески најави реконструкција на голем број улици од Лисиче и Мичурин, како и улици во останатите населби од општината. „Подобрата инфраструктура не е само асфалт – таа е темелот на уреден, функционален и безбеден сообраќај во Аеродром. Со таа визија, ја најавуваме целосната реконструкција на улицата „Симеон Кавракиров“ во Мичурин, каде што ќе се изврши обнова на коловозот и ...

На денешната прес-конференција одржана на 29 октомври, Марија Митева, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, постави серија од јавни и суштински прашања до градоначалникот на Општина Карпош во заминување, Стевче Јакимовски, барајќи итен и транспарентен одговор за неговиот имот и можните злоупотреби на функцијата. Митева порача дека прашањата не се само политички, туку морални и институционални, бидејќи се однесуваат на довербата што ...

Од полноќ поскапува ЕУРОДИЗЕЛОТ за 2 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Со новата одлука, дизел горивото од утре ќе се продава по цена од 70 денари за литар. Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98+ остануваат непроменети и ќе изнесуваат 73,5 денари и 75,5 денари по литар, соодветно. Исто така, без промена остануваат и цените на екстра лесното масло за домаќинство, кое ќе се продава по 67,5 денари, ...

Општина Карпош ги опреми десетте основни училишта на своја територија, со фотоволтаични централи кои произведуваат електрична енергија за свои потреби, соопштија од таму. „Локалната самоуправа ја реализираше оваа иницијатива, откако претходно ја реновираше и кровната конструкција на сите училишни установи. Во случајов, училиштата и детските градинки во Карпош се енергетски ефикасни објекти, со оглед на тоа што истите имаат поставено термичка ...

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски, денеска најави дека покрај обезбедувањето на нови канти за смет, се воведува и новина, 200 специјални канти за отпад од домашни миленици на територија на Центар. „Покрај новите канти за смет, воведуваме и новина, специјални канти за отпад од домашни миленици, слични на овој модел што како прототип го изработивме во општината. Во нив ќе има и бесплатни ...

Јана Белчева-Андреевска, досегашна советничка во Советот на Општина Центар, која на овие избори влезе во Советот на Скопје јавно го праша градоначалникот на Горан Герасимовски зошто не го спроведе конкурсот кој е одлука на Советот за уредување на земјиштето на просторот на поранешна „Треска“. Преку објава на социјалните мрежи Белчева – Андреевска праша и зошто ниту ниту Уставен суд, ниту Министерството за транспорт тогаш водено од СДСМ не се ...

Управител на фирма доби кривична пријава поради сомниение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, односно за непочитување на Правилникот за минимални барања за безбедност и здравје при работа. Како што се наведува во полицискиот билтен, СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Б.(48) од Скопје, управител на правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата ...

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“- Скопје, денеска успешно реализираше поставување на нови информативни табли со современ дизајн и вграден QR-код кој овозможува едноставно и брзо плаќање на паркинг услугата со платежна картичка. Во рамки на напорите за дигитализација и модернизација, претпријатието денес започнува со замена на сите информативни табли со нов, модерен дизајн, како и поставување ...

Општинската изборна комисија, денес, официјално му го врачи Уверението за вториот мандат на градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски. Според конечните резултати, на осмите локални избори, што се одржаа на 19 октомври 2025 година, уште во првиот круг, тој ја обезбеди довербата на граѓаните да ја води Општина Илинден и во наредните четири години. Уверението за избран градоначалник на Општина Илинден, на градоначалникот ...

45-годишен велешанец доби кривична пријава затоа што годинава во февруари, при претрес во неговиот дом, биле пронајдени и одземени поголема количина на оружје и муниција. Како што се наведува во полицискиот билтен, СВР Велес поднесе кривична пријава против А.З.(45) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 09.02.2025, ...

Дваесет и осумгодишна жена од кумановско пријавила дека била измамена од лице вработено во туристичка агенција во Скопје, за износ од 2.000 евра, соопшти МВР. Според пријавата, кон крајот на февруари 2025 година, жената отишла во агенцијата да изврши уплата за патување, при што вработениот побарал парите да му ги даде на рака, ветувајќи дека сметката за уплатата ќе ѝ биде издадена дополнително. По неколку неуспешни обиди да го контактира, ...

Вчера во скопската полиција е пријавено дека на улицата „Перо Наков“ во Скопје, 11-годишно девојче било прегазено од патничко возило, по што возачот избегал од местото на настанот. Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (28.10.2025) во 20:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Перо Наков“ во Скопје, патничко возило удрило во 11-годишна малолетничка од Скопје, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во ...

37-годишник од Виница доби кривична пријава затоа што во август со дрвен предмет нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија. Како што се наведува во полицискиот билтен, надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Б.В.(37) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице во вршење службено дејствие“. На 08.08.2025 во угостителски ...

Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски го започна својот прв работен ден со симболичен чин на благодарност кон еден од најдобрите работници на комуналното претпријатие, Горан Узунски. Како знак на признание, тој објави дека првата градоначалничка плата ќе ја донира токму на Узунски. Узунски од Тработивиште на овој начин доби посебно признание за особен придонес во одржувањето на хигиената во градот Делчево и околината. - Со солзи ...

Лишен од слобода возач од тетовско кој управувал возило под дејство на алкохол. Како што информираат од МВР, ноќеска (29.10.2025) во 00:30 часот на ул.„Киро Ристовски Дрнц“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Е.Н.(48) од село Голема Речица, тетовско. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „мицубиши“ со тетовски регистарски таблички, кое го управувал, и по преземени мерки ...

„Во интерес на граѓаните, ќе реализираме капитални проекти. Многу скоро, после вториот круг на избори, почнуваме со првото кино и театар во Аеродром, веќе имаме потпишан договор, издадено одобрение за градење и за многу скоро ќе почнеме и со фактичка реализација на лице место“, вели Митески, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата Студио 10 на ТВ 24. Митески истакна дел од капиталните проекти кои ...

По традиционалното есенско садење и зазеленување, изминативе денови, вклучувајќи и денеска, во општина Карпош се засадуваат ниско стеблести жбунести растенија, информираа од локалната самоуправа. Садењето се врши на повеќе локации на територија на Карпош, вклучувајќи и дел од улицата Бледски Договор, дел од Лептокарија, кружниот тек кај СУГС ,,Георги Димитров”, околу ТЦ ,,Порта Влае” и други места. Во организација на Секторот екологија и ...

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО–ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, по синоќешната дебата со опонентот од Левица, Амар Мециновиќ, објави порака со благодарност до граѓаните, истакнувајќи дека скопјани бараат човек кој ќе ги решава проблемите. „Благодарам од срце за огромната поддршка! Се покажа дека скопјани бараат човек кој ќе ги решава проблемите, дека сакаат дела и резултати. Заедно ќе направиме многу за Скопје. Уште од првиот ден ...

Ѓорче има балкански шампион во таекводно. - Нашите млади херои Огнен Лазески и Марјан Јандриовски се враќаат во Ѓорче Петров со блескави медали од Балканското првенство во таеквондо, одржано во Дупница, Бугарија! Огнен Лазески е балкански шамион, сподели градоначалникот Александар Стојкоски. Во полуфиналето го совлада противникот од БиХ (2:0), а во финалето доминираше против Косово (2:0, една рунда со PTG) и ја донесе првата балканска титула ...

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Сабахудин Рустеми, вчера за време на распитот во Основниот кривичен суд – Скопје поднел неотповиклива оставка од својата функција, информира неговиот адвокат Асмир Алиспахиќ. „На барање на мојот клиент, сакам јавно да соопштам дека тој пред судијата на претходна постапка официјално ја депонира својата неотповиклива оставка од местото в.д. директор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Ова е ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1000
weather icon

Белград

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
75%
998
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
89%
999
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
93%
1000
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.64
97%
1001
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
96%
1000
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
3.58
83%
1003
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
5.14
82%
1000
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.0
100%
1000
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
3.09
92%
1000
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
1.79
94%
999
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
3.09
87%
1002
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Калај

46.91

Бакар

11.69

Алуминиум

3.03

Паладиум

546.56

Рутениум

45750.51

Кобалт

64.04

Сребро

2460.50

Цинк

3.25

Родиум

336779.07

Иридиум

221848.72

Платина

67162.91

Злато

159231.39