Косовската полиција соопшти дека попладнево странска државјанка загинала во зимскиот туристички центар Брезовица, на косовската страна на Шар Планина, јави дописникот на МИА од Приштина. Во соопштение за медиумите на косовската полиција се вели дека најверојатно една жена, за која се вели дека е странска државјанка, но не се наведува земјата на нејзиното потекло, загинала во ски-центарот во Брезовица, како последица на снежна лавина на ...

Украина најверојатно нема да добие покана за членство во НАТО на претстојниот самит на Алијансата на почетокот на јули во Вашингтон, изјави денеска во Брисел американската амбасадорка во Алијансата, Џулијан Смит. – Не очекувам Алијансата да ја покани Украина на самитот што треба да се одржи од 9 до 11 јули, изјави Смит пред состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел. Самитот во Вашингтон, смета таа, треба да сигнализира дека ...

Српкиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ денеска изјави дека Грција, членка на ЕУ, благодарение на договорот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис се вклучува во проектот за градење брза пруга од Будимпешта преку Србија и Македонија до Грција, што е историска победа за Западен Балкан бидејќи Европскиот Коридор 10 повторно ќе стане еден од најважните европски ...

Покрај возбудувањата во ракометната Лига на шампионите, се следат и натпреварите од второто по квалитет клупско натпреварување на Стариот континент, Лигата на Европа. Во групата „А“ во следната фаза на едно коло до крајот се пласираа екипите на Рајн Некар Левен (10 бодови) и Нант (осум). Моментно на третата позиција е Бенфика на Филип Талески со два бодови, а ниту еден Кристијанштад. Последното шесто коло ќе се одигра на 5 декември, ...

Елиф Елмас (24), играчот од средниот ред на Лајпциг и на македонската репрезентација, го најави вечерашниот прв осминафинален натпревар во Лигата на шампионите против Реал. На шпанските новинари им откри дека омилен играч на Реал му е Лука Модриќ. – Слушајте, јас сум од Балканот и може да има само еден избор, а тоа е од срце: Лука Модриќ. Се што направи со Реал и Хрватска е неверојатно. Ја освои Златната топка. Не велам дека во Реал нема уште ...

Кога мобилниот телефон ќе се навлажни, првото нешто на кое многумина мислат е да го стават во ориз. Истурете вреќичка ориз во сад и закопајте го телефонот, оставете го преку ноќ и проблемот е решен, нели? Не. Покрај тоа, Епл ги предупредува корисниците на iPhone да не го прават тоа. Ако имате iPhone, ќе забележите дека кога ќе се навлажни, добивате известување со објаснување дека е откриена течност во приклучокот Lightning или USB-C. Пораката ...

Татко на 11 годишно девојче го пријавил во полиција во Лазаревац С. Ќ. (37), својот кум и другар од детството, бидејќи во последните неколку дена ѝ праќал вулгарни пораки на ќерка му, но и неколкупати недолично ја допирал. Ќерката му се пожалила на таткото и ги покажала пораките што ги добивала на социјалната мрежа „Инстаграм“. Во Основното јавно обвинителство Лазаревац беше сослушан С. Ќ. (37) поради сомнение дека извршил недозволени полови ...

Колумна на Заге Филипоски: Господине низаеден, (познатата изрека на Цацко, одраз на македонското секојдневие) Секогаш кога се развозувам низ нашата Македонија се обидувам запирањето и со тоа и зголемена потрошувачка на гориво на многубројните попатни наплатни рампи (популарни патарини) да го искористам на корисен начин. Следејќи ги популарните техники за вежбање на нови навики со кои би ги замениле своите стари и лоши навики се обидувам кон ...

На 7-ми октомври 2023 година Хамас го започна најсмртоносниот напад во историјата на Израел, а оттогаш десетици илјади Палестинци се убиени, Газа е во урнатини, а Блискиот Исток се лизга кон поширок, понепредвидлив конфликт. Американскиот сенатор од Мериленд, Крис Ван Холден денеска го обвини Израел за воени злосторства во Појасот Газа. – Децата во Газа сега умираат од намерно лишување од храна. Тоа е воено злосторство. Тоа е воено ...

Србија е подготвена за купи одредени капацитети на пристаништата во Солун или Пиреја, најави вчера српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој зборуваше на отворањето на српско-грчкиот бизнис форум во Палатата Србија што се случува за време на посетата на грчкиот премиер Костас Мицотакис на оваа земја. Вучиќ истакна дека на Србија и треба пристаниште поради извозот, кој ќе се зголеми. -Србија се повеќе ќе извезува, мора да имаме пристаниште. ...

Еден од македонските интернационалци кој континуирано игра во одлична форма последните неколку сезони, Мартин Поповски, ќе го продолжи својот престој во Швајцарија. Тој потпиша нов договор со Амичитија Цирих и ќе остане во овој клуб најмалку до 2026 година, односно ќе комплетира шест сезони. Штипјанецот е најдобар стрелец оваа сезона на тимот од Цирих со 106 голови, а поголем дел од минутите на терен ги игра на десната бековска позиција. ...

– Неколкучасовни блокади на граничните премини Ники (Меџитлија) и Евзони (Богородица) кон Македонија, но само за камиони, најавија за денеска грчките земјоделци, кои продолжуваат со нивните активности во пресрет на утрешната средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. Земјоделците од северозападна Грција од 12 часот по локално време го затворија преминот Ники, но само за товарни возила, кои во најголемиот дел се камиони што пренесуваат ...

Премиерот на Грција Киријакос Мицотакис изјави дека нивниот став во однос на Косово не е променет и дека Грција со загриженост ги следи настаните. Нашиот став во однос на Косово останува непроменет, сметаме дека европското посредување и дијалог се единствениот начин за нормализирање на односите меѓу двете страни и тоа значително би помогнало за стабилноста во регионот, што е цел на сите нас. Со загриженост ги следиме настаните од последните ...

Aмериканскиoт новинар Такер Карлсон планира да дојде во Србија кон средината на годината, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ, која се сретна со него на Самитот на светските влади во Дубаи. Српската премиерка Ана Брнабиќ, која учествува на Самитот на светските влади во 2024 година во Дубаи, денеска разговараше со Карлсон. „Знае многу за Србија, рече дека планира да дојде во Србија кон средината на оваа година, дека многу го почитува и цени ...

Косовскиот премиер Албин Курти соопшти дека неговата влада нема да се меша во одлуката на Централната банка на Косово (ЦБК) за забрана на динарот, но дека одлуката нема да биде поништена. Курти за британскиот медиум „Блумберг“ изјави дека се залага за новата регулатива на Централната банка на Косово за постапување со готовина, пренесува Бета. Тој додаде дека Србите ќе имаат време да се прилагодат на новата одлука. – Не можам да ја поништам ...

Општина Илинден објави јавен повик за доделување субвенции за купување велосипеди. Јавниот повик што е според Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани на Општина Илинден за 2024 година предвидува еднократна парична помош за набавка на велосипеди на лица со постојано место на живеење на територијата на општина Илинден. Целта на оваа мерка е да се стимулираат граѓаните за користење велосипеди, а износот што го доделува Општината ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,32% во однос на одлуката од 5.2.2024 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,514%, кај дизелот за ...

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан во своето последно излагање се осврна на Србија и нејзиното патешествие на патот кон Европската Унија. Тој изјави дека Србија треба што побргу да стане членка на ЕУ бидејќи во спротивно Белград ќе избере соработка со други партнери, а Брисел ќе ја загуби таа земја. -Треба да ја завршиме старата задача поврзана со проширувањето пред да почнеме со новото проширување со Украина. Ако Србија не ја интегрираме што ...

Европската ракометна федерација ги потврди термините за двомечот меѓу македонскиот првак Ѓорче Петров и шпанскиот Елче. Овој двомеч од четвртфиналето на Европскиот Куп ќе се игра на 10 март во Шпанија и 17 март во Македонија. Првиот натпревар меѓу македонскиот и шпанскиот тим на 10 март ќе се игра во Елче во салата „Есперанца Луз“ со почеток во 12:30 часот. Реваншот е во спортската сала во Автокоманда на 17 март со почеток во 19:00 часот, по ...

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел ги коментираше изјавите на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп. – Ќе бидам саркастичен, во таа кампања ќе слушнеме и видиме многу работи, рече Борел. Да бидеме сериозни, НАТО не може да биде воен сојуз „по избор“ ниту да зависи од расположението на американскиот претседател, додаде тој. НАТО не може да зависи од расположението на американскиот претседател, ...

На светските берзи минатата недела цената на нафтата порасна за повеќе од шест отсто, бидејќи ситуацијата на Блискиот Исток не се смирува, па можноста за прекин на снабдувањето ги поддржува цените на тој извор на енергија. На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела порасна за 6,35 отсто на 82,19 американски долари, додека на американскиот барел порасна за 6,3 отсто на 76,84 долари. Така, цените надоместија голем дел од загубите од ...

Во Северна Митровица за денеска е најавен протест на косовските Срби против одлуката на властите во Приштина да ја забранат употребата на српскиот динар како готовинско платежно средство во земјата. Протестот го организира Здружението на пензионери од Северна Митровица, а го поддржува најголемата партија на косовските Срби, Српска листа (СЛ), која ги повика Србите од цело Косово да се приклучат на протестот, со цел, како што порача, да се ...

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа напредуваше за три позиции на последната ВТА листа, додека Калин Ивановски има пад од четири места на АТП листата. Ѓорческа која оваа недела настапува на ИТФ фјучрс во Анталија, со 312 поени се најде на 239. место на ВТА листата, што е напредок за три позиции во однос на минатата недела. Пласманот за пет позиции го подобри Магдалена Стоилковска која сега се наоѓа на 1.211. место. Најдобриот ...

Колумна на Никола Тасев: Македонија е независна држава! Ви делува чудно ова моја констатација? Не е чудно, Македонија е независна држава и мора таква да биде, ама властите се трудат да ја направат зависна. И не само што се трудат, туку и многу направија за нашата држава да не изгледа како независна. Ова, последниот обид да протнат закон или договор со кој се дава на странци да изградат гасна централа, а и ние плус да им поклониме 50 милиони ...

Дојде денот кога се виде дека уверувањата на власта како се тече по планот околу наметнатите промени на личните документи – се празни зборови. Голем хаос настанува од утре кога илјадници македонските граѓани кои немаат лични документи со новото име на државата ќе имат проблем во секојдневното живеење. Оние кои немаат пасоши со омилениот збор на власта – „Северна“ не можат да излезат од земјата. Тоа е еден вид на државен притвор. Оние пак, кои ...

Албанската полиција во Тирана уапси вработен во банка поради што пред осум месец зел 215.000 евра со ветување дека на оштетениот ќе му извади бугарски пасош и ќе му купи акции во фирма во Турција, објави весникот „Македониум“. Полицијата од измамникот одзела 108.000 евра. Албанската полиција изминатите месеци уапси повеќе лица кои земала по десетици илјади евра за бугарски пасош за албанските граѓани. Во декември минатата година полицијата ...

Наташа Андонова постигна гол за женскиот тим на Леванте, со кој дојде до победата над Тенерифе. Меѓутоа во текот на натпреварот заработи тешка повреда поради која беше пренесена во болница. Според извештаите на Леванте, добила силен удар со топка во лицето по што била пренесена во болница. Нејзината ситуација е стабилна, и во моментот на ударот била свесна. „Андонова ќе биде подложена на дополнителни прегледи поради повредата. Нејзинат ...

На 78-годишна возраст, синоќа во Тирана почина Фоте Никола, – истакнат македонски активист и борец за правата на Македонците во Албанија, објави македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ. Роден е на 4 март 1946 година во село Шулин, област Мала Преспа. Основно образование заврши во Пустец, средно педагошко во Елбасан и Филолошки факултет во Тирана. Тој беше уредник на програмата на македонски јазик во Радио ...

Македонскиот репрезентативен напаѓач Бојан Миовски игра сезона од соништата во шкотската Премиер лига. Миовски во Шкотскиот Куп беше двоен стрелец за Абердин и ја обезбеди победата над Бониринг Роуз со 2:0 во осминафиналето на Купот. Абердин по само 25 минути водеше со 2-0, благодарение на головите на нашиот напаѓач. Првиот го постигна во 17., а вториот во 25. минута за убедливо водство на Абердин кој со едната нога веќе е меѓу осумте ...

Во двата мандата на владата на ДУИ и СДСМ не ретко имаше производство на ситуации во кои граѓаните на Македонија ќе бидат во небрано, нервозни, па и понижени. Еве на пример, уште трае хаосот со наметнатото менување на личните документи, а веќе изрежираа нова драма – требало до 12 февруари да се стават налепници на автомобилските регистрации со фамозното „НМК“, ама налепниците и 5 дена пред истекот на рокот ги немаше. Навистина ги бива за ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
87%
998
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
4.63
66%
996
weather icon

Загреб

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
81%
996
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
998
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.23
98%
999
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
92%
995
weather icon

Атина

17ᴼ / 16ᴼ
6.26
73%
1001
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
3.6
72%
997
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
4.63
100%
997
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
2.57
90%
999
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 6ᴼ
3.6
92%
996
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
72%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Сребро

2457.28

Злато

157055.75

Бакар

11.66

Алуминиум

3.07

Платина

83354.78

Иридиум

221848.72

Калај

48.47

Рутениум

45750.51

Родиум

336779.07

Цинк

3.33

Кобалт

64.04

Паладиум

53434.54